Ако мажот е неплоден паровите прават ин витро оплодување со донорска сперма, значи исто купуваат машки материјал и со него се оплодуваат јајце клетките на жената. А за скроз сам маж не може кај нас, бидејќи сурогат мајка се одобрува само за парови или жени кои имаат проблем со матката или воопшто ја немаат. Законски не е дозволено да склучуваш договори за сурогат мајка и да плаќаш, бидејќи целта е да се спречи злоупотреба на сурогатсвото. Но сам маж секако може да се договори со пријателка да му роди и ако нема проблем со плодноста не му треба болница за тоа Не сакам да ги дискриминирам мажите, но повеќе се обрнува внимание на жените во однос на оваа проблематика, бидејќи жените навистина имаат биолошки часовник и не можат да се остваруваат како мајки целиот свој живот, за разлика од мажите чија репродуктивна способност трае до крајот на животот.
Целосно те разбирам и немам ништо против жена сама да чува дете од непознат или познат донатор. Само сакав да ја истакнан дискриминаторската политика кон мажите во оваа сфера кај нас во Македонија. Факт дека жените имаат биолошки часовник но и факт дека сам маж неможе на ист начин да израсне дете на 35г. и на 55г. Поентата пак ќе повторам е дека никој не помислил на ситуацијата на Роналдо на пример во светот дека кај нас воопшто не постои т.е нема пример. Инаку целосна подршка за жените кои го оствариле ова или имаат во план истото да го остварат .
Во право си, на некој начин личи дискриминаторски, но сега проверив, погрешно сум пишала погоре, ни на сама жена се уште не и е дозволено да прави ин витро со сурогат мајка, само брачни двојки. Значи ако жената нема матка или има некоја деформација на матката и не може да раѓа, не може да поднесе сама барање за сурогат мајка, според тоа како е сега законски, само брачни парови. Верувам дека понатаму ќе има повторно измени, ако се појави потреба. Сепак, реално, колку мажи кај нас сакаат да бидат родители на овој начин? Ако ги има во доволен број, верувам дека ќе се најде начин и за нив. Многу се внимава на етичкиот и моралниот аспект од оваа проблематика, за да се спречи секакво комерцијализирање, односно тргување и продажба со полови клетки, ембриони или нудење на жени да бидат сурогат мајки за пари, затоа е сега за сега вака решено.
Моја најдобра другарка е сингл мама. Постпката е многу едноставна, закажуваш термин во Систина разговарап за условите кои ги нудат и ја почнуваш постапката. Лошо е што те третираат како неплодна и ги минеш сите тестови за неплодност. Имаш состанок и со доктор ембриолог да го одредиш донорот. Постапката за порачка е 3000 евра, од систина правните документи се сите организирани дури и со такси те носат до нотар и психолог уиграни се. На психолог како самохрана мајка мораш да поминеш оти тоа дете ќе нема никој на светов и потпишуваш дека нема да го оставиш детето. Си го бираш донорот по изглед, интелегенција, болести во фамилија. Материјалот и постапката завршуваат за три месеци. Потоа одиш на инсеминација или ин витро. Од еден мтеријал имаш три пати за постапка. Друго ако те интересира пиши ќе прашам детално. Мислења некои погоре што прочитав морав да проверам која година сме оти кај мене 2018 ја покажува.
3000 евра е само материјалот. Нотар и психолог си плаќаш исто околу 3000/4000 денари. Ти даваат инекции за да созрее јајце клетката ти се околу 100 евра. Инсеминација ти е 10.000 денари, мерењето на јајце клетките / прегледите не ти ги наплаќаат. Од тој 3000 евра материјал имаш за три обиди, секоја инсеминација или инвитро си плаќаш плус. Значи за еден обид се на се можеш да сметаш со 3500/3600 евра. Потоа одземаш 3000 евра за втор обид бо било околу 250 евра и за трет. Инвитро е поскапа постапка и се препорачува инсеминација прво ако се е во ред. Оти со инвитро најчесто е близначиња размисли како самохрана мајка дали можеш да си ги дозволиш да ги донесиш на свет.
Македонија севкупно излегуваше во секој случај најефтино. Од европските земји Германија е околу 8000 евра, Шпанија околу 6000, интересна понуда има Чешка која е земја најдобра во оваа сфера 4500 евра со месец дена во спа центар додека не завршат сите испитувања. Ако некој има време нека си оди во Чешка кралица третман за скоро истите пари. Има и во Бугарија материјалот чини 500 евра + останатите испитувања. Мислам дека излегува најефтина. Материјалот е се разбира од бугари. Во сите останати земји е со данската банка на сперма поврзано. Квалитетот на спермата ви е гарантиран и испитувањата на донорот. Бидејќи во оваа постапка станува збор за сперма која има одлична брзина.
Пред некој ден бев во друштво на пошироката фамилија, па после долго време се видов со некои роднини и познаници кои ги немав видено одамна. Меѓу нив е и една моја роднина, т.е. не ми е баш роднина, туку роднина на мои роднини. И девојката на славата дојде со мало девојче едвај годиначе и пријатно ме изненади. Немав долго слушнато за неа и претпоставив дека таа и дечко и се зеле и направиле дете и откако и честитав, ја прашав, онака без никаква лоша намера : ,, А каде е тато, на работа?". Уште во истиот момент сфатив дека направив голема грешка, бидејќи фацата наеднаш и стана скиселена, доби еден засрамен изглед на лицето, погледна надолу. А богами, се скиселија и другите во собата, а мене ме изеде срам. Не ми одговори, се провртка околу 2 саати на прославата и си отиде пред 11. Е сега јас откако си отиде ги запрашав роднините околу мене бидејќи не бев запознаен со нејзината ситуација, дали можеби останала трудна од дечкото и тој ја оставил сама, па затоа толку ја навредив. Од роднините разбрав дека таа раскинала со дечко и пред повеќе од 3 години, што ме изненади бидејќи релативно добро се држеа во врската. И потоа разбрав дека затруднела самостојно, како самохрана мајка со ин витро оплодување од некоја банка на сперма од Данска, преку Систина. ,, Имаа проблеми со плодноста?" Не туку таа едноставно така реши. Јас знам едно 4,5 жени кои затруднеа така а има многу, многу повеќе. - ми рече еден од роднините. Не секав повеќе да бодам во сензитивна тема, па прекинав да прашувам. Девојката е релативно млада(касни 20ти), има супер работно место, има и стан, па ме изненади зошто се одлучила на ваков драстичен чекор. Знам на случаи со тотален инфертилитет на сопругот кои зеле донор на сперма, а знам и жена која мораше да земе донор на јајце клетка. Е сега ме изненадува овој феномен на сингл жени кои се решаваат да земат донор на сперма, при вакви ситуации кога немаат никакви проблеми со плодноста. Се работи за огромен финансиски трошок за наши услови, на страна што уште од старт се ставаат во позиција на самохрана мајка. Дел од нив се постари жени, ама па и дел се релативно млади и добро ситуирани. Што мислите вие?
Што треба да мислиме? Право на избор. Многу сакаат дете, а не сакаат татко на детето. Сите се ситуирани, образовани и сигурно добро размислиле што значи самохран родител. Иако и самохран е доста дискутабилна тема, дали воопшто се сами или имаат некого тоа не треба да не интересира. Најчесто е дека имаат. Класичната форма на семејство мама, тато и дете оддамна е сменета во Европа. Најчесто партнерите не се во брак и имаат дете или деца од повеќе партнери. Семејството претрпе многу дефиниции. И не знам зошто се засрамила кога јас не гледам ништо срамно во тоа. Попрво ти која прашуваш приватни прашања би требало да се засрамиш. Али македонче ако не се распраша за се нема да заспие
Дали има шанси да се добијат информации за донаторот? јас сум зачната на овај начин ме интересира сакам барем да го запознаам биолошкиот татко..
а зошто ти е ? Ти секако си зачнала така без знаење од кого како, не ти ни требит чим си се решила на таков чин
Не верувам дека вакви информации се споделуваат. Тоа е во основата на донаторството. Друго е да би било посвојување. Не си ја оптоварувај душата со непотребни мисли и барање "потекло". Љубовта расте во срцето.
Македонките не се многу заинтересирани за ваков начин. Подобро ќе најдат некој и ќе се разведат за една година, ќе има право тој да го гледа детето, отколку да платат. Ама на ваков начин тешко ќе бидат прифатени од околината, види ја оваа со дете којзнае кој е таткото. Не може да најде маж па дете од епрувета. Ептен сме заостанати во вакви работи. Дали некоја точно знае која е цената една братучетка се интересира за ваков начин. Дали може во други клиники освен Систина?
Nie sme za mnogu raboti zaostanati ama nejse. Imas i preku remedika moznost za nabavka na donatorski materijal cenite se mislam tuka okolu 3000 evra za materijalot, ostatokot od postapkata si se plaka baska
Да проверив има Њу Борн, Систина, Ремедика, Органџиски. Цена еден обид 1000 евра, два обида 1500 евра, три обиди 2000 евра. Дали е долга процедурата дали сте запознаени?