1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зачувување матични клетки

Дискусија во 'Бременост' започната од KuklickaSk, 28 октомври 2010.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.912
    Допаѓања:
    26.095
    Што мислите за зачувување на матичните клетки од Вашето бебе во некоја од банките што се специјализирани за таа намена? Дали сметате дека е сепак само бизнис, или не би сакале да ризикувате за иднина, па по секоја цена би ги зачувале клетките, за не дај Боже во иднина ?
     
  2. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Зачувување Матични клетки

    Не сметам дека е само бизнис, мислам дека е паметна инвестиција за здравјето на вашето бебенце. Во светот се извршени безброј трансплантации со матични клетки.
    Никој не посакува некогаш да има каков било проблем кој би можел да се реши со оваа трансплантација, но во секој случај е подобро да се има како резерва, па дај боже никогаш да не затреба.
    Па дури и да неможе да биде од помош, подобро да ги имаш, за да се пробаат сите можности. Во некои случаи човек и за сламка се фаќа, а зошто па да не за една испитана медицинска практика.
    Кога се работи за здравјето на нашите деца, треба да се погрижиме да им обезбедиме се што овозможува денешната медицина, а не да бидат "казнети" заради нашата неинформираност.

    http://www.youtube.com/watch?v=F2uF45f0 ... r_embedded

    Еве нешто како дополнителна информација:


    Постои една единствена можност да се зачуваат матичните клетки на детето, а тоа е моментот непосредно по породувањето. Меѓутоа, за да се земе примерокот, неопходно е претходно да добиете сет за колекција од Cryo-Save.
    Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:

    1. CryoCord: чување на матични клетки само од крвта на папочната врвца
    2. CryoCord+: чување на матични клетки од крвта и од ѕидот на папочната врвца
    Матични клетки - почетокот на животот

    Во мигот кога јајце клетка и сперматозоид ќе се спојат, сe зачнува новиот живот. Оплодената јајце клетка започнува да се дели, формирајќи двоклеточен ембрион. Овие две клетки натаму непрекинато се делат, така што по неколку недели ќе создадат зародишни пупки/зачетоци на органите на новиот фетус.
    Зачудувачки е фактот, дека една единствена оплодена јајце клетка, ќе се развива и преку последователни непрекинати делби, ќе ги создаде различните типови на клетки и ткива, кои го изградуваат човековото тело. Природата го овозможила тоа, благодарение на присуството на матичните клетки. Откривањето на матичните клетки беше едно од најголемите достигнувања на модерната медицина.

    Што се всушност матични клетки?

    Тоа се неспецијализирани, незрели, таканаречени “наивни” клетки, кои поседуваат две суштински важни карактеристики:

    - способност да се диференцираат во позрели типови на клетки и

    - способност, преку постојани делби да се самообновуваат.

    Така, при секоја нивна делба, како потомство ќе се добие една нова матична клетка и една специјализирана клетка (како на пр.: клетка на нервно ткиво, кожа, црн дроб итн). Матичните клетки се „прародителите“ на нашите зрели клетки.

    Човековото тело се состои од повеќе од 200 зрели типови на клетки
    # Папочната врвца: извор на огромен број матични клетки
    Матичните клетки, кои еден ден би можеле да дадат терапевтски опции за голем број растројства и заболувања на мускулите и коските, лесно можат да се издвојат од ткивото на папочната врвца, исто како што од крвта од папочната врвца се изолираат матични клетки за лекување на заболувања на крвта, изјавија истражувачите од Медицинскиот факултет во Питсбург, за електронското издание на Списанието за медицина и биотехнологија.
    # Идни третмани со матични клетки
    Медицината има големи очекувања од матичните клетки. Заради тоа, во моментов се одвиваат огромен број истражувања со различните типови на матични клетки и нивните терапевтски можности.
    # Сегашни терапии со матични клетки
    Постојат две основни групи на терапевтски третмани со матични клетки: автологна и алогена. При автологната терапија со матични клетки, кај пациентот повторно се користат неговите сопствени клетки. При алогениот третман, матичните клетки потекнуваат од друго лице.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Зачувување Матични клетки

    Јас мислам дека е ептен одлична работа,само што е релативно нова тема за нас,па граѓаните и не се баш така запознаени.Како и да е, не е во ред да се тврди дека тоа се фрлени пари, особено ако ја погледнете листата на сите оние сериозни болести, кои може да се лекуваат со нив или пак ако имаме предвид колку пати докторите се соочуваат со неуспех, лекувајќи некоја од овие болести, токму поради тоа што организмот на пациентот го отфрлил трансплантатот, како некомпатибилен... Ете на пример ако се појави некое такво заболување кога треба да се бара донор на коскена срж семејството ќе потроши огромна сума пари и многу време барајќи(АКО воопшто најде), ризикувајќи го здравјето на своето детенце,времето е непроценливо важно во вакви случаеви,а во Македонија нема ни Регистар за донори на коскена срж.
    Ако Америка одлучи да донесе закон за задолжително информирање на идните родители за матични клетки и ако се повеќе млади родители се решаваат на оваа постапка...значи дека не станува збор за минлива мода, туку веќе воспоставена пракса.Зачувувањето на матични клетки чини околу 1700-1900 евра ако сум добро запознаена,и за оние кои можат да си го дозволат супер.Ама сега има и пофлексибилни начини на плаќање,само треба поголема информираност за поволностите.Сепак процесот на подигање на едно дете не е реверзибилен процес, во смисол штетата во образованието, во воспитувањето, во здравјето, немо`е да се поправи, туку треба да се делува ПРЕВЕНТИВНО.
     
  4. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    Зачувување Матични клетки

    Мило ми е што се сетивте да отворите ваква тема. Јас сум бремена во четврти месец и пред една недела склучив договор на 20 години за зачувување на матичните клетки на моето бебенце.Бременоста ми е сосем во ред, немам никакви компликации и резултатите од сите анализи, кои беа вршени врз мене беа супер. Го склучивме договорот јас и мојот сопруг во Скопје, во компанија за матични клетки. Бевме изненадени од професионалната услуга,од информативниот разговор во компанијата,па да бидам искрена и цената е пристапна имајќи во предвид колкаво е значењето на оваа постапка.Јас и мојот сопруг ќе си бидеме мирни и спокојни,додека нашето детенце расте...
     
    На Lolipop23, karak и magdalena077 им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.429
    Допаѓања:
    200.997
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е ова паметна инвестиција. И тоа не само зачувувањето на матични клетки од папочната врвца, туку и зачувувањето на матични клетки од млечните заби кај децата. Предноста на вториов метод е тоа што може да се направи било кога после паѓањето на млечниот заб кај детето, додека крвта од папочната врвца мора веднаш после раѓањето т.е штом се подврзе папочната врвца, да биде земена и складирана.

    Точно е дека матичните клетки се прародители на зрелите клетки, меѓутоа - ги има повеќе видови и тоа:
    -тотипотентни матични клетки - оние клетки кои настануваат уште со првите делби на оплодената јајце клетка
    -плурипотентни матични клетки - потекнуваат од тотипотентните клетки и можат да се диференцираат во било кој вид на зрели клетки, но ги има само во ембрионот - првото тромесечие од бременоста - и порано многу почесто се земале матични клетки на овој начин, посебно некаде во 5-7 недела од бременоста, при што ембрионот се уништува - и прашање е колку било тоа етички.
    -мултипотентни матични клетки - може да се диференцираат во одреден вид на клетки ако се најдат во соодветна околина
    -олигопотентни матични клетки - се диференцираат само во конкретен вид на зрели клетки.

    Матичните клетки од папочната врвца се мултипотентни клетки и тие се добри за лекување на болестите на крвта, претежно леукемиите и лимфомите, додека пак матичните клетки од млечните заби, кои исто така се мултипотентни, се одлични за лекување на срцеви болести, Алцхајмер, Паркинсон, парализи поради повреди на 'рбетниот мозок, може да се искористат за создавање на нова коска, 'рскавица, па дури и заби. Во светот денес се користат матични клетки во третманот на малигни заболувања, посебно во напредна фаза. Секако дека се испитуваат и можностите за лекување на останатите заболувања, како дијабетес тип 1, кардиоваскуларни и мозочни лезии и слични тешки состојби.

    Вакви матични клетки може да се добијат и од возрасен човек, кога кај здрава индивидуа се стимулира хематопоезата со соодветна терапија, меѓутоа клетките добиени на ваков начин се многу постари и со помал квалитет, а кај самата личност може да се јават нуспојави од терапијата.

    Поголем успех се постигнува кога при лекувањето се користи крвта од папочната врвца, но освен тоа, важно е времето - колку порано се почне, толку подобар резултат ќе има самата трансплантација.

    Биобанките кои работат со матични клетки можат да бидат од два типа: семејни банки каде што само членовите на семејството ги користат матичните клетки, и донор-банки од каде што се складираат матични клетки по пат на донација. Донираните матични клетки пред трансплантацијата мора да подлегнат на испитување за компатибилност (HLA - human leukocyte antigene). И затоа како што претходно е спомнато, постои автогена и алогена трансплантација. Сепак, има голема разлика меѓу трансплантација на матични клетки и трансплантација на коскена срж или некој орган - матичните
    клетки се помалку имуногени, т.е скоро и да не предизвикуваат одговор на имунитетот кај примателот, секако, тоа важи за донираните клетки.
    Во САД и Јапонија веќе наголемо се произведуваат матични клетки со способност за умножување
     
    На irenna и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.203
    Допаѓања:
    56.779
    Пол:
    Женски
    Треба да вадам уште три умници (едниот отиде), па се мислам за зачувување на матични клетки, разгледував нешто кај мојот стоматолог за банка од Солун.
    Е сега, не прашав тогаш, а ме интересира: Колку би чинело тоа? Дали некој знае, барем отприлика?
     
  7. mila-vanila

    mila-vanila Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Living glam

    И кај нас во Македонија може да се добие таква услуга.Нема потреба во Солун... Зашто на Грците џебот да им го полниме? |( Склучувањето на договор за зачувување на матичните клетки станува се поактуелно и кај нас. Ќе наведам еден прост пример,чисто сакам да илустрирам нешто - мојата братучетка остана бремена, беа 3 години во врка со дечкото и си се земаа. Поминаа неколку месеци и почна веќе стомакот да и се познава и си одеше на Клиника за гинекологија на прегледи(со плави картончиња и здравсвена книшка) Бременоста и е сосем нормална... Не се многу ситуирани и кога требаа да бираат дали да прават свадба во ресторан(со 200-300 души) или да си направат мала свадбена церемонија со најблиските и да си склучат договор за зачувување на матичните клетки на бебенцето - тие ја одбраа втората опција. Тоа го направија неколку дена по венчавката.И не ги чинеше скапо тој договор, со оглед на тоа каква работа си завршија и го обезбедија животот на детето.Иднината не се знае што носи. Наместо да фрли некој пари во некој ресторан за една вечер и да најаде и напои 200-300 души и кога ќе си отидат дома ќе почнат да трачарат,што како било, какво било јадењето, пиењето, како биле облечени гостите :tmi: - за упола од тој износ ќе со обезбедат иднината на своето дете. Сега некои парови можат да си дозволат и едното и другото и уште многу работи......Меѓутоа здравјето е незаменливо.
     
    На GretaGarbo, AhThatFemaleProblems, Sweetheart87 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Живеејќи во време кога има милиони болести, уште од сега размислувам дека кога ќе останам бремена ќе го направам тој чекор. Мислам дека чини околу 5000 евра, но не сум сигурна и тоа мислам дека може на рати, а со тоа го осигуруваш животот на твоето дете без разлика колку чини , а тоа е и најважно.
    Ги поздравувам сите тие што го направиле овој чекор. :handshake:
     
  9. mila-vanila

    mila-vanila Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    :o :o :o

    Какви 5000 евра... Околу 1500 евра ја чинеше братучетка ми договорот за зачувување на матичните клетки и тоа на 20 години :!: И дадоа и рати и плус попуст дека беше во рана бременост. Во Скопје го направија тоа. И во таа цена знам дека е све вклучено(анализи,транспорт на материјалот,презервација итн.......) И само знам дека во договорот пишува доколку нешто не испадне како што треба или не дај Боже да дојде до некакви компликации, капарот што го оставија(малку пари беа тоа) ќе им биде вратен.
     
  10. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    mila-vanila

    Каде твојата братучетка го склучила тој договор? Можеби во истата компанија сме и двете...
     
    На mila-vanila му/ѝ се допаѓа ова.
  11. PufCe

    PufCe Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    Зачувувањето на матични клетки од папочна врвка изнесува 1700 евра, додека пак од млечните запчиња изнесува 1100 евра. И сето тоа на 36 рати. Инаку, овие се цени на фирмата Биостем (мислам дека така се викаше), тоа е грчка фирма која има претставништва во Македонија. Епа сега замислете дали е исплатливо или не?! Според мене е одлична инвестиција, бидејќи нудат одлични услови за плаќање и сметам дека цените се многу достапни. И не само што вашето бебенце ќе биде заштитено, туку неговите клетки се најкомпактибилни со неговото братче/сестриче, а се разбира може да одговараат и за целото семејство...Поздрав
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    Нас не чинеше 1650 евра(договор за зачувување на матичните клетки на моето бебе на 20 години) И плус е дозволено да се плаќа на рати. Во оваа цена влегува буквално све(земање на крвта,разни анализи,транспорт до банката во Унгарија итн.) Компанијата се вика Генома и се наоѓа во Скопје.Пак ќе повторам презадоволна сум од досегашниот тек на одвивање на настаните.
     
    На mila-vanila му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mila-vanila

    mila-vanila Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Ќе ја прашам па ќе ти кажам..Баш ме интересира
     
  14. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Ние во март зедовме крв од папочна врвце од Био-Стем - 1400 еур на 8 рати.
     
  15. mila-vanila

    mila-vanila Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Кика30
    Ја прашав...Договорот е склучен во Генома(компанија за матични клетки) во Скопје..Партнери биле со банка за чување на мат.клетки во Унгарија и све влегува во цената(сите прегледи,процедури , транспорт итн.) Иначе на 10 години потпишала и плаќа на рати...И бесплатно доаѓале дома за информативен разговор, по барање на пациентите секако.
     
  16. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    mila-vanila, сигурно ли е на 10 години? Ние во нашата компанија склуивме на 20 години.
     
  17. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    :up: Значи на исто место сме биле јас и братучетка ти... :) Супер...
     
  18. mila-vanila

    mila-vanila Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Па како што сум јас информирана има опција да си бираш дали на 20 год или на 10 години...Братучетка ми на 10 год склучиле договор, а Кика еве на 20 год...Во истата компанија, во Генома...А ти Инола се породи, бидејќи погоре напиша дека сте зеле крв од папочната врвца, а тоа се прави за време на пораѓајот, а договорот се склучува за време на бременоста? :^)
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.203
    Допаѓања:
    56.779
    Пол:
    Женски
    Би сакала да имав пари за да зачувам матични клетки од умниците, но за жал засега немам можност. кога ќе дојде време да имам дечиња, дефинитивно ќе зачувам матични клетки од папочната врвца. Инвестиција чија вредност не може да се измери.
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Мислам дека зачувување на матични клетки е најдобрата инвестиција што може да ни се случи на сите нас. За жал не зачував матични клетки од моето прво дете НО сме во план за второ дете и здравје Боже планираме за зачувување матични клетки од папочната врвца за утре ден да не си ја чукам главата од зид :D реално и вистинито.