Јас знам мајки кои ги користат за подмладување. Не ги вадат од ничие тело. Од папочна врвца крв или ткиво.
Близнаци се, финансиски сакав за едното да чувам па да направат испитување за компатибилност. Ми немаше логика и успеав за двете да зачувам и матични клетки и ткиво од папочна врвка.
Здраво,некако во последно време почнав многу да размислувам за чување на матични клетки.Имав претходно разговор со BioSafe и некако мислев да правам договор со нив,но денес баш бев кај матичната на преглед па баш и не ми ја препорача истата,туку ми спомна некоја Англиска банка за чување клетки Future Health biobank,дека била пореномирана.Инаку во BioSafe ми кажаа дека цената е 2400е со некоја промоција за период од 40 год,а во оваа Future Health 2170eвра со промоција за 60 год. чување клетки.Ваше искуство да споделите за двете банки?Стварно незнам за која да се одлучам.Поздрав!
Здраво Тања, се породив во мај годинава и купив пакет за зачувување на матични клетки од Future Health Biobank. Не правев споредби меѓу пакетите, но се одлучив за оваа банка по препорака од мојот гинеколог (др. Ефремовски од Ремедика) и поради одличното искуство и комуникација кои ги имав со Гинекаликс (правев Нифти тест претходно преку нив). И јас фатив промоција во јануари годинава - чување на матични клетки за период од 60 години. Кога го склучував договорот купив и Нова тест (тестот кој покажува наследни болести и алергиски реакции чинам) и од оваа перспектива сум среќна што се одлучив и за него. Јас ја препорачувам Future Health.
Ти благодарам на споделеното искуство,сеуште се мислам кој да го одберам ама веќе време е да се одлучам од утре влевам во 35 недела морам што побрзо да одлучам.Но можно е и јас да ги одберам Future Health Biobank.Pozdrav
Здраво мамички моментално сум 31 недела и со мојот сопруг размислуваме за зачувување на матични клетки. Имам правено нифти тест во гинекаликс сега гледам и дека имаат можност во банка future health во Англија за зачувување на матични кл. Моментално имаат промоција 2170 евра на 60 год со клетки од крв и ткиво. Какво ви е искуството со нив ?
Дефинитивно ќе зачувам матични клетки. Медицината оди напред, па за 10 или 20 години сигурна сум дека ќе има многу терапии со матични клетки. Ние живееме во Минхен и тука гледав дека цените се исти ко во МК околу 2000 евра, со можност за рати. Има опција и за донирање што е бесплатна, но никој не ти гарантира дека нема да ги дадат на друг ако одговараат. Прашањето ми е кој и кога ги зема клетките? Дали е тоа за време на пораѓај и ако да, дали доаѓа некој да ги земе или гинекологот ги тргнува на страна? Леле глупо е прашањето ама стварно немам поима.
Ти даваат кутија која ја отвора докторот на пораѓај. Откако ке ја пресече папочната ја става крвта и ткивото, зависи што ке зачувуваш, и ја праќа. Накај болница ке јавиш на фирмата дека ке раѓаш да дојдат да ја земат кутијата.
Гинекаликс односно Future Health Biobank или Biosave? Ваше искуство? Се мислам меѓу двете читајќи и разговарајќи со познаници, не можам да се одлучам. Инаку и двете имаат промоции до Нова Година за гратис чување години.
Колку што знам гинеколозите се обучени при пороѓај да земат крв и материјал од папочна врвца и при тоа да ги складираат во сетовите за транспорт обезбедени од фирмите. Имаш и на youtube видеа за цел процес како се одвива.
И јас се мислам но најверојатно Био сејф. Правев преку нив хармони беше тестот нели? Па пратија некоја понуда, можеш уште сега да почнеш да отплаќаш. Со првото не зачувавме, ама ми рекоа може да се искористи за двете.