Здраво, да не има некој инфо за некоја промоција за зачувување на матични клетки и кои фирми да ги следам? Фала Ви
Феминки јас и сопругот размислуваме дали да зачуваме матични клетки, па ако некоја има повеќе инфо нека пише. 1. Ако недај Боже треба да се искористат матичните клетки во кои земји лечат? Дали е легално и дозволено лечење со матични клетки или сеуште се истражува? 2.Како што читав на интернет не е се така розево. Пишува дека ако недај боже му се случи нешто на детето неможе во секоја ситуација да се искористат матичните клетки бидејќи и тие самите ја носат во себе истата генетеска мутација. Тоа значи дека тие матични клетки повеќе би одговарале на некоја друга личност за лечење. Ако ова е вистина, тогаш кои работи се лечат со матични клетки? На интернет статистика има дека реално 0.04% посто е вреојатноста дека некогаш ќе затребаат тие клетки и дека повеќе такви фирми се маркетинг и правење пари.
Некоја да сподели од неодамна што имаат зачувано матични клетки? За каде се решивте и која е цената? Или да споделат искуства и од поодамна.
И јас сум заинтересирана ако има некоја да сподели искуство? За која фирма се одлучивте? И какви пакети нудат?
Случајно да не се распраша и да не одлучивте со кои ке одите? Мислам ти имаше и негативно искуство со пренаталниот од една од компаниите што го нудат ова? Уште не можам да донесам одлука со кои да одиме…
Да да, за Гинекаликс се одлучивме. Инаку првично панорама правев два пати, и не изолираа днк доволно, неуспешен беше тестот два пати. После правев Нифти во Гинекаликс, и зедов пакет со се матични. Не сум породена уште, така да не можам да споделам искуство со процедурата за матични конкретно. Ама верувам дека се' ќе биде супер. До сега комуникацијата и односот од нивна страна е професионален. Нифтито испадна супер.
Фала ти многу! Мислам ми ја реши и дилемата која ја имав Кај и да е и јас ќе треба да одлучам оваа недела, веќе влегувам скоро во 35та и не можам да одложувам за одлука. Со лесно
Тука некаде сме со термините. Нема на што, со лесно и тебе! Земи си сетче на време. Да си го имаш дома во секое време.