Ако добро се сеќавам, доколку нема материјал за зачувување, се плаќа само одреден износ (за земање на примерокот и транспорт). Ние зачувавме преку Гинекаликс и пред породување плативме само околу 150 евра, а останатото по добивање на резултатите. Можеби се сега променети условите, секако доколку се решите за зачувување ќе си прашате убаво за условите.
Дали некој има брошура или инфо за цени од Гинекаликс (futurehealth)? Им ѕвонев, ама сигурно не работат денес, сега ќе сум нетрпелива до понеделник
Ова се цени кои ми ги кажаа во Мај: 20 годишно чување на папочна крв и ткиво = 2390 € 25 годишно чување на папочна крв и ткиво = 2590 € 30 годишно чување на папочна крв и ткиво = 2690 €
Девојки барам банки за зачувување на матични клетки дали некој може да ми наведе повеќе места ? Барав за Bio save ама страницата не им постои.
За BioSave јави се телефонски, ќе ти објаснат се и ќе ти пратат материјали на маил. Освен таму, јас прашував во Генеа и во Гинекаликс.
Здраво Дали можеби имате истражувано која банка е најдобра за зачувување? Не можам да се одлучам некако Има две понуди.... Chat gpt вели фамикорд е подобра опција, но и дека другава понуда не е лоша во однос на цената.... Некое мислење..?
Здраво, Ја читав темава од почеток, па би сакала да прашам.. какво искуство имаат членките кои одамна имаат зачувано матични клетки со посредништво на македонски фирми кои веќе не постојат? Дали имате комуникација со банките? Дали и што се има променето? Ви благодарам
Здраво, може на некој ќе му користи информацијата. Денес плативме за чување на матични клетки во Гинекаликс. И на основниот пакет од 20 години 2390 евра може да доплатите плус 350 евра за дополнителни 30 години.
Има ли некој што смета дека ова е превара со матичниве или само јас? Многу гуглав и стварно имаат дупки во целава работа, нити сум да чувам нити не чувам. Ме интересира зошто се одлучувате да зачувате? Какви се вашите истражувања?
Zdravo zenski, sakam da zacuvam maticni kletki vo BioSave, ke se poragjam na gak, ako moze da mi objasnite kako odi procedurata, koga se potpisuva dogovor kolku se plakja?
Кога потпишуваш не плаќаш ништо... Откако ќе се обработи материјалот и ќе се потврди дека има доволно за да се зачува, потоа почнуваш со ратите...или целосната сума, во зависност од договорот
Јас погоре прашав баш за оваа тема, како одлучи да зачуваш? Може ли малце да ме едуцираш повеќе за и јас да ср одлучам..ептен некако на темава сум полна недоверба
Здраво. Може е најдобро да си закажеш консултација и да ти објаснат. Исто така добиваш договор пред потпишување каде што може детално се да си прочиташ.
Се плаќа првин 9300мкд на потпишување на договор, после остатокот одкако ќе го испратат примерокот во Англија. Ние сега плативме 9300мкд и преставникот ни кажа дека најмалце 3 недели ќе им треба да го испитаат примерокот. Ти даваат кутија за примерокот што треба да ја носиш со себе на денот на пораѓај.
Јас во понудата на лабораторииве, т.е. банки (не знам како да ги кажам ), читам многу корисност за зачувувањето. Општо на нет, значи надцор од нивната понуда, не читам докази за бенефитот. Така да, и ние се мислиме, дали да зачувуваме или не.
Да истото со чат џпт зборев дури и ми даде многу информации кои укажуваат на тоа дека се едноставно scam овие. Ама ете сакам од некој што одлучил да зачува мислење зошто, може ќе успеам да најдам плус податоци зошто вреди и е добро