Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зачувување матични клетки

Дискусија во 'Бременост' започната од KuklickaSk, 28 октомври 2010.

  1. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    Nine25

    Тоа е огромна инвестиција во животот на нашите деца...Само нажалост кај нас луѓето гледаат прво дали за свадба ќе имаат пари, да платат во некоја кафана или по приватни клиники да се пораѓаат..А вакво нешто кога ќе им спомнеш како да не е важно... Чест на исклучоците и на оние парови кои можат полуксуз да си дозволат, но конкретно за мојов случај - ние си направивме поскромна свадба и одлучивме да се породам на државна клиника, но затоа си потпишав договор и матичните клетки на моето бебе ќе бидат 20 год чувани и се потенцијални спасители на неговиот живот...
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило :clap: :clap: за секој што одлучил да зачува матични клетки од своето бебе верувајте дека многу помирно ќе спиете доколку ја "обезбедите" иднината за вас и вашите најблиски и најсакани.
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    Само многу е важно на кое место ќе се обратиш доколку се решиш на таков чекор :!: Јас прво добро се осигурав за таа компанија па потпишав договор..Мислам дека немаат конкуренција во Македонија во однос на професионалноста, квалитетот на услугата, сигурноста и цените... Не е само да се потпише туку треба да се знае каде
     
  4. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Да, во март се породив...и на лице место собравме крв од папочната врвца на бебето. Договорот го склучивме месец дена пред да се породам.
     
    На mila-vanila му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    Inola

    Одлично :clap: Си направила многу паметен потег и си решила едно животно прашање... Мене денес ме известија од компанијата дека анализите што ми ги вршеа на крвта тука во Скопје се сосема во ред :) Морам јас да бидам потполно здрава за успешна да биде процедурата.. Сега ќе си чекам да се породам :)
     
  6. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Да, и јас правев анализи, за Хепатит Ц и ХИВ.
     
  7. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    И плус за CMV - Циталомега вирус има кај мене. Тоа медицинските претставници си бркаа...Дојдоа ми земаа крв дома и ги однесоа резултатите во Републички завод за здравствена заштита и после само ме известија телефонски. Тоа ми е све во цената вклучено
     
  8. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Јас не го направив тоа испитување, а и сама бев на инфектологија за овие испитувања...

    Сега може да е поинаку, може и да земаат од дома...конкуренцијата може да си го направи своето :)
     
  9. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    Јас од моментот кога го потпишав договорот со маж ми и толку беше... Медицинските претставници си ја бркаат цела процедура а нас само не известуваат...Ќе присуствуваат и на моето пораѓање
     
  10. beksice

    beksice Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Jas zacuvav vo Cryo Save, toa e najgolemata banka za maticni kletki vo Evropa, a Bi-MEK e pretstavnistvoto vo Skopje. Nie sme zadovolni. Toa e na nekoj nacin sigurnost za decata. Citavme mnogu prethodno i se odlucivme da zacuvame. Go prasav i mojot maticen ginekolog, nemase voopsto negativni mislenja za cuvanjeto maticni kletki, naprotiv ne ohrabri.
    I zabelezav deka dodeka bevme vo Bi -MEK dojdoa uste nekolku para za da potpisat dogovori ili takvi sto doagaa po serftifikati...
    Jas sum zadovolna od nivnata profesionalnost. Site sto mozat da zacuvaat bi trebalo da go strorat toa... :)


    [mod-kirilica:1z74fo9f][/mod-kirilica:1z74fo9f]
     
  11. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    Крвта од папочната врвца на моето бебенце ќе биде зачувана ви Крио Институтот во Будимпешта, а Генома(компанијата кај што го склучив договорот во Скопје се нивни партнери)... Колку што бевме информирани јас и маж ми на наградните квизови во Генома(таму гледавме прекрасна презентација од медицинските лица и ни беа доделени награди..) Јас добив бебешка колекција за банкање на моето бебенце :lol: и многу стручни совети од докторите... Инаку Крио Институтот има две лаборатории во Унгарија и една во Германија, со најголем капацитет за замрзнување на матичните клетки и нивно чување.
    Имаат 10 години искуство на успешна и доверлива лабораторија со многу пристапни цени и се даваат 12-месечни рати за плаќање. Таа поволност ниедна компанија не ја нуди моментално... И нас ни е многу важно што целава процедура е комплетно транспарентна за нас како клиенти..Значи имаме увид во све 24/7... Останува само да си ја дотуркам бременоста како и до сега и да си го родам бебенцето(ахххх, тој април кога ќе дојде? Далечно ми изгледа :lol:
     
  12. Bootilicious

    Bootilicious Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Дали некој знае колку долго можат да се чуваат матичните клетки, односно дали рокот на чување може да се продолжи повеќе од 20 години?
     
  13. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    Секако дека може повеќе од 20 години да се чуваат...Договорите кои се потпишуваат во компаниите за матични клетки се на 10 и 20 години, но тоа не значи дека по истекот на тој период ќе бидат фрлени како биолошки отпад...Можат минимум 30 години да останат функционални.. Минимум :!: Се чуваат во азотна пареа на -180 степени испод нулата во комплетно стерилизирани услови...
     
  14. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    а зошто матичните клетки да се зачувуваат во Унгарија, германија, Грција кога кајнас во Св лазар болницата чуваат матични клетки, една познајничка се породи таму, ја набљудуваа цела нејзина бременост и таму и чуваат матични клетки, е сега незнам колку се ја чинеше тоа.
    Иначе јас сум за, одлична инвестиција, во ова време добро е да се стори тоа за нашите деца
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.480
    Допаѓања:
    201.360
    Пол:
    Женски
    ^^Затоа што во тие земји постојат т.н банки во кои се чуваат тие клетки. Потребни се посебни услови за нивното чување, не е само замрзни ги и готово. Најблиску кај нас се во Грција, а точно е дека има и во Унгарија, Германија и Белгија. Ама тоа зависи со која фирма ќе склучиш договор. Не знам какви се условите во Св. Лазар, можеби се одлични (не се сомневам дека има професионалци таму), ама овие банки имаат долгогодишно искуство со ова, па логично е дека повеќето родители кај нас се решаваат за банките во странство. Како и да е, во Македонија има барем 2-3 фирми кои се инволвирани во оваа област, па останува на родителите да одберат кои услови им одговараат.
     
    На Kika30 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ^^ да да знаев дека Грција е најблиску, ама исто и во Св.Лазар имаат одлични услови и супер опремена блница,затоа што веќе истат болница ја има и во Бугарија Во Софија мислам веќе 15години, друго ми беше прашањето, мислев дека од кај нас ги префрлаат во други земји, ја прашав пријателката и ми кажа како стоеле работите, дека овде било поефтино затоа што е во матичната земја и плус да не имало гратис набљудување на цела бременост и совети за трудниците
     
  17. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Имавме пред некое време дебата на факултет за матичниве клетки. Според мене нема ништо подобро од ова, секако од биолошки аспект. Многу животи можат да се спасат со ова, и секоја чест на родителите кои што се одлучиле за ваков чекор, ја направиле најдобрата опција за своето дете. Но, многу ми е страв од другите зафрканции кои ќе почнат да се прават со матичниве клетки. Тоа е трговијата на црно. Мислам дека ќе ги снајде истата судбина како трансплатацијата на органите. Кога нејзе ја усовршиле, знаеле дека со тоа ќе спасат милиони животи, НО не предвиделе дека со тоа ќе му овозможат на доктори на црно да извршуваат операции во гнасни, нестерилизирани простории и со тоа да го загрозат животот на пациентот. Само да не почне и тука таа трговија на црно, затоа што ќе се направи штета од огромен размер.

    Знам дека не може да запре медицината овде, дека мора да се развива, и апсолутно го поддржувам овој проект, но од друга страна мислам дека луѓето не се свесни што се може да произлезе од нив.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.480
    Допаѓања:
    201.360
    Пол:
    Женски
    Ептен си во право за ова Спаркс... какви што сме ние луѓето, може некој ова максимално да го искористи, за профит. Посебно ако се има предвид дека матичните клетки не предизвикуваат силен одговор на имунитетот кај организмот-примател, за разлика од веќе формираните ткива и органи.
     
  19. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    Мојава бременост тече нормално фала Богу...Во април ми е терминот за породување. Направив вирусолошки преглед на крвта, бидејќи тоа е дел од договорот што го склучив со компанијата за матични клетки. Нивните медицински лица се погрижија за се. Ме зачуди што некој спомна погоре дека во Св.Лазар им ја следеле бременоста на тие што ќе ги зачуваат матичните клетки. |( Кој апсурд...Па бременоста дури и да е патолошка и предвремена и комплицирана, било како, само да не настане спонтан абортус и развитокот на плодот да си се одвива нормално = нема потреба од следење на бременост ради матичните клетки. Најважни се пред породувањето вирулошките анализи на крвта(еве јас направив за Хепатит Б и Ц, ХИВ, сифилис и цитомегаловирус) - како што ми налагаа вработените во компанијата. И резултатите се ок, значи одам понатаму..Иначе бременоста ми ја следи матичниот гинеколог - он ќе ме породува...Јас сум исто во контакт со компанијата за матични клетки, со нивниот цел тим, кои се прекрасни луѓе и пред се стручни и крајно професионални, 24 часа се тука за мене...Банката во Будимпешта - Крио Институт соработуваат со сите трансплантациони центри во светот и доколку некогаш во животов ни потребат матичните клетки од моето бебенце, ќе ни бидат бесплатно доставени до болницата...
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  20. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    70
    A дали може таму да се зачуваат матични клетки од умници?