Јас неколку дена овде читам по интернет и многу доктори кажуваат дека некои си прават бизнис. Ке дадеш 1000 евра и ако недај боже затребаат ке ти кажат дека ги подариле на друг , дека им се расипале фризидерите кај што ги чуваат.. Овде во гр постои и државно , сега разгледувам каде да се информирам и што треба да направам. Дознав дека ти сам ги даваш м.клетки ама не ги зачувуваат под твое име , туку ги зима тој што му требаат..
Кој може да ги користи матичните клетки? Бидејќи матичните клетки се зачувани за сопствени цели, сопственикот може да ги искористи кога и да притребаат. Доколку треба да се употребат за брат/сестра или родител, неопходно е да се направат адекватни тестови пред употребата, т.н ХЛА антиген типизација. Секако, хистокомпатибилноста внатре во семејството е значително висока. еве ти и веб стана па разгледај http://www.genoma.mk/index.php?option=com_content&view=frontpage&Itemid=1 И да се надополнам имаат попуст овој месец-навистина примамлива понуда Генома и Крио Институт овој месец ви овозможуваат попуст од 99 € на цената за договор за 20-годишно чување на матичните клетки од вашето новороденче. Попустот се однесува на on-line апликации преку нашава веб страница. Аплицирајте тука.
Кој ти кажал такво нешто? Не ми се верува што читам... Како прво како е можно матични клетки да се чуваат во фрижидер? Ако е така сите ќе си ги чуваат по дома во замрзнувач за длабоко. Матичните клетки се чуваат во азотна пареа на минус 200 степени... И како е можно да ги подарат на друг, не ми е јасно? Тие клетки се 100% компатибилни со новороденчето и околу 70% компатибилни со останатите членови на семејството и доколку се чуваат во доверлива и сигурна банка, како што кажа погоре девојчето за Генома компанијата, која е овластен претставник на Крио Институтот кај нас - едноставно нема промашај Таа банка е приватна, гарантира максимална безбедност на чување и бесплатен транспорт на матичните клетки до било која болница во светот, доколку има потреба.
Имав една ретка можност да слушам предавање од еден од светски признат професор имунолог на оваа тема.Нема да разглобувам многу ,но знаете која беше крајната порака? Ова е еден голем бизнис за кој во светот нема голем интерес како пред неколку години,а кај нас на плодна почва зама се поголем замав.
А како се вика тој професор ако не е тајна ??? Што ќе каже тој професор на илјадниците документирани случаи во целиот свет на успешни трансплантации со матични клетки и излекување на разни видови на малигни болести, крвни болести и оштетувања на нервното ткиво. Тоа се успешно изведени трансплантации и потврдени и документирани случаи, з акои постојат видеа, сведоштва итн... Плус дали тој професор е во тек со најновите клинички студии во областа на трансплантациите со матични клетки? Мислам дека не
Името ништо нема да ти значи ,секој има право на свој избор,реков дека нема да коментирам многу,јас пишувам свое мислење на оваа тема.
Mila-vanila, ти како да живееш во некој идеален свет. Јас се сложувам дека зачувувањето на матичните клетки е навистина одличен потег да се обезбеди здрава иднина на некој начин, ама тоа исто така отвора можност за трговија на црно. И да, во фрижидери се чуваат, и тоа специјални фрижидери, а не ние овие што ги имаме по дома. Претходно на оваа тема мислам дека и Спаркс спомна нешто околу можностите за цутење на трговијата на црно со матичните клетки. Во ваков свет каде што ние живееме денес, и тоа како има плодна почва за развивање на нелегална трговија со матични клетки (како што е и трговијата со органи). А штом со органите е толку развиена, што останува за матичните клетки? Тие секако предизвикуваат послаба имунолошка реакција од страна на организмот во кој се пресадени, без разлика дали се работи за сопственикот на тие матични клетки или за некој друг. Мене не ме изненадува тоа што го читам во мислењето на Koritsaki, дека во Грција се правело бизнис. Па тоа допрва ќе се развива, а колкави размери ќе достигне, не сакам ни да помислам. А од друга страна, можностите за лекување со овие клетки се огромни... и како што тргнал светов, се' е можно.
Секако дека драгоценото значење на матичните клетки отвара простор за нелегално работење со истите, посебно ако се земе в предвид фактот колку напредна нивната примена во третманот на преку 70 болести...За тоа сте во право - не негирам...Но, затоа треба да се внимава со која компанија се склучува договор и со кого Чувањето во приватна банка е најдоверливо, најсигурно и пружа транспарентност на родителите во целата процедура
Јас мислам дека тоа е чист бизнис. И се додека има овци некој ќе ги стрижи. Јас лично нема да ги зачувам матичните клетки.
Јас зборував од малку поинаков аспект за матичниве клетки, не обвинив никаква компанија дека ќе прави трговија на црно со истите... Јас сакав да кажам дека сум многу голем скептик кога е во прашање ова, затоа што како прво сеуште не е добро доразвиена оваа област, а веќе се наслушуваат случаи каде се прави трговија на црно! Значи според мене не е ниту бизнис ова, ниту глупост - ова е една од најхуманите работи што можат да предизвикаат голем + во човештвото, но како и секое големо дело, си носи многу негативни последици со него. Кога го измислиле динамитот, мислеле дека само за рушење објекти ќе биде, а денес служи како главна супстанца за бомби! Кога ги измислиле апчињата, не ни мислеле дека со промена на концентрацијата на елементите, се ствараат такви дроги што можат да усмртат коњ! Но тоа не е причина и овој проект да не се спроведе. Денес се што ќе се измисли, ќе се најде начин да се злоупотреби. Го поддржувам овој проект, иако знам што се може да произлезе со манипулација на матичните клетки. А тоа дека е бизнис, што на денешницава не е бизнис?
Јас мислам дека е супер идеја ова со матичните клетки. Имаме и многу болести сега и благодарение на матичните клетки можат да бидат победени
Оставивме матични клетки од второто детенце. Подобро нека има па никогаш да не ги искористиме отколку да нема а да затреба.
Вака сега- Јас имам 15 години, и извадив матични клетки од двата горни умници... Значи ако не се одлучите да извадите матични клетки додека се сеуште бебиња, имате шанси ако се предомислите пред да испаднат умниците... Сепак добра инвестиција е
Македонската фирма (претставништво) се вика Хелтхмед, а грчката банка за матични клетки е Cellgenea. Оставивме матични клетки и парче од папочната врвца. Пред две години цената само за матични клетки беше 1350Е а имаше промоција за папочната врвца па вкупно не чинеше 1750Е. Незнам како се движат цените сега, можеби е поефтино откако истата услуга се нуди и кај нас во Св. Лазар.
А ќе може ли некој да ме информира за зачувување на матични клетки од умниците?? Прв пат слушам за ова, иако имам слушнато за матични клетки од папочната врвца. Јас имам уште два умника, првите два ги извадив пред годинa. Моментално не сум во можност за вакво нешто, ама не знам кога ќе им дојде време на горниве умници можеби тогаш ќе бидам! Се надевам некој ќе ме информира и каде кај нас се врши зачувување на матични клетки од умници?
Кај нас за жал не постои јавна банка за матични клетки, каде ќе може истите да се процесираат, чуваат и да се вршат клинички експериментални студии, со кои науката ќе оди напред и ќе се започне со трансплантации со матични клетки, кои ќе помогнат во треман на многу животозагрозувачки болести. Во Св Лазар во Скопје има лабораторија и приватна банка за чување на матични клетки, но истата не е акредитирана за работа и ниту еден пациент не добил дозвола од вработените таму да влезе и да ја види...Тоа кажува многу за сигурноста на чување на биолошкиот материјал, но изборот си го имаат родителите на кого ќе го доверат чувањето на материјалот... Во Србија, на Военомедицинската академија во Белград веќе се прават трансплантации со матични клетки и истите претставуваат стандардна терапија на многу заболувања...И во Нови Сад е исто - на Клиниката за гинекологија и акушерство...Во западните земји веќе успеаа да создадат вештачки органи од матични клетки(биотехнолошко срце, трахеа, дел од човечко црево, белодробно ткиво со се крви садови, бубрези со големина од половина сантиметар итн...) Во Русија е направен препарат од матични клетки од папочно-плацентна крв, наречен Хемоцел, кој ќе биде искористен за лекување на хепатитис...Истиот влезе во фаза на клинички студии и се очекува наскоро да биде пуштен во употреба и користен како стандардна терапија...
Доста кажувате како е на Запад, ние сме далеку од нивните достигнување. Кај нас за жал на никого не можеш да му веруваш. Имам тримесечно бебенце и ги зачував матичните клетки во компанијата Генома во Скопје и зажалив. Соработуваат со унгарска банка за чување која е ок, али Генома како фирма се права катастрофа. Како прво нивните вработени, едни арогантни манипулатори, кои не убедија да потпишеме договор и после тоа не се придржуваа на ветеното. Крвта стигнала во Унгарија згрудена, со коагулација и тоа после 56 часа откако сум се продила...Срам да им е. Дознав дека нивните директори немаат поима од медицина...Ги лажат луѓето со награди за бебиња. Среќа нивна што и покрај све клетките на син ми се зачувани инаку ќе ги дигнам во воздух. Отсега кога ќе ме интересира нешто, ќе се обраќам директно во банката во Унгарија, а со нив немам никаква работа. На почетокот ни оставија позитивен впечаток, ама за кратко време ги видовме кои се всушност.