Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зачувување матични клетки

Дискусија во 'Бременост' започната од KuklickaSk, 28 октомври 2010.

  1. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    ЛЕЛЕ??? Не ми се верува што читам
    Од утре натака јас влегувам во 9 месец и нормално секој момент можеш да се породиш Терминот ми е на 9 Август Имаме склучено договор со Био -стем кои се во соработка со банка за криопрезервирање на матични клетки - БИОХЕЛЕНИКА. Досега немам слушнато некои лоши коментари за нив ама немав ни слушната ни за Генома затоа сум многу изненадена?
    Дали ќе сакаш да кажеш како оди цела процедура со земањето на матичните клетки дали претходно треба да се договориме со гинекологот што ќе ме пораѓа?Кога дојдоја по матичните клетки од Генома?
    Кога ги добивте резултатите дека успешно се земени матичните клетки?
    Баш жалам што си имала така малку лошо искуство ама јас сум многу испаничена затоа што јас сум од Охрид па треба да се јавувам од Скопје да идат од Биостем да ги земаат па да ги праќаат Грција СЕПАК БИ ТИ БИЛА БЛАГОДАРНА ДА ГО СПОДЕЛИШ ТВОЕТО ИСКУСТВО ТУКА.
     
  2. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    Nine25

    Не се секирај, Биостем се добра фирма и мислам дека професионално работат, по теркот на Крио Сејв...Се ќе биде во ред.
    Јас не знам како одело собирањето бидејќи со царски бев породена. Маж ми се јавил да им каже дека сум породена на некој број, за кој му рекле дека е 24 часа достапен, а никој не се јавувал од таму. Дури сабајлето во 8 ипол кренале и дошле да го земат материјалот на клиника. Му рекле дека веднаш ќе биде испратен за унгарија, али дури наредниот ден сабајлето тргнал материјалот и од таму ни јавија дека поминале 48 часа од времето од кога сум се породила и крвта била со коагулација(згрутчена). Среќа добро го обработиле материјалот и се е во ред иако помал број на клетки се зачувани.
    Да испаднеше нешто ќе ги испоубиев таму. Ова ни е многу важно, бидејќи кај маж ми во фамилија има наследна болест, а тие мајмуни си играат со клиентите. А за пари да видиш како се јавуваат, таму една директорка нивна |(
     
  3. Nena78

    Nena78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите.
    Многу ми е мило што се одлучив да ги зачувам матичните клетки од мојот син, душата ми е посмирена...
    Се надевам дека никогаш нема да треба да ги искористам. За среќа се одлучивме за вистинската фирма, Би Мек...
    Ги читав вашите постови и ми е драго што гледам дека родителите се све повеќе информирани за оваа тема.
    Најдобронамерно ги советувам сите читатели и идни родители темелно да истражат со која фирма склучуваат договор за матични клетки...Наидов на шокантни сознанија...
    Пребарувајќи по интернет за фирмите, претставништва на различни банки, дојдов најслучајно до неколку прилози од наши познати медиуми во кои се споменува името на соопственикот на едно од претставништвата со којшто и лично разговаравме јас и маж ми на бебе саемот и сум запрепастена какви луѓе можат да дојдат до вакви позиции...
    И да не должам многу прочитајте сами - http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx ... stID=34686
    Ова име беше на визит картата којашто ја добивме на саемот на штандот на фирмата Генома.

    Бидете внимателни со вашиот избор и детално истражувајте ги вашите опции.
     
  4. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    ЛЛЕЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ НЕ МИ СЕ ВЕРУВААА...!!! :o

    Значи све очекував да слушнам али ова НЕЕ !
    Леле Нена жено како си успеала ова да го ископаш? Па овој Љубомир им е директор таму! Оф мори мајко, убијци почнаа да водат вакви бизниси. Што држава ќе да е ова...

    Жал ми е што претставништвото паднало во вакви раце, ваков монсктрум да го води... :puke:
    Иначе јас директно со банката контактирам, све е ок со матичните клетки...
    А вработените во Генома, иако не ги мирисам баш, мислам дека се стварно стручни и плус млади се и се надевам дека го знаат ова и веќе избегале од таа фирма...Овој монструм мислел дека ако ова е пред 10 години нема да се дознае...

    :x
     
  5. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Нена, ти си го нашла името на интернет, еве и јас читам од линкот, ама како си сигурна дека е истиот човек? Немој да набедуваш некој само од прочитана статија во весник. Може се работи за двајца различни луѓе со исто име и презиме
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mamapetar

    mamapetar Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    здраво дали знаете дека е отворена фирма со најдобрата банка
     
  7. mamapetar

    mamapetar Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    МАТИЧНИ КЛЕТКИ ЖИВОТЕН ПОДАРОК ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ

    Додека сте бремени размослете на оваа тема,јас земав одкрио мед таму работат само специјалисти од различни области.Ако сакате контакт писете.Поздрав
     
  8. sigurnost

    sigurnost Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    1
    Nasi prijateli zacuvaa vo preku Nea Vita vo bankata vo Grcija i se prezadovolni. Predmosta e golema oti Grcija e mnogu blisku i koga ke stigne krvta za pomalku od 24 saata ima mnogu zivi kletki. A za ovie drugive shto koristat DHL ne veruvam bidejki DHL za vikend nikade ne raboti , i ako se porodi nekoja zena vo petok , krvta ke stigne vo drugite drzavi duri vo ponedelnik. Shto znaci , ili ke nema dovolno kletki ili ke bidat site izumreni.

    [mod-kirilica:3p0qeseb][/mod-kirilica:3p0qeseb]
     
  9. milkams

    milkams Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Бремена сум 25 недели и со сопругот интензивно размислуваме за зачувување на матични клетки од папочната врвца на нашето бебе, па ве молам доколку некој има искуство со ова споделете го тука, на која фирма одлучивте да и ја дадете довербата за чување на матичните клетки зашто стварно ни е многу тешко да се одлучиме...сепак е многу важна работа, а и финансиите не се малку што ќе ги дадеме во секој случај.

    Oднапред благодарам :)
     
  10. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    А што точно ви ветија од банката? Ме интересира за што конкретно можат да се користат ВО МОМЕНТОВ! И плус дали има некакви правила (од морална гледна точка) кои се запишани во законот кои би оневозможиле употреба на овие клетки, да не испадне плати ти чувај ги ама ако ти затребаат да е забрането да се користат во МК па да треба да се оди во Америка за операција. Стварно сум нула на оваа тема ама предпоставувам дека штом сте се зафатиле да ги чувате клетките сигурно ви објасниле многу работи.
     
  11. Nena78

    Nena78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Јас имам погоре напишано за нашето искуство. Зачувавме во БиМек и сме стварно задоволни. Има неколку компании за матични клетки во Македонија, али сепак добро да размислите...Единствено во Генома не ви препорачувам, мислам дека во Будимпешта им е банката. Многу луѓе се изгорени од нив.
    А вие од Неавита, прво информирајте се добро па пишувајте овде...Точно е дека оди со ДХЛ крвта, од понеделник до петок, а за викенд компаниите имаат приватни курири што патуваат до банката. Така не е можно во никој случај клетките да изумрат, затоа што до 72 часа можат да останат живи, на соодветна температура.


    Инола, проверено е за директорот на Генома...Тој е тој - што го пишуваат по весници. Нема на памет да лупам овде ако не сум сигурна. А тебе ако не ти смета да зачуваш матични клетки во компанија кадешто директорот е непресметлив убиец, тогаш браво за тебе. Јас кога веќе плаќам, не сакам некој да ме прави будала.
     
    На Gemini2 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sigurnost

    sigurnost Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    1
    Ние се одлучивме за Неа Вита . Тие застапуваат банка Лиасон која е многу блиску. За тоа се одлуцивме затоа што ни беше најубедливо дека крвта ке стигне многу брзо во банката и сите клетки ке бидат вијабилни. (живи) . Не се одлучивме за другите затоа што сите банки имаат исти принцип на работа по тие светски стандарди што не ги разбираме, ама ако не стигнат на време , поради авионите , зимен период не летање итн. ни беше страв да ризикуваме. сепак тоа се случува еднаш во животот. а цената е супер.најевтини се. не ми текнува на бројот , ама ги има на веб сајт neavitacells.
     
  13. sigurnost

    sigurnost Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    1
    Еве мои форумџии, за ова ви казував порано. Погледнете што се случува со снегот. Сите аеродроми се затворени , а богами и низ Србија не може да се стигне ни до Ниш а камо ли подалеку со курир. Па сега нека пишуваат од Би мек дека одат со курири до Белгија или од тие како се викаа future health нека тргнат сега со кола до Англија . Сите матични клетки ќе изумрат.
     
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ние зачувавме преку Генома, и ме интересира од што тоа луѓето се „изгорени“ од нив? Договорот го потпишавме директно со банката во Унгарија, и нив директно им плаќаме - ниту зависиме од Генома, ниту парите одат кај нив па да не зафркнат. Си добивме официјален документ за примената крв во Крио Институтот, датум и час на примање на истата, како и нејзина состојба во моментот на примањето и тоа е тоа. Навистина ме интересира НА КОЈ НАЧИН Генома ги „изгорела“ луѓето...?

    И што врска има газдата - убиец во целава ситуација? Ќе ми ги убие матичните клетки? За што тоа ме прави будала ако си нив не потпишувам НИКАКОВ договор, туку директно со тие што треба? Фала му многу на посредништвото и толку :)
     
  15. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    [quote="Nena78]
    Инола, проверено е за директорот на Генома...Тој е тој - што го пишуваат по весници. Нема на памет да лупам овде ако не сум сигурна. А тебе ако не ти смета да зачуваш матични клетки во компанија кадешто директорот е непресметлив убиец, тогаш браво за тебе. Јас кога веќе плаќам, не сакам некој да ме прави будала.[/quote]

    Nena, имаш се на се три постови на форумот и сите ти се насочени кон тоа да ја оцрниш Генома, што за право ми дава да мислам дека си од некоја конкурентна компанија за зачувување на матични клетки. И пак не ме убеди дека е истиот човек-убиецот...

    Инаку, колку за инфо, јас веќе го направив изборот, и може ќе те разочарам, ама нашите матични клетки се во Био-стем
     
  16. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25

    тоа е супер за тој што може да си го дозволи,,но мене ме интересира,,,дали тие клетки во случај на потреба може да се употребат само за истата личност,за тоа дете...или и за други бликси?како иде тоа?
     
  17. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    И ние си ги зачувавме матичните клетки + папочната врвца од второто мое дете ги зачувавме преку Био-стем. Јас кога се породив мојот сопруг го извести агентот кој беше задолжен и со кој склучивме договор дека се породив матичните клетки и папочната врвца се во сетот што ни го дадоа и да дојдат да ги земат (затоа што јас живеам во Охрид а се породив во Струга ) беа во болница за едно 4 саати ме побараа мене го зедовме сетот од кај докторот агентот ги зеде и ги пратија со брза пошта Солун нели тие во Грција во Солун се чуваат и за едно 10 дена го добивме сертификатот дека успешно се зачувани ФАЛА МУ НА БОГА.
    Друго НЕДАЈ БОЖЕ некогаш да ни притребаат ама нас ни кажаа дека и на моето прво дете и на нас родителите за некои болести би ни одговарале тие матични клетки ама мислам дека едно 50 % од болестите кои се лечат со матични клетки би ни одговарале пак велам НЕДАЈ БОЖЕ НЕЛИ.
    Како и да е едно од нашите можам да кажам најдобро вложени пари или купување на совест незнам ама пак ќе речам Недај боже да ни притребаат.
     
  18. milkams

    milkams Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    по долго размислување и истражување, склучивме договор за зачувување на матичните клетки со Cryo Save и мислам дека го направивме вистинскиот избор...сега останува да си го чекаме денот кога треба да се породам :). Cепак благодарност до сите кои ги напишавте своите искуства тука.
     
  19. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Нас ни кажаа дека веројатноста на родителите да им одговараат матичните клетки од детето е 50%, а за братче или сестриче 70%.
     
  20. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    дали може некој да ми каже кој болести може да се излечат со матичните клетки за родителите пример... ме интересира затоа што и ние планираме да ги зачуваме па затоа прашувам...