Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зачувување матични клетки

Дискусија во 'Бременост' започната од KuklickaSk, 28 октомври 2010.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.894
    Има соопштение од Cryo-Save! на 10.04.2012
    Програма за бесплатно зачувување на матични клетки.

    Со цел да им помогне на семејствата од Македонија, кои имаат член (прво колено) кому му е дијагностицирана болест опасна по живот, а која може да биде третирана со матични клетки, Cryo Save веќе втора година работи на Програма за бесплатно семејно зачувување на матични клетки од папочна врвца. Акредитација за влез во програмата се добива според резултатот од евалуацијата на медицинската документација од страна на стручна комисија при Cryo-Save, Белгија.

    „Во досегашното работење на Cryo-Save во Македонија постојано се стремиме да ја подигнеме свеста кај луѓето за потребата од зачувувањето на матични клетки. Cryo-Save Македонија досега има реализирано донации за четири семејства со деца со сериозни заболувања и активно продолжува со хуманата програма за зачувување на матични клетки без никаков надомест за семејства на кои третманот со матични клетки навистина може да им помогне“, вели Д-р Даница Алачка, Cryo-Save менаџер.

    Бројот на семејства кои имаат можност да добијат бесплатно зачувавање на матични клетки е неограничен. Cryo-Save Македонија започна посета на сите поголеми градови низ нашата земја со цел подигнување на свеста и информирање на семејствата за програмата за бесплатно семејно зачувување на матични клетки.


    ***
    Cryo-Save е меѓународна водечка семејна банка за матични клетки, со зачувани повеќе од 200.000 примероци на крв и ткиво од папочна врвца од новороденчиња. Матичните клетки може да направат значајна разлика помеѓу живот и смрт во случај на идните закани по здравјето на семејството. Водена од својата меѓународна бизнис стратегија, Cryo-Save е присутна во повеќе од 43 земји на четири континенти, со ултра-модерни лаборатории за обработка и чување во САД, Белгија, Германија, Дубаи, Индија, Јужна Африка и Франција (во тек ).

    Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете.
    Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
    CryoCord: чување на матични клетки само од крвта на папочната врвца
    CryoCord+: чување на матични клетки од крвта и од ѕидот на папочната врвца
    Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса.

    Почнав да гледам сајтови за трудници вчера ми потврдија бременост 5 недела па случајно го видев соопштението.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Јас ова го размислував уште абер кога немав од бременост. Дај боже да не затреба никогаш, ама сепак подобро е да го имаш,отколку да го немаш како опција плус во случај на болест, бидејќи тогаш се е драгоцено.
    Најново што читав, го има и кај нас, дека истите матични клетки што ги земаат од папочната врвца, може да се земат од млечните заби кај детето. Го прави некоја ординација од Скопје,со тоа што треба да се извади забот пред целосно да се расклати.
    Станува збор за истите матични клетки, само што не се од раѓањето, туку од првите заби, така што одлуката за матични клетки може да се пролонгира за некои 6-7 години.
     
    На ivani30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ние нема да ги чуваме ама ќе ги даруваме за евентуални компатибилни болни лица.
     
    На Gemini2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gemini2

    Gemini2 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    здраво, читав се и сешто за матичниве клетки и cecilia би сакала да знам како може да се донираат матичните клетки? јас не сум запознаена со таква процедура, барем кај нас во МК!?
     
  5. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Мислам дека во МК за жал сеуште нема таква можност.
    Инаку донирањето е многу едноставно се пријавуваш однапред дека си согласна и си доаѓа сестра си зема што и треба и тебе ич не те вознемирува.
    Јас искрено несакам да ги чувам клетките затоа што овдека нема таква традиција и воглавном докторите се согласни дека ако твоето дете е болно да речеме има некоја хромозомска мутација болеста нема да може да се излечи со неговите клетки туку само со туѓи. И се надевам дека ќе помогмеме на некого :)
     
  6. Gemini2

    Gemini2 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Одлично е да се донираат! Затоа и прашав кај нас нема такво нешто, во светот постојат јавни банки за матични клетки кај што освен ако немаш договор за во приватна банка, веднаш се собира крвта од папочната врвца и матичните клетки одат во јавна банка за лекување на некој за кој би биле компатибилни. И притоа не плаќаш ништо. Имам пријателка во САД и она ми го кажа ова. Кај нас има само претставништва на приватни банки и затоа цените се високи. И почнав да размислувам ако во светот има и јавни банки, тогаш сигурно има и зошто ги чуваат матичните клетки односно дека помагаат во лекување. Незнам, се уште читам за ова, но би сакала да ги зачувам.
     
  7. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Труднички муабети

    сега видов на тв реклама за клиниката св. лазар, после породување нудат зачувување на матични клетки од папочната врвца. Дали некоа од вас размислувала за тој дел, каде сака да се пораѓа, и дали сака да зачува матични клетки? Јас би сакала да си зачувам матични клетки, но не сакам да го родам бебето во Скопје во некоја приватна клиника, сакам тука кај нас да го родам, и да ме породи лекарката што ми ја води бременоста, таа ке го гледа 9 месеци на ехо, па нека биде првата што во живо ке го види, нели?
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Труднички муабети

    Јас ќе се пораѓам во Чаир, а матични клетки нема да зачувуваме засега. Здравје понатаму ќе видиме.
    Незнам дали има во другите градови опција за зачувување, всушност мора да има, веројатно тоа договараш со банката за клетки па они доаѓаат. Треба да си разгледате понуди и да ви кажат што како им се условите.
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Труднички муабети

    Јас лично не би се доверила на Св.Лазар... сепак кога ќе се одлучиме на чекор зачувување на матични клетки би одбрала нешто посериозно како на пример Cryo Save...
     
  10. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    А за матичните клетки тука не познавам ниедна фамилија што ги зачувале,уште е во фаза на експеримент а приметувам дека кај нас сите го прават тоа,дури и кредит земаат некои. размислете убаво за тоа и пред се убаво информирајте се,не се малце пари,а многу ќе ви требаат со бебе,можеби од почеток не ама понатака сигурно. и онаа фраза ‘за здравјето на моето бебе вредни ми се парите‘ кога ќе ја слушнам како оправдување ми се темни,у стил тебе ако не ти се тогаш твој проблем,па не ли сакаме сите децата да ни бидат здрави,а и штом тука не се многу воодушевени од тоа, тогаш сигурно има нешто,стандардот го дозволува тоа а никој не се решава да зачува.е така морав да си се искажам :D
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Труднички муабети

    За ова со матичниве клетки незнам како да си го протумачам затоа што наводно нели помагале ако недај боже во текот на животот дојде до некоја болест па тие лечеле. Не се малку пари да даваш за некој да ти ги чува а дај боже никогаш да не ти притребаат во животот. Само не ми беше јасно дали само за бебушот важат или ако и на нас ни притребаат НЕДАЈ БОЖЕ ќе ни помогнат и на нас. Се согласувам со Марина МГ дека нашиот стандард не дозволува да си ги приуштиме матичните клетки како и многу други работи во државава што неможеме да си ги приуштиме а за да земеме кредит со мажми за таква работа некако ми се чини дека со оглед на нашава држава кредитиве може само да ти го направаат животот ужас.
     
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Труднички муабети

    Матичните клетки одговараат 50% на мајка-татко и 70% на брат - сестра..
    и ние сакавме да зачуваме ама ајде си реков можеби со второто здравје боже, ова ни дојде така малку не спремни бевме , инаку не им верувам овде во Македонија многу многу се ми се чини дека за некоја година сите банки за зачувување матични клетки преку ноќ ке ги снема , којзнае зошто така...
     
  13. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Труднички муабети

    Јас во темата за матични клетки веќе напишав, дека освен од папочна врвца,истите матични клетки се добиваат од млечните заби на детето. Наместо одма да мислиме од раѓањето, истото може да го решиме за 6-7 години во стоматолошка ординација, клетките потоа ги чуваат во Солун.
     
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Овде е забрането да ги чуваш за себе значи со ЗАКОН.
    И на сите брошури е нагласено дека досега не е докажано дека можат твоите клетки да ти помогнат во случај на болест. Во спротивност пак можеш да ги резервираш за некој од фамилијата кој е болен, значи некој вид предимство доколку се соодветни. Ако не се, клетките се анализираат, регистрираат и одат за употреба на луѓе од целиот свет. Значи може моите клетки (или во случајов на моето дете) одговараат на некоја србинка на пример и тие ќе и бидат анонимно дарувани.
    Треба да сме здрави до пораѓај и да се породиме после 36та недела. Треба и тато да потпише и толку.
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Болдираното важи за јавни банки за зачувување на матични клетки, и тие се тие кај кои со закон е забрането чување за себе (затоа и се јавни нели? :) )
    Не може јас да плаќам за моите над 2.000 евра, а тие со закон да ми ограничуваат дека МОРАМ да ги дадам за друг ако има потреба. Значи, јавни и приватни банки за матични клетки се сосема 2 различни институции, и оние кои немаат пари во моментот да ги сочуваат (резервираат) своите само за себе и својата фамилија, ги донираат јавно за да ги искористи секој кој ќе има потреба (и компатибилност).

    Во МК нема јавни банки, а кога би имало, знаејќи се себе, сигурно таму ќе ги донирав, и без збор ќе се согласев да се искористат каде ќе има потреба. Додуша, и во приватнава постои опција да ги донираш за друг ако сакаш да помогнеш, те контактираат и те прашуваат дали се согласуваш. Исто, можеш да се согласиш после 20те години (ако за толку си платил) тие клетки да се јавни, т.е. банката да ги искористи во лекување или експерименти.

    Како и да е, НИКОЈ НЕ СМЕЕ да ги гибни твоите матични клетки додека ти не дадеш писмена согласност.
     
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Да да зборувам за донирање во јавни банки. Ако дадам и јас 2000 евра ќе ги чував за своето дете само што која би била користа од тоа?
    А за тоа дека е забрането со закон сакав да кажам дека е забрането да се чуваат дури и во приватни банки. Ако сакам да ги зачувам клетките ќе морам да се породам во друга држава каде е дозволена оваа постапка.
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ Во која држава ги забраниле со закон приватните банки за матични клетки?
     
  18. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    И ние ги зачувавме матичните клетки на керка ми во крио институтот во Будимпешта, преку Генома. Јас лично сум задоволна од вработените лица, не ми оставија впечаток на арогантни (Освен таа секретарката нивна, ама и покажав каде и е местото на фин начин).
    Сертификатот за успешен транспорт и прием стигна за 72часа. Клетките биле пренесени за помалку од 48часа на темп.од 21степен без коагулација. Се на се успешно спроведено и е изолиран максимален број на матични клетки. Известувањата идат директно од Крио институтот и Генома освен како посредници , во друго се немаат замешано.
    Моето искуство е такво.
    Првин сакав да зачувам клетки преку Биохеленика во Солун и Атина имале лаборатории ама се предомисливме по советот од педијатар од Грција дека таа лабораторија не е баш убавоо рангирана во Грција.
    Не ги ни бранам ни напаѓам представништвата, сакам само да кажам дека секој си избира таму каде што смета дека е најдобро.
     
  19. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ај тие што имате зачувано матични клетки кажете за која клиника се одлучивте? и кои се предности/слабости на таа клиника со останатите. Јас планирам да ги зачувам матичните клетки на бебето ама незнам на која банка да се јавам. Препорачајте нешто :hai:
     
  20. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    И јас планирам да ги зачувам матичните клетки во Cryo-safe , за другите банки не знам какви се и што се, ама дека брат ми работи во таа фирма и ми препорачува дека до сега сите кои зачувале во таа банка се презадоволни, инаку јас во Гр ќе ги зачувам и тука во Cryo-Safe цената е 1650 евра, за крв од папочна врвца.....Е сега предности/слабости не знам да ти кажам кои се, искрено да ти кажам јас многу се двоумев и уште се двоумам за зачувувањето оти парите не се малку, а дали е 100% сигурно сеуште не знам дали е испитано и дали навистина може да се лекуваат толку многу болести како што кажуваат преку овие матични клетки, нели подобро е да ги имаш и никогаш да не ги искористиш отколку да ти не дај Боже затребаат некогаш, така да сеуште сум некако на 2 ума, брат ми ме предомислува да не размислувам воопшто и да ги зачувам , нели никогаш не се знае, па здравје ќе одлучиме деновиве :tmi: