Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зачувување матични клетки

Дискусија во 'Бременост' започната од KuklickaSk, 28 октомври 2010.

  1. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    мене во врска со матичните клетки не ме маче тоа во врска со парите оти како што гледав повекето имаат на повеке од 10 рати да се плати, и баш една грчка банка беше со понуда од 1500 евра на 16 рати, нема да го сетиме кога ке го плаќаме, туку муабетот ми е дали навистина ке постојат, оти банка како банка, тоа е сепак правно лице, кој знае после 20 години дали ке постои или не? Може еве не дај боже ке претребаат тие клетки после 15 години и да ги побараме и да ни кажат дека институцијата не постои, оти се е можно преку ноќ се затвараат секакви фирми. јас таква сигурност барам дека организацијата нема да отиде во стечај или ликвидација. оти сите сме сведоци колку фирми се отвараат (не зборам само за банки за матични клетки, туку општо) само да се исперат некои пари, или да се излажат некои групи на луѓе и потоа веке не постојат за да не одговараат за причинетата штета. сепак 20 години не е мал период па да бидеме сигурни 100%
     
  2. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Епа да и тоа не е сигурно, секако денес и те како се затвараат секакви фирми и не само во Мк туку и во цел свет како е тргнало со кризата утре не знаеш што те чека :worried: , нема ништо сигурно денес, затоа и јас се двоумам и за тоа и за сигурноста дали е испитано за болестите дека навистина се лекуваат 100% болните , не знам навистина ни јас што да кажам :worried:
     
  3. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Не знам дали сте дискутирале за ова не ja разлистав цела тема, но jac доjдов до информации дека целата оваа работа со матичните клетки е уште една фарса за перенюе пари.Што и не би ме зачудило, впрочем како што се и 80% од рабoтите во фармацевската индустриja.
    Кога останав трудна бев заинтересирана, истражував и сакав да зачуваме, но на краj се откажавме.
    Не сакам со никоj да влиjaм врз одлуката, можеби да бевме покомотни со пари би ризикувала, па и да е фарса, но финансиите не ни дозволиja да експериментираме.
     
  4. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    и мене ми е некако...незнам како да се изразам.
    уште не родено детето да мислам на најлоши работи.
    а и да имав одпоќе пари не би зачувала мислам ни нема каде во битола.
    тие клетки се потребни во недај боже најлоши болести, во ниеден момент од бременоста не помислив на лоши работи па не и да се осигурам за АКО се случат
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.423
    Пол:
    Женски
    Мене искрено чудно ми е ,во Мк сите зачувуваат матични клетки ..не дека е лошо тоа ама сепак не ми е некако проверена добро работата. Во Германија не ме ни прашаа за тоа , не ни разговарав на таа тема со мм. А и цената не е баш мала , па и на рати да е ,знаеме кај нас во Мк каков живот живееме ...мали плати , невработеност .... државата не исплаќа редовно породилно не па да даде некаква помош за родено дете како што е во другите држави ...
    Секој како си сака нели
     
  6. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас незнам никој кој зачувал.
    можи зборуваат и размислуваат ама ретки се тие што имаат зачувано.одвај се прерануваме па ќе сме зачувале матични клетки, нешто потркалезно???
     
  7. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    колку чини од прилика чување на матични клетки од папочна врвца само без ткиво? ај ве молам нека пише некој ако знае. поздрав
     
  8. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    има од 1500 евра па нагоре, и се на 10 или 15 рати зависи во која банка сакаш да ги чуваш.
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.480
    Допаѓања:
    201.362
    Пол:
    Женски
    Ова со матичниве клетки ми е матна работа. И ние се двоумевме, многу размислувавме и на крај не зачувавме. Едноставно, како што спомна DeMelo, и ова е бизнис. И тоа голем бизнис, посебно кај нас. Во странство знам дека матичните клетки се земаат и стојат во банка, ама не конкретно на нечие име, туку се собираат како резерва, и по потреба се земаат. А за тоа се плаќа. Плус, лекувањето со матични клетки е во фаза на експеримент, нема 100% гаранција дека ќе ви бидат зачувани, ниту пак има 100% гаранција дека лекувањето е успешно. Во Македонија не се прават вакви операции, и не верувам дека за 15-20 години ќе бидеме нешто понапред на тоа поле. Како и да е, само ќе речам, не дај Боже да затребаат.
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.386
    Има има,многу зачувуваат.Ако нема,нема ни да работат фирмите кај нас.
    И мене ова ми мириса на еден гоооолем бизнис.Уствари,целата фармација е бизнис.А тек па ова........сум размислувала и јас некогаш дали би зачувала здравје,ако сум во подобри финансии...пак си велиш недај боже,може некој ден ќе се каам...иако искрено верувам џабе ќе ги фрлам парите :|
     
  11. sanjicc

    sanjicc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Девојки, ќе може ли некој да ми каже што мисли за Англиската банка FUTURE HEALTH? Ми понудија добри опции за плаќање и плус договорот е за 25 години... Ве молам за совет, не сакам да фрлам туку така 2000 евра :^)
     
  12. zvezdichka

    zvezdichka Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    За Future Health не сум запознена. Јас оставив во германската банка Vita. Лично сум многу задоволна од тоа што ми го понудија. Се размислував помеѓу неколку опции, меѓутоа пресудно ми беше што имаат најголем број на успешни третмани со матични клетки во Европа и плус имаат опција за 50 години. Плус тоа е германска банка, што дополнително ми го олесни изборот :)
     
  13. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    Mе интересира дали некој зачаувал матични клетки во Серацел, Ремедика се нивни претставници и пошто најверојатно таму ќе се пораѓам мислам да се одлучам за нив..... ме интересира ваше искуство?
     
  14. Gemini2

    Gemini2 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Конечно можам на оваа тема да споделам искуство! :D се роди моето мало чудо :inlove:
    Како што и планирав, зачував матични клетки и од крв и од ткиво во Cryo-Save, поточно, претставништвото им се вика Бимек. (само не им ја начекав кампањата, сега видов дека имаат попусти во мај) :^) Многу сум задоволна од персоналот, од професионалниот однос...некако осетив сигурност со нив. Сепак, се плаќа директно на Cryo-Save во Белгија, впрочем со нив директно и се потпишува договорот, олеснителна околност ми е што не се работи ниту за грчка, ниту за романска банка, а и еден од одлучувачките фактори ми беше што ги имаат сите можни акредитации. Откако се породив, активно се интересирам за третмани со матични клетки и така добро ми дојде на душава кога го прочитав овa

    http://www.bimek.com.mk/VestCryo.aspx?ID=35
     
  15. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    МАТИЧНИ КЛЕТКИ

    за матичниве клетки искочи афера дека се тотална глупост, и дека све било бизнис ! и наводно се порачувало да се зачуваат само во случај доколу постои во фамилијата некој заболен од леукемија... повеќе може да прочитате на овој линк: http://mkd-news.com/dr-basara-ne-davajt ... epotrebno/

    така да јас одлучив да не зачувам овој пат, за второто дете здравје, ќе се усовршат некои работи околу оваа тема, па може и ќе зачувам тогаш.
     
  16. kammam

    kammam Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    21
    и јас одлучив да не зачувам матични клетки, затоа што кога одев на нивните предавања, прашував дали имало случај од кај нас некој да ги повлеков клетките од банката и да му завршиле работа, или ми викаа до сега дека не се случило или наводно не располагале со податоци, па ми личеше се на маркетинг. како и да е, Господ да не чува. секој си има право на избор.
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.064
    Пол:
    Женски
    И јас не зачував матични клетки. Скапо е, а и со тоа се перат пари.
     
  18. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Баш имаше емисија (читај реклама) за ова пред некој месец на алфа се јави една жена и праша за што би можеле понатаму да се искористат овие матични клетки, знаеме дека се ветува се и сешто, ама досега во пракса и успешно се воведени само мал дел од тие болести.
    Тоа е точно, досега во пракса воведено е само за некои болести како апластична анемија или неуробластома, за дијабетес и моментално се испитува за парализа, за се друго е во фаза на испитување или пак е само теоретска можност за што нема ни да се воведе во следните 20 години за кои плаќаш.

    И дури за некои болести, како леукемија, кои имаат генетска предиспозиција не се препорачува да се употребат свои клетки затоа што и тие ги носат истите грешки во ДНК кои и прво довеле до болеста, така што за ова се препорачува матични клетки од коскена срцевина од трето лице до кое е стигнато преку банка на донатори.
    Значи за тоа што најмногу се рекламира, за леукемија, овие клетки не може да се искористат затоа што уште при раѓањето постоеле тие клетки кои понатаму довеле до појавата на леукемијата.

    Што значи овие се една лажна надеж дека ќе има потреба од тие клетки и дека тие ќе помогнат.
    И затоа треба државите не да се насочуваат кон прибирање на матични клетки од бебиња, туку за создавање на банка за матични клетки од возрасни што во моментов се прави и кај нас и треба да има кампања за луѓето да одат да се пријават.

    Се разбира за луѓе за кои овие неколку илјади евра се џепарлак немаат ни потреба да размислуваат дали да ги зачуваат или не, ама за обичен народ, кон кои и се рекламираат овие, кои ќе делат од уста да го платат ова, треба повеќе размислување и веројатно и воопшто нема потреба да се одлучат за зачувување и е еден вид помодарство.

    Од друга страна пак, ќе си помислиш дека со плаќањето на толкави пари ги финансираш и испитувањата кои ќе доведат до подобри примени и третмани на овие клетки, ама којзнае каде одат тие пари, овие се компании кои не се занимаваат со испитување, туку само со чување на клетките.
     
    На Mrs.Bass, dejana2 и kammam им се допаѓа ова.
  19. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    мамички до кај сте со размислувањата за зачувување матични клетки?
    ја лично не сум многу за , моментално сум во Турција и буквално не сретнав никакви реклами, активна кампања нема па со оглед дека се каде каде понапред во медицината од нас сум во двоумица :?:
    се уште немам зборено со докторката да чујам мислење али по се изгледа дека нема да можеме да си го дозволиме тој непроверен луксуз :?:
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Во ГАК кога бев на вежби во петокот, баш имавме и презентерка за матични клетки која ни понуди за 1750е. договор од 20години.
    Искрено се е тоа Ок....ама за некој што има пари....буквално ова со матичниве клетки ме потсеќа како во старине времиња(по филмови што имам гледано), достапно само за одредена класа на народ.
     
    На viol му/ѝ се допаѓа ова.