Јас ќе ви пишам искрено, немам намера да се контрам или спротиставувам, туку само мое мислење. Мене целава оваа работа ми личи на фарса. Зошто? Самите процеси на лечење со клетките се на сам почеток т.е во експериментална фаза. Тоа е општо познато, ова не е претпоставка. Што би се рекло ако зачувам клетки и ако утре не дај боже се јави некоја болест, нема каде да одиш да те третираат со клетките, автоматски џабе ги имаш. Понатаму и да почнат за некои десетина години третмани со клетки тоа ќе биде во странство, кај нас , а тоа би коштало за пациентот страшно многу, а на нашиов фонд за здравство не се надевај. Симптоматично ми е нивното транспортирање и чување во странство. Па сето тоа ми изгледа многу импровизирано. Ако се тие сериозни па инвестирај во секоја држава бре. Мојата другарка кога се породи беше викенд, и затоа што немало лет тој ден, одговорното лице со кола ги возел до Солун, па после од таму со авион. Да се чуди човек како медицински материјал преку граница пренесуваат тек така. И најспорна ми е нивната не соработка со државна болница ГАК (вака беше бар пред три години) Значи толку сериозен процес и скап да нема соработка со државната болница во државава ми е малку не сфатливо. На мојата пријателка куферчето стиропорно и го дадоа дома, па кога тргна во болница на пораѓај си го понесе, а мажот и им се јави во фирмата да дојде човек во болница. Па треба да сии имаат претставни таму. Ова е само мое размислување
Мамички! Читав дел од коментарите и мислам дека сум должна да ви кажам на тие што мислите дека ова е само бизнис дека дефинитивно не е ! Мојата братучетка извади матични клетки од масно ткиво од Био Стем (пред 2 години) а преработката беше во Biohellenika банка во Грција,Солун кои подоцна ги користеше за третмани на мултиплекс склероза.Првиот пат третманот беше многу успешен и сега повторно ќе ја повтори постапката.Јас влегов во 9тиот месец потпишав договор за крв+папочна врвца+плацента 1950евра на 24ри рати.Беа многу професионални и услужливи.Ми рекоа дека носењето на сетот е за 4ти-6 часа максимум,бидејќи бројот на матични клетки останува ист само 24 часа. Такада на сите заинтересирани мамички им ги препорачувам. Се надевам дека помогнав
јас не зачував матични клетки, се изначитав се и сешто и на крај со мм се одлучивме да не зачувуваме иако имаше убава понувда од FUTURE HEALTH во Плодност.. сепак некако само кај нас на балканот е актуелна оваа тема со м клетки..
И што бидна од оваа силна фирма Генома? Веќе не им гледам реклами, веб страната им е во аут, телефоните исклучени... По се изгледа кај нас малку се зборува што кога овие компаниии веќе нема да прават пари и ќе се испозатвораат како печурки, како што и настанале. Во Англија имаше добра анализа дека иако овие посреднички фирми не ги ни чуваат клетките, потоа пациентите веќе никогаш не можат да добијат легален пристап до нив, ако не дај боже им затребаат. На самата анализа доста силно се зборува дека во моментов чување матични клетки е промашена инвестиција и далеку од тоа што се ветуваше дека ќе се лечи се и сешто со нив. Засега ништо од тоа. http://www.dailymail.co.uk/health/artic ... -time.html
Здраво мамичка909! Го прочитав твојот коментар и ме заинтересира за третманот на мултиплекс склероза со матични клетки од масно ткиво.Дали може некако да добијам повеќе информации за искуството на братучетка ти во врска со тоа,многу би ти била благодарна!Инаку јас сум бремена во 8ми месец моментално и планирам да зачувам крв+папочна врвца,па да се информирам и за клетките од масно ткиво исто така
DA tie mi se broj eden na listata koga bev bremena pred edna godina (no se sluci sto se sluci ) bukvalno istrazuvav se za niv I sekako gi sakav I sakam da gi zacuvm, maz mi imase karcinom, jas nekoja si avtoimuna bolest, pa I za vo dvata slucai za nedaj boze ima opcija za lecenje so maticni kletki Po mene sekoj bitrebalo da razmisli za nivno cuvanje bidejki neznaeme sto nosi zivotot. Da cuvanjeto mozebi e malku skapicko no besceneto, a I bankite nudat bezbroj povolnosti. Za mene e mnogu podobro da kupam nebrendirani rekviziti, eftini alistenca......... No maticni kletki I poveke od potrebno I korisno e Inaku jas po site istrazuvanja za bankite Cryo safe ja izdvoiv kako najdobra od mnogu faktori
Здраво emkaemk! И ние со мм сме решени дека ќе зачувуваме. До сега се консултирав со Еуромедикс, Крио Сејв и Future Health ама далеку сум од одлука. Може ли да ми кажеш кои точно фактори ти влијаат да се одлучиш за Крио Сејв?
Vidi toa bese odamna koga jas citav I se informirav bas za se za bankite. So koj I pretstavnik da razgovaras od bilo koja banka sekako bi te ubeduval deka taa e najdobra. Jas napraviv edno da recam istrazuvanje, gi istrazuvav I centrite kade ke se cuvaat kletkite, bitno mi bese I vo koja drzava bi gi stacionirale, vo Cryo cuvaat vo 2 banki , obrni vnimanie I za vremenskiot rok I nivnoto prodolzuvanje, dosta e bitno I sto se sakas da bankiras I kako istoto go bankiraat I transportiraat. Otvori si na net imas za site banki, jas sum citala uste pred 1,5 god pa sigurno nesto e izmeneto od togas, senadevam I podobreno
И ние бевме на разговори со Еуромедикс, Крио Сејв и Future Health. Еуромедикс имаат некако најповолна понуда. Сеуште се двоумиме. Дали некој зачувал преку нив? Овие од Крио Сејв почнуваат да ми идат на живци зашто два пати неделно ме бараат да ме прашаат дали сме одлучиле?! Ако одлучиме, ние ќе ги побараме...Ми мириса на бизнис, па ве молам за наведениве фирми мислење?
Zdravo majki. Sakam da otvoram diskusija za zemanje na maticni kletki od papocna vrvca.Dali ste za ili protiv? I koe e vaseto iskustvo so koja firma bi sorabotuvale?Vo momentov kaj nas vo Mk.ima 4 pretstavnistva. Nie so soprugot istrazuvavme i se mislime pomegu Future Health-Angliska banka i Euromedics Cryo bank-Romanska i Germanska banka. Koi se vasite soznanija?
И ние зачувавме матични клетки од малиот ја избравме Еуромедикс. претставникот ни кажа кога ќе почне пораѓајот да ги известиме ни дадоа кутија за каде да се стави примерокот и дојдоа веднаш го зедоа. клучен фактор за да се одлучиме да зачуваме беше тоа што мајката на мм имала мултиплекс склероза
Нашите матични се во Букурешт се надевам дека никогаш нема да ги употребам ни јас а не ви посакувам ни на вас,ние со Cryo save склучивме договор и да напорни беа доста со телефоните)
не најдов тема па да си прашам тука кој е вашиот став околу зачувување на матични клетки и дали некој од вас ќе зачувува ?
Лоша страна е тоа што само што у Мк не се вршат оперции со матични клетки. ама сега ако зачуваш велат ако спритребаат кога ке ти ги достават плус 20 000 еу добиваш помош од нив за операција. Јас сакам ама ке видиме.
Колку се плаќа за зачувување матични клетки и колку време ги чуваат? Колку време се плаќа кога е на рати?
Што мислите за чување на матични клетки во приватна банка, дали е тоа само уште еден маркетиншки трик за да си дадеме пари или има целосна вистина дека во иднина ако било кој член од семекството има некаква болест, со помош на тие матични клетки ќе биде излечен. Не ми е многу јасно што се бенефициите од чувањето на матични клетки, ако некој знае да ми подобјасни би било супер...
Мислам дека малку повеќе е бизнис. Викаат дека во млечните заби има многу повеќе материјал отколку во папочна врвца. Е сега прашање дали и како се чува материјал од нив. И дали кај нас воопшто го има ова.