Јас сум во странство, и тука овој процес кошта од 1500-2500евра годишно, до максимум 50 години на чување...Значи не е воопшто евтино, е сега дали се исплаќа...
Ние зачувавме матични клетки од папочна врвца на бебето. Некако решивме дека за зло не требало треба да зачуваме и така и направивме. Имаше некога понуда во Ремедика за попуст ако се одбере породување и чување матични клетки и тој го одбравме. Плативме некаде околу 1800 евра за чивање од 20 години мислам. Банката што ги чува е всушност истражувачки центар Seracell.
По дома имам неколку проспекти - Euromedics, Future health biobank и CryoSave. Од сите имам мобилен, мејлови и слично ( ако те интересира ќе ти ги пишам), но лично немам искуство со ниедно.
Ние за првото детенце зачувавме во cryosave 1800евра за 20 години,и сега звонев да се договорам и за второво дека ако зачуваш за второ пак кај нив имаш 150евра попуст и ми рекоа дека летово не работеле со матични клетки да се јавам во друга компанија..мн се изнервирав сега незнам со да правам дали во друга или пак да оставам така..незам само дали ако недај боже ми треба ќе одговараат од првото детенце дека се брат и сестра?!? А веќе сум при крај со бременоста
Не многу активна темава, а многу трудници сме на форумов. Сум пишувала на темава пред многу години, сега сум на две мисли дали да зачувам или не? Колку се движат цените и која банка ја одбравте ( за тие што се одлучиле да зачуваат мат. клетки) ?
@eli25 sto napravi so maticnive kletki? Sto se resi? Pa I ako dobi kontakti ke mozes da mi gi prepratis?!?! Inaku jas tek sega se aktiviram na temava...neznaeme ni dali sakame ni dali ne sakame
Nie imavme golema zelba da socuvame i sklucivme dogovor. Posle eden mesec od poragjajot ni se javija deka ne bilo uspesno. Na nekoj se ima sluceno ova?
Дали некој од вас има земено матични клетки? Јас искрено заборавив на ова ама како ми иде термин сите скоро што се имаат породено само за тоа ми зборат, а мене искрено ми личи дека само за пари е работата
И јас би сакала да прочитам некое скорешно искуство. За првото не сочувавме ама за второво секако ќе треба. Само ептен во мисла сум, банкиве кои беа најизвикани пред 5-7 години денес не постојат. На моја пријателка и стигна известување дека клетките и се префрлени во друга банка. Треба поактивно да се позанимавам со прашањево периодов па ако има некој некое инфо нека сподели.
Па и јас немам многу истражувано, ама малку ми личи работава како само за пари дека е. Еве денес ке одам на преглед па ке прашам за совет. Инаку што имам слушнато недај боже нели да притребаат, тие операции со матични клетки биле премногу скапи, така да и јас сум на два ума...
Потполно те разбирам ама па не дај боже да ти требаат а ги немаш. Тогаш и донор треба да бараш. Јас вака гледам на работава: во време јас кога сум се родила не ни постоело такво нешто кај нас. Денес секојдневно се извршуваат трансплантации и се спасуваат животи. Кој знае пак за 30 -40 години каква се примена ќе имаат и што се ќе се лечи со матични клетки. Ова се пари кои ги даваш и се надеваш дека се фрлени. Малку во никој случај не се, ама па да ги дадеш и за 5 години да ја затворат банката или пак полошо да не ги чуваат соодветно...Мораме убаво да се распрашаме за услови на чување и какви гаранции нудат банкиве.
https://tocka.com.mk/vesti/156326/d...pocna-vrvca-gi-lecat-i-najteskite-zaboluvanja http://www.biosave.mk/blog/zaedno_d...k_WM_tQc85uOAT9Ib1W6FufVeUGGll_EFoqOvZObY05X0