И јас би сакала мислење на нркој кој сочувал матични клетки, во блиакп минато. Доста читав, има и добри и лоши страни, сеуште не е до крај истражено, но мддоцината оди напред. Ве молам нрка пише некој каде ги сочувал и како сте задоволни...??
Preku koja firma, kako si zadovolna, sto ceni imaat? Loso moze da bidat pari dadeni za dzabe da ispadne neupotrebliv mat.
Во Bio Save. Цена зависи од тоа дали сакаш клетки и ткиво или само клетки, и на колку години. Тоа не можеш да го знаеш додека не ги употребиш. Јас сум задоволна од овие.
Како неуспешно?Дадовте матични клетки и ви се јавија дека не се успешно сочувани? Не разбирам. А плативте?
Ние пративме и ткиво и клетки, ама во ткивото не успеале да најдат материјал кој ги задоволува стандардите. Плативме само за клетки.
Mene me plasi cuvanjeto i posle kolku vreme pravat transport i kakov. Edna prijatelka pred 5-6 god rabotese za nekoja vakva firma i ona sama gi vozese u kola do solun materijalite, da ne recam gi svercase
Imase opcija da se zacuva krv i tkivo ama so obrabotka, t.e.pred smrznuvanje tkivoto go analiziraat dali e ok i korisno ako e mrznat ako ne e ne mrznat i plakas pomalku ili ti vrakaat ako veke si platil. Paketot na 20g e 2390evra
Како одбравте каде да ги зачувате матичните клетки? Јас се размислувам за https://ginekaliks.mk/brands/future-health-biobank/
Дали некоја има сочувано матични клетки да ме упати, што како и каде треба? Кај што ќе се пораѓам ми рекоа да размислам зачувување
Јас немам сочувано оти сум бремена по прв пат - но си земав куферче за чување матични клетки. За повеќе инфо, јави се во Гинекалис, се убаво по телефон ќе ти објаснат (на фб можеш да ги најдеш)
Јас сочував матични клетки и ткиво плус. Во био саве имаа понуда со 20 години гратис. Значи ги зачував на 40 години. Ми дадоа две кутии зошто јас со близнаци и кога ќе дојде време ги носиш во болница им ги даваш таму на персоналот и тие си ја завршуваат работата. Треба само да се јавиш на некој од претставниците и да дојдат во болница и да го земат примерокот. После два месеци се јавуваат со резултати од земениот примерок.
Имаш повеќе опции. Јас зачував во BioSavе како членката пред мене. Зошто ти кажале од кај што ке раѓаш? Тоа треба да е само твоја желба и ти да избереш која фирма сакаш и сметаш дека е најдобра.
А дали познавате некој во Македонија што ги искористил матичните клетки? Мислам дека веќе не е толку табу тема и дека веќе подолго време родителите им зачувуваат матични клетки на децата. А во исто време, слушаме секојдневно за куп случаи со ретки/специфични болести, па си викам барем неколку мина ако не повеќе имале сигурно матични клетки оставено, логикава на нештава некако така ми иди.. Можда грешам. Јас се двоумам дали да зачувам и искрено најмногу ме бунат овие работи: 1. Фирмите шо постоеја пред 5-6 или макс 10 години (најпопуларните!) грото се затворени или некои скандали околу нив има како што истражував. 2. Дали матичните клетки можат да се искористат еднократно (само за еден проблем или повеќепати)? 3. Не познавам нити сум чула за некој досега да искористи зачувани матични клетки кај нас. Малку ми е симптоматично. :/ Пак ќе речам, да живеев во понормална држава можда немаше да сумљам, ама пошто живееме во ненормална држава буквално на се сумљам овде дека можат бизнис и криминал од се да направат.