Јас си имам една кутиичка каде си чувам некои одредени работи кои имаат посебно значење и од бременоста и после неа. Позитивниот тест и слика од мене и мм со тестот Првата ехо сликичка, ЦДто од првиот скрининг, слики од мене во текот на бремонста, првите чорапчиња, папочињата, алките од болница од 3цата, првото играче, првите цуцли и во план ми е секој месец по нешто да тргам од бебушиве.
Sunshine88 јас во Power Point имам направено баш вака како што викаш ти....прво слики од нас двајца пред да се знаеме,после на почеток на врска,па после од веридба,од свадба,па од мешето кога бев трудна,па после слики од малата,иначе ја сликав секој ден откако е родена и така си имам убав спомен,преубаво е да си гледаш како бебето ти раснело од ден на ден.... Пошто сега се ни е електронски па и споменарите почнавме у ПЦ да ги пишуваме
јас сум била пре долго отсутна од форумот најбитната ствар не сум ја видела, честитки сноу имај лесна бременост дури сега видов ептен ми е мило за тебе што конечно ке се мажиш и ке ти се отстварат сите желби. се извинувам за оф топикот ама морав а за спомени од бременоста имам еден куп фотографии со стомакот до заби а сега и трудничките алиштенца што ми се дупла поголеми од мене
На почетокот почнав и потоа доjде гужва околу свадба…хаос па одмор, натаму наваму и еве доjде и 6ти месец а немам повеке од две слики...не е доцна и сега да продолжам поготово што не сум со коjзнае каква разлика во стомако.... :geek:
и јас почнав со сликички,тестот го имам и фотографи од 12 недела каде што е се познава дека сум бремена оти исто ми е стомачето ке има и понатаму
јас сакам черками и синми да ми нацртаат нешто на мешето и така да се сликаме и кога че се роди бебушка (кога че порасни) да види што правеле бато и дада додека таа била во стомачето од мама
И јас на време почнав со сликање На секои 4-6 недели правам по една слика облечена во пижами Од тие планирам да направам еден колаж на крај на 9 месец. Се имам сликано и со негово боди во рацете и моето големо меше, па чекаме жабецот да се роди да го земам во раце него, облечен во истото боди. Собираме идеи, не е доцна за уште неколку креативни слики (колажи)
Ве поздравувам сите креативни мајки и идни мајки... Браво за идеите и посветеноста- бебето е нешто најубаво што може да се случи во еден семеен дом. Убаво е кога ќе порасне да се увери колку било сакано и посакувано... Дај Боже сите да имавме докази од „тоа време“ можеби светов така ќе беше поинаков....
Јас имам многу слики, вклучувајќи и една професионална фотосесија Фотосесијата ја правев во 6ти месец. Требаше да правам уште две, ама со работа, со подготовки околу бебето, па ме фати грбот ( син ми ме притискаше на некој нерв ), па лажните болки, и другите фотосесии остана здравје Боже за второ дете... На сликите од фотосесијата сум во долен веш за поубаво да ми се гледа мешето Имам неколку со колички, неколку со мм каде што ми го бацува мешето, кај што сме двајцата со рацете на мешко, и имам една ваква:
Лелеее нема поубо од тоа да си ги овековечиш спомените во бременоста...Јас значи од кога дознав дека сум бремена па се до сега да не речам скоро секој ден се фотографирам.....и си ги развивам сликите пошто во денешно време со компјутерите скоро никој и не развива слики што е многу тажно....јас си купив посебен албум и си запишувам се под сликите...Си купив и Радосница за кога ќе се роди бебушот и посебен албум за него....
Јас си го снимав стомачето како бебко мрда и сега кога се гледам ми е многуу интересно а замислувам после 10 години на пример
Имам слиκи од у УЗ од 2 до κρај иаκо во 7-8-9 не се гледа цело,слиκи со стомачето,видео κаκо мρда бебушот и иаκо поминаа 3 месеца κога κе погледнам дел од тие ρаботи многу ми е чудно
Се сликам на секоја 4 та недела пред огледало, и на крај ќе си ги спојам сликите во видео. Од секое ехо си земам слика и си ги чувам. А во 9 ти ќе направам слики со алиштата на стомак и во раце а потоа облечени на бебуш. Имам многу идеи се надевам ќе си ги остварам.
Јас сум чудно организирана - имам виолетова папка со сите извештаи, снимки, цтг, испитувања, хронолошки наредени. После имам зелена папка со хронолошки наредени документи за здравјето и напредокот на детето. Го чувам и првиот тест што го направив на денешен ден пред три години. Тој некако не ми се дава. Алките од болница со картончето со ги урамив во стаклена рамка и си ја имам на ѕид во спалната. Како и да е, цел тој период на бременоста ми е еден магичен период.. толку емотивен и прекрасен...