Заштитата проблем за плодноста?

Дискусија во 'Секс' започната од OzzyAngel, 8 април 2010.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.208
    Девојки сум слушнала од постарите дека ако еден пар подолго време се заштитува од бременост потоа е тешко да се забремени, колку е ова точно? јас знам примери што не можат да забременат но и такви што одма забремениле и сум збунета... мајка ми постојано ми го вели тоа!
     
  2. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    812
    medicinski gledano-ovaa opsto poznata narodna teorija nema vrska :!: ednostavno nema logicno objasnuvanje deka ova e vistina . ja licno u ova ne veruvam, mislam deka nema vrska. sigurno zastitata ( kondom, prekineta eakulacija ) ne ostavaat posledica na plodnosta......a za hormonskata kontracepcija......nesakam da komentiram zs sum golem protivnik na istata i ne podrzuvam takva kontracepcija.
     
  3. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    681
    Може да имаш последици исклучиво од контрацептивни таблети, а да имаш последици од кондом или пак од прекината ејакулација, дефинитивно не може...
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.340
    Пол:
    Женски
    Моја другарка цел живот пиеше контрацептивни таблети и кога престана да ги пие без проблем остана трудна, сега има детенце. Нема правило тука, зависи од организмот, како ги поднесува хормоналните апчиња, зависи од гени, од начинот на живот, колку е чиста околината... од многу работи зависи плодноста.
     
  5. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    117
    Од кондоми да има последици нема шанси, а инаку не знам можно е да има од контрацептивни таблети :^)
     
  6. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    619
    и мене мајка ми постојано ми зборува за ова...ми стави страв во коски...постојано размислувам за овој проблем.... :worried:
     
  7. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    277
    Ни мене не ми се верува од кондомите да не можеш да останеш бремена :?:

    Знам дека идална возраст да забремениш е околу 20 години,после тоа станува се потешко
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    11.246
    Допаѓања:
    52.980
    Пол:
    Женски
    И јас сум го слушнала ова но незнам дали е вистина.
    Инаку јас пред да забременам пиев контрацепција но поради проблеми со хормоните , и кога ги прекинав, одма забременив..така да незнам кој може да го објасни ова поубаво , баш ме интересира :)
     
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    58.715
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е ова индивидуално.Не сум стручно лице ,ама кондомот и прекинатиот однос не би требало да претставува проблем.А додека таблетите се некој друга приказна која можа да влијае но и не мора.Особено денешниве кои се со минимално присутво на хормони.Пак ќе кажам зависи од случај до случај.