Здраво! Досега не најдов ваква тема во делот за Правни совети па би сакала да ве запрашам дали треба да се контактира адвокат или некое друго лице за да ви ги заштити авторските права и како всушност оди целата таа постапка ? Мене лично ми е потребно заштита на авторските права и затоа ја отварам оваа тема. Доколку некој има да сподели свое искуство или да наведе некоја препорака или совет, или пак евентуално има прашање во врска со ова, слободно нека коментира.
Заштита на авторско дело се прави со склучување на авторски договор помеѓу Вас како автор и лицето (корисникот) на кое ќе му овозможите да го користи Вашето авторско дело, ако во случај Вашето прашање се однесува за индустриски дизајн тогаш се заштитува во Државниот завод за индустриска сопственост. Ако Ви треба нешто конкретно пишете ми во порака.
Малку глупо прашање можеби не е врзано со темава или е ... Имам испишано преку 500 песни кои ми седат во фиока , дали постои продукција , пејач или било кое место да ги подарам ?
Пробај прво види дали можеш да пееш, дали имаш талент, пред да ги подариш, можеби ќе се покаеш подоцна. Инаку има, видов порано на интернет некој македонски продуцент ама не му го знам името, разбарај на нет има многу.
Се согласувам со @Indiegurl дека прво треба да утврдиш дека имаш талент за пеење. Доколку имаш тогаш би ти препорачала да се обидеш да ги снимаш. Но доколку немаш талент за пеење, мислам дека не би требало едноставно да ги ,,подариш,, твоите песни бидејќи сепак ти било потребно време и труд за да ги составиш истите. Со други зборови, можеш да ги понудиш на некој пеач или продуцент да ти ги купи песните. Ова ти го кажувам за да не биде твојот труд за џабе.
Каков глас какво пеење , воопшто не ме бива за пеење... Сакам да ги дадам /подарам да не стојат во фиока за џабе
Сосема те разбирам но мислам дека повеќе ќе ти се исплати доколку се понудиш да ги продадеш песните на некој пејач или продуцент. На тој начин можеш да заработиш нешто и трудот што си го вложила во составувањето на тие песни нема да ти пропадне.
Јас ниту познавам некој пејач ниту продукција за да ги понудам , а греота е да ми седам во фиока а ке си заминам од тука , а сакам да ги дадам , ако дадат пари Ок ако не дадат пари пак Ок
Нема ништо да изгубиш ако се обидеш да побараш некој пејач или продуцент. Доколку на нив им се допаѓаат твоите песни, сигурна сум дека ќе ти понудат одредена сума на пари.
@Justicija, ако заминуваш во странство, уште поубаво. Преведи ги песните на англиски и таму може да ги продадеш. Не знам дали си свесна која пара лежи за песни во странство. Џеси Џеј, пред да стане пејачка, ја напишала Party in the USA на Мајли и живеела две години од парите за песната без да работи ништо. Се сложувам со постовите погоре дека е греота да ги дадеш така на некој.
Ехееее не ми се верува дека такво нешто може да се случи... Бидејки таму имаа многу продукции , менаџери , треба да се има контакт за да се дојде до нив ...
@Justicija Во Македонија најпозната продукција ни е Tomato productions, еве линк: https://www.facebook.com/Томато-продукција-Tomato-production-647400708610322/
А да им ги пратам на некој менаџер , продукција , пејач во инбукс на твитер , па ако ги видат нека ги видат , ако им се допаднат би требало да ме контактираат и така ми се некои на англиски јазик...малце забегав , но ми е жал да ги фрлам