1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животната средина

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ariel, 12 март 2010.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
  2. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Те молам пиши за туферите.

    Јас почнав да користам и дрвена четка за заби и дрвени стапчиња за уши, ги има во ДМ. Исто така, наместо гелови за туширање и течни сапуни, користам обичен сапун, да го избегнам пластичното пакување.

    Ме радува што сѐ повеќе луѓе си користат свои торби. Веќе не е толку невообичаено да си носиш своја.

    Моментално се трудам да намалам употреба на фолија за свежа храна. Имам една восочна обвивка, ама немам навика да ја користам. Исто така немам контејнер за стакло во близина и не рециклирам. Се трудам да печатам што е можно помалку. Колку и да е секоја од овие работи мала, ако секој од нас ги прави, сите ќе имаме придобивки.
     
    На dayla, pdb123 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    @Ariel
    Туферите за лице, а и за отстранување на лак (различни се) ги порачав од Tabitha Eve, иако имаше и мал милион на Aliexpress, само некако посигурни ми беа (во поглед на материјалот) од проверена фирма.
    Што се однесува за фолијата, и јас размислував за тоа и изнајдов исто на Aliexpress силиконски растегливи „капачиња“, ги има и во различни големини и форми:
    91m6XVnGvwL._AC_SX522_.jpg
    Имав споменато и за проѕирните торби за овошје и зеленчук, и проверив, има милиони и со различни големини на Aliexpress :D.
    Што се однесува до четката за заби, се согласувам, во план сум да порачам четка за заби од бамбус, бидејќи бамбусот да ти било едно од најsustainable растенија, т.е. брзо расте и не му требаат којзнае какви услови, па ми изгледаат како уште подобра верзија на дрвени четки :angel:. Немам детално разгледано, ги има многу, ама тие што ги подѕирнав беа 4 за 20 долари, или по 5 долари од четка, што е иста цена ко подобрите четки кај нас. А сигурно има и на Aliexpress за уште поевтино. И дури можеш да си направиш да ти пуштаат на секои 6 месеци пример.
    Во план сум да најдам и реупотреблив брич, односно некој каде што ќе треба да се менува само сечилото :D.
    И нешто исто многу возбудливо, најдов реупотребливи секојдневни влошки од органски памук. Си ги користиш и после само си ги клаваш в машина и си ги переш со останатите алишта. Можеби звучи одвратно, но е исто како да переш гаќи :D.
     
    На dayla и Ariel им се допаѓа ова.
  5. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    Луѓе, најдов уште нешто :rofl:. Има пребарувач начерен ecosia, кој сади дрва низ светот со вашите пребарувања на интернет. За секои ваши 45 пребарувања се сади дрво. Пари собираат преку реклами. Имаат веб страна, каде може да се информирате за сѐ што прават.
    Ги има на playstore за спуштање во телефон, а имаат и екстензии за Google Chrome (веројатно и за други пребарувачи) за на компјутер. На компјутер имаат и dark mode верзија ;).