1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животните

Дискусија во 'Дом' започната од Gordana10, 27 април 2010.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Нема правда

    Неможам да поверувам. Леле се згрозив ;( болни луѓе, болни!!!
    Што да се кометира, зар некој ќе каже ако така им треба?
    Страшно!!! А и не верувам дека ќе се преземе нешто против ова. Во друга држава за ова во затвор се лежи и се казнува парично, да не му текне другпат да се изживува врз беспомошните животни.
    Имаше една петиција за оформување на зоо полиција, требаа 10000 потписи, се потпишав но не сум информирана до кај ситгнало ова. Ако може некој нека информира баш ме интересира.
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Ма никакво убиство не оправдувам врз кучиња, нити хумано, а уште повеќе со палење, колење, труење итн. Оправдувам само успивање на агресивни кучиња или на болни на кои им нема друг спас. Нема закон во државата, затоа вака се третираат животните. Нека се засрами градоначалникот на Скопје, директорот на комунална хигиена и сите учесници во овој масакар. Треба да си нечовек за да можеш на таков начин да се изживуваш врз било кое живо суштество.
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Во контекст на темата, наидов на една преубава колумна која сакам да ја споделам со вас.

    Кучешки плач

    Несреќното куче, кое својот краток, јадосан, скотски живот на оваа канцерогена планета го заврши искрвувајќи до смрт на замочуваната земја од некоја сива и црна скопска улица, сега е на некое многу поубаво место и најверојатно е среќно што одвратни малоумници повеќе не го клоцаат и гаѓаат со камења и не чека од нив да му треснат на земја помии за да не цркне од глад

    Ете, пак ви пишувам за кучиња. Ова е де жави, според мене феномен што нé потсетува дека овој ист живот го живееме вторпат. Не мислам дека многумина си го поставуваат прашањето што да се направи со чудовишниот касап што пред некоја недела со железна прачка, на која имало врзано нож, закла куче. Дали да се убие, да се протера од државата или да се одведе во вилата на Ѓорге Иванов, кој ќе го одликува со орден за храброст. Некои луѓе не ги трогнува смртта ни на сопствените деца, а камоли на некакво куче. Слушајќи за овој скандал баш се зачудив. Зар тука не живеат само топли, душевни, сочувствителни луѓе за кои често на овие страници ни пишува една позната универзитетска професорка. Па како тогаш, од каде се појавија овие демони? Колку што гледам не се ни од Брисел ни од Стразбур ни од Бронкс. Колку се фини, за тоа многу повеќе од мене би можел да ни каже нашиот прочуен психијатар доктор Чадловски. Кога тој би имал одврзани раце, неговата мисија во оваа земја би имала просветлувачки и прочистувачки карактер. Она што во овој момент ни е најпотребно се нови лудници, и тоа не една или две, туку најмалку двесте.

    Некои мажи изгледа се љубоморни на кучиња. Можеби на касапот му се причинило или сопругата му се пожалила како палавото куче и понудило непристоен предлог. Можеби геноцидот што веќе одамна се применува над овој вид животни, по нашите градови и села, навистина е предизвикан од машка неразумна, болна љубомора.

    Навистина е просто, жена му да ја испровоцирал и нападнал некој насилнички второодделенец, и него би го заклал. На луѓето суровоста никогаш не им недостигала. Сите очевидци на овој морничав настан биле згрозени и шокирани, но никој од нив на несреќното суштество не му притрчал на помош. Разбирливо е дека не му помогнале, зашто им било страв од разјарениот убиец. Во тие страшни мигови (некои лекари ги дефинираат како мигови на афект, а според мене во многу случаи е состојба на добро одглумено лудило за да се постигне саканата цел - а тоа е убиство) тој можел и нив да ги надене на бодежот, да им ја распара утробата, отсече гениталиите или пресече вратната жила иако тие луѓе, верувам, не ни знаеле која е неговата ценета и беспомошна сопруга. Не, гадот од Драчево одлично знае каде и во каква стварност живее. Нему му е познато уште одамна, откако се распадна оној строг комунистички, репресивен режим, дека нашата реалност ја сочинуваат плашливци и стринки, кои не смеат да писнат штом ќе дојдат во допир со гола сила, а дека тој, немилосрдниот убиец, демонско сениште што ја настанува нивната кошмарна реалност е господар на нивните животи. И навистина, тој монструм само да посака има сите негови комшии да ги обезглави на спиење и никој нема да смее ни да бекне. Дури и полицајците нема да се осмелат да му пријдат. Тие тогаш сигурно ќе одат кај премиерот да побара брза интервенција на НАТО-трупите. Ќе ја испразни државната каса за да дојдат снајперисти од њујоршката полиција, кои качени на покривите на околните куќи ќе го упукаат. Исто така тој знае дека за ова воопшто нема да одговара. Што е живот на една обична џукела. И да го осудат, што се неколку месеци затвор за еден касап, ќе го стават да работи во кујна. Најверојатно ќе помине со некаква блага опомена од полицијата, која и така не прави ништо освен што ја штити корупцијата, државните криминалци, и се грижи таквите како неговата маленкост да убиваат што повеќе можат. Додуша, ќе го викнат на некаков информативен разговор, со кафе ќе поразговараат и ќе го пуштат да си оди во својот топол дом, каде што го чекаат верна му жена и добрите деца, кои кога ќе пораснат ќе станат касапи. Внимавајте, луѓе, ако биде војна, таквите ќе ве натераат, пред да ви го издупчат мозокот, да си ги ископате јамите во кои ќе ве заџипат.

    Но ајде да претпоставиме дека се одиграла сцена слична како во „Браќа Карамазови“ - во моментот кога тој со сатар тргнал накај исплашеното куче наеднаш да му пришло мало дете, кое пред него би паднало на колена и со солзи во очите би почнало да му ја бакнува раката, молејќи го да го остави кучето во живот. Ах, Достоевски тоа би го напишал толку трогателно што ќе ве натера да излезете од сопствената кожа. Од ушите и од носот ќе почне да ви излегува чад сé додека не се истопите од тага. Фјодор Михаилович веднаш би се помолил за него, во црква би запалил свеќа за неговото здравје, би го посетил во затворот и би му подарил Библија и за само две недели би напишал роман за неговиот мачен касапски живот полн со понижувања и со навреди.

    Одамна не му верувам на тој руски лажго, какви што се, впрочем, и повеќето негови колеги од тогаш па до ден-денес, ако не го сметаме Гогољ, кој на рани години дошол до ужасно сознание дека во ретко кој човек има нешто човечко, сознание што го платил со лудило и смрт. Да му се доближело детето на убиецот би се случила иста сцена како во Карпентеровиот „Напад на полициската станица“, кога припадник на мултиетничката банда „Чоло“, дрогиран робот без никакви емоции, со пиштол со придушувач на улица пука во главата на мало девојче што лиже сладолед. Карпентер уште пред повеќе од триесет години ни објасни какви ќе ни бидат сограѓаните, комшиите, нашите роднини и пријатели. Одамна имам напишано дека во кутрињата живеат душите на умрените деца. Да ги убивате нив е исто како да убивате дете.

    Несреќното куче, кое својот краток, јадосан, скотски живот на оваа канцерогена планета го заврши искрвувајќи до смрт на замочуваната земја од некоја сива и црна скопска улица, сега е на некое многу поубаво место и најверојатно е среќно што одвратни малоумници повеќе не го клоцаат и гаѓаат со камења и не чека од нив да му треснат на земја помии за да не цркне од глад. Него нема кој да го исплаче ниту да му го посетува гробот. Тоа дури и нема гроб, сигурно е фрлено во контејнер.

    И на многу луѓе не им се знае гробот и се исто така фрлени во контејнери. Понекогаш тие, поразените, ги посетуваат нашите соништа и плачат заедно со нас. А плачат зашто знаат дека за нас нема никаква надеж. Затоа немојте да се чудите за она што ни следува заради невино пролеана крв. Немојте да се чудите кога децата ќе останат без коса нападнати од малигни канцери, кога ќе се фрлаат од високите згради и ќе се раѓаат сакати; немојте да се чудите кога земјата ќе ја пеплосуваат земјотреси и поплави, а на главите ненадејно ќе паѓаат тули. Срцата не ни се смирени, духот не ни е скрушен, затоа Господ ќе нé понижи. Морам ли да ве прашам дали сме го заслужиле тоа?

    Авторот е музичар

    Автор: Кирчо Арсовски
    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22122
     
    На x.Daisy.x и mims-89 им се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Нема правда

    Море да ми ги наредат тие од Вардариште еден до еден да ги касапам и палам на живо.
    Ц ц ц ц :x
    ГРОЗОМОРНО
     
    На Angelche и BoaVista им се допаѓа ова.
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    Се знае cè ама не се казнува! Зашто?! Иако сите знаат кој го направил делото, никој ништо не презема. Здруженијата се жалат, а владата абер нема |(
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    цццццц :devil: :@ зашто ја видов темавааааааа :@ ќе отидам жимиии сеее со бомбааааааа у тоа вардариште, има тоа мајмуните таму да ги разнесам сите до еден!!!!!!!!!! како не им е жал идиоти ниедни смрдени скапани итн!!! да не пцујам сега овде!!!

    па како немаат жал бре????!!!???? па греотка се кучињата бре, душички! кога веќе ги прибирате таму, дајте чувајте ги како што доликува идиоти ниедни!!!!

    и не ги споредувајте кучињата со свињите, паткике, телињата... знам дека е премногу жално и за нив што ги убиваат, ама од дамнешни времиња, тие животни се третираат како *храна* за човекот, и сите ние сме навикнати да ги конзумираме!( освен вегетаријанците)за разлика од кучињата- кои се домашни миленичиња за 99% од светот, освен за една ретардирана земја, ама таму се по список јадат, од бубашваба до коњ така да не ме чуди!

    и, ретки се тие кучиња што ќе те нападнат! многу ретки! ама ни тоа не е причина да бидат третирани на најлош можен начин, обезгчавувани, и спалувани живи како што прават во вардариште!

    тоа може само човек без срце да го направи- и попрво би се чувала од таков човек-што може ова да го право отколку од секое улично куче!!!!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    искрено и мене ме има искасано куче, ама не поминав трагично за среќа, за разлика од брат ми, кој има цела дупка позади левата нога,кај коленото, ама од позади :doh: исто и до ден-денес знам да се исплашам кога ќе видам толпа кучиња... ама тоа не беше причина да ги мразам кучињата... лекот не е во убиството! треба да се отвори некоја асална организација, и да ги згрижи сите кучиња се до нивната смрт! некаде лолипоп напиша *ќе им дадам нешто за јадење, и толку е мојата врска со нив*- да. се согласувам, и мојата врска со нив е толкава, значи, кога ќе ги видам надвор, ако имам нешто ќе им фрлам, ако немам ќе ги разминам- мене не ми е жал зашто се бездомни и живеат на улица, мене ми е жал нехуманиот однос на човекот спрема нив!
    не се сите џукели во вардариште, па какви кученца има!

    ова се само мал дел, од малечки кученца, кои биле извадени и спасени од вардариште! не верувам дека ова бебе би можело да нападне некој!
     

    Прикачени фајлови:

    На x.Daisy.x и BoaVista им се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    само уште овој пост ветувам :D

    значи секој има право дали ќе ги сака, или нема да ги сака животните ;) и немам никакво лошо мислење за тие што не ги сакаат! не ги сакаат и точка, тоа е! на сила да ги натераме ли да ги сакаат сега?
    ама, тие што ги убиваат кучињата :devil: е тоа е веќе нешто друго! и не можам да сватам кое е тоа правило дека еден човек е повеќе од било кое животно на земјава? не оправдувам никакво убивање на животните и тоа нема никаква си врска јас дали јадам месо! можеби јас го јадам месото, ама тоа не значи дека не ми е жал за животното! искрено, многу пати сум размислувала додека јадам месо, дека убиено е животно заради ова, и осеќам грижа на совест-ама човекот јаде месо, сите невегетаријанци јадат месо-значи не сум единствена! кога ќе видиш и животните се јадат меѓу себе- тоа е природа-ланец на исхрана! се делиме на месојади, тревојади и сештојади!

    а друго е убивањето на куче, поради ризик да те нападне! тоа е нешто што може да се спречи доколку се обезбедат асални услови! друго е изживување врз некое животно!
    вие сакајте или мразете ги животните-никој не ви се меша, нити ви брани-тоа е сопствен избор!
    јас ги сакам и ќе ги сакам-поготово кучињата зашто

    откако имам кученце, и само кога ќе го слушнам како дише кога спие до мене, какви крици испушта-како бебе,како се тегне во креветот, и како ми се радува секогаш кога ќе се вратам од факс, и не само на мене и на моите, сваќам дека кучињата можат да бидат многу многу помили и подобри суштества од човекот-ако им пружиш само малце љубов!
     
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    http://www.youtube.com/watch?v=6CcM8wcs ... popt0fus00

    А ова што е?! Уште докази за тоа колку човекот е НЕчовек. ;) Се повеќе и повеќе се докажуваат, и истакнуваат НЕлуѓето. Ама барем во Америка ( Мислам дека од таму е видеово) се казнува, и тоа многу. Ако, така треба. И две години се малку.
     
  10. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Нема правда

    Иако воопшто несакам животни :puke: ,несакам ни кога некој ги малтретира,безразлика дали е куче,маче или нешто друго.Жал ми е,сепак и тие се живи суштества.Ама луѓе треба да се има ред.Кој си чува куче,нека си го чува дома,и нека си го шета на ланче.А не да го пуштаат одврзано само да шета.И оние кучиња скитници....нека пројдат шинтери нека соберат тоа и нека ги носат каде знаат.Ваљда има некои простории и за нив,а ако нема нека се направат и нека се среди тоа.Пошто стварно има луѓе кои се плашат.Јас например.Не се плашам баш од сите ама во секој случај страв ми е :doh: И што тоа читам демек кучињата не напаѓале први.Море напаѓаат и тоа како.Татко ми цел живот не се плашеше од кучиња,па накрај едно мало-шугаво ко касна,па раната цела година му гноеше.Разбирам дека некој се води по тоа "кучето е најдобриот човеков пријател",но јас сепак немам верба во кучињата.
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    x.Daisy.x да,да знам за овие случаеви! исто имаше и еден случај, кога 2ца малолетници запалиле живо кученце, не знам ни јас како се спасило сиротото, со 80% изгореници! малолентиците во затвор завршија со минимум 5 години, и плус што платија 5000е оштета! а тоа дека кучињата напаѓаат да, точно е, но да имаме асални установи, кои би ги згрижиле, тогаш нема да го имаме овој проблем! ама цврсто си стојам на моето-полошо животно од човекот нема!
     
  12. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Нема правда


    Ееее гледаш тоа си во право :D Човекот е најголемото животно,а богами и најстрашно и најопасно.Дури поопасно и од кучињата ]:)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    поради тоа што свесно ги прави сите работи! :) и знае кои се последиците од сето тоа :(
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Нема правда

    Не ги жалам животните што ги јадеме од проста причина што се одгледуваат и баш за таа намена, намерно се размножуваат до тој степен! И куќињата нема да ги жалам ако ми се основа за исхрана и преживување и ако се одгледуваат за таа намена.
    Кучињата се паметни суштества, кучињата се единствените суштества на светот што може да те сакаат повеќе од самите себе. Е затоа ми е жал за кучињата, и затоа ги обожавам. Не ми е страв од уличните кучиња, мене ме има каснато домашно куче, а едно и секој ден ми ги праи партал рацете ама го сакам тоа е тоа.
    Вака коа ќе видите нема правда за луѓево, а ние тука очекуваме да има правда за кучињата... каква иронија!
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Нема правда за мене, па никој не ме прашал дали има или нема. Нема правда за многу ЛУЃЕ во оваа мизерна држава па никој не ги прашал дали има или нема. Това е това. Секој во животот си гледа сам за себе. И кога нема сега да се засекирам за кучиштана а ми гори под нозе. ШТо сакаат нека прават, ама од улицава да ги снема би ми било драго до бескрај.
     
  16. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Нема правда

    Леле и јас кај ја видов темава!
    Да му ебам све живо и диво по список на тие во Вардариште! Леле така пред мене некој да праи, па жими све има да го растурам, па и убијам.........мамицата нивна грозна! Да дајт Господ бел ден да не видат, ДА УМРАТ! :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear:
    Море смрдени луѓишта умрете, вие не заслужувате живот......како можете тие работи да ги правите на тие невини животинчиња? како?..............Ухххххххххххх сите можни клетви за вас, и вас да ве палат живи!
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Нема правда

    Лелееее не ми се верува.Нели мислиш дека претера??? :D :D За животни,фрлаш клетва врз луѓе-живи да ги палат?!
     
  18. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Нема правда


    Тие не се луѓе! И да, фрлам клетви, нека умрат! :swear: :swear: :swear:
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    665
    Нема правда

    па па па...
    бесни форумџики. :D

    Па нема некоја голема правда де...
    Никогаш не останувам рамнодушна на таква работа.
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Нема правда

    Дојде време кога кучињата ги жалиме а да пројде покрај нас просјак кој моли за корка леб ќе го шутнеме :x

    Да се разбереме, јас не би можела ни коковче да убијам, а кучиња навистина ги сакам многу. Ама во населбата во која што пораснав имаше глутници на скитнички кучиња заради кои како дете имав буквално фобија од билокакво куче. Човек да се плаши детето да си го пушти на улица ради таквите кучиња. Сум за усмртување на таквите скитнички кучиња кои имаат беснило и опасни се за луѓето.