1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животните

Дискусија во 'Дом' започната од Gordana10, 27 април 2010.

  1. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Нема правда

    Ги прочитав скоро сите мислења....
    Прво морам да напоменам дека ги ОБОЖАВАМ и САКАМ сите животни а посебно кучиња..и се згрозувам од самиот чин како ги малтеретираат :!:

    Вистинска приказна....
    Пред 2 3 год ме нападнаа глутница кучиња, си идам ја од кај дечко ми да фатам такси околу 3 30 сабајле, никој жив на улица а и плус тапа ден среда мислам дека беше...Немаше такси тука поблиско и си викам ќе продолжам подоле мора да има...И оддеднаш 5 кучиња гладни накај мене, значи две ми се пред нога 3 позади мене...буквално бев опколена....ако потрчам ќе ме искасаат...се мрзнав...викам готова сум...одам пополека они лаат крвнички...скокаат врз мене ја укочена и плачам...а нема никој на улица а станот на дечко ми оддалечен не многу ама тие 5 минути до кај него ми изгледаа како вечност....Буквално бев сигурна дека ќе ме искасааат или ќе ми биде нешто....и така 10 мин корак по корак пополека они лаат крволочно ме гледаат...се додека не помина еден човек со кола и ги разбрка...ама мислев готова сум...се враќам кај дечко ми...вода и шеќер за да се смирам...ама немам трауми и не се кучињата криви, криви сме ние...не ги ни убив ни ништо не им направив ама каков стрес имав само ја си знам....
    ама пак си ги сакам и си чувам 2....
    Друга приказна ама овој пат бев искасана и тоа скава да го погалам и не беше на улица него дворско куче...зашто многу ги сакам секогаш ги галам им давам за јадење...е мене ме искаса...у нествест ќе паднев да не беше дечко ми...бев во полница прст превржан да немав добри рефлекси отиде раката...и пак немам фобија од куче...исто така пиев шеќер и вода од пекинезерче домашно ....

    Ај да не одуговлечувам сакав само да кажам дека е до нас луѓето и до нашата свест...се додека ние ги напуштаме ќе има глутници и напаѓање зашто тоа е животно...и тоа им е животински инстикт...немаат они мозок да размислат...
    Да резимирам иако имав траума и стрес не ги замрзев кучињата, и не ги малтретирам уличните туку им давам за јадење.... и да видиш како паметат.....и дакушињата напаќаат од страв затоа што веќе биле тепани и малтретирани од нас луѓето...подигни рака на куче ќе видиш како легнуваат доле од страв...значи само можам дакажам дека они си имаат одбранбен систем заради нас....
     
    На 2468, ludoto19 и mims-89 им се допаѓа ова.
  2. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Нема правда

    Пред некој ден го сретнав текстов на еден наш форум,и сакам да го споделам со вас.
    ПРОЧИТАЈТЕ ГО ДО КРАЈ,ВРЕДИ!!!

    -Ако имате куче / прочитајте ја оваа приказна...
    -Ако сте имале куче / прочитајте ја оваа приказна...
    -Ако сакате да имате куче / прочитајте ја оваа приказна...

    Кога бев кученце,те забавував со своите трикчиња и те насмејував.
    Ме нарекуваше свое дете и наспроти бескрајниот пар изџвакани чевли и неколку уништени перници,станав твој најдобар пријател...

    Кога бев „лошка„ и ќе направев некоја беља,ми се закануваше со прстот и ме прашуваше „Како можеше„? - ама тогаш се откажуваше од својата строгост и ме легнуваше на грб и ми го чешкаше стомачето.Моето растурање на куќата траеше нешто подолго од тоа што очекуваше,затоа што ти беше многу зафатен,ама на тоа работевме заедно.Се сеќавам на ноќите кога се мазевме во креветот,кога ги слушав сите твои исповеди и тајни соништа,а јас верував дека животот неможе да биде посовршен од што е.Одевме во долги прошетки и трчавме по паркот,се возевме со кола,одевме на сладолед (јас го добивав само корнетот затоа што „сладоледот е штетен за кучиња„ како што кажа ти),се излежував бескрајно долго на сонце,чекајќи го крајот на денот и моментот кога ќе дојдеш дома.Пополека,почна се повеќе време да и посветуваш на работата и кариерата,а повеќе време поминуваше барајќи свој човечки партнер.Јас чекав трпеливо,те тешев секојпат кога срцето ти беше скршено и кога беше разочаран,никогаш не приговарав на твоите лоши одлуки,скокав од радост кога си доаѓаше дома или кога ќе се вљубеше.Таа,сега твоја жена,не беше „љубител на кучиња„ - сепак срдечно ја примив во нашиот дом,се обидував да и покажам дека ја сакам и ја слушав.Бев среќна затоа што и ти беше среќен.Потоа дојдоа човечките бебиња и јас со тебе го делев твоето восхитување.Бев воодушевена од нивната розова боја,од нивниот мирис и сакав да се грижам за нив како мајка.Единствено ти и таа се плашевте дека ќе ги повредам,така да повеќето време го поминував истерана ви другата соба или ви куќичката за кучиња.

    Ох,како сакав да ги сакам,станав „затвореник на љубивта„.

    Како растеа,јас станував нивен пријател.Се држеа за моето крзно и се подигнуваа на климавите нозе,ги буткаа прстите во моето око,ги превртуваа моите уши и ме бакнуваа во носот.Сакав се на нив,како и нивниот допир - затоа што твојот допир стана така редок - и ќе го дадев својот живот за да го одбранам,ако треба.
    Ќе се бутнев во нивните кревети и ги слушав нивните грижи и тајни соништа ,а заедно го исчекувавме звукот на твојата кола како се паркира во дворот.Некогаш кога луѓето ќе те прашаа дали имаш куче,ќе ја извадеше мојата слика од новчаникот и раскажуваше за мене.

    Овие последни неколку години,твојот одговор беше потврден,по што настојуваше да ја смениш темата.Од „твое куче„ станав „само куче„ ,а ти ми замеруваше за секој денар што се трошеше за мене.Сега имаш прилика за нова работа во друг град и ти и тие ќе се преселите во стан во кој не е дозволено чување на домашни миленици.Донесе права одлука за себе и своето „семејство„ ,ама некогаш и јас бев тоа твое семејство.Бев возбудена кога тргнавме со колата,ама возбудувањето ми спласна кога дојдовме до азилот за животни.Заудараше на кучиња и мачки,на страв и безнадеж.Ги пополни сите обрасци и рече - „знам дека ќе и пронајдете убав дом„.Направија гримаса и ти упатија болен поглед.Тие разбираат какви се шансите за средновечно куче,дури и за такво со „документи„ (педигре).Мораше да го извлечеш поводникот од раката на твојот син,додека тој викаше - „Немој тато!Те молам немој да им дадеш да го однесат нашето куче!„.А јас бев загрижена за него,си мислев каква поука извлече од тебе за пријателството и верноста,за љубовта и одговорноста и за почитувањето кон се што е живо.Ме потапка по главата за разделба,избегнувајќи да ме погледнеш во очи,па пристојно одби да го понесеш со себе поводникот и огрлицата.Имаше рок кој мораше да го испочитуваш на работа,а сега јас го добив тој рок.Одкако замина,две љубезни госпоѓи ми рекоа дека веројатно со месеци си знаел дека ќе се преселиш,ама ништо не си направил да ми пронајдеш друг дом.Вртеа со главата со неверување и се прашуваа „како можеше?„.Во азилот ни пружаат онолку нежност и внимание колку што им допуштаат нивните обврски.Се разбира,редовно не хранат,ама јас веќе одамна изгубив апетит.На почетокот,кога и да поминеше некој пред мојот кафез,јас ќе потрчав напред,со надеж дека тоа си ти - дека си се предомислил,дека е ова само лош сон...или се надевав дека некој ќе дојде,некој на кого му е битно,некој кој ќе ме спаси.Кога сватив дека неможам да се натпреварувам со веселите кученца,кои несвесни за својата судбина,го обземаа општото внимание - се повлеков во дното на кафезот и чекав.

    Ги слушав нејзините чекори додека доаѓаше по мене на крајот од денот и каскав долж ходникот по неа од одвоената соба.Зачудувачки тивка соба...
    Ме стави на масата,ме почешка по ушите и ми кажа да не се грижам.Срцето силно ми биеше во исчекување на тоа што ќе дојде,ама ме обзема и чувство на олеснување.На „затвореникот на љубовта„ деновите му изминаа.Како е тоа во мојата природа,повеќе се грижев за неа.Товарот кој го носи е претежок за неа,тоа го знаев исто како што ја знаев секоја твој промена на расположението.Нежно ми стави врвка околу мојата предна нога додека солзата лизгаше по образот.И ја лизнав раката онака како што тебе вообичаено те тешев пред неколку години.Стручно ја стави иглата во мојата вена.Кога го осетив убодот и ладната течност која течеше низ моето тело,поспано легнав,погледнав во нејзините нежни и насолзени очи и прошепотев - „КАКО МОЖЕШ?„.Можеби затоа што го разбира мојот кучешки говор,ми рече „Прости ми„.Ме гушна и набрзина ми објасни дека нејзината работа е да се погрижи да отидам на подобро место,каде што никој нема да ме игнорира,злоставува или напушти и каде што нема да бидам препуштена самата на себе - место на љубов и светлина,толку поразлично од ова на земјата.И со последната сила се обидов да и објаснам дека моето „КАКО МОЖЕШЕ?„ не и беше на неа упатено.Мислев на тебе на својот САКАН ГАЗДА.На тебе ќе мислам и ќе те чекам засекогаш.Посакувам да и останатите во твојот живот продолжат да ти покажуваат волкава верност и љубов како мојата.

    Само едно запомни „СО ТЕБЕ ЗАЕДНО ЗА МЕНЕ СЕ Е ПОЛЕСНО„.

    -Мене искрајно текстов ме трогна,и еве сега плачам додека го пишувам.Мислам дека нема никој да остане рамнодушен на текстов.
    -Колку да се знае судбината на милиони миленичиња (кучиња) ширум светот кои се наоуштени од своите „сопственици„!
    -Мислам дека свативте поука од текстов и за тие што сеуше не земале кученце,подобро да не земаат доколку немаат услови да го чуваат,оти кога ќе дојде моментот да го давате ќе видите колку ќе пати невиното кутренце по вас!
     
    На spellbound, BoaVista, blond и 2 други им се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Нема правда

    Квин и мене ме трогна текстов многу, се расплакав... јас плаќам кога се продаде моето што се згрижи кај луѓе што знам дека ќе го чуваат перфектно, а не па вака. Не би имала срце да си го оставам кучетко кое што го чувам со години во некој стационар.
    Убаво кажа, не е доволна само желбата да се чува милениче, треба да му посветите време, да се грижите за него и да го сакате, а не да земете па после остај го на милост и немилост.
    Премногу сакам кучиња, моментално немам куче, а најмногу на свет сакам... сепак се одлучив да не си купувам сега, туку кога ќе се вработам и кога со мои пари ќе го одгледувам и чувам, несакам моите да ми трубат над глава секој ден, епа нема пари за у град, купив храна за кучето (со такви изговори) :devil:
     
    На Queen.S и ludoto19 им се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    ;( леле, текстов ме расплака! а плус моето кученце е до мене, и спиеше... и од кога го прочитав текстов, го разбудив, силно си го гушнав, и му кажав дека никогаш нема да ја доживее истата судбина, со кучето од текстот(многуте кучиња).... решена бев да си купам куче иако знаев и знам дека е преголема обрвска,а и мајка ми беше многу против за куче во стан, но ете го купив... сега мајка ми не се двои од неа, а за татко ми да не правам муабет :D ептен се приврзавме сите! но, сепак како што кажав, огромна одговорност е, но, решена сум да ја превземам до крај :) не ја купив нејзе на 2-3-4-5 години и толку! ја купив да биде со мене се до нејзиниот последен ден...
     
    На Queen.S и mims-89 им се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Има многу потажни судбини што имаат доживеано голем број на луѓе, па никој не води грижа. Кога ќе видат скитник-човек, ставаат два прста на нос, во случај да не смрди.
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    офи, не верувам дека лугето што ги сакаат кучињата скитници, би се гаделе од луѓе скитници...никогаш не сум свртела глава, поготово не на стари лица....
    можеби ја знаеш... има една бабича, секогаш проси, малце подоле од гимназијата,накај полицијата... кога и да ја видам и оставам по некоја пара, зашто премногу ми е жал, колку е стара душичка :(
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Лудо, не ми беше тоа зборот. Не сакам да сфатите и помислите дека генерализирам. Зборувам за оние пуфлине што дома ги парфимираат кученцата кои патем носат розе панделки, им прават маникир и кажуваат колку многу ги сакаат, а да видат човек скитник, ќе затнат нос. И такви ќе ми продаваат хуманост.
     
    На Gunshine, mims-89, Fearless и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    кога зборам изживување врз животното, тука го ставам и ова што го наброја!
    да го прскам со парфеми кучето, да му лакирам нокти, фризури да му правам, ајде уште на штикла да го качам ако не! тоа е веќе еден вид на изживување! и верувај ми, таквите, воопшто не си ги сакаат кучињата, нив ги гледаат само како моден додаток, и реклама! на пр. чивавата денес е тренди куче, и пуфлите мораат да ја имаат- парис хилтон стајл! е ваквите луѓе ги мразам :devil: подобро мрази ги кучињата ама не им прави ништо лошо, отколку да глумиш дека ги сакаш, а да се изживуваш со нив како да се брендирана роба :@ :@
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    na dotichniot lik mu beshe isprateno edno pismo, od eden nash eminenten struchnjak vo taa oblast, pismo vo koe shto se veli:

    Mnogu sum revoltiran od vcerasniot tvoj nastap vo vrska so kucinjata skitnici i nachinot na koj izjavuvas, parafraziram "bel prasak neka stavat nasekade po ulicite, da gi snema toa djukelite, zivo kuce da ne vidam po ulici. Koce Trajanovski e najdobar gradonacalnik do sega, eve prvo se zafati da gi snema toa kucistata od ulici, pa videte ja Hrvatska nema sansi da vidis kuce po ulica a ne tuka na sekoj vtor cekor djukela gledas. Ne me interesira sto kje im pravat, neka turaat otrovi, samo da ne gi gledam!". јас се извинувам што беше на латиница!

    бтв јанко повеќе ми личи дека
    јаде г*мна, отколку бурек

    сликава е реакција на згрозени граѓани.... :x очигледно, многу луѓе не го делат истото мислење со таканаречениов водител
     

    Прикачени фајлови:

    На x.Daisy.x и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Нема правда

    Секое суштество се родило со право на живот и тоа право може само Господ да му го одземе.Од секогаш сум била настроена пријателски кон кучињата,мачките зашто и тие носат душичка во нив и се гладни за нечија љубов.Пред извесно време од едно здружение за заштита на животните посвоив преубаво кутре кој секој ден ми го исполнува со љубов.На почетокот дечко ми се противеше од причина што мора да се чува,да му се посветува внимание ама сега се први другари:) Вистината е дека има толку злобни луѓе што прават мизерни работи па сепак одат со крената глава без никој да им каже ништо,сигурно и дека кај тие бездомни кучиња може да се најде некое не толку пријателски настроено ама сепак тоа се должи на односот на некои бездушни луѓе што го имале кон нив.

    Секој има право да сака или не сака животни ,јас велам дека каква енергија шириш окулу себе таква и ќе примаш!
     
    На Shila89 и BoaVista им се допаѓа ова.
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    Можеби не е во склоп со темата, ама ќе помине некако.

    Го земав од статус, на една девојка, само што го напишав на кирилица.


    Е ај сега, што е ова? Какви заштитници се овие? :fubar:
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Нема правда

    Епа мора да научат што е убиство де, за да спасуваат луѓе :)
    Ехх за една крава... има милијарда крави, а и не се нешто паметни и интелигентни па служат за јадење... и онака за ајдење ќе ја убијат... така да исто ти се фаќа.
    Тоа е дел од тренингот и обучување на кучињата. ;)
    Ако глеаме во врска со темава... абе за никој нема правда... а не па за кучиња и крави!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    абе луѓе.... ние и да не јадеме крави, и да ги сакаме кучињата... за жал тоа нема ништо да смени за тие да бидат спасени ;( ! ама :!: јас кажав, кравите, овците, дивите свињи, тоа се животни што служеле како исхрана уште пред времето на исус! башка ќе отидам малце доста офф, ама кај муслиманите, алах им објаснил како точно да
    колат со ножот
    за животното да не осеќа никаква болка!
    но, кога ќе видам дека некој јаде коњ, куче, маче, горили, (се знае кој јаде ова |( што сакаш се накотија како глувци, па немаат што да јадат, е*ате косооките будали) е озбилно ми се повраќа!
    а да не правам муабет низ кинеските фарми за кожа што се случува-

    па живи ги дeрат кучињата, мачињата,зајчиња лисиците,(и тоа пазете само заради крзно) после телото без кожа го фрлаат, значи ова не е за исхрана, ова е само за модата) и уште многу други видови... за џенифер, викторија бекам, бијонсе,парис(која што има преку 20 кученца дома цццц), оние плавине близначки, мадона рихана ... да носат бунда! :devil:
    но, фака богу, не се сите славни личности како овие дотичниве горе-ева мендез, натали имбруглиа, памела, плејбој зајачициве, јоана крупа се заштитни лица на пета (здружение за заштита на животни) под мотото попрво ќе одам гола, одколку да носам крзно!
    а верувајте, ако славните престанат да носат крзно, 70% од спасот за сиротите животинчиња е тука!
    кој ја носи денес модата??? се знае!!! ама тоа е... сите cе вадат со во дамнешни времиња се носело

    да, се носело, но денес сме 2010 година, имаш 100 и 1 вештачко крзно,не си пи*ка ако носиш реално! тогаш си само едно бездушно ѓубре,

    а кога станува збор за месото,(бидејќи има преработки исто) во месото има витамини што на организамот му се потребни, а за жал, тој сам не може да ги произведе!
    а сите знаеме дека дефицит на некој витамин, може да биде фатален! затоа во повеќе наврати вегетаријанците почесто се *карани* од докторите.....
     

    Прикачени фајлови:

    На macence85, OzzyAngel, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Нема правда

    Неможам да сватам како може да ве напаѓаат кучиња без никаква причина??? :^)
    Како можеше тој месарот од Драчево да го избоде кутрото куче,демек ги напаѓало жена му и неговото неколку месечно бебе :punch: ццц криво ми е што нема да биде казнет како и сите случаи во нашава држава,едноставно немам коментар,цело скопје е со отрови,страв ми е кучето да си го прошетам,нека почнат децана да се трујат па може после ќе им дојде памет,прост народ само тоа можам да кажам :@
     
  16. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Нема правда

    Ете така може.Во мојот град ги има многу,да ти е страв појдеш некаде. :devil: А сигурно дека не ги задевам зошто ја ке го изедам дебелиот крај! :|
     
  17. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Сметам дека животното не напаѓа со причина, за разлика од луѓето.

    Дали едно куче ќе те касне само зошто ти љубомори? Дали кучињата, па и сите други животни се злобни? Дали тие се дволични, лицемерни? Дали едно куче ќе те касне за да ти се одмазди? Дали едно животно ќе те нападне ако не му дадеш причина да го направи тоа? Дали кучето може да биде злобно?

    Животните, особено кучињата, преживуваат страшни тортури и мачења надвор. Тоа куче, мачка или што и да е, преживеало низа на случувања поради кои се должи нивното однесување. Тие претрпуваат глад, студ, осаменост (иако се животни и тие можат да се чувствуваат осамени), малтретирање од страна на луѓето, тепање...
    И тоа е таа причина поради која тие напаѓаат - најчесто во самоодбрана. Гледаме на вести: „куче нападнало човек без причина“... така? А кој го кажал тоа? - Оној кој бил нападнат! А од каде да знаеме дали тој претпоставен (не велам за сите луѓе) не го закачкал предтоа кучето, па за тоа да рипне во самоодбрана? Сите го слушаат човекот што вели, нормално, кучето нема уста да се одбрани да каже што како било...
    Напаѓаат и без причина - да, не велам не, но тоа е поради болест, беснило...
    Повеќето кучиња токму поради стравот кој веќе им е во коските, се плашат. Многу кучиња се собираат, го подвиткуваат опашот и бегаат само кога ќе поминеш покрај нив, а не па да те нападнат.

    Куче нема да те нападне зошто „си му го украл дечкото“. Куче нема да те нападне зошто „си подобар од него“...

    Луѓето се оние од кои треба да се плашиме и браниме. Само човекот чувствува љубомора, завист, омраза, само тој е дволичен, лицемерен, злобен... :!: :!: :!:
     
    На x.Daisy.x и BoaVista им се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Да бе, јас на тоа што ме нападна му вперив пиштол. Глупости луѓе, дајте малку разумно. Животно е, што ви е вас не напаѓало без причина. Мене коските ми се тресат само што ќе ги видам ,а не па да му направам нешто за да ме нападне. Јас тврдам дека напаѓаат и без причина, тврдам затоа што мене тоа ми се случи.
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Да Офи, напаѓаат и без причина, но тие се болни од беснило... И не реков дека сите им прават нешто за да те нападне...
    Туку сум видела луѓе ќе закачкаат некое куче и после некое време тоа ќе почне да лае и да му ’ржи. И луѓе ќе се насоберат демек леле кучето без причина ќе го нападне човекот..
    Епа ќе му ’ржи и лае кога го малтретира... :worried:
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Епа тогаш нагласи дека има кучиња што напаѓаат од беснило, а не да генерализирате .