Нема правда Не се слагам дека не непаѓаат кучињата без причина, пошо мене ми се има десено да седам на клупа со другарка во парк и наеднаш ми се стрча едно големо куче и почна да ми ја гризе ногавицата од фармерките, а исто и кај баба ми у село си седев и од чиста мира кога ми се пушти едното, среќа што не беше големо, иначе ќе умрев од страв.
Нема правда Кучињата се едиствени суштества кои секогаш ке ти се радуваат и ке те почитуваат како човечко суштество и никогаш нема да те предадат или пак да те изневерат. Штета е дека лугето се радуваат на кучињата па после ги исфрлаат ко партали на улица. Ги полнат со надеж и љубов и онда во секунда им се руши светот. Како резултат на тоа тие напуштени од човекот , мораат да преживеат на улица сами (буричкање по контињери),да трпат секојдневниот студ и остали временски непогоди, и да бегаат и да ги трпат разните мачења и тепања од страна на ромската или било каква популација. Како резултат на тоа тие се љути на човекот кој им дава надеж а потоа ги уништува,и преку своите лаења ,напагања на човекот тие ја изразуваат својата љутина. Ниедно куче и било какво животно не се родило како убиец или насилник , долгите години измачување и лошата околина го направиле таков ....
Нема правда ^ Нека ги приберат таму каде што им е местото или нека се превземат мерки. Јас не сум им виновна ако некој ги измачувал.
Нема правда Јас чувам животни од кога знам за мене. Имам лабрадор и мачки, плус ги ранам трите улични што спијат надвор пред влез.До сега никогаш ме нема нападнато ниту едно улично куче. Ко помала милував се што ке ми дојде под рака, мечки поголеми два пати од мене. Жално е што лугето велат скитници се и демек не вредат, а не сфаќаат дека ние лугето правиме да се такви. Оти кога ќе се окучи женка скоро сите ги фрлаат надвор. Мојата мачка досега се има омачено четири пати, никогаш немаме фрлено ниту едно, секогаш им наогам дом. Значи ти души се најмалку криви што ние сме вакви расипани. А ги сфакам и лугето кои се плашат. И јас се плашам од инсекти, тоа е неможам против себе. Но луѓе што повредуваат и мразат животни, никогаш нема да сфатам!
Нема правда Долго време се воздржував да пишам на темава, бидејќи сум премногу пристрасна, а воедно и активист за правата на животните, и можам да дебатирам за тоа вечно... Но само едно да разјаснам: Мојата лабрадорка, огромно куче, (уште па црна и сите ги плаши ), е по-мила и од најмилото маче на светот. Спиеме заедно, обожава да се гали, растена е со деца и мачиња, и ги обожава. Два пати е изгребана од маче (еднаш око ќе и извадеше) но таа пак ги сака и сака да ги игра и да се гали со нив. Е лае само кога јас сум во опасност (мислам дека тогаш може и да нападне) . Но што е најчудно, лае и на про-келави мажи во средовечни години. Зошто баш ним? Како помала, додека внука ми ја шетала во парк, таа сакајќи да му се израдува, наивно кутре (како што на сите луѓе се радуваше) се упатила накај еден комшија од кулите (прокелав во средовечни години), кој прво земал стап и почнал да ја мава крвнички (малечко кутре беше тогаш 4 месеци). Внука ми почнала да плаче и вреска, но тој почнал да вришти и на неа, пуштајќи го кутрето но продолжувајќи да ги мава со камења! 1.Кучињата имаат фотогравска меморија! Значи најверојатно, тоа куче било нападнато физички или малтретирано од личност која наликувала на тебе. Сигурно жена, со иста боја на коса или јакна, или мирис! Истото и за вториот случај! *Значи во таков случај, пробај пријателски да го смириш. Не се плаши, не бегај, не клоцај или паничи! Ако јадеш понуди му, клекни долу на негово ниво и обрати му се. Пример: Што е мило, што си луто? Кој те изнервира? и.т.н ВЕРУВАЈ, сечам рака во случај да нападне потоа !!!!!! Запамтете: Нема лоши кучиња, има лоши луѓе! Кучињата се раѓаат невини, лојални и добродушни ( за разлика од луѓето).. Единствено што може куче да натера да нападне е освета/самоодбрана. Или 2.Ако кучето е чувано од несоодветни газди. Кучиња учени за борби, или дресирани да бидат агресивни! 3.Кучињата го чувствуваат стравот кај луѓето, (или луѓето кои не ги сакаат) како провокација за напад врз нив! ********************************************************************************** И уште нешто. Лаежот на куче не значи секогаш дека тоа е лошо! Некои кучиња едноставно така поздравуваат. * Ако мафта со опашот: Кучето е пријателски расположено и сака да ве поздрави, се радува! * Ако му е опашот исправен и не мрда: Кучето чувствува опасност, и спремно е да се одбрани ако е нападнато! * Ако опашот му е собран надоле меѓу шепите: Тоа куче е плашливо, не верува на луѓето, но не постои опасност да нападне! **************************************************************************** Јас сум растена со кучиња од бебе. Пријателите мои ми велат дека умеам да го говорам нивниот јазик НИКОГАШ не паметам куче да ме залајало, а камо ли нападнало! Никогаш не сум се плашела да поминувам пат каде што има кучиња, дури и да е ноќе. Им се радувам кога ќе ги здогледам! (а и тие мене ) Се плашам од ЛУЃЕТО! Тие се оние кои може да ми нанесат зло, кучињата можат само да ме одбранат! Затоа размислете: можеби вие треба да го промените односот кон НИВ?!?! Кога тие ќе ви станат пријатели, верувајте, ќе ги имате НАЈЛОЈАЛНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ НА СВЕТОТ кои НИКОГАШ нема да ве изневерат!!!!
Нема правда Најбоље да го победиш тој страв , траума или белег што го имаш од минатото е всушност да направиш контакт со некое куче , да го погалиш или било друг каков контакт и знам гнасни се такви вакви ке те јадат , ама ипак тој страв неможеш засекад со тебе да го држиш ...
Нема правда Првпат почнав да ја разлистувам темава, иако знаев дека НЕ требаше тоа да го сторам Само да се оградам од циничните неаргументирани напаѓања: Не јадам месо од 10 годишна возраст. Веќе 7 години не јадам ниту риба ниту јајца (здрава сум, права, и среќна) Исто толку долго, не носам кожа и крзно, едноставно ги познавам од километар -поготово вистинските КРЗНА кои смрдат во радиус од 20км на трулеж, и не постои парфем на светов кој тоа ќе го прикрие (имам прекрасни еколошки парчиња кожа и крзно стопати по-убави и пријатни од `природните`) Секогаш внимавам на козметиката која ја користам, и знам да ги набројам на памет сите фирми кои го носат печатот `не е тестирано врз животни` ) Сем кучиња и мачки, моментално имам глушец и риби (толку ми дозволува просторот), а кога живеев со моите имам чувано (од зајци, до препелици, ракуни и АРА папагали) бидејќи просторот во кој живеевме беше голем често пати знаев да го претворам во Зоолошка! И им благодарам на моите родители најмногу на свет, бидејќи тоа ми го овозможиле. Им благодарам за љубовта кои ми ја в`гаиле кон животните уште од бебе, бидејќи без нив неможам да си го замислам животот (одвратен, ладен, тажен, СУРОВ) Значи не e дека баш се фокусирам/е само на кучињата како живи суштества. И децидно и одговорно тврдам дека свињата има по-развиена свесност, и интелигенција од поголем број луѓе на планетава. И на крај, ќе поентирам ==> The more I know people, - the more I love animals!
Нема правда За кучето во паркот ок, можеби од тие причини ме нападна, ама кучево кај баба ми у село го чуваат откако е родено...секоаш нахрането, пуштено во двор на слобода, ниту малтретирано ни ништо со баба ми у соба спие, си седеше и наеднаш ми скокна...не ми се верува да е од овие причини. Питомо си е, го имам и галено порано, ама незнам што му стана тогаш.
Нема правда Eпа тоа ти зборам. Пази случај. - Другарка ми и дечко и чуваат куче. Заедно 3 години, она поврзана со кучево како никој. И едно време нејзе и се зезна нешто колата и зема да вози точак од-ваму-до-таму, додека колата не ја направи. Кога отиде кај дечко и, кучето кога и се пуштило, ми вика (од памет ме извади, таков не сум го видела никогаш, дечко и го додржал одвај). Кога се симнала од точакот, се прибрала, и кутрево и дошло да плаче да и се извинува. Дури тогаш дечко и и кажува дека поодамна кутрето го има удрено циганка на точак. Ова трчало по точакот и оваа го рогнала во возење по њушка. Од тогаш кучето лае по луѓе на точак... особено жени!!! И она беше избезумена, вели `знаев дека лае по точаци но по мене што ме знае 3 години`?? Да, затоа што него сликата му се вратила, од далеку не ја познало, плус женско уште и косата да и била иста боја.... и тоа агресивно реагира инстинктивно! Бидејќи песов е лабрадор, сигурно немало да ја касне, но зар`жувањето било прилично стресно. А помалите кутриња се обично по (да не речам лоши) беснички, за разлика од големите, заради комплексот што се мали и чувствуваат додатна потреба за да се одбранат. Посебно пекинезерите. Плус ако бил стар, веќе е јасно зошто била реакцијата.
Нема правда Hекои луѓе не ги сакаат животните и тоа е тоа...Mене воопшто не ми пречат таквите, и воопшто не ги ни осудувам, иако јас лично обожавам животни, секој си има свој 'вкус' на нештата! Hе ми пречат воопшто, доколку само не ги сакаат, A не ги повредуваат!! HO!!! Tие косоокине по фармите за крзно што ги масакрираат животните на живо, и оние бизарни персони кои што си ги задоволуваат ниските страсти со животни Спојлер прати ми ги ќе ги сечам делче по делче. ... уффф, како нема еден Xитлер за таквите ?!
Секако дека сум за,на ништо не личи малтретирањето и убивањето.Би сакала да спроведат казни за таквите луѓе
Нема правда Јас ги сакам кучињата, навистина многу но тоа се смени само пред неодамна. Растена сум во дел од Скопје каде кога бев дете се правеа глутници од скитнички кучиња кои напаѓаа без причина, болести, беснила, гадотии еден куп. Да не прецизирам точно кој дел од населението - деца, си правеа дури и банди и организираа борби со вакви кучиња, ги тренираа за напади и слично. Сум се тресела од страв долго време и не можев на раат да излезам како човек. Потоа ги испоотруја сите скитнички кучиња, фала богу, благодарение на тоа сум имала барем едно гајле помалку а богами и мајка ми можела на раат да ме пушти надвор да си играм. Не оправдувам мачење на животни (демек колењето свињи па не било мачење) ама ужасно многу ме нервираат сите организации кои се борат за правата на скитничките кучиња. Молам, на сите би им ги натрупала дома, нека си ги земат, нека ги вдомат. Помалце опасност на улица. Луѓе бездомници талкаат по улици, сакати и малтретирани деца питаат на камени, сиромаштија еден куп, јас ќе му ја мислам за кучињата скитници а овие ќе ги клоцам нели? Простете, но малку изопачено. Една моја пријателка да кажам, народски речено - забега со својата љубов кон кучињата. Мајка и и се јавуваше едно време да ја потсети дека на Хуго му е именден а таа не му се јавила да му го честита Од година во година се повеќе се активираше за правата на животните, до тој степен, што заборави како да комуницира со луѓе. Сега е осамена и си прави муабет со животни. Зборот ми е дека во се треба да се биде умерен. И има нормални начини да се решат проблемите со скитничките кучиња. Но дај да не забораваме дека има и побитни суштества на планетава кои вредат да им се помогне - како на пример луѓето Ако треба јас лично да бирам дали да им помогнам на луѓето или скитничките кучиња кои шират болести и опасност по улиците, ги бирам првите.
Нема правда Веќе имам коментирано на темава уште на самиот почеток, слично како Оффи и јас имам неверојатен страв од кучиња уште од мала од една трауматска случка , мојата колешка ми кажа дека имала сличен проблем, и си посвоила едно малечко кутре, вика многу е мирно, мало и не лае, мрзеливо, па така го надминала малку стравот. Не сум за повредување на кучињата, изживување врз истите, се грозам од такви слики, какви се - такви се, и они имаат душа во себе. Ама па дефинитивно не сум за ставање на истите пред човекот и луѓето. Тоа дека кучето е најдобриот пријател на човекот и како може да биде поважно од најдобриот другар или дечкото не ми влегува во глава. - Кажете ми - вие со кучето пиете кафе? Што преферира тоа - макијато или топло нес? - Кога сте тажни и му зборувате - ви возвраќа на муабетот, ве теши некако? (немојте ве молам да ми кажувате како со неговите огромни очи како бадем ве гледа сожаливо и ја разбира вашата тага, искрено без да навредувам никого, мене ова ми делува многу забегано. Мајке ми.) И ред други примери, не сакам да станувам гнасна, се грозам самата од себе, веќе некој спомена има и такви кои ги користат за задоволување на своите потреби Зборот ми е - ги мразела или не, се плашела или не, НИКОГАШ кучето нема да го ставам во ист кош со луѓето, па дури и над нив. Какво и да е, тоа е само животно. И таква генерализација дека само ако има некоја траума и е испровоцирано, само тогаш напаѓа е излишна. Кучето кое мене ме нападна си беше демек воспитано, домашно и намирисано. Никаква провокација од моја страна не дојде, јас се плашам дури и на 10 метри од нив. Останувам на ставот дека уличните кучиња се опасни и решението за нив не е прибирање, вакцинирање, кастрирање и ајде, нека шета како некоја мрцина да ги полни улиците. Имам милион агрументи на темава, ама уморна сум од дискусија и полека кревам раце. А и не сакам кавги, има тука некои членови кои ги почитувам, не ми паѓа на крај памет да се замерувам со истите за некакво си куче. We agree to disagree.
Нема правда Пирамидче, апсурден е овој пример. (а најчесто употребуван) Јас сум активист за заштита на животните и да можам сите би ги собрала дома!!! Ама немам услови за повеќе... СПОРЕДБАТА СО КУЧИЊАТА И ЛУЃЕТО СКИТНИЦИ Самата споредба е апсурдна. Луѓето имаат право на избор, животните НЕ! 1. Јас секогаш им оставам пари на бездомниците, еднаш како мала примив и една жена дома (демек инвалид ) да ја најадам (додека тааа пола стан ни го испокраде и избега)... Кога дојдоа моите дома...имав што да им раскажам 2.На циганчињата на кеј дур се свртев да им дадам пари ми го дигнаа новчаникот. 3. Циганка ми проси на врата, и давам леб ми вика сакам пари. (или пак ќе го земе и го наоѓам фрлен пред влез ) 4. Бидејќи волонтирам повремено во Меѓеши, и орг. за заштита на правата на децата, кога ги згрижуваа децата од семафори што просат, за да им ги бранат правата, децава дрски безобразни, само гледаат да дигнат нешто и се враќаат на улица. И ОВА Е ВРВОТ: 5.Тетка ми изгради манастир во близина на градов пред година и нешто! Сеуште бара ара човек да го чува манастирот (домаќин) Ништо да не прави посебно, има своја соба таму, јадење, и плу 6000 плата. Потрагата стана потешка одколку што очекувавме -Ќе ми дојде маж ТОРЛАК здрав прав на врата да проси, ќе му понудам работа (ЗНАЕТЕ КАКО НОНШАЛАНТНО МЕ ОДБИВА) Една ми кажа `Јас многу повеќе вака заработувам` -На крај се нафатив да ги молам бездомницине. Мислев дури дека некого ќе направам услуга...израдувам... Хах..со оние со кои успеав да направам муабет, пред да ме исслушаат одбиваат. Тоа им е начин на живот бре луѓе, да спие на ќебе сред центар, луѓе му фрлаат пари, он ќе се опие ко Телетабис, вечерта си спие во установа.... ******************************************************************************* Веројатно никој од вие кои говорите од ` другата страна` никогаш не сте се се обиделе да пружите помош на бездомно животно. Тоа никогаш нема да ве изневери, ќе го цени секој ваш добар гест и десетструко ќе ви возвраќа... Тогаш ќе почувствувате што ВЕРНОСТ и ЛОЈАЛНОСТ значи!
Нема правда Уф да ви кажам што се случи денес со моето куче Татко ми седеше со нејзе на кревет, и во играње ја стисна така силно за носето, што кутрето почна ненормално да квичи... Баш во тој момент дојде дечко ми,и се наведна да ја баци, лелелеле како му скокна, кога го закаса за врат...Две дупки под брадата му направи! Јас само почнав да и вриштам, да и се дерам ко ненормална, а таа само ме гледаше уплашено...Јас стрчав да одам во веце, да му ставам ракија на дечко ми... И се враќам, се скрила позади кревет..4 саати седеше таму, во шок беше..Не можевме нити да и се доближиме..Кога излезе, после толку време, веднаш се стрча накај дечко ми, почна да плаче, да го гушка со рачињата и да го лиже на местото кај што го касна! Цел ден со него лежи...Така да... Тоа им е само одбранбен механизам на нив..Ете него го касна, зашто тој Баш во тој момент тргна накај нејзе да ја гушне(Замислете со него што спие и јаде), па камо ли за некој странец...А најсмешното е што дечко ми НЕ ЈА СТИСНА, туку татко ми(Зашто ја повреди, таа тоа си го сфати како тој да сака да ја тепа)!Значи животно е, не размислува, и се осетила во тој момент исплашена и загрозена... Тоа не значи дека сакам да кажам сега треба да трпиме надвор ако ни се залета некое куче...Искрено, и јас се плашам од уличните кучиња некогаш...Кога се толпа насобрани! Но, тоа не значи дека не ги сакам...Не се криви тие, криви се установите што не знаат да ги згрижат како што треба... Што ако ги однесат во Вардариште???Па тие од таму се такви...Имам јас, т.е комшиката моја има тако звана џукела, и шета низ маалото кучкава...Толку е мирна, си игра со дечиња, ехеее...Тоа и е зашто нема претрпено некој да ја тепа и малтретира!Иако е улично куче, пак некој се грижи за нејзе, и си осеќа љубов
Нема правда Aко има некој пријател/роднина куче, пријди му, остави му да те продушка, почни да го галиш, после полека, после помести се и викни го да дојде, ако дојде, значи интересна си му, сака да си игра, земи некое топче/играчка, подавај му ја, играј си. Земи малце храна, стави ја на дланката и викни го кога ќе дојде отвори ја раката, и дај му да го изеде, ако ти е гад дека ке те излиже стај го на земја, и секогаш кога ќе можеш гали куче, играј си, храни ги. Полека полека, ќе ти помине стравот... Само, не се откажувај, не се плаши, биди упорна!
Нема правда Почнав да читам се по ред - не дочитав!!! Ужасната сум од некои коментари Ќе кажам само браво за Боа, Лудото19, Белен, посебно Хеиди, ме наежи со постот ( нека не ми замеруваат и другите феминки што не ги спомнав) Значи и јас, откако знам за себе сум со кучиња и мачки. Никогаш! Значи (читај НИКОГАШ!!! ) не сум била нападната од кучиња. Не 10, во група на 20 и повеќе кучиња сум се нашла и ништо. Ми се случило еднаш 2 кучиња да појдат накај мене, клекнав, им плеснав со рацете и им свирнав.. Знаете каква реакција добив од нив??? Кренаа опаш и со трчање почнаа да рипаат од радост што некој барем малце внимание им обратил во тој нивни суров живот што го живеат Одсекогаш сум зборела, да бев милионер, прво што ќе направев е установа за животните скитници да бидат згрижени! Ме чуди, искрено ме чуди како неможете да ги сакате кучињата кои се само желни за љубов, внимание и корка леб Напаѓајте ме колку сакате, ја си го кажав моето.. И ќе кажам само уште нешто, незнам кај го прочитав, ама идеше вака: КУПИ СИ КУЧЕ!!!!!!!! ТОА Е ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН, СО ПАРИ ДА СИ КУПИШ ЉУБОВ!!!!
Нема правда Незнам како да се изразам ама стварно не ми е јасно како толку се плашите... Или јас сум ненормално храбра за такви работи или незнам што е работата, ок ве каснало куче, гребнала мачка, трауми од мали ама... несакам никого да навредам или слично туку стварно не ми е јасно. Да ви кажувам што се ми се нема десено нема да верувате. Е ова ми е најскоро, имав галено мачка претходно и куче кане корсо( ќе приложам и слика за тие што незнаат за каков ѕвер се работи) еден човек го шеташе и пристапив да го погалам затоа што го обожавам тоа куче и не му дадов прво да ме помириса и го галам по глава за секунда мии се сврте и ми ја пална цела рака речиси до лактот, и имав 2-3 дупчиња ме пушти одма... и сеа шо треба да праам драми и да имам фобија од тоа? Не, лајф гоус он. Сум за тоа дека треба да се приберат кучињава од улиците, шират болести зарази и што ти не, не дај боже да те касне некое, инфексии еден куп. Муабетот ми е дека не треба да дозволувате да имате фобија, па тоа е само куче, не се сите кучиња такви, така си ускратувате големо задоволство кое може да го добиете од кучето.