Нема правда Неможам да редактирам, па само ќе го додадам и ова: Каква енергија шириш, таква и ќе добиваш. А кучињата многу добро осеќаат кој каква душа има
Нема правда Човекот себеси се прогласил за крал и бог на овој свет и мисли дека неговиот живот е поважен од животот на сите животни.Иако нивната болка не се разликува од нашата.Зашто човекот заслужува да живее повеќе од куче или мачка? Тој е како паразит на планетата,кој ја уништува и загадува животната средина.Сватив зошто човекот е подобар-посилен е, а кој е силен тој е во право.Тоа е причината зашто човештвото ке изумре. Луѓето сами ги отфрлиле кучињата и мачките,а сега дури и ги убиваат без да размислат колку е тешко да се преживее и да се претрпи таа болка.Луѓето треба да се обидат да живеат на улица,да брцаат во ѓубре. Кога може да се создадат засолништа кои би им помогнале на животните.Човекот што е во можност лично да ги убива беспомошните животни заслужува само смрт! Иако има само еден плус,тој му го олеснил тешкиот живот на улица,кој можеби во следниот живот тоа животно ќе се прероди во домашно милениче. Се најлошо им посакувам на тие кои ги убиваат кучињата
Нема правда На ова богами не можам да преќутам. Уште на почетокот ова ми запна за око и уште е тука. Добро луѓе вие сериозно верувате дека кој не ги сака животните, не ги сака ниту луѓето, ниту себе и обратно? Го посочив примерот и ќе го кажам пак - Хитлер ги обожувал своите кучиња, дури и спиел со нив. И сега? Тој е човек со навистина добра и благородна душа? А јас и пар други кои еве не ги сакаме, од оние или овие причини - сме злобни и расипани? Кој коментар ви е овој значи, кој аргумент. А и тоа со енергијата не држи вода. Јас обично ширам енергија на ненормална раздалеченост од кучето и страв. А ко за белја, ниту едно не се држи подалеку од мене, ниту се плаши, кај и да отидам буквално ми се тутка во нозе, ми скока, и кога ќе ми речат - ама сака само да си игра, ми се превртува во желудник. ЈАС НЕ САКАМ ДА СИ ИГРАМ. И тоа кажано за фобиите ви е страшно неблагодарно. Јас сум слушнала за милион побизарни работи од кои луѓето се плашат и немаат реална основа, па никогаш, никого не сум осудила. Значи некои се во состојба да кажат ама буквално било каков аргумент, само за да го одбранат неговото височество - кучето. Светото животно. Друго не постои на светов. Друго не е мачено. Тоа е најверно, најпаметно, не знам како уште луѓе го водат светов - куче треба да ставиме лидер. И со ретки исклучоци, некои навистина ПРЕсериозно си го сфаќаат поимот милениче. Значи тоа е - милениче. Не е фамилија, не ви е дете, пријател, дечко . . . и за некои апсолутно тврдам дека во недостаток на емоции и вештини да се поврзат со вистински луѓе, единствено со парите можат да ја купат. т.е. да си купат куче.
Нема правда Ето га, пак се отпочна дебата Вака сега, однапред и искрено се надевам дека ова нема да премине во препукување Хајди, зошто ти е апсурден примерот? Нема тука ништо апсурдно. Јас им помагам на циганчињата на камени, ниедно ми нема украдено наовчаник. Едно лето му собравме еден куп храна на едно друго кое беше горено со бензин дома, уште и ни заигра на маса. Татко ми еднаш донесе дома женичка колку да преспие да не измрзне, сабајлето уште на мајка ми и помагаше доручек да направи. Еден дечко од генерација - останаа бездомници комплетно цела фамилија преку ноќ - им изгоре куќата, немаа роднини да им помогнат. Мене вакви судбини ми ги насолзуваат очите. Извини куче скитник со триста болести, не. Од таквото ми е страв дека ќе направи нешто непредвидливо, како тебе што ти е страв да не ти украдат нешто луѓето на улица. Жал ми е Хајди, тоа е сепак животно. А на животните да не им било од почеток на егзистенција одредено да живеат во куќи на меки перници?! Па ајде сега да ги вдомуваме. Природата им е природен дом, а кога ја огрозуваат околината, мора да се бара чаре. Е сега верувам дека ти си светол исклучок, јас не те напаѓам тебе конкретно, ама да видиш колку лицемерни активисти постојат, да се чудиш. Тука ми проповедаат колку се за правата на животните, демек не јадат месо дрн дрн, а после одат со мене во ресторан и бутаат говедско (демек никој не ги гледа, дозволено е) Епа ми се гади од таквите. Или имај му*а до крај, или ич не почнувај. А голем дел од тие кои ги познавам почнаа со тоа активирање од помодарство - демек види не какви сме underground (излетало реално од усните на некои поединци) Или пријателката која ја спомнав? Да се јавела дома да му честитала именден на кучето?!?! Мислам, малку common sense. Второ, животен ланец е тоа Хајди. Кој е на врвот? Сите знаеме. Илјадници документарци сум гледала како на најодвратен начин посилното животно го убива послабото. Познат факт е дека орка китовите пред да ги убијат фоките играат со нив одбојка додека не искрварат до крај. Епа сега ова не ви пречи ама тоа што човекот убива болни скитнички кучиња за добро на луѓето ви пречи? Трето, јас НЕ се плашам повеќе од кучиња, ниедно ме нема каснато, ниедно ми нема рипнато. Ама јас постепено се излечив од таа фобија. Јас ги сакам кучињата, дури и премногу, ама потполно можам да ги разберам оние кои имаат фобија затоа што истата сум ја имала и јас. Сум се тресела инстинктивно секогаш кога ќе сум видела куче, и иди ти на мало дете објасни му како кучињата се всушност добри. Џабе ти е Мимс, како бе душо не можеш да разбереш? Па секакви фобии постојат. Да те пратам во Чаир кај што сум растена да видиш какви глутници од скитнички кучиња се правеа, не страв да те фати, уплав! Ден денес кога ќе ми текне се ежам. Абе ни во хип хоп филм немало таква околина сто посто. И за крај, НЕ сум за мачење на животните, НЕ поддржувам кога некој дома има животно а се изживува врз истото, побогу па јас не можам бре една мува да убијам! Мразам колење на животни поготово на прасе, сеуште се ежам кога ќе ми текне како квичи пред убивање. И да, мразам крзна бидејќи сметам дека во денешно време на разноразни материјали излишно е да се убиваат на таков начин прекрасни животни за покондирени тикви со пари. Но, за добро на децата и на луѓето кои се плашат, сум ЗА погубување на агресивни и болни кучиња скитници на најбезболен можен начин. Земи шприцот и ај создравје. Мое мислење.
Нема правда Да, јас имав гледано на телевизија, емисијата се викаше Dog Whisperer. Се работеше за тоа дека кучињата го осеќаат стравот кај луѓето, и овој човеков Cesar Millan им помага на луѓето да се спријателат со кучињата. Луѓе кои од мали имаат фобија од кучиња поради некој трауматичен настан. Мислам дека има на YouTube (т.е. мора да има) и Оффи може да си отвори, може тоа да и помогне на некој начин. И да знаеш пополека Оффи, неможе преку ноќ да исчезне стравот. Со среќа!
Нема правда Да разбирам дека се има фобија, а зашто нешто да не си направите на самите себе и да ви престане таа фобија. Секој човек е различен точно, ете некој се ежи на крзното, мрази влакна, не му се убави кучињата се тоа разбирам и не би убедувала никого дека тоа не е точно, но кога веќе имам фобија од нешто ќе сторам се за да ја надминам. Има луѓе и што ги сакаат што им се убави и слатки кучињата али ете од таа фобија несакаат да им пристапат. Не се согласувам со тоа какво енергија шириш кучето те осеќа и ќе те изеде, мислам глупости. Тоа доаѓа од она кога вие веќе се прашите од кучиња почнува да ви се лачи адреналинот и кучињата го осеќаат тоа, нив тоа ги привлекува да тргнат кон вас. Некои на тоа реагираат агресивно, овие уличните посебно, па лаат и свашта прават, првенствено заради ова спомнав дека треба да си ја искорените таа фобија вие кои ја имате.
Нема правда Ах колку би можела да пишувам.... Имам еден билион аргументи на темава, но билионити пат би се повторувала. Темава ми е испредебатирана, зборена, зборувана, по милион форуми искуцана... Заклучокот ми е конечен , ставот непроменлив. Ќе кажам само нешто за крај: Имав само една другарка/ колешка, многу драга, која не сакаше кучиња. Со неа ја имам мислам најмногу исцрпено темава од дебатирање. Кога шетавме и таа ќе здогледаше куче, ме фаќаше за рака како да ја видела смртта, врескајќи. Откако ме научи, крај кучиња- скитници проаѓаше само со мене, и тоа мижејќи, држејќи ме за рака... Но сепак бидејќи одлично дружевме, правевме компромиси. Кога ќе ми дојдеше на гости, обавезно го тргав песот од соба... внимавав да не и се доближува или скока ако шетаме... Таа со тек на време го засака , но сепак ја имаше онаа бариера, и истите ставови кон животните, скитниците и.т.н Фати дечко. Одеа четири години. Тој пак ко за инат обожава кучиња но неговите не му дозволуваа да чува дома во стан. По четвртата година во врска се одделија да живеат заедно. После само една година заеднички живот, дечко и и донесе дома куче. И тоа не некое малечко, туку МАЛАМУТ!!!! И мене ми подрипна желудникот кога ми кажа.... Знам мало слатко ќе го помине некако. Но кога ќе порасне, што? Ќе го чува на тераса? Плус Маламутите се 30 пати по темпераментни од лабрадорите. Потребна е огромна грижа, ангажман, нерви... Си велам: греотка кутрето, прашање на време е кога ќе го даде..или ќе се испотепа со дечкото или со кучето. Се јавив, да и кажам дека доколку постои проблем ќе го вдомиме на сигурно место кога и да посака за да не заврши на улица... Од тогаш помина цела година...ЛУЃЕ МИ СЕ СМЕНИ ДРУГАРКАТА! После треттиот месец кога се видовме ми кажа : Колку ти се чудев порано!!! Неможев да те сватам! Сега потполно те разбирам за што ми збореше! ( сега дури заедно заедно спијат, прекрасно си живеат во заедница, заедно ги трчаме кутрињата. И погледот кон кучињата скитници и се промени.) Вели: Сосема поинаку ги доживувам! Кога ќе им погледнам в очи го гледам Бак. Сума сумарум : Од мене толку на темава... (сакам само на Тренди уште да и дадам одговор на неколку реплики, меѓу кои и онаа за Хитлер, ама тоа ќе биде троа подолгичко слутам, па ќе го оставам за другпат)
Нема правда Значи треба да се прави разлика кој кучиња скитници треба да се успиват а кој не! Ако кучето е болно од беснило или премногу агресивно без можност за корекција, во ред секако тоа куче нема иднина, НО кучињата што одат од канта на канта, со паразити што можат да се исчистат за 3 дена и повеќе се плашат тие од луѓето одколку луѓето од нив треба да се згрижат СООДВЕТНО за вдомување, не секое улично куче е потенцијално болно или агресивно, па ајде сега ќе убиваме се по ред, државата за тоа треба да обезбеди средства ама тоа е друга прича и проблем, ама во никој случај не е решение на проблемот убивање на СИТЕ скитници. А ако некој веќе има фобија од кучиња не треба да минува таму кај што потенцијално има кучиња, бидејќи нечија лична фобија е само негов проблем, а не да бара да се убијат сите кучиња на улица бидејќи му се страв да пројде покрај куче. И не верувам во тоа дека луѓето што не сакаат животни не сакаат ни луѓе, некој не сакаат животни бидејќи не биле со нив во контакт како деца или биле плашени со животни како на пример кога ке поминам јас со моето куче и слушам како некоја баба му вели на внучето леле бегај од кучето ке те касне колкаво е огромно, и нормално потоа детето ги избегнува кучињата и се плаши.
Нема правда Јас ќе зборувам конкретно за реонот бивша последна 5ка и 15ка, сега е претпоследна станица. Значи моја најдобра другарка живее одма преку патчето во првите куќи. Јас неминовно морам да поминам од таму, нема буквално од кај да скружам лево или десно, освен ако не сакам да стигнам едно 2 часа подоцна кај неа за обично кафе. Таму просекот е секогаш 5-10 кучиња скитници, зборувам со сигурност за тој дел, не трескам напамет и ниту се мачени, ниту угнетувани, напротив, така добро се згоени од околните сендвичарници, мислам дека домашно куче не е најадено толку како нив. И лаат по се живо и диво и буквално напаѓаат во глутница. Се з'гнуваат по луѓе, па ако недај Боже носиш ќеса со тебе, подобро чувај се. Лаат и трчаат по коли и дури сум видела со свои очи како напаѓаат домашно куче, кое некој си го изнел да си го шета врзано со синџир. Другарка ми која нема страв од кучиња и дури и ги сака, од нив има уплав и 25 годишна девојка се враќа дома од град и им ѕвони на родителите да ја пречекаат на последна. Ама, во право сте, што зборувам јас, тоа си е мој / нејзин проблем, реално нели, не треба да минуваме каде што потенцијално има кучиња, бидејќи мојата / нејзината лична фобија токму од такви кучиња е само наш проблем и ничиј друг. Побогу, тоа е само патот до нејзиниот дом, тууу, јас па не знам што се запнало девојчево да си оди дома . . . Ама што зборувате вие луѓе на моменти, најсериозно, верувате дека ниту едно куче - скитник нема потенцијал да нападне едноставно, без провокација? Или ако нападне, има аргумент - било малтретирано од детството, па ајде му простуваме.
Нема правда Значи стварно не ми се верува до каде ја доведовте работата. Се воздржував да не влезам во дискусијава, но неможам. Како може да избегаваме да поминуваме таму каде што има кучиња?! Наш проблем е тоа што имаме фобија, епа нивни проблем е што се агресивни. Чиј проблем е поважен во општеството? Или јас да не излегувам од дома, затоа што на раскрсница пред зграда на прометна улица има една кучка по која се збираат џукели за да се парат и тогаш да фрлам јас пари за такси, само затоа што мој проблем си е фобијата. А пази, се собираат џукели огромни како магариња, оди помини во таков период! Предлагам на наредните избори, да кандидираме некоја џукела. Господе ми помогни, уште ова фалеше да го прочитам.
Нема правда Овие па...едните убедуваат зошто да ги сакаш,другите зошто да не ги сакаш...бог да чува. Не треба да се на улица,точно.Стационарите не чинат,кучињата се убиваат,точно и крајно неприфатливо.Додека не се најде добро решение нека живеат кај стигнат,почнаа да се стерилизираат,па треба време да се види крајниот резултат.Не е хумано да бидат убивани.Ако не лапаат по околните сендвичари,ќе бидат од оние шугавите и неуранети и така натака.Не е фер да биде убиено,а вие што сте цвикачи цвикачи сте.Напаѓаат,точно,ама напаѓаат кога ќе ти го осетат стравот.Ме заобиколила голутница кучиња,ќе застанеш мирно ќе си заминат,погледни едно строго,ќе се тргне ќе си замине,него човек ко човек,да не речам глуп,одма реагира и напаѓаат.Маваат со камења,маваат со што им дојде,а не размислуваат дека тие реагираат инстинктивно.Без ти прв да го нападнеш,тоа не напаѓа,факт! Не е страв во прашање,да бидеме искрени.Има луѓе кои сакаат животни и има луѓе кои не сакаат или се индиферентни кон животните и не може да ме разубедат дека е страв во прашање,па дури и од еден стаор што врти на центрифуга по цел ден.Имам една комшика цмиздри од мачка,страшна била.Кога доаѓа на кафе кај мајка ми,мачорот намерно и го пуштам,а тој пустиот е еден мил,со на толкава опашка и скока во сечиј скут,па кога ќе и рипне,намерно ја оставаме да попишти,да се позабавуваме,од толку пренемагања и ние нешто да видиме. Toчно е тоа дека се проблем,јас не го негирам,ама еве гледам само се жалите,а не давате алтернативи за хумано решавање на проблемот.Убивање не,стерилизација,да,еве се применува,бидете трпеливи ќе видите резултати.Ама точно е и дека стравот кој вие го имате во најголем број од случаите е ирационале,а и често од ете така ми е ќејф. И така дечки,тоа е.Купете си бар по едно златни рипче или хрчаче може ќе смените размислување и за кучињата,а еден ден пошо ќе бидам милионерка ќе направам дом за кучиња скитници и ќе ви ги решам проблемите.
Нема правда Од утре кога ќе поминувам на улица ако видам џукела ќе и се клањам и ќе и се обратам со "Повелете ваше височество". Господ да чува!
Нема правда Оффи не претерувај сега.Гледам и луѓе скитници сте вмешале,па што не иде,не иде.Па сигурно не плачам на куче скитник,ама ги ранам циганчињана у гтц секоја зима со бурек од жужу,сум им мрзнела по плоштади да собирам пари за бездомници,уште од средно сум киснела по хуманитарни акции,па никому ништо,ах да...само истото тоа циганче еднаш квалитетно ме ркна зошто немав во моментот ситно,ама нема везе,му простив,циганче е,не очекувам култура.Проблем од еден вид,мешате со проблем од друг вид и во ниеден случај не можат да се споредат.Сами ги правите тие споредби,па после викате дека не би ги ставиле животните со луѓето,а да бидеме искрени и луѓето се вид на животиња. Подраго ќе ми беше ако не се луѓето толку лицемерни кон луѓето,па да им откачат по некоја воспитна на тие што ги нервираат,а не утре врз мене да лечат фрустрации и комплекси.Има поголеми штеточини од едно куче скитник.Има поголеми проблеми во ова е*ано општество кое го уништува човекот полека,но сигурно (за ова полека и не сум баш сигурна),ама знаете како е,прво ќе почнеме од најневажното,а зошто сме кенкачи пар екселанс за другото ќе преќутиме и ќе потрпиме.За почеток,прва локација,државна болница во која еве во моментов новороденчињата ги коси опасна бактерија,па после кај сакате бирајте,има еден куп,ако ги решите тие битни работи,ова со кучињава најлесно ќе биде. Човек на човека е волк,човек е нелегално да убиеш,ама легнало е да го отераш у пи*ке си мајчине и ти и јас и сите,па еднаш за секогаш таквите да се уќутат и да живне општеството.Од таквите моменти тргнете,па после за џукците.
Нема правда AMEN FOR THAT!!! EDIT> Браво Лилитке! Јас ќе ти бидам првиот партнер во реализирањето на идејата!
Нема правда Те разбирам и се согласувам. Ама темата е за кучињата. Не реков јас, мудро молчев на темава се додека не прочитав да избегнуваме да минеме каде што има кучиња. Па чекај бре, кој е во општествово поважен? Затоа реков ќе им се обраќам со ваше височество. До таму ја дотераа работава.
Нема правда Па еве мојата другарка која е заколнат љубител на животни, дома чува и папагалче и маче и животен сон и беше да си чува Хаски, нека посведочи по ова прашање. Најинтересно е кога и се з'гнале 4 од нејзините кои околишаат околу зградите, спроти Бисер значи, она уште, цитирам: Јас насмеана, кути куцо, посегнала да им даде малку од ѓеврекот што и останал од појадок. Ама некако скинатите фармерки и отисокот од забите во десниот колкот ја премислуваат за хаскиво, а и ургентната посета до Клиника, трк во сета паника да провериме да не има беснило случајно, не беше баш забавно и супер крај на годината што ни помина, така што овој аргумент паѓа во вода. Имам и ред други, ама ме мрзи да објаснувам и да доловувам ситуации и настани. ДА, ГОЛЕМ ДЕЛ НАПАЃААТ БЕЗ ПРОВОКАЦИЈА, АМА БАШ НИКАКВА. ТОА Е ФАКТ. А што е , ако не е страв? Јас цел живот имам страв, ама вистински страв од куче. Можеби затоа што најраниот детски спомен ми е вучјак како скока врз мене, а јас со двете раце поклопена само се тресам и ќутам, глас не сум испуштила, а после тоа два дена не сум проговорила. Ама тоа сакало само да си игра, јас недружељубивата, ептен анти-социјална на 6 години, и НЕ - не сакам да привлекувам внимание кога некое ми се упикува, пробувам да не вриштам ко некои заклани, само се пикам во некој до мене и гледам да си замине што побрзо. Не глумам лудило, не барам внимание, едноставно е - се плашам. Чувам рипки во кугла, а хрчакот се прејаде уште одамна. Не менувам мислење за куче никогаш. Ги мразам и се плашам. Се обидувам да држам отворен ум за тие кои ги сакаат повеќе од сопствените деца и ако на стрелиште едно до друго ги постават кучето и мајката, би го одбрале слаткото кутре, да не ги осудувам оние кои спијат со нив, ги бањаат онаму каде што се бањаат и тие сами, ги бакнуваат, ги облекуваат, ги пикаат во чанти и што ли уште не. Значи нивни дом, нивни живот, нивни проблем. Од целиот пост само посакувам Лилитко да станеш што побрзо милионерка и да го решиш проблемот, т.е. да ги тргнеш УЛИЧНИТЕ кучиња од улица - потенцијален извор на зараза, галама, напади без провокација и еднаш реков грди се улиците преполни со такви мрцини, кои немаат апсолутно никаква намена и корист, ама некој се најде навреден , па ајде нема да го кажувам тоа пак.
Нема правда За Хајди: Браво за хуманоста и посветеноста. За Лудото: Сакаш животни, а дискриминираш луѓе? Кинезите јадат кучиња од специјален вид кои се одгледуваат токму за таа намена. Се убиваат исто како што кај нас се убиваат другите животни за јадење - во кланици. Крзно обработуваат и европските производители, а чевли од кожа се прават секаде низ светот - не кај "косооките". Ако веќе гледаш така - ние јадеме телиња и крави, што во некои земји се сметаат за свети. Не е праведно кога некој ќе рече: Сакаш кучиња а има луѓе кои живеат полошо, зашто хуманост е хуманост - не значи дека треба да престанеме да сакаме животни. Но примеров со Лудото ме бодна во око. На темава: Не се виновни кучињата скитници што шетаат по улици. Тие треба соодветно да се згрижат. Не да се убиваат.
Нема правда Абе ајде, и јас се согласувам со Лудото... дека немаме друга храна па мачки, кучиња, бубашваби и тарантули ќе јадам... тоа е стварно откачено... А зар има и кучиња од специјален вид што се јадат? Да знам која раса е најфкусна коа ќе одам во продавница да си купам. Чивава, пудлица, боксер можеби доберман или пекинезер?
Нема правда Ако Кинезите се виновни што јадат кучиња тогаш и ние сме виновни што јадеме крави. Што е повеќе кучето од телето? Се убиваат исто како што и кај нас се убиваат животни. Ако веќе ги обвинуваме ним - и ние сме подеднакво виновни. Тие се различна култура и традиција и кај нив се јаде тоа.
Нема правда Оффи,не одиш и на места каде што има луѓе кои не ти се допаѓаат или одиш и им правиш лицет.Тоа е. Трендафилка и јас имам еден спомен од најрано детство заради кој би требало да бидам мизантроп невиден,ама не сум.Ги сакам луѓето или бар не сите,некои,а и не морам срдечно да ги сакам,но сепак нешто ми значи што ги има,па се трудам вака или онака да го олеснам животов на планетава и не се трудам да го уништам човештвото.Како и да е и мојот најран спомен е грд ради луѓе.Имам уште еден спомен,не бев толку многу мала,ама е спомен,ама Тетово беше далеку,не се случуваше у центар на Скопје,сите пиеа кафиња по кафичи.И што да правам,да спалам се живо и диво само затоа што тие луѓе ме истрауматизирале?! Се фаќате за проблем,не давате решение или решението ви е крајно неприфатливо,као убивање на кучиња.Јас не реков дека местото им е на улица,јас реков дека нема решение барем сега за сега и нека се таму каде што се,крајно нехумано е да бидат убивани.Од едниот начин,треба трпение ќе ги снема самото од себе.Ајде,ќе направиме акција,да собереме пари за стационар Вардариште,соодветно да бидат згрижени и стерилизирани,да бидат вдомени од кој некого или да си умрат таму од природна смрт,ама соодветно нахранети и намирени.Ама нема да сакате,неважно што ви е вас во интерес,вие едноставно ги мразите,зошто да се грижите како ќе завршат. Вдоми куче,можеби ете како другарка ти ќе го надминеш проблемот и ќе разбереш како функционираат,шо да ти кажам или пак мачка,како покрупно животинче кое бара поголема нега.