1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животните

Дискусија во 'Дом' започната од Gordana10, 27 април 2010.

  1. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    205
    Нема правда

    Баш дека шириш страв, тоа осеќа и затоа ќе те нападне. Не само кучето, и многу други животни..


    Недостаток на емоции??? Ова ако конкретно на мене се мислеше, да ти кажам само голема грешка имаш. Да, точно е тоа дека (знам и лични примери) луѓе изгубиле драги и блиски личности па си бараат утеха во тоа што ќе земат милениче. Ама јас, нит љубов ми фали, нит внимание фала богу, имам родители и сестра кои премногу ги сакам, имам долга врска, имам прекрасни пријатели, не ми фали ништо!!! Ова со кучево е само еден голем плус.. Да, знаат како да ти го направат животот поубав, поинтересен, ако знаеш како да ги третираш! Чувај ти дома така, израсни со него, ќе видиш дали нема да ти стане дел од фамилија. Куче ако те засака, од него постојано ќе добиваш безрезервна љубов. Од човек безрезервна љубов неможеш да добиеш ;)

    Ама џабе збориме, џабе се докажуваме, вие со едно, ние со друго мислење.
    И со каков заклучок дојдовме???
    - Не ни чинат уличниве кучиња, па ајде сите живи ќе ги палиме, не не, уште подобро, со шипки пред сите ќе ги бодеме кај стигнеме (лично јас сум била сведок на ова :puke: ) жално но вистинито. :doh: Малку забегавме со темава, ја преоптеретивме ама ај.
    Толку од мене. Ајт позз девојки :*
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.566
    Нема правда

    Неповрзано со никого,да не сфатите погрешно ... и јас познавам луѓе кои мразат животни,вечно се незадоволни,мразат и луѓе покрај животни и не гледаат ништо друго освен сопствениот задник и нивните потреби,едноставно премногу се себични за да се грижат за некој друг освен себе.
    Генерализации правите невидени.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Тоа е друго, самата рече да не се споредуваат луѓето со животните а еве ти правиш споредба. Нема смисла да одбегнуваме да поминуваме таму каде што има кучиња. Како може? Морам да поминам каде што се кога излегувам. Од каде и да вртам покрај таа раскрсница морам да поминам. Крајно бесмислено е, ради тоа што глутница се собрала да се забарикадирам дома и да не излегувам. Засега решение нема, па бидејќи не се понудува решение, се трујат голем број на кучиња. Јас признавам да не ми е страв лично толку многу од нив, јас ќе ги иструјам тие што се врткаат низ маалово.
     
  4. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    205
    Нема правда

    Се надевам дека ќе ви предизвикаат мала насмевка на лицето :* :* :*

    <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/aphIajrs50I?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/aphIajrs50I?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>



    <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/WsVGWyrRMVw?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/WsVGWyrRMVw?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>


    <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/7bcV-TL9mho?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/7bcV-TL9mho?fs=1&amp;hl=en_US&amp;color1=0xcc2550&amp;color2=0xe87a9f" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>
     
    На BoaVista и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.566
    Нема правда

    Труј ги,се додека немаш проблем со совеста.

    Затоа ви реков,први за мрчење,никој за иницијатива,а па најмалку тој што е засегнат.А најмалку пак иницијатива која е општо прифатена од сите,а не само од поединците.Оние што врекаат за заштита на правата на животните,никогаш не ги разбрав зошто нивните барања се движат ад екстремум,ама вака или онака секој може да извлече корист од нив,дури и оние кои едноставно ги мразат животните,заеднички да смислат алтернативи овие да си бидат заштитени,а овие другите очи да не им видат.Па сега си викам,дали си човек затоа што ете природата рекла да бидеш ти човек или тоа во тебе што го носиш е човекот?!Велите,сте над животните.Во ред,така е,ама бидете во вистинска смисла,смислете.Глупаво е да се чувствуваш надредено само затоа што си имал среќа да бидеш малку попаметен од повеќето животни,што значи ти ќе се чувствуваш исто и ако имаш некој не толку надарен со интелигенција и ќе си дадеш за право да се однесуваш некако,а уште повеќе е бедно да патиш од ароганција само затоа што си човек.Наместо во друг правец да се движат нештата и да се смисли алтернатива која е прифатлива за сите,тука одма труења,глупости,екстрем невиден.Не сакам да мешам една поинаква тема тука,зошто не и место ама мислам дека сепак е соодветен пример за човечката себичност.Ако си ти нешто над,биди навистина над,покажи ум и дај алтернатива.
    Ете мојата е таа,само што сум била сведок на хумантиарни акции каде се работело за луѓе,па не се сакало да се помогне,затоа не сум ни многу оптимист ни за ова.А ако сакате,има начин,има многу начини.Иницијативата е битна и желбата да биде добро за сите,а не само за Офи,Трендафилка или Лилит и тоа нив ги прави нив со право над кучето кое гризе,само затоа што е животно кое делува по инстинкти кога се работи за преживување,а нема развиен говор за да ти рече,ете заради тоа те гризнав.
     
    На mims-89, x.Daisy.x, HeidiDiWalt и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Вака една општа статистика... Во групата за заштита на животни на фејсбук има преку 1000 и повеќе члена, кои цимолат за кучињата. Ако сите тие цмиздрачи таму вдомат по едно драстично ќе се намалат скитниците. Лицемерие до бол.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.566
    Нема правда

    Може имаат повеќе домашни миленичиња.Не можеш да знаеш,не можеш да кажеш.Не е во ред и да се чуваат повеќе од 5 животни како што знам јас.Јас лично,имам мачор,имав и мачка и маче,ги подарив,зошто требаше да дојде и кученце во мојот дом.Имам кученце,тоа е обврска и задоволство на татко ми,го чуваме во двор.

    Ќе ти кажам по ЛП што е лицемерно,па одлучи ти.
     
    На x.Daisy.x и HeidiDiWalt им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Знам дека е поубаво да се чува намирисана пудлица, чивава или како и да се вика чудото што Парис Хилтон го м`кне во торба. Таму протестираат, плачат, се лигават, а никој со прст не мрда.
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Нема правда

    Понекогаш е доволно да се укаже солидарност колку-толку за да бидеш сигурен дека тие луѓе не би ги повредиле скитниците.
    Би вдомила и јас, но немам услови да му пружам.
    Тоа ме прави лицемерна?

    *Парис Хилтон има мал милион кучиња вдомено,како и повеќето ѕвезди кои исто така донираат за да се подобрат условите во соодветните установи за чување на животните.
    Од каде ги ваѓате информацииве?
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Јасно е дека така сите можеме да покажуваме и докажуваме хуманитарност и солидарност, можам и јас да се приклучам, но тоа нема да ме направи подобар човек, ниту пак ќе се чувствувам подобро. Не реков дека Парис Хилтон не вдомува, само го спомнав чудото што го м`кне во торба. Секој од тие има услови да вдоми, ако не секој еве да речеме половината, сепак ќе ги снема од улиците.
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    фрли еден поглед во кинеските фарми за крсно и се ќе ти стане јасно!!! Од кога го видов тоа да, ми се згрози, и така ќе ги нарекувам! специјален вид за храна!?! прво,ако кучињата биле за јадење, и прапрапрапра баба ми ќе јадеше! епа баш заради кожата и крзното можеш да ми го прочиташ потписот! плус тие не јадат само кучиња, и мајмини и што уште не!!!Не знам дали да се смеам со нив, или да плачам


    едит- ПАРИС?? |( |( |( таа ЏАБЕ ИМА ДОМА 100000 КУЧИЊА (Т.Е 23 ИМА) КОГА ТАА НОСИ КРЗНО!!! ти ако сакаш кучиња бре, крзно ли ќе носиш?? (и тоа крзно и од кучиња) Абе ајде... Таа само сака да се рекламира демек ЈАС МОЖАМ ДА СИ ДОЗВОЛАМ 23 ЧИВАВИ....јас таквите како нејзе не ги сметам за личности бре! Уште да ги нашминка, да ги напудри и часовник на рака нека им стави!!! Таа ќе чува? Тие и се нејзе реклама за надвор...Кој знае што прават дома? Да не станува таа во 03 на -10 степена и да го носи надвор да мочка!? Или ако му се приигра во 04 сабајле да не ќе стане да игра со него?Да,Да!!!
    Е ваквите ги мрзам, а не тие што не ги сакаат животните! ПОДОБРО НЕ ГИ САКАЈ И БИДИ СИ ИСКРЕН, НЕГО ЛИЦЕМЕРЕН КО НЕЈЗЕ (Ја земам за пример сега нејзе зашто за нејзе почнавте да дискутирате)
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.190
    Допаѓања:
    56.713
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Е баш сакав и јас да спомнам нешто слично.
    Да не ме разберете погрешно: многу сакам кучиња, ПРОТИВ труење сум.
    Ама единствено нешто што засега би им помогнало е да се вдомат од добри луѓе. Па наместо да се купуваат скапи кучиња од легла со педигре и потоа да се проповеда за заштита на кучињата - подобро би било тие што имаат можност и што сакаат, да вдомат бездомник.

    Темава е многу комплицирана и не можам да заземам децидно една страна. Еве ќе ви кажам пример: дедото на една моја другарка шеташе по кејот на Охрид пред неколку години и го нападна глутница кучиња. Тој најверојатно се преплашил и паднал. Човекот умре на лице место од инфаркт.
    Кучињата тука не можеме да ги оправдаме, но според мене виновни се одговорните на градот што дозволуваат да шетаат такви групации по улиците.
    За труење и убивање не станува збор, зашто човекот баш поради тоа што е на повисоко ниво на свест од животните - не треба да ги решава проблемите како нив. Значи треба да постојат посебни прифатилишта кои ќе се грижат за кучињата, а тој што сака да посвои би отишол и би си одбрал кученце. Тоа е решението според мене, и не е невозможно.

    Едит: За Лудото: го сфаќам тоа што ти пречи дека јадат кучиња. Ама реков дека и ние сме подеднакво виновни што јадеме животни. Кинезите не земаат миленичиња од дома па да ги убиваат, туку кучиња кои се одгледуваат за јадење - како кај нас кокошки.
    Ти можеби не носиш крзно, ама сигурно дека Европјаните носат, па во твојот пост не ги спомна нив. И јас не оправдувам носење крзно. Ама не оправдувам ни расизам.
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Офи проблемот со кучињата скитници за жал не може да се реши само со вдомување. Еве под претпоставка да се вдомат 70 % од уличните кучиња, останатите 30% за неполна година пак ќе се дуплираат и само ќе тапкаме во место. Државата т.е локалната самоуправа на секој град треба да превземе иницијатива да ги стерилизира уличните кучиња и да ги врати на местото од кај се земени. Тоа е единствениот метод кој истовремено е и хуман и успешен за да се реши овој проблем. Ама како за многу работи во државата, така и за ова локалната власт не сака да издвои ни денар, а сака да се реши проблемот. Епа нема! И сега кога ситуацијата им излегла од контрола, најлесно им е да наредат на ловџии да ги убиваат кучиуњата со пушки и да ги остават по улиците или пак да ги заловуваат и да ги носат во Вардариште каде што ги убиваат на најсуров можен начин, зошто нели и инекцијата за еутаназија се наплаќа. Јас и претходно се изјаснив на темава, ќе напишам пак, НЕ ПОДРЖУВАМ НИКАКОВ НЕХУМАН ОДНОС КОН ЖИВОТНИТЕ. Не се сметам за хуманист, вдомувам улични кучиња од љубов и од што ми се мили, од што ми е жал за нив, нон стоп некое трчка по мене, до работа, до дома, комшиите ме прогласуваа за кучкарка, па нека сум и кучкарка, тоа е :D
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    Да да Глам, јас сфаќам, што сакаш да ми кажеш... :) Ама ајде НИЕ СМЕ НАВИКНАТИ да јадеме крави,свињи,кокошки...Но, ова ПОНОВО Е(некоја мода ли) со кучињава, тигрите, шимпанзата!Јас лично имам видено слики, дефинитивно ќе ја превртам цела Мотика да ги најдам... Од улица ги собираат мачињата ВО КИНА во огромни камиони ги ставаат и ги носат на колење! МАЧИЊА! мислам јас не знам некој да има домашно милениче кокошка, крава итн(мислам дека сфаќаш што сакам да кажам) ама ајде... Веќе кога свињите,кравите, кокошките ја доживуваат ТАА СУДБИНА што ЗА ЖАЛ нема да се смени, зашто мора нов бренд да излезе? со мачки, кучиња и така натака??? Мене тоа ме нервира!
     
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Нема правда

    НЕ Е ЧУДО, ТУКУ Е КУЧЕ!
    Како тоа сега ми зборуваш за правда кога со потсмев се изразуваш?

    Секој ја покажува неговата хуманост на различен начин.
    Јас ако не вдомам куче, не значи дека немам однесено стара облека во црвен крст, не значи дека не сум донирала пари.
    Но, бидејќи јас немам услови да вдомам куче, јас сум лицемерна, јас сум лоша личност.

    Како што реков, славните имаат милион кученца дома, барем Парис Хилтон ги има во изобилство.
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  16. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    844
    Нема правда

    Мислам дека имам пишувано еднаш во темава,но неможам да се воздржам и да не прокоментирам пак.Само да им кажам на оние кои се обидуваат да докажат дека Трендафилка и Оффспринг се нехумани дека ако не сакаат не мора ни да се трудат,зошто воопшто нема да сфатат некогаш каква е таа фобија од улични КУЧИШТА! Јас целосно ги поддржувам и двете,како девојче кое три години одеше на училиште со такси или со мамичка за рака,како некој кој имаше страв да излезе од портата да не случајно повторно биде нападнат од глутница (најмалку 6-7 кучишта беа мислам,а исти како волци :x ) Е,ајде после речими да не поминувам каде има кучишта и дека мојата фобија е мој личен проблем! Па зар не требаше да одам на училиште заради мојата фобија?? Пошто јас бев нападната на патот кон училиште,од рани зори и едвај комшијата ме спаси од забите на ѕверовите( а имав едвај 7 години).Сеедно,да не се повторувам со истите зборови на гореспоменатите форумџики,само да кажам НИКОГАШ нема да ги оправдувам уличните кучиња и тврдам дека ТИЕ НАПАЃААТ И БЕЗ ПРИЧИНА!!!
    ~ Сепак и да ве известам дека сите од моето семејство постојано донираме облека и средства бидејќи имаме! Да не случајно ме наравите нехумана и нечовечна. Аа,и да ви кажам дека другарками има една прекрасна малечка пудлица која обожавам да ја гледам како си игра со другарками,НО,пустиот страв не ми дозволува да се доближам до милото суштество.

    И да ги пофалам сите оние кои вдомуваат кучиња,на тој начин си го зголемувааат задоволството и правам добрина!
     
  17. MileyCyrus1Fan

    MileyCyrus1Fan Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    130
    Нема правда

    Зошто не ја крстите темава "Кучиња"
    Не дека ги мразам,напротив јас многу ги сакам кучињата но освен кучиња не спомннавте ништо друго.Има многу други случаеви кога не е праведно кон вас,не само кучињата.
     
  18. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Споредуваш нешто што не е исто...

    Кравите, свињите и кокошките години, векови унапред се храна за сите луѓе... И сеа на кинезиве не им е доволно тоа месо, па кучиња и мачки ќе јадат, а некои и бубашваби, стоногалки, тарантули и црви... :puke: :puke: :puke:
     
  19. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    ^ Па за нив е темава направена. (Ова за Мајли)

    Мене, ме има нападнато глутница, ама не ми се случи ништо. Односно вака беше. Одевме со другарка накај дома, и ни се с'снаа 5-6 кучиња, и знаете зашто беше тоа? Зашто оваа мојава "паметна" другарка, не веруваше дека ако им викаш ‘‘сссс‘‘ ќе те нападнат. Јас и викам, Немој, таа не, ништо не ни прават, и кога почнаа да трчаат накај нас, она позади мене се скри, и почна да пишти. Јас само го држев ќесето пред мене, и еден човек со кола накај нив се упати, и избегаа. А околу нас 20 други луѓе, никој абер нема да помогне. Е ај сега, она нека си ги с‘ска кучињата, и нека не верува.

    И сега, јас заради ова треба да ги мразам? - Не, воопшто. Сеуштеа настојувам да го убедам татко ми да земе повторно лабладорче...

    Да се надевам.
     
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    И сеа луѓето се подобри најдобри а? (ова за оние што викаа дека човекот ќе ти помогне повеќе од кучето, не се однесува на тебе Дејзи :) )
    А тие дваесетина луѓе отстрана дремеа...

    Да кажам и јас една случка:
    Има кај мене во мало еден човек со проблеми, не може да се движи многу добро. Една вечер едно куче предтоа с’скано од едни дечишта, почна да му лае на човеков. Тој почна брзо да оди, али пошто има проблеми падна долу на земја. А на автобуската имаше исто околу дваесетина луѓе - и сите стојат и гледаат, никој абер да помогне да го крене човекот или да го смири кучето. Јас станав и му помогнав на човекот, а кучето го смирив. И тоа неколку минути потоа дојде тука до човекот, квичеше, плачеше како да му се извинуваше...

    Едно прашање: зошто луѓето не помогнаа ако се толку свети? :^) И ако човекот може да ти помогне зошто не помогна никој? :^) |(
     
    На cherry.blossom и ludoto19 им се допаѓа ова.