1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животните

Дискусија во 'Дом' започната од Gordana10, 27 април 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    ццц...A јас имам со свои очи видено како кучиња имаат нападнато еден Pом, на точак( Hе знам зашто, ама кучињата увек ги лаат нив бре?? :?: ) и еден комшија се стрча со стап ги збрка!Aма тие Oгромни кучиња беа...Cреќа што побегнаа... Mуабетов ми беше, дека фала му на бога, уште има хумани луѓе...

    Eдит- имам кажано дека и мене ме има закасано куче...
    Eпа вака се случи се... имав накај 10 години, и се враќав од некаде, приквечер беше...има тука едно куче, ама цела зграда го чува... Kако на 2 спратa ќуки се...и поминувам јас од таму, слушам лаење, значи изгледа дека кучево беше нафурано од нешто...и јас се најдов во тој момент таму...леле кога ме збрка, мене срце во петица...почнав да се качувам на 2от спрат од зградава...Tоа по мене! и ме фати на тесно!леле, како ме згриза за ногава!

    искрено- до ден денес не сум поминала од таа патека, уплав ме фати :lol: Kога ќе го видам кутрево на улица, се препотуем... :lol: Aма ете, не го мразам само му се плашам :lol: , и не ги замразев кучињата, јас искрено премногу ги сакам! Cе уште знам да се препотам кога ќе видам толпа кучиња, но, толку ми е 2-3 секунди, и си поминувам, знам дека ништо нема да ми направат :)

    HO сите сме различни!!! Jас искрено не осудувам некој ако има фобија од куче! TOA E TOA и готово!
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.190
    Допаѓања:
    56.713
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Не е точно тоа дека сега им текнало, туку им е стара кулинарска традиција. Со векови кај нив свињата и кучето биле на исто рамниште. Само затоа што во нашата култура не е прифатливо јадење кучиња значи дека Кинезите се варвари?
    Немој да ме сфатиш погрешно - јас лично не би јадела, но малку ми е лицемерно да се критикува културата и навиката на една нација кога и јас сама јадам месо од животно што се смета за свето во некоја друга култура.
     
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    Aма незнаете како беше, јас стојам со кесата предмене, другарка ми позади мене пишти, солзи во очите, а луѓево, ко од стакло да сме, ко да не не гледаат, си зборат... Среќа човекот со колата застана измеѓу нас, можеби ќе добиев некоја повреда.

    За мене свињата и кучето не се на исто ниво затоа што Со свиња, неможеш да си играш, нит пак со крава, неможеш да и кажеш седи, таа да седи, неможеш да ја научиш да моча надвор, неможеш да ја шеташ. (Можеш да ја шеташ, ама тоа би било freak-овски, во најдобар случај сите би ти се смееле. Кучето, се гали, си игра, те забавува, а свиња, или крава, искрено не сум видела да го прави тоа. Ќе си се држам до кучето, сепак.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Каде зборувам за правда? Јас си го кажувам моето дека не ги сакам и ми пречат, и искрено во мојов живот досега не сум видела толку борци за правата на животните. Не дека јас се дружам или сум се дружела со незнам скотови, па да го извадите тоа дека од каква околина доаѓам, таква сум. Сериозно, не сум чула досега освен на форуми некој толку да се ангажира за правата на животните. Дали тоа во реалниот живот изгледа поинаку незнам, ама најверојатно. И пак ќе речам, ако немаш ти услови, имаат други барем 50% што се во групата зачленети. Не зборуваме за хуманитарни акции какви што кажа ти, држи се до темата, станува збор за кучиња овде. Ете ти немаш услови, да речеме еве груба проценка 50% имаат услови. Зошто не ги вдомат?! Ако се толку големи борци за правата на кучињата, зошто не ги вдомат?! Еве јас не ги сакам, не ми биле мили никогаш, имам страв од нив и воопшто пред да ми се јави стравот кој не сум го имала од секогаш, ни тогаш не сум се притресувала нешто особено за кучиња. Маче би чувала, и имам чувано, ама кучиња не сакам, поготово несакам такви што тресат крлежи наоколу, особено летно време кога ќе видам како се драпаат по тревниците низ парковите каде што си играат мали деца. Особено не сакам од тие што им течат зелени лиги од устата и особено не ги сакам оние крастосаните што смрдат. добро ли е крастосано крлежосано со зелени лиги куче да живее и шири зарази, кое е потенцијален кандидат некое дете да заврши во заразно? Во една прилика на темава поставив слики од нападнати ДЕЦА од кучиња, ама беа вознемирувачки, па ги тргнаа. Што е поважно? Дете или кучиште кое е извор на зарази и болести?
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    70% ќе се вдомат, останатите нека се кастрираат. Јас мразам лицемерие. Отворена сум на темава како што кажав повеќе пати не ги сакам кучињата и нема да ги засакам. А што е со оние 1000 и кусур во групата на фејсбук?! Нели е лицемерно?! Ако толку ги сакаат ќе ги вдомат, без разлика дали тие ќе се накотат пак, од љубов ќе ги вдомат. Но како што реков, подобро ќе чуваат пудлица намирисана со розе машна, него скитник куче што душка по контејнери. Не велам ова за тебе, убаво што ги водмуваш и верувам дека не спаѓаш во оние што ги спомнав од фејсбук. Општо кажувам.
     
  6. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Нема правда

    Не размислуваш како што треба.Јас ги сакам кучињата и би сакала сите можни кучиња да ги вдомам,но едноставно моментално немам услови за повеќе од едно,но кога ќе живеам сама секако дека ќе чувам :)
    Куче си е куче,расата воопшто не е битна (бар за мене) имам чувано и обично куче што воопшто не ми претставувало проблем,поубава беше дури и од расниве,но ете таква и било судбината. :(
    Ме нервира што повеќето луѓе мислат дека расните кучиња се попаметни од обичните, искрено ги жалам тие што мислат така.
    Казната за тие што убиваат кучиња може да се казни само со смрт.Сеуште си стојам на тоа :^)
     
    На Melody13 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Ама еве, ти немаш услови, нема и некој друг и трет... Ама голем број од активистите во групата сигурно имаат услови!
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Нема правда

    Офи морам да напоменам дека и мачките се потенцијални преносители на милион бакцили помалку или повеќе од кучињата, со самото тоа што омилената храна им е стаорци, исто имаат крлежи буви итн... без разлика дали ја чуваш дома или е улична мачка неможе да гарантираш дека домашната мачка никад не кснала некој глушец... а од тие канализациските стаорци доаѓаат сите болести.

    Имате право за тоа лицемерие за кое зборите во врска со вдомувањето кучиња, и мене ми се греота што така талкаат по улиците и што сеуште нема видливи резултати од овие организации за заштита на уличните кучиња ама тоа е! Ако сакаме да се искоренат уличните кучиња треба секој сам да појде од себе, ти сметаат? тогаш пријавувај секој ден, ќе дојдат ќе ги соберат, треба да апелираме до сите и да се собере некоја донација од граѓаните (пак мора од нас иако и за леб се трпи :@ ) затоа што на Грујо и на Коце нема никад да им текне, фали уште да дигнат споменик за кучињата а тие да се врткаат околу него!
    Голема опасност се, извор на секакви зарази. Ама кога велите дека без причина напаѓале погледнете некој документарец луѓе проучувале и дошле до таков заклучок дека без причина не напаѓаат, секој има различно искуство да тоа не го оспорувам но ете има нешто што ги тера да нападнат некого, не ги оправдувам ниту бранам уличните кучиња во никој случај.

    Исто кога збориме за вдомувањето да сите ние што обожаваме кучиња би си вдомиле чувале или незнам што. Признавам ги сакам само расните кучиња, ни под разно не би чувала џукелче иако имам чувано, но знаете зошто... затоа што куче да се чува е голем трошок и голема одговорност, и да ќе купам расно куче ќе го чувам ќе го размножувам и ќе продавам кучиња! Секако ми требаат средства за да го чвам не сум толку моќна финансиски и немам моја плата па да двојам за кучето посебно.
    Ги сакам кучињата ама таа е реалноста, и јас сум таа што е искрена 99% од луѓето пре би зеле расно куче од кое ќе може да си тераат бизниси одколку да вдомат улично куче, секоја чест на исклучоците. Ова навистина се претвори во бизнис да, добро и плежр донекаде. И кога некоја расна кучка ќе ја оплоди џукелата од маало која и се пикнала у бокс каде одат малите „изродчиња„ на улица некаде што подалеку од дома така? Имав и јас таков случај ама се погрижив да се вдомат не ги фрлив.
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Јас пак сосема спротивно од тебе. Имам услови да чувам расно куче и да го хранам со специјални храни, ги сакам и расните кучиња, само што никогаш до сега не се осудив да купам расно куче. Не од недостиг на средства или нешто слично, туку поради тоа што знам дека тоа за расно куче ќе се најде некој што ќе го чува и ќе го храни, а уличните за жал секој ќе ги потклоцнува и мава со камења. Од таа причина, што се толку многу незаштитени, мене ми се помили и некако повеќе ги сакам уличните. И најискрено моите улични кученца(добро веќе не се улични) не би ги менувала за 10 расни. За жал повеќето од нив ми настрадаа, едно ми отруа, друго ми го отепа еден комшија. Сега имам само една женка Берта :) и еден мачор.
     
    На cherry.blossom, Shila89 и Alanna им се допаѓа ова.
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Нема правда

    1 Нажалост нема Offspring само на тој начин
    -Или пак купи си голем шарпланинец и шетај го низ улици ке видиш како сите кучиња ке се исплашат ке бегаат ко луди

    2 Кинези не јадат кучиња

    3 Местата каде што кучињата се собираат се најчесто околу кантите , и парковите (Двете важни места каде што човекот фрла ѓубре и ужива во летните часови)
    Така да Offspring неможе да ги избегнува :lol:

    4 Тие што се на Facebook "заштитници" се ставени тамо за кога некоја убава девојка ке ги манијачи ке види еј овој сака кученца леле ....

    5 Парис хилтон ти е на високо ниво со високи врски , воедно таа може да убие човек и да не одговара за тоа

    6 Oффспринг ке се чуствуваш подобро ако им помагаш на кучињата ,ке ти биде подобро мислејки дека више нема да те закачаат

    7 Кастрирање едиствен начин ? има милиони кучиња ниедна мрза нема да се мачи сите да ги кастрира кога може споменик да изгради на кучињата и да го реши проблемот

    8 расата е битна има секакви кучиња со секаков карактер како и раса , некои раси се уште од мали лоши ,некои никад не би нападнале , некои пак после 20 год чување полудуваат и мора да се убијат.

    9 Ако гледате на преносливи болести и умирање ,можете да се пазите од кучиња цел живот и на крај да ве згази кола, или да ве убие човекчко суштество или било што ...

    10 Колку само имам аргументи против трендафилка ама бидејки многу чита книги се плашам вербално и психички да ме закопа па ке се држам настрана...


    Благодарам за читањето на мојот пост се надевам малце ке помогне барем
     
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Нема правда

    Офспринг, не се изрази соодветно.
    Од една страна делуваш заштитнички кон кучињата,за веќе во наредниот пост да прочитам "чудото што го мкне Парис Хилтон"-затоа ти реков дека и тоа е животно,кое очигледно е дека имало малку повеќе среќа од другите.
    На MTV гледај Озборнови колку кучиња и мачиња имаат.
    Многу славни се поддржувачи на ПЕТА и мислам дека сосема е доволно.

    За условите..ете немам да ги вдомам,но си имам едно куче-скитник кое е преголемо за да го чувам во стан,а секогаш го храниме.
    Сум чувала папагалче дома 7 и пол години,од кога ми умре верувај немам волја никакво животно да чувам дома.
    Но,тоа не значи дека јас треба да ги осудувам другите, поготово не во оние групи на фб.
    Тебе те нервираат тие коментари "какво е сwатко, леле срценце,леле го сакам"..ама примети сите се 12-13 годишни девојчиња шо истите тие го сакаат и ЏБ и Ефрон и тако даље.
    Бубачка некоја ќе им влезе во глава,ама родителот ако каже НЕ.. тие колку сакаат нека пишуваат.

    http://www.facebook.com/pages/SRCE-ZA-Z ... 3377435960
    Баш оваа група организирала повеќе успешни акции за вдомување.
    Не може секој во секое време да вдоми животно.

    За крај,ти го изјасна својот коментар зошто не сакаш да чуваш животинче, некој и тебе можеби те осудува исто како ти него,а можеби го има истиот тој страв кој ти го имаш.Ете имаше случај каде што хаска,чувана во домашни услови нападна 5 годишно девојче, целото беше шиено на лицето..сега е со лузна,а среќа само така што помина.


    Не им суди пред време,за хуманоста сакав да ти докажам дека и некој ако не вдоми животно,не значи дека е лицемерен и не е хуман човек,бидејќи можеби има направено многу повеќе од мене и тебе заедно нели?


    Како решение сега гледам само државата да ги поддржи овие кампањи и некое евро да потфрли натаму за да ги заштити животните,а воедно и нас од нивните напади кои се мошне чести.
    Ако сакаат за све можат да се одделат пари..но,тие за малата Мартина не дадоја пари за лекување бидејќи посекако ќе умрела,за животни ич не се ни надевам искрено.
     
    На Alanna и BoaVista им се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Нема правда

    :( :( :doh:
     

    Прикачени фајлови:

    На cherry.blossom, girl1985 и BoaVista им се допаѓа ова.
  13. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    ^ На Нова Година одевме низ жена парк, и гледам една жена од оние што собираат шишиња седнала на клупа, јаде лебче и му дава на кученце. Само ја погледнав се насмеав, и ја оставив кифлата на клупата. Колку жал ми падна... солзите ми навираа во очите, а овие децава, па ти луда да не си, за да оставиш кифлата ги даде парите?
     
    На girl1985 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.236
    Допаѓања:
    6.671
    Нема правда

    кога имав куче неможев на раат низ град да го прошетам од некој бездовмници .. можеби сум сурова но сепак мислам дека некој треба да ги згрижи сите кушиња кои се на улица , прегладнети ..
    и за нив ми е жал :(
     
  15. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Стравот од кучиња и мене ми е ирационален, несфатлив, но исто е, многумина и мојот страв од скијање не го сфаќаат.
    Мајка ми се вбројува во онаа екстремната група на фобичари,се скаменува од страв само од лаежот на куче во далечина.
    Стравот од кучиња и се манифестира со заривање нокти во кожа и тоа најчесто на мојата, се бута во мене и се вкочанува кога едно малецко безопасно џукелче ќе прошета на 50 метри од неа. Жената се претвора во страв. Иако стравот и се влече од детството во ликот на вучјак од кој има лузна на десниот ножен зглоб и верјатно ако Cezar Milan не успее да ја рехабилитира ќе ја следи (за мене ирационално) понатаму.
    За решението со справување со кучињата скитници, како, дали и на кој начин, темата е дискутабилна. Стравот не е оправдание да се убиваат скитниците по патот. Можеби убивањето е најефикасно, најбрзо и најекономично истрребување на кучешкиот род но и тоа не е бесплатно, а и секогаш ќе остане некое заспано кученце испуштено од превид, кое ќе го продолжи кучешкиот род. Државата треба да безбеди средства за куршуми, инекции, транспорт и закопување на лешевите. Требење со убивање(нема благ збор) е дискутабилен од хуман аспект и човечкиот однос кон живиот свет. Добро што не сме будисти, кои од респект кон животот, комарците и мувите не ги тепаат, оти постои веројатност дека следниот живот ќе се родиш како нивен роднина, дрво или не дај боже како куче скитник.
    Ако пристапуваме со селективно ништење на уличарите, според Хитлеровски метод, со метак во чело, палење во комори - буништа или нивно „благородно„ убивање не можат да бидат ефикасно и геноцидно истребени, оти, нели секој пат домашниот миленик може да стане уличар а и секогаш ќе има благородни души кои ке си ја натоварат грижата за нив и можат привремено да им обезбедат дом на скитниците, бар додека трае рацијата.
    Едно сабајле се згрозив, кога ме разбудија пукотници во градчето, а претходниот ден на локалните вести беше објавено да си ги прибереме кучињата, оти вечерва ќе ги ништеле џукелите, па се распукаа во 3 саатот сабајле и кое како затечено бам,еден метак, едно куче и броиш, а богами бројката не беше за потценување, а комшивката Бети во дворот собрала едно 15 - 16 кучиња и ќутат ко заливени, небаре осеќаат шо ги чека и чмаат се до следното утро, кога се распрснуваат на сите страни.
    Имаше бројни реакции и бунење од граѓаните, поради недоличното пукање, па наводно властите пистапиле кон нови хумани методи на намалување на наталитетот на кучињата со нивно стерилизирање.( Кој знае, лажат ли, наводно ги виделе посабајлечки натоварени на товарни возила некаде на Господ зад грбот ги носеле, никој да не чуе и види) .
    Природата е таа која селектира кој ќе живее, па колку сакаш убивај или штити ги загрозените видови, ако имаат природни услови за живот, пак ке опстанат, односно ќе умрат, ако немаат. А и последната џукела да биде истребена, кој ти гаранира дека некое педигрирано, размазено и разлигавено куче нема да те нападне. Не е за верување ниту во веројатности.
    Според мене, стерилизацијата и згрижувањето се вистинските начини. Време ќе си треба, ама ако доследно и сеопфатно во континуитет се работи, ќе се намали бројот, па ќе нема кој да ги заменува старите кучиња, на местото каде си ја означуваат територијата.
    Чудно ми е, во странство, не видов ни за лек куче да се шета на улица само без газда, а ги имаше милион. Да ги прашаме нив, што, како и зошто ама, пак ќе излезе дека проблемот е во свеста и парите.
    Идеја една. Нека се отвори во дисперзираните факултети дел за ветерина или специјално нешто за работење со кучиња, ионка првници и економисти ги има на кило, па да им се даде на младата сила некој денар, за проекти за згрижување, одгледување и третирање на овие кучиња.
    На денот на идеите на Владата ќе го предложам ова. :!:
     
    На cherry.blossom, x.Daisy.x, Alanna и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Нема правда

    Каков прост народ постои во нашава држава значи,тоа што го видов не ми се веруваше до толку ли се болни луѓево да земат со пиштол на диаболи и да пукаат по кучињата.Што им згрешиле бре? Да имам една пушка ке искочам и ќе ги барам таквите будали што се без мозок и без размислување би ги убила :devil: ова на ништо не личи.ПРОСТА МАСА :@ :envy: :puke: :devil: :punch:
    http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... 4438226027
    Некој идиот око му извадил на кутрево :@
    http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... 4438226027
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Нема правда

    И после мојот најтежок ден на работа,кога ја отворам вратата мене ме пречекуваат двете најсветли стакленца од очи,без да се мрштат поради мојата нервоза,без да прашуваат нешто, искрено се радуваат зашто сум дома!

    И после пет дневно болно лежење во кревет,бледа,со мрсна коса,прпадната тоа сеуште лежи до мене не напуштајќи го креветот освен за водичка и малку храна и не му е гајле што изгледам како монголоид.


    Зашто е тука без никакви барања и услови,ти ја пружа својата љубов и благодарност безрезервно и те сака било каде,било кога...мојата душа,мојот Роко :clap: Толку!
     
    На spellbound, cherry.blossom, girl1985 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Нема правда

    Сакам кученца ама мали ... Мразам големи кучишта кои се бездомни и шетаат слободно и во нашиот крај.. Немам некоја голема фобија од кучиштата но не ми е баш мило по мојава улица да поминам сама без улично осветлување и пред мене да излезат 5-6 кучиња.. Да да се собрале и лаат како ненормални демек јас или некој друг сме им направиле нешто па да не лаат.. Без причина докачаат... Нека се здомат некаде или што било не се потреби уличари по улиците како нив... :!:
     
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Денешен Вест
    Додека се движела по коловозните ленти, кон неа се стрчале 5-6 ку­чи­ња. Едно од нив се нафрлило врз неа и ја каснало двапати за зад­ни­кот. Другите се разбегале кога избезумената жена почнала силно да вреска и да бара помош. Притрчале нејзините колеги цариници и по­ли­цај­ци да ја извадат од канџите на разбеснетите кучиња. Во шок, же­на­та била пренесена во Кумановската болница каде што и била дадена ле­кар­ска помош.
    Мислам Ноу комент!
     
  20. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    :envy: Значи јас не познавам животно кое нападнало баш така..си одиш одиш и те напаѓа!! Цел живот сум со животни и вакво нешто не ми се случило.Каролине коста можам комотно да кажам од твојот пост дека ти ни најмалку не сакаш кучиња ами кога велиш дека сакаш само мали - сакаш играчка до себе, а не живо суштество.Во принцип кучињата се многу доверливи и пријателски расположени кон луѓето ако правилно се постапува со нив.Aко само малку му обрнете внимание и го видете со реални очи, наместо со страв и злоба, од нивниот поглед ќе добиете многу јасен одговор на што сте, дали може да го погалите, да му се обратите или едноставно да го одминете. Кучињата не се раѓаат сами по себе агресивни.Тие само соодветно реагираат на нашиот пристап кон нив и на сето предходно што научиле, како луѓето постапувале со нив, дали биле малтретирани или сакани. Кучињата имаат сликовита меморија и се раководат по неа. Е сега за системот по кој денес се решава проблемот со учичните кучиња.Страшно голема глупост. :@ Стапката на еутаназија од 60 отсто на уличните кучиња, не само што е срам за нашата држава, туку е и крајно неефикасен и неекономичен метод за справување со проблемот. Усмртувањето е последно нешто кон кое смее да се посегне при решавање на проблем со кучиња-скитници. Системот на залови, стеризлизај и врати признаен и од најголеми европски и светски здруженија како PETA, WSPA, Vier Pfoten, Prijatelji zivotinja, Brigitte Bardot foundation е хуман и ефикасен сам по себе. Mетодата на стерилизација ќе овозможува контрола на уличната популација и на нивната способноста да оставаат потомство, намалувања на агресивноста кај кучињата кои се во полов жар, како и спречување на заразните болести што се пренесуваат со половиот акт па со тек на време проблемот со нив ќе се намалува без притоа некој да си игра Бог и ги убива. :swear: Инаку настрана ги ставам сите оние кои ете се плашат од нив,и мајка ми се плашеше од мачки додека не и донесов 3 дома, па сега ги чува ко бебиња, :lol: но никогаш нема да разберам некој кој вели дека мрази животни и дека сите улични животни треба да се истербат. :@ И сега поубаво да се сопрам оти ова нема крај за мене.. :x
    п.с. Во прилог ете едно :devil:( |( ) улично куче :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • 4.jpg
      4.jpg
      Големина на фајлот:
      39,2 KB
      Прегледи:
      266
    • 3.jpg
      3.jpg
      Големина на фајлот:
      41,3 KB
      Прегледи:
      266
    • 2.jpg
      2.jpg
      Големина на фајлот:
      39 KB
      Прегледи:
      266
    • 1.jpg
      1.jpg
      Големина на фајлот:
      41,9 KB
      Прегледи:
      266
    На HeidiDiWalt и cherry.blossom им се допаѓа ова.