1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животните

Дискусија во 'Дом' започната од Gordana10, 27 април 2010.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    и јас сум ЗА заштита на животните
    во влезот во кој живеам имавме неколку мачки, ги хранев, ги галев, само кај мене дома што не спиеја :)
    многу пати сум приметила како истите тие животинчиња се малтретирани, силувани, и дури осакатени
    гревчиња да ги гледаш, леле греота ;(
    какви се тие "луге" што се иживуваат на животни бе?
    треба да се пријават во полиција, или нешто да се превземе

    а дека куче може да те нападне и без причина може еве и пример:
    мајка ми е растена со куче , цело детство го имале заедно поминато
    се додека на кучето не му се стемнило еден ден пред очи и сакало да ја нападне мајка ми , и почнало да ржи, па за срека била тука баба ми со цепаница дрво некако да го удри за да се тргне од мајка ми

    мене ме сакаат кучиња и постојано по улица кога ке сретнам некое , доага по мене, ке се свртам ке го погалам, со мили очиња ме гледа ама не се случило да ме нападне не дај боже скраја да е ппп да не се заречам
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    ;( во очите само едно ќе кажам!
    на тие што го прават ова им посакувам спора и болна смрт!........... и се најлошо...A ќе ги снајде..............

    http://forum.femina.mk/fajlovi/image/17532
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Едно големо :clap: за темава!
    Полиција за заштита на животните дефинитивно МОРА да има и кај нас! Животните треба да си ги добијат своите права. Сведок сум на често труење на мачки и кучиња. Кому му пречат? Тие си живеат некој свој живот, си шеткаат, ако најдат храна ќе јадат, ако некој им даде ќе скокнат од среќа...И зар тоа на некого му пречи?! Не сум видела некое куче или мачка да нападне некого од чиста мира. Да, испровоцирани кучиња знам дека може да те нападнат, но зар и она домашното милениче ако го замараш, тепаш и малтретираш не постои можност да те нападне? Постои!
    Не знам дали се сеќавате пред неколку години имаше петиција да се убијат сите улични кучиња?
    Се убија илјадници, ама не се искоренија. И нема да се искоренат. Секогаш ќе има улични кучиња од веќе добро познати причини. А со создавање полиција за заштита на овие животни истовремено ќе се заштитат и луѓето од напади. Ќе се заштитат и децата кои си играат низ парковите. Една ваква установа ни треба исто како што ни треба и дом за бездомници. Па ако може да има старечки дом зошто не може и дом за миленици оставени на улица?!
    Ако некој има смелост родителот да го остави во дом има и такви луѓе кои би донесле животно во дом, наместо да го остават на улица. Има и луѓе кои би вдомиле куче или мачка. Така, наместо кучето или мачето да го земете од улица не знаејки какви болести има во себе, ќе го земете од дом, чисто, капено, вакцинирано. А вака, има многу кои им помагаат на бездомниците (како мене), ги хранат, ги земаат кај себе дома или во двор, а би било многу подобро ако тие се вакцинирани и чисти.
    Животните имаат право да бидат заштитени и негувани, имаат право да не бидат напаѓани, имаат право на мир и спокој и имаат право на дом. Животните имаат право на живот!
    А мирен и безбеден живот за бездомниците ќе се обездеди само во моментот кога кучето од улица ќе премине во установа во која за него има место, во која ќе биде згрижено и во моментот кога ќе профункционира полиција која ќе ги штити нивните права и ќе ги заштитува од несовесни граѓани!
     
  4. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Првпат пишувам на темава и скоро цела ја прочитав, и морам да кажам дека ми е мило што на форумов има многу луѓе што ги сакаат животните. :clap:

    Како што повеќето знаат јас сум дресер на кучиња и одлично ја познавам психологијата на кучињата.
    Кучињата никогаш не напаѓаат доколку не се предизвикани.
    Кучињата најчесто ги напаѓаат оние што се плашат од нив, бидејќи оние луѓе што се плашат од кучиња кога ќе видат куче испуштаат миризба и прават поинакви движења и тоа кучињата ги вознемирува.
    Значи кучињата кумуницираат преку говорот на телото и затоа многу лесно кучињата можат да препознаат кој се плаши од нив а кој ги сака.

    За тоа што има улични кучиња по улиците се криви несовесните сопственици.
    Многу луѓе што чуваат женки од невнимание се случува да се спарат, и после тие кутриња завршуваат на улица.
    Многу сум против труење, убивање и малтретирање на животни.
    Јас уличните кучиња што се во мое маало секогаш ги хранам, а да можам и би ги вдомила, но за жал сум во стан, а да имав двор сигурно ќе вдомев неколку.
     
  5. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    И јас сум за заштита на животните и сметам дека треба да се превземат некои мерки во врска со тоа. Односно луѓето кои што ги малтретираат животните треба да бидат казнувани бидејќи само казната има моќ и влијание врз луѓето да не го прават тоа. Доколу нема казни тоа ќе продолжува и никој нема да ги спречува во тоа. Денес се почести и почести се случаевите каде што некој ги труе уличните животни или ги малтретира тврдејќи дека ги напаѓале жителите. Како што напоменавте во претходните постови причината за тоа е поради тоа што тие ги предизвикуваат, децата ги маваат, закачаат животните итн. Ако пак до толку сметаат дека животните ја загрозуваат нивната безбедност има центри како што се Варадариште кои ги земаат, вакцинираат, прочистуваат па ги пуштаат. Јас придонесувам за заштита на животните поточно заедно со мојата тетка редовно ги храниме уличните животни, а доколку некое е повредено го лекуваме. На тој начин имаме излечено голем бр. животни а после тоа ги имаме дадено на посвојување.
     
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    еве конечно паметни девојки, а не оние кокошкине кои скокаат ако куче помине на три метра од нив
    не можам да ги сфатам како можат да мразат суштество кое не им направило ништо
    А нормално дека кучето ќе лае и ќе те брка ако ти му фрлаш камења
    Јас апсолутно се согласувам дека треба да се превземат мерки за заштита на животните и исто така мислам дека тие што сакаат да земат да чуваат куче или маче можеби треба да вдомат некое од улица, но ова во секој случај зависи од човекот, некои вдомуваат животно само за да покажат дека имаат пари
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Јас сваќам некои да се плаши од кучиња и да има страв.
    Еве например јас премногу се плашам од оси и пчели, на километри бегам од нив, мислам дека мечка во шума да ми искочи нема толку да се уплашам.
    Ај тие што се плашат од кучиња ги сваќам некако, али не ми се јасни оние што ги мразат и што уживаат да ги малтретираат и да ги убиваат. :@
    Имаше многу случаи на вести што кажуваа, ви текнува ли на случката кога едни тинејџери мачето го коваа со шајќи како да е Исус Христос?
    Кога тоа го чув на вести ми идеше да ги пронајдам кои се тие па јас да ги заковам нив да видат како е.
    Исто така морам да ја кажам случката што се случи кај мене во маало пред неколку години.
    Во маалото ни се породи малската кучка и ние љубителите на кучиња им направивме куќичка од даски за малите кутриња и им ставивме ќебиња за да им биде меко и секој ден им носевме храна и вода.
    И замислете кога кутрињата беа околу 1 месец стари некој мрзач на кучиња ги напикал сите кутриња во куќичката ги затворил и ги запалил ;(
    И после ние кога дознавме многу ни беше жал за кутрињата и јас тогаш многу плачев за нив, мислам дека тој ден ми е најстресниот ден досега што сум го преживеала, неможам да ви опишам колку беше страшна таа глетка.
    Да даде Господ да им се врати дупло полошо на оние што убиваат и трујат животни (најчесто кучиња и мачиња).
     
  8. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Јас сум за ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ..
    Иако мислам дека во мк тоа нема да бидне..бар не у следниве 100 години |(
    Пред зграда имам 2 кучиња ги храниме јас сестра ми и една жена,а проклетиот :@ ѓубретар, чистач на зградата го повреди едното куче.. ;( кај е старо и не гледаше баш најдобро..сега ради него не геда ич со едното око..Слушам расфрлале отрови по ск...кој ги труе да умре од најболна смрт, господ да ги казни ко*илињаа невоспитани :@ Чувам 11 мачки пред зграда од кој најмалце 2 се труднички..секој ден им симнувам храна што останало од дома, им купувам мачешка храна..За што бе луѓе за што???-За да ги гледам следниот ден цркнати на улица?
    Секој ден наоѓам отрови
    Во скопјанка на едно куче една жена со кола како поминуваше му фрли некоја кеса со 300глупости меѓу кои и отров..
    Со најошо да им се врати на таквите луѓеее.
    Сваќам ај да не ги сакаш, ама што му сметаат?? Што му згрешило кучето/мачето?
    Тие не напаѓаат без везе, онака од чиста мира.
     
  9. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    За жал кај нас во Мк ништо не е како што треба :x Сум за да се заштитат некако животните,посебно уличните кучиња и мачиња.Ама не сме ние криви што сме опкружени со толку прост народ,кај фрлаат отрови по сите населби и паркчиња,па уште и на Кеј бе.Па кај да го шетам јас моето куче,ако не секој ден на Водно да го носам,болни луѓе :fubar: Од страв неможам да си го пуштам кучето да се истрча :worried:
    Сакав да прашам дали знае некој што бидна со тој простакот од Драчево (месарот) што го избоде кутрото куче затоа што лаело и ја напаѓало жена му и неколку месечното бебиште? :devil:
     
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Понекогаш мислам дека тоа што толку многу сакам кучиња е проклетство а не благослов. Живееме во толку свирепо, одвратно и нехумано општество од кое ми се гади! Законот за заштита на животни не ги покрива сите аспекти на нивното битисување како суштества што имаат подеднакви права да преживеат исто како и ние, луѓето, не се спроведува, а прв (и последен) пат да слушам некој да биде казнет е случајот со болниот месар од Драчево.

    Не знам каква е ситуацијата во другите градови, ама знам дека скопскиов градоначалник, мистер Коце е таков кучемрзец што да би имала шанса би го `ркнала. (Нели, да не бев дама, де. 8) )
    Замислата за Вардариште е една, реализацијата е сосема друга. Поголемиот дел од кучињата таму се соочуваат со судбина полоша од смртта. Помагам колку што можам, се грижев за осум кучиња кај мене пред зграда, ги хранев, ги носев на ветеринар и ги бањав. И сега остана само едно, сите други беа отруени низ годиниве. Срцево не знам на колку делчиња ми е испораспарчено, и мислам дека уште толку се цепка кога ќе начекам некое ново мало залутано душиче во маало.

    Трујачите си се закон сами за себе, уво не им чуе зошто никој и не ги пријавува. За борбите со кучиња да не спомнувам, ни полиција ништо не им може на тие, тешки пари се вртат во гледање како се борат до смрт. Друг проблем се и неодговорните сопственици, кои купуваат куче од обичен каприц, да бидат видени во парк со јака раса. И после месец дена сфаќаат дека куче е огромна одговорност, дека треба да се пази на него исто како мало дете. И ги оставаат. Или пак ќе слушнам некој самопрокламиран кучељубец како гордо се фали со својата неизмерна љубов кон животните, а не би прифатил да чува нешто што не е расно и со педигре.

    Сакајте ги бе луѓе, кучињата толку благородни суштества што секогаш повеќе ќе бе сакаат вас отколку самите себеси. Заслужуваат љубов, а не смрт!
     
    На Theodora, CoverGirl10, Cynthia и 9 други им се допаѓа ова.
  11. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Темава како за мене створена. Премногу сакам животни, дури повеќе отколку што го сакам човечкиот род. Мислам дека луѓето ги злоупотребуваат. Кои сме ние да одлучуваме за нивната слобода? Оставете ги животните да си живеат таков живот каков што заслужиле, во чиста природа, меѓу нивните блиски.
    Замислете си каква ќе беше Земјата без човечките изуми. Природа, чист воздух, без војни и политички борби..

    Nature doesn't belong to you, you belong to it!
     
    На CoverGirl10 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Нема правда навистина. Секогаш пробувам да ги згрижам ваквите кучиња, да им најдам дом... Многу пати и кога ке видам некое старо, шугаво, улично куче заплакувам. Се чувствувам тешко и... На овој свет нема правда. Многу луѓе си играат со животите на тие кутри суштества додека скитаат прегладнети по македонските улици. Најтрагично е тоа што некои од тие луѓе се деца. ДЕЦА! Па каде отиде овој свет??Барем да имавме прифатилиште за кучиња. Вардариште е пекол. Ни С од нормален стационар. Ова е жалосно. Кога и да ми се пружи шанса им помагам. Премногу сакам животни па затоа се откажав и од сите производи со животинско потекло. Едноставно потсвеста не ми дозволува. И не само на животни и луѓе скитници. Некој пат и 500 им оставам на оние тоатално изнемоштените иако знам дека тоа не е доволно. Не ми се случило еднаш да заплачам да улица. Можеби сум премногу сензитивна но такава сум. Секогаш сакам да и помагам на оние кои имаат многу помалку од нас и се осудени на тежок живот... ;( ;( ;(
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Домашни миленичиња

    Многу сум изнервирана. Значи стварно секакви луѓе има. Вечерва најдов мало кученце старо околу 2 месеца, врзано со каивче за дрво. Сиротот квичеше, му дадов да јаде. Побарав некој број на нет, никаде ништо неможев да најдам освен некоја дежурна служба, бројот беше погрешен. Го оставив во двор кај едни комшии бидејќи имам маче кое е агресивно и ми беше жал кученцето да го чувам на тараса, а и страв ми е бидејќи сум на 6ти спрат. Многу ми е жал, а и незгодно од комшијата што му го оставив, ама самиот кажа. Сега барам некој да го земе, најдов едно девојче, не знам колку е сигурно..Многу се потресов, ептен ми падна жал. Како можат бе така, зошто не се потрудиле да го вдомат туку така го оставиле.
     
  14. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Еве го моето мислење на оваа тема. Животно и човек не се споредува, тоа е факт. Затоа што луѓето се 100 пати поголеми дивјаци од животните. Значи да расчистиме, право на убивање, освен ако не е од причина да се прехрани, нема никој. Имало многу кучиња на улиците и биле агресивни, аха. А дали некој размислил од каде доаѓа таа агресивност? Најлесно е да се каже кучево ја гризна комшиката на баба ми и викнавме луѓе од стационар го собраа, го еутанизираа (како да не, најверојатно или го акнале поштено од земја или нешто слично што нема е од еутаназија). Беснило во Македонија нема наназад добри 20тина години, збориме за градски средини. Значи причина за агресивноста е глад. Ама нормално никој не ни помисли дека може е попристојно и похумано да се преземе некоја мерка, да се најде храна за тие кучиња, отколку да се убијат. На пр зошто месечно од секое семејство да не се собираат по 50 денари и со тие пари да се купува храна за бездомни животни, немојте да кажете дека месечно 50 денари се трошок, или нека е и 200-300 денари годишно. Само што не може тоа да се спроведе, затоа што ние сме себични, никој не го заболе дали кучето ќе јаде и дека ако не јаде заради тоа напаѓа. И срамота е да се каже јас не сакам животни ми е гајле што ќе им се случи. Не е потребна љубов, туку мааалце човечност. Никогаш нема да се истребат од улица, барем не кај нас. Многу убаво беше напишано страни наназад дека ако некоја територија се исчисти од кучиња, ќе се населат нови. Втора причина за агресивнот може да е кога е период на парење што едноставно се решава со кастрација, со што се намалува и бројот на животните нормално. Немам инспирација едноставно што да напишам затоа што знам дека нема да бидам сфатена. Да јас сакам животни повеќе од луѓе и не, не ми фали човечка љубов, имам и семејство и дечко и пријатели и се, туку едноставно не ја гледам причината да се убие нешто кое е толку беспомошно во споредба со нас.
    И сакам да нагласам дека не сум вегетеријанец, ниту ќе бидам освен ако немам сериозни здравствени причини за тоа. Морам да ги искритикувам сега здруженијата за заштита на животните,за тоа што вдомуваат секоја чест, ама искрено заличуваат на секти(без навреда ако има некоја членка овде) со втора цел да го одвикнат човештвото од јадење месо. Тие животни се чуваат да се убијат и да ги изедеме, тоа е сурово, ама затоа можеме да им овозможиме барем додека се живи пристоен живот и безболна смрт( а на тоа во светот, верувале или не на големо се работи, ќе стигне и кај нас за 15тина години :?: ). Здруженијава не размислуваат дека фармскиte животни се чуваат во такви услови гооооодини наназад и дека тие веќе немаат такви инстинкти за сами во природа да преживеат. А некој без приход да чува 500 крави кои дневно јадат и пијат огромни количини, I don't think so.
     
    На miss.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Дефинитивно сум за ! Се восхитувам кога ќе видам некоја емисија на Енимл Пленет за заштита на животните, како не ги мачеле сопствениците, а овие веднаш ги откриваат виновниците, им даваат парична казна,а некои дури и ги апсат. Така и треба, планетата не е само наша таа припаѓа и на другите суштества , циклусот на животот е најсилниот да преживее да се бори, но кога може на мирен, цивилизиран и хуман начин да се средат проблеми зошто непотребна омраза и насилство?! Наместо да се успијат можат да се прочистат,вакцинираат и смират и да се водмат. Јас мислам дека покрај невладиниве здружениа треба да има и е ден државен шалтер во кој секакви животни ќе ги прочистат, ќе ги вакцинираат и ќе бараат дом за нив. Сега нивото на ваква свест на нашава држава во врска со тоа е Н и с ко прениско. Мене куче не ме има гризнато,но ме има нападнато кучето сега од невладина организација серазбира е прочистено, вакцинирано и средено мене не ми пречи јас обожавам кучиња па не чувствувам ни потреба нешто да му се одмаздам. :) Кучињата се нешто најмило и најпрекрасно тие се најверен пријател на човекот. Зошто да ги уништуваме кога можеме да ги сакаме?!
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    само да кажам нешто! си ја сакам кучкава моја, ама тој тако звани џукак што го чував пред добри 5-6 години, беше толку мисла милаа премилааа кучка, прсте ќе и дадеш, цела рака таа ќе ти даде!
    и оваа е мила Kога и се сака, кога е во расположение, ама ако не и идеш по газот, ехе, ќе ти покаже заби!
    размазено и распредно! A леа, леа беше срце од куче, такво куче јас немам видено!
    за жал порасна огромна, многу голема, и менав простор каде да ја чувам, ја однесовме на село, после 2 месеца кога ја видов, плачеше кучево од среќа што ме гледа ;( и јас плачев и сакав да си ја земам дома но... имав само 14 години... веќе умрела, а јас не си ја видов пак... Hикогаш нема да ја заборавам, никогаш... можеби не беше расна, немаше педигре и педикири и маникири, ама беше срце од куче, само да ме погледнеше целата ме полнеше со позитива! беше толку друштвена, мирничка и мила!
    Hо,јас ја најдов на улица кога беше малечко, залутанко, си ја собрав дома, моите прифатија, но, не очекувавме дека толкава ќе стане, а ние немаме толку голем стан да чуваме толкава кучка, навистина беше огромна! Mногу ми е жал, бев само дете, да ја најдев сега, подруго ќе беше, ќе се спротивставев да ја носат на село!
    предобро куче- предобро леле.........
     
    На Alanna, Jojoba, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Женски имам постирано ама ќе кажам и тука. Најдов кученце пред некое време напуштено на улица. Сега е во двор кај другарка. Не е расно. Околу 3 месеци старо. Сега бараме дом зошто не би може долго да го чуваме.
     
  18. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Сподели на фб на страната за заштита на животните,можеби они ќе можат да го вдомат
     
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Споделив, и ништо се уште....Само по некој лајк, се јавија 3 до сеа, и остана ај ќе се чуеме...А навистина ми е итно.
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    сонце бе :D
     

    Прикачени фајлови:

    На CoverGirl10, Theodora, WhiteAngel и 4 други им се допаѓа ова.