1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животните

Дискусија во 'Дом' започната од Gordana10, 27 април 2010.

  1. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    За жал сликава постои во реалноста, можеби некои не можат да ја погледнат, ама сепак овие кутри кучиња ја трпат болката, каде што тоа куче кое ќе изгуби во борбата се остава на смрт, а тоа што ќе победи продолжува напред да се бори со друго куче ;( На ваквите борби се вложуваат многу многу пари, дури и станови, имоти што ти не. Скапано обложување!!! :@ :@ :@

    [​IMG]
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Jас не можам да сфатам... го чуваат од малооооо,го гледаат секој ден, толку ли ни најмалце не се приврзуваат за него??
    Kако немаат жал на сопствено куче вака да му прават, да го пуштаат да се бори? да осеќа болка?
    Kако е можно не ми е јасно, не можам тоа да го сфатам...

    едит


    http://zazabava.com/zaedno-do-krajot-na-zhivotot
     

    Прикачени фајлови:

    • gg.jpg
      gg.jpg
      Големина на фајлот:
      67,5 KB
      Прегледи:
      227
    • ggggg.jpg
      ggggg.jpg
      Големина на фајлот:
      56,9 KB
      Прегледи:
      227
    • ggg.jpg
      ggg.jpg
      Големина на фајлот:
      65,2 KB
      Прегледи:
      228
    На Sunchild, LivingGlam, Dgirlll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Лудо едноставно тие луѓе всушност се НЕлуѓе кои се бесчувствителни, буквално како да немаат срце. Инаку, реалнава приказна за кучево Жолтко е слична со реалниот филм Hachi: A Dog's Story, само што Хачи го чекал својот газда 9 години пред гробот...ужасно жално ;(
     
    На ludoto19 и enca.69 им се допаѓа ова.
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Ајде до сега не сум споделила никаде на форумов, ама сега ќе споделам во темава, за последното и актуелно искуство со овие убијци, и истото со анима мунди.
    Пред 4 недели, бев кај мајка ми, излагам да си одам и едно маченце, маалско, што го хранев секогаш кога одев таму, го галев, ама не го чував јас, стои до колата и мјаука, ама мјаука онака со молба, со страв да не не го видам, а почна да мјаука кога ми го слушна гласот.
    Кога што да видам.
    Двете задни ножиња не му функционираат ич, со предните оди напред, задниот дел цел го влече, и ножињата крвави од влечење. Страшно. А ме гледа и моли да го спасам. Боже мил. Почнав да плачам, не знаев што да правам. Го земав со мене дома, беше валкано, искакано.
    Првата вечер го оставив во гаража така, го нахранив, јадеше најнормално, пиеше водичка. Утредента се јавив во анима мунди.
    Ми кажаа дека ќе ми помогнат, ме пратија на ветеринар, и ми кажаа дека е пукано во `рбет. Знам и кој го направил тоа. Казна ќе сноси.
    Едниот ветеринар кој ги правеше снимките рече да се успива, нема надеж, ама другиот рече дека мора да пробаме. Платив колку можев во тие моменти, половина од сумата.
    Го исчистив, избањав, го носевме една недела секој ден на ветеринар, сега по двапати неделно. Ножињата воопшто не ги осеќаше, не осеќа ни кога врши нужда. Го чувам со памперс.
    Со маж ми му менуваме по 2-3 пати на ден. Го чувам како бебе. Имаше доста проблеми, крварење при нужда, па со цела колекција за бебе го третираме, пудра, масло.
    Сега ги чувствува ножињата, ама уште не оди, уште се влече.
    Дојдовме сега до стадиум кога не можеме да му ставиме пеленка од што прета,ама супер :D .
    Од анима мунди ми снабдија витафон и му правиме вежби два пати на ден. Се подобрува.
    Тешко беше многу. Ама во ни еден момент не пожалив. Со тие очичките кога ќе ме погледне, ме гали со носето, поблагодарно е од сите луѓе на кои сум им помогнала.
    Спие во ,,креветче,, во спална со нас :D , и другото ми маченце :D .
    Многу си ги сакам, и ќе го чувам и понатака, мое си е веќе.
    Девојката од анима мунди беше неверојатна. Прекрасни се стварно.
    И др. Марин што се наоѓа кај социјалното, карши студиото на Дадар е неверојатен, од никаква ситуација го спаси, и наплати само минимум. Мислам дека е најдобар ветеринар во градов, а и пошироко. А оној првиот, страшно, да не ми посочија од анима мунди дека не го бива и да не го слушам, ќе ми отидеше мачето. Тешко на тие што без да знаат кај него ќе наидат.
    А ова црнчево мое, со многу труд, љубов, и средства, ама се надевам ќе почне за месец да трчка.
    Спасувајте ги животинкиве, и тие чувствуваат болка, глад, студ како нас, ама немаат начин самите да се справат, да си помогнат, да се заштитат, а благодарноста од нив што ќе ја добиете, нема од човек, тоа сигурно.
     
    На Sunchild, COollLady, mims-89 и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Јас уште пред некој месец имав слушнато дека постои човек кој што одгледува пит були за борби, ама прво не верував дека е вистина, па потоа ми кажаа дека со цела полиција бил поврзан и дека нема ништо да му направат. Но вчера гледајќи на анимал планет, како спасуваат пит були од такви борби, целите крвави, немаја сила сами да одат од што беа изморени,и на едниот пит бул му ја имаа врзано устата за да неможе да се бори, а му имаја други пуштено да го касат, и почнав да плачам и ми текна за тоа што ми имаа кажувано, и ете денес му пишав на меил на анима мунди па се надевам дека ќе се среди.

    И навистина сликата за пит булите е многу погрешна, дека се агресивни и лоши, има една многу интересна емисија на анимал планет Pit Bulls and Parolees, http://animal.discovery.com/tv/pitbulls-and-parolees/
    жално е кај нас колку малку се заштитени животните, гледајќи различни емисии во кои што ги спасуваат и се грижат за нив, сватив дека кај нас толку за луѓето не се грижат. Ама ете како што напиша енца, самите колку можиме треба да помагаме.
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    да. полицијата е поврзана со нив, дури и тие се обложуваат
     
  7. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Да е проклета таа полиција и тие пусти борби :@ .Зошто ги мачат кутрите животинчиња?Јас дома чувам мачки,ми идат од цело маало кутрите,изгладнети,плус што им е студено надвор,секој ден плачам ;( .Најмногу ми е жал кога ќе видам како мачат некое животинче,ги бранам и ми се случува и на улица да заплачам.Секогаш сум зимала некое животинче со мене,куче ,маче сеедно ,за мене тие душички се по скапоцени и од луѓето.Ако може да се сопре некако тоа насилство врз животните,спремна сум да помогнам
     
  8. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Само што видов на вести останав ваква :o ДЕТЕ КОРИСТИ ЖИВА МАЧКА со која го дресира кучето за борби со кучиња...Имаше дури и слика како детето ја држи мачката за едната нога со главата надолу, а кучето ја каса :@ :@ :@ :@ БОЖЕЕЕЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА ПО СВЕТОВ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! СМРТ ЗА СИТЕ ВАКВИ!!!! :@
    едит еве линк http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=6 од 8:00 па натака!
     
  9. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Да, и јас видов. Катастрофа невидена :@ Солзи пуштив кога ја видов снимкава, налет веќе со ова!!! Знам се држи под контрола оваа ситуација, здружението Анима Мунди ќе ја реши со сигурност, верувам!!!

    http://www.telma.com.mk/index.php?task= ... item=12417
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Немам срце да ги гледам сите тие ужасни фотографии, па иако сум член на фејсбук на многу групи за заштита на животните, некои од нив ги тргнав од мојот Home Page. Секодневно постираа слики од претепани крвави кучиња, а тоа најчесто се случува во Романија. Цел ден потоа не можев да ги извадам од глава сликите и само замислував како изгледало тоа бездушно тепање на кучињата. Страшно!

    А дали сте имале прилика да видите како се дресираат кучињата? Јас кога слушнав од човек кој ја однел својата хаска на дресирање, се запрепастив! Ги оставаат кучињата долго време кај дресерот, таму живеат можеби и подолго од година дена. Тој секојдневно ги дресира, ама со тепање. Крвничко тепање со некакви дебели стапови додека не сфати кучето како треба да прави. Ги учат најразноразни работи, и потоа кога ги враќаат кај сопствениците, тие се издресирани да ги слушаат нивните наредби.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    За ова слушнав и јас, коса ми се крена, се изнервирав :@ па добро бе, како може да прават вакви работи, не ми е јасно, не само за ова, туку и за борбите со кучиња, потоа и ред други работи.Се нервирам, кое е тоа задоволство да гледаат како страдаат? Прочитав во постот над мене за дресирањето, не сум видела, но да дресираат со малтертирање, не е во ред :fubar: незнам како може такво нешто да прават, не би дозволила такво нешто некој да прави на куче, не се работи само за дресура.Кога веќе човек ќе земе да чува куче, маче, нека го чува, а не да го тепа. Премногу ги сакам животниве, да можам сите ќе ги соберам :D Само џабе е, имаме здруженија, но треба и полицијата да е така поактивна околу ова, само кај нас закони за луѓе не се почитуваат, а не па за животни |(
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Tоа мрсулче психопатно подитно да биде сместено во некој поправен дом, и со пендрак да го тепаат, секое кофче да му го скршат
    Eбате родителите, ни најмалку не го воспитале! и за нив треба казна, да им се одземе тоа монструмче што го создале
     
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Да, и јас сум член на неколку групи за заштита на животни но ми е многу жал да ги гледам такви беспомошни и повредени,така да ги избегнувам страните.
    Еднаш видов едно слепо маченце и не можев да си ги запрам солзите,уште ми се кине срцето кога се сетам на многу призори кои сум видела од повредени животни.Би вовела закон минимум 10 години затвор за луѓе кои си иживуваат над вакви беспомошни суштества.Побогу не можам да разберам какво срце треба да имаш за да удреш животинче.Од камен ли?
    Ах,да видам некој пред мене да малтретира животно не знам што би му направила.
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Премногу ги сакам животните. Повеќе и од човечкиов род! Никако не можам да сватам како некои луѓе, упс, грешка, НЕЛУЃЕ* ги користат тие мили душички за борби, за обложувања, и такви сурови работи! Стварно не можам да го разберам тоа! Па кај им е паметот?! До кој степен стигнаа луѓево? Сеуште не ми е јасно тоа.. Па и животниве се суштества! И тие чувствуваат, имаат срце! Не, не, џабе, на такви луѓе ај објасни им го тоа! Како се нервирам кога некој ќе рече, шо се грижиш тоа е животно! Па како може така?! Зарем тие немаат потреба од љубов? Немаат потреба од грижа?!
    На претходниве страни прочитав дека имавте пишано за некое детиште кое употребувало живо маче како мамка!!!? WTF?? Морее да ми беше сега пред мене, ке видеше мамка!! И сега какво е тоа дете?? Како може од мала возраст да нема душа? Да нема чувства? Па тоа после неколку години што ке стане со тоа дете? Незнам какви се тие родители што одгледале таков монструм?! А и да дополнам.. Не го отворив линкот, бидејќи ми беше страв од тоа што ќе го видам.
    И после имало закон за заштита на животните. Што ако има, кога, на оние кои започнале со такви работи, со труење, со борби итн. не им е гајле, не почитуваат никаков закон!
    И ДА.. Заборавив, секако дека сум ЗА таква полиција за заштита на животните, бидејќи доволно неправди се извршени над тие кутри гревчиња!!!
     
  15. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Сум за заштита на животните и тоа 100%.
    Не можам да ги разберам луѓето што без никаква причина се изживуваат врз животните. На таквите им фали нешто, имаат некој комплекс во себе, некој проблем, па што покажуваат сила врз животните. И тие се греота, и тие имаат душа, и тие страдаат, и нив ги боли кога се тепани. И тие, како и луѓето, сакаат љубов, внимание и заштита, и тие сигурно сакаат нивниот живот да биде убав и мирен.
    Не мора да ги тепаат за да ги дресираат, можат и на инаков начин. И тие се како децата, можеш и на убав начин да ги воспиташ.
    Ние еднаш имавме куче, не беше некоја раса, ама татко ми сакаше да го дресира, така, да го научи некои работи. И успеа, но на убав начин. Никогаш не го удри, туку, ете, со збор, да речам, успеа во тоа.
    А овие, што ги чуваат кучињата/животните за борби се ѕверови, нелуѓе - заработуваат на сметка на нечиј живот, добиваат пари облеани во крв. Треба да се преземат построги мерки во врска со ова, треба полицијата да се ангажира повеќе и да ги казнува ваквите. Работава треба да се сфати посериозно.
    А тој што ја обесил мачката и го дресирал и хранел пит булот со неа, да го обесат и него така, за таквото, и да пуштат 1000 пит були да се дресираат на него, и никој со уво да не мрднува за тоа, па да видиме како ќе му биде.
     
  16. feemina

    feemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    искрено страв ми е да го погледнам линкот,ке полудам.
    точно така,од такви монструми не очекувај луге да станат, се се некои психопати згрешени кои немаат капка душа во себе.пропаст бреее....пред некое време гледав на анимал планет за еден пит бул, бил изнемоштен и не го бивало за борби затоа споствениците го користеле за обука на останатите питбули.и така настрвени и изгладнети ги пуштале да се борат со него.кутриот, не можам да ја опишам сликата каков беше искасан и со едни исплашени очиња и безнадежен поглед ,без нималку верба во тоа дек а постои и инаков живот освен живот со мачење, болка и страдање.ама сепак беше толку кроток и мил додека го прегледувше ветеринарот. не знам што повеке да кажам , имам голема агресија кон животномачители и би ги решила со една машка тупаница в нос за да ми излезе лутината ,колку за утеха и одмазда.а сега се сетив и за еден друг случај како едни цигани претепаа до смрт натоварен коњ кој едвај се качуваше на една нагорнина,кутрото животно не можеше да оди и тие со еден стап го тепаа додека не падна.
    има ли некоја институција кај нас што навистина ги заштитува животните???? што може да направиме ние во ваков случај,каде може да се пријави?знае ли некој?
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Има многу здруженија за заштита на животните feemina, колку што знам само здружението Анима Мунди најмногу се зафаќа за таквите работи да се решат, се поднесуваат тужби се тоа, ама потоа пак се води истото, пак се малтретираат кутрите кучиња, мачиња...пак се водат борби со кучиња и што ти не. Полицијава веќе каде не е вмешана, со неа не можеш на крај да излезеш, што ако се каже на цајкан да превземат нешто во врска со беспомошните животинки кога ништо нема да превземат, па да ги маваш со пендрак нема да те разберат па со збор...ако ме разбираш што сакам да кажам сега. Затоа МОРА МОРА и МОРА да се оформи Полиција за животни, и тие луѓе кои ќе бидат дел од таа полиција мора навистина да ја сакаат работата која ќе ја вршат односно да имаат желба да работат т.е. да им помагаат на животните, а не како шинтерине (да им е*ам се живо) безчувствено да ги фаќаат бездомните кучиња и да им прават кој знае што. Се надевам НЕКОЈ ДЕН ќе се оствари желбата која ја посакуваме ние луѓето кои навистина ги сакаме животните како да се луѓе.
    Животните не се изразуваат вербално, но очите им кажуваат многу работи кои не можат да ги изговорат, па затоа оној што ги гледа тие очиња со љубов кон нив, знае да ги разбере и сфати што сакаат да ни кажат!!! СО ЉУБОВ КОН ЖИВОТНИТЕ!!!
     
    На Melody13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Припремете се, кај нас таков закон ќе стигне во 5936 година. :!:
    Којзнае и тогаш дали правилно ќе се спроведе.

    Абе кога човек се плаши да помине по 11 часот навечер покрај амбуланта, градинка, училиште или друга таква установа, а не дај боже па покрај некој темен парк, се плаши некој ненормален да не го нападне, тогаш за напаѓање и малтретирање за животните да не збориме. Навистина јас таквите суштества не ги вбројувам ни во луѓе, ни во животни. И животните имаат повеќе чувства од нив.
    Тие се монструми, чудовишта, демони...

    Туку кај мене во населба, има некој луд човек (јас не знам кој е, ама други знаат) што работи на пазар - и пазар како пазар, освен луѓе на секој метар мачки бездомници се мотаат - и тој на мачките им ги сече опашките и им става менѓуши на ушите. И замислете никој не го пријавува, т.е. сите се плашат. Викаат чим на животинче така прави, на човек којзнае што ќе му направи.
    Друг еден бездомник пред некоја година имаше силувал куче (или повеќе кучиња), да да и тоа, ама него го пријавија и го казнија мислам дека.
     
  19. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Еве, сега на фејсбук има група со наслов САКАМе ПОЛИЦИЈА ЗА ЖИВОТНИТЕ. Мене од Анима Мунди ми пратија покана..
    И демек ќе имало да се потпишува петиција.
    https://www.facebook.com/groups/AnimalPoliceMacedonia/
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    МОМЕНТ КОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОПИШЕ СО ЗБОРОВИ

    Кученца од расата Бигл кои биле чувани во заробеништво во лабораторија за прв пат излегуваат од кафез и ја здогледуваат убавината на светлиот ден.
    Момент кој не може да се опише со зборови.

    Овие кучиња се користени за лабораторсики испитувања, и додека ги напуштаа кафезите беа премногу несигурни и исплашени од новата ситуација.

    Членовите на спасувачката организација за животни спасија 72 кучиња од расата Бигл, од кој најголем дел од нив никогаш не биле излезени никогаш надвор од кафезот .
    Ова раса на кучиња најчесто се користи во лабораториите за истражување на козметички препарати.

    Стоп за тестирањето врз животните! Стоп за крвничкото убивање на животните!
    http://www.youtube.com/watch?v=zLZMxRP_ ... r_embedded

    Извор: Факултети.мк

    Видеото ме трогна навистина...
     
    На AnaKarenina, Black.Beauty и BoaVista им се допаѓа ова.