1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животните

Дискусија во 'Дом' започната од Gordana10, 27 април 2010.

  1. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Пак јас :D Се закачив на темиве за животниве.Па што да правам? Мора веќе еднаш да се превземе нешто! Сега конкретно за видеото погоре.. Господее.. Душички мили.. Абе не можам да сватам зошто луѓево го прават ова?! Зошто?!?! :( На кого му згрешиле овие мили душички, да цел живот да го поминат во кафез? Не сваќам до каде дојде светов.. :puke: :sweat:
    Видеово навистина трогнува ;(
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Баш денес се сетив на моето последно работно место дојде еден клиент, убаво облечен и културен во комуникацијата, ама имав некоја лоша интуиција околу човеков. Приметив и дека еден од луѓето наоколу го гледа некако непријателски, како со извесна доза на презир. Откако си замина овој другиов човек ми рече дека стекнал големо богатство тренирајќи кучиња за борби, ама нема да му е алал. Јас велам и да не му е. Една стара муслиманка, голем љубител на секакви животинчиња, еднаш ми рече дека оној кој нанесува зло на животни пати на овој, не на другиот свет, по нивната вера. Порано живеевме во куќа и цел двор ни беше полн со кучиња и мачки, само надоаѓаа нови, еднаш ги најдовме многу од нив отруени, татко ми на раце ги изнесуваше едно по едно, многу од кученцата беа едвај пркнати, уште ми се кине душа на глетката. Цело соседство се сомневаше на еден сосед и за некој ден им изби од никаде пожар дома. Исто слика што не можам да ја заборавам е маче кое умираше до еден континјер со исечени невешто се гледаше екстремитети, па и дете да го извршило чинот тоа е латентен монструм и иден психопат да сече на живо толку мало суштество, толку невино и немоќно да се спротивстави. Ова се ѕверови, а не месојадните суштества во дивината.
     
    На 1209, BoaVista, ludoto19 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Се присетив на приказната за мојата мила Пуфи, улично кученце кое со малку грижа, од работ на смртта успеа да порасне во вистинска убавица. Ја најдов еден есенски ден пред неколку години, беше не поголема од мојата дланка. Со валкано крзно, шуга во напреден стадиум, искривено ноџе и отворени рани кај што се чешала. Ја шутирал кој стигне. Не било првпат да сум сведок на такво нешто, па само да поплачам малку и да се надевам дека некој ќе ја среди работата, и најмногу се срамам од тоа.
    Ама нешто ме спопадна, и решив да ја земам. Живеам во мал, двособен стан, па неа ја чував во ходникот. Ја однесов на ветеринар, ми дадоа инјекции и премаз за шугата. Помина месец, два. Пуфи не само што беше целосно излечена, туку порасна во прекрасна кучка со убаво влакно и ни трага од тажното минато.
    Еден ден ми ја земаа шинтери од Вардариште, и иако ми беше ветено дека или ќе ме известат во која населба е пуштена па да ја земам, или ќе ја пуштат во истата населба, никогаш повторно не ја видов. Ама мило ми е што тој ден решив да направам разлика, и спасив живот од сигурна смрт.

    Поентата ми е:
    Со многу малку можеме да помогнеме многу. Не велам секое џукелче да го носите и лекувате дома, ама можеме барем да им помогнеме да ги преживеат маките што ги снаоѓаат на улица, особено кога е ладно. Не ги фрлајте во ѓубре остатоците од ручекот - некој од тоа ќе направи гозба. Куче, маче, сеедно. Ќе му даде сила и топлина за да ја преживее ноќта. Ако сте во можност, направете им импровизирано засолниште од обична кутија и некое непотребно парталче. Веќе се кастрирани, нема да се размножуваат. Зошто да не си го доживеат она што им останува достојно? Ако видите на улица како малтретираат куче, не го вртете погледот. Спротиставете се, развикајте се.

    Најголем проблем е апатијата. Дур секој го врти погледот, животните ќе страдаат. Секој мал придонес од ваша страна е огромна добродетел за нив.
     
    На 1209, AnaKarenina, BoaVista и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање :) Пошто си била член на неколку групи за заштита на животни сакам да те прашам кои се тие, од кој град, дали некој знае за вакви групи некаде во Охрид, дали се важни годините (имам 13 години, дали би можела да бидам член на таква група?) какви се обврските ... :) ако некој знае нека ми пиши лп или нека коментира овде :) многу сакам да сум член на ваква група. Се надевам годините нема да ми бидат проблем, и се надевам има некои тука во Охрид :)
     
  5. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Член ќе бидеш кога ќе му помогнеш на било кое беспомошно, бездомно животинче кое се наоѓа на улица, без разлика дали ќе го вдомиш за себе или за некој друг, ќе го однесеш на ветеринар да го излечат па потоа да го вдомиш...значи многу љубов, грижа и внимание кон животните, така ќе им помогнеш...:)
     
    На Justice.Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Не можам, срцево ми се распара, немам зборови, би ги масакрирала монструмиве без трошка жал :@ ;( ;( ;( ;(
    http://medium.edu.mk/index.php?option=c ... Itemid=251
    Нека преземе некој нешто, што стана со луѓево веќе ;(
     
  7. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Ова е надвор од контрола! До каде стигнавме! Што се случува со нас луѓето? Срам! Што згрешиле тие за да им се случи ова? Па уште тие луѓе и се гордеат со ова! Стамота! Вакви луѓе?! Подобро и да не постоиме! :@
     
  8. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    ;( Веќе неколку дена го гледав овој линк, на фб, ваму таму, ама не можев да го отворам. Знаев дека после цел ден ќе се срамам што сум човек! Што му е на овие?!?!?! Оние мрсулковци со ваков срамен чин докажувале дека се мажи?! Докажуваат дека се мажи со тоа што ги убиваат овие безгрешни животинчиња? МНогу пати сум го кажала ова, ако треба ќе го кажам уште милион.. Не ми се верува до каде стигнавме!!! Толку!
     
  9. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    На Justice.Girl и Black.Beauty им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Незнам дали слушнал некој, јас слушнав дека некаде згазиле куче и му ги повредиле нозете, тој што го прегазил кучето си заминал, останало живо, а друг го нашол и го врзал со јаже за нозете и го пуштил во шахта :x :@ ;(
    Не можам да слушам веќе вакви работи, револт ме фаќа :@ И дека од здруженијава го нашле, па ќе интервенирале, немам слушнато на тв, но ми кажаа, а каде и кога се случило, незнам.Ах...до кога вака ќе прават? :fubar: Мора нешто посериозно да направи државава нешто околу ова, барем ќе најде начин да вработи луѓе :fubar:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.410
    Допаѓања:
    105.697
    Пол:
    Женски
    Јас ги сакам премногу животните , кучиња , мачиња ама буквално се. Но, ме иритира што никој не се грижи за тие кучиња-скитници по улиците , или кога некој чува куче дома и го пушта надвор од дворот да шета одврзано. Пред една недела во мојата населба некое домашно куче почнало да брка стара жена и женава да избега паднала и го скршила грбот :envy: значи животните не се криви , криви се нивните стопани. А навистина ме иритира кога ке се јават тие луѓе од заедниците за заптита на животните , па како тоа така се постапува кон кучињата , па ако касне некое дете - детето го закачало кучето не било криво..
    а нас кој ке не заштити од тие кучиња скитници? :x
    можеби избегав од темава малку но премногу се нервирам што неи м водат никаква грижа !
     
  12. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    [​IMG]
    Ако се скитнице не треба да се иживуваме врз нив! :doh: За несреќа во нашата полиција за човек не реагираат, а не пак за животните! СРАМОТА! :swear:
     
    На DogsAreMyLife му/ѝ се допаѓа ова.
  13. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Дали имате проблеми со болви, крлежи и други инсекти кои ги напаѓаат вашите миленичиња? Ви нудиме долготрајно решении за овој проблем Fypryst! Ефикасен и безболен препарат кој се нанесува на површината на кожата на вашето милениче и пружа сто процентна заштита.
    [​IMG]
    http://www.veterina.com.mk/
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    4.238
    Вистинската заштита и грижа за животните почнува со промена на нашите прехрамбени навики.
    Не вреди многу ако се грижиме за кучиња и мачиња а од друга страна правиме нарачани убиства за птиците, телињата, јагнињата и тн. така што купуваме прехрамбени продукти кои содржат месо и риба.

    Погледнете го предавањето на Гери Јорофски (титлувано на српски) повеќегодишен активист за правата на животните одржано на техничкиот универзитет во Џорџија, САД летото 2010 год.

    http://www.youtube.com/watch?v=kaBjIi7_ZWQ
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Вчера поминувајќи покрај школото во моја населба слушнав некое цивкање. Прво мислев дека е маченце, пошто цивкањето ми заличи на мјаукање. Се доближив и најдов 4 малечки црни кутриња на тревата. Имаше и превртена кутија до нив што претпоставив дека некој ги оставил. Три беа супер и цивкаа, се движеа, а едно лежеше на страна, не мрдаше и беше тивко. Ги собрав сите 4 во кутијата и право дома. Татко ми рече дека биле сите машки, ама премногу се малечи и јас не можам да ги разликувам, сите се исти. Според моја проценка едвај дали имаат недела (не можат да се движат се уште, онака едвај, а и очињата се уште им се затворени). Дали се расни или џукелчиња не знам.
    Со моите одма им дадовме млекце со шприц - иако одеше потешко и ги ставивме во поголема кутија над шишиња со топла вода обвиткани во еден дебел плишан материјал за да им биде топло. Ноќеска на 3-4 часа се будеа и цивкаа, па станував да ги ранам. Инаку после тоа на интернет прочитав дека не било убаво на мали кутриња кои се без мајка да им се дава кравјо млеко зашто ќе имале пролив, а наместо тоа да се дава варен испасиран ориз. После тоа цела вечер со тоа ги раневме. Сега татко ми купи мали цуцлиња и најверојатно со тоа ранењето ќе иде полесно.

    Доколку некој сака да вдоми кутренце, или знае личност што сака кучиња ве молам да ме исконтактира преку ЛП. Или воопшто, доколку некој може да помогне на некој, било кој начин многу би ценела, а верувам и малите срцки. :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN8896.jpg
      DSCN8896.jpg
      Големина на фајлот:
      184,6 KB
      Прегледи:
      231
    • DSCN8897.jpg
      DSCN8897.jpg
      Големина на фајлот:
      187,4 KB
      Прегледи:
      231
    На 1209, imelda и ludoto19 им се допаѓа ова.
  16. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    И јас сум за заштита на животните.И ниту животот на еден човек воопшто не е повреден од животот на еден човек :angel: :envy:
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Eве децава кај мене у маало нашле едно мало џукелче, и го чуваат :D Hавечер не знам кај го носат да спие, преку ден кога одат во школо го оставаат во едно мини паркче,на 2 минутки од мене, што е убаво :wasntme: , си имаат направено со кревет, и таму си седи дур не се вратат од школо :D
    да ти е мерак да ги гледаш :)
     
  18. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Ако сите застанат со скрстени раце и прашаат а нас кој ќе не заштити никогаш нема да се мрднеме од слепата точка во која стоиме.
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    БОЛЕСНИЦИ!!! Уште и малолетен учесник во грозоморно убиство на беспомошно животно кое не може да се одбрани од ѕверови како нелуѓето. Ми се грчи душава, од згрозеност. Како можат да прават вакви злодела, што мозоци имаат??? Совеста да им ги одгризе главите нив, најостра казна заслужуваат!
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Не, тие немаат совест. Кога би имале никогаш не би го направиле ова...