1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животните

Дискусија во 'Дом' започната од Gordana10, 27 април 2010.

  1. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    105
    Нема правда

    Душички најмили ;(
    Не заслужуваат да бидат така третирани :x
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Прашај ме мене дали не напаѓаат без причина... До ден денес трауми си носам од тоа нивно невино "не напаѓање".
    Додека мирно си поминуваш низ улица да ти срипа од нигде никаде во 12 часот по полноќ! Кога нема ниту кој да ти помогне.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Види, не ми продавај хуманост овде, ако е така, зошто јадеш свинско, пилешко, телешко? Нели го уништуваш? Или убаво е кога е полн стомакот?
    Очекувам да слушнам дека си вегетаријанец, во знак на самоодбрана.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    Не, не очекувај. Не сум вегетаријанец а и не планирам да бидам, ама месо не јадам секоја недела ;)

    Сепак како сакаш твое мислење и не планирам да започнувам да се карам.
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Не, не очекувај. Не сум вегетаријанец а и не планирам да бидам, ама месо не јадам секоја недела ;)

    Сепак како сакаш твое мислење и не планирам да започнувам да се карам.[/quote]
    Не се карам, дискутирам. Значи, не си хуманист и не ми продавај хуманост. И кокошката е сирота кога и ја сечат главата, и прасето е сирото кога го колат, ама нема врска тоа, се додека е мерак на душата... Ама кученцата се најгрефчиња, невини тие, не се јадат, да се јадеа на никој немаше око да му трепне, нели мешето е задоволно и полно.
     
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    Ги јадат и кучињата и мачките. ;) Ама сепак да имаш куче не е исто со прасе. Кучето ке лае, барем ке проба да те заштити а прасето сигурно нема да скокне на некој и да го смачка за тебе.
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Небитно и тоа е живо суштество. Кучиња се јадат, ама не во Македонија.
     
  8. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    Небитно ама ако се жртвува за тебе ке ти биде? Или повеке сакаш прасе кое ке гледа?
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Јас ти реков, не ми продавај хуманост се додека си ги задоволуваш потребите со други невини суштества. Нека се жртвува за тебе тоа што си го чуваш дома. Глутницана кај мене на раскрсница нема да се жртвува.
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    Не ти продавам де. ;)

    И немам намера да коментирам на ова повеќе.


    А дека нема да се жртвува глутницата нема, ама нема да те напаѓа ако не провоцираш.
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Нема правда

    Прво, насловот на темата треба да се преформулира. Пред да ја отворам мислев дека е нешто сосема друго. :!:

    И ве молам немојте да браните глутници кучиња кои скитаат низ градовите и напаѓаат луѓе, често и мали деца. Ако прогуглам ќе ви најдам низа примери за такви кучиња кои скитаат околу градинките и напаѓаат деца.
    Лично јас сум била мета на такви кучиња скитници и за малку сум избегнала опасност од каснување :x

    Кога ќе се стави на кантар човечки живот и животот на едно куче скитник- дефинитивно гласам за човечкиот!

    п.с. Немам ништо против луѓето кои чуваат животни, се додека ги шетаат на ремен и внимаваат нивното куче да не претставува опасност за околината.


    А за тоа колку се мили еве да ве потсетам за случајот за една жена (незнам од која држава беше, пред неколку години), каде нејзиното сопствено куче и го изгриза лицето па и пресадуваа лице.

    И после некој ќе ме тара да бидам хумана. Ги сакам луѓето, децата- а не животните!
     
    На Stam, TheKiketoo, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Од каде знаеш дали досега ме нема нападнато? Оди, помини да видиш што ќе ти се случи, се отепав од фрлање пари за такси.
    Нејсе, ти тврдиш така затоа што незнаеш како е, беспомошно да вриштиш во 12 часот по полноќ додека невино кученце ти ги покажува малите запчиња и неговите гласовни способности.
    Ах, колку се за греови, така кога си `ржат низ маало.
    Башка што се драпаат низ парк и тресат крлежи кај што ќе стигнат. После мали дечиња си играат во тревата. Па заразно ќе има пуне руке посла.
     
  13. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Нема правда

    Во никој случај не се согласувам со тоа дека глутница нема да нападне човек ако не провоцира! Па мене ме нападнало едно само кученце, што вика Оффи-невино со мали запчиња! :evil:
    Но, јас ги сакам кучињата, имам дома шарпланинец се вика Бранко и многу е паметен и мирен!
    Ете комшиите мои имаат кучка што повеќе пати нападнала и каснала човек! а тие сеуште ја чуваат на слобода!
    Жал ми е кога гледам напуштени кучиња по улица, но тие носат зарази гревота е за деца мали!
    За домовите за згрижување на кучиња скитници, не ме изненадува! па да не се поарно домовите за сираци?? Македонија е земја во развој и реформи, сеуште не се решиле главните прашања, а камо ли местата за кучињата?? А некој што си зема за право да коли прасиња и телиња за да јаде, може да биде хуманист кон кучиња на улица??! што е полошо??
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Значи оставете ги прасињата, телињата и сл.
    Работата е што има многу организации и поедници што го имаат изнесено овој проблем. Кучињата биле затварани, собрани од улицата, па незнам малтретирани итн. И сите овие луѓе ги бранат кучињата и сите овие луѓе мислат добро за кучињата и се хумани.Прашањето е: Што тогаш со овие кучиња?
    Има ли некој предлог каде треба да одат овие кучиња за да не шетаат низ градот и да не напаѓаат луѓе??

    Да, греота се, жално е да ги убиваат. Ама мене пожално ми е кога ќе видам мало детенце пред зграда што бега од куче за да не е каснато. Или пак стар човек со ќеси како се бори да избега од глутница.

    Ако треба да се реши некој проблем, треба да се изнесе решение, а не само да се стои во одбрана.


    Инаку во Вардариште и незнам кои други, ги здомуваат кучињата на 3 недели. Ако до тогаш нема некој што би го вдомил , го умртвуваат. Таква е процедурата.
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Дали мене тие организации што се борат за правата на кучињата ќе ми дадат 2 000 денари ако не и повеќе ако ме касне куче?
    Затоа што тие кучиња не се вакцинирани и имаат беснило, немој да ми кажеш дека не е така затоа што знам. Значи ако мене невино кученце ме нападне и касне јас од мој џеб треба да си издвојам пари кои патем и не се мала сума за да спречам инфекција и зараза.
    Ти дали знаеш кај нас во Велес колку деца беа однесени на заразно ради крлеж? Со температура 40 степени? Затоа што тие кучишта се драпаат кај што ќе им текне низ тревите по паркот.
    Па подобро нека се уништат успијат и незнам што пред некој невин да настрада. За мене и не ми е толку, ама за малите дечиња ми е. Јас што си носам трауми и фобии е друга приказна.
    Ти гледај тие деца како ќе бидат позаштитени, и чија безбедност е во прашање. Подобро куче да се успие или умртви отколку дете да биде нападнато!
     
    На caroline.costa и sesilija им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Нема правда

    Јас не сум љубител на никакви животни и си носам траума од детството од куче кое ме нападна на улица.
    Значи фобија + нељубов.
    Цел живот се обидувам да ги сфатам тие што се потресуваат околу животните, а што гнетат месо како луди (како што кажа Оффспринг). Се обидувам да сфатам како последните пари место за леб, ги даваат на кученцата нивни, како спијат во ист кревет, се бањаат... Се обидувам да ги сфатам и денешните трендови, брендирани алишта за кутрето, кое се носи во чанта, која чини колку еден квадрат станбено земјиште во центар.
    И не можам да сфатам. Кога се зборува генерално за љубов и грижа кон животните, тука има само куче. Не постои ништо друго.
    Кога некој ќе ми рече - Лилееее не сакаш кучиња? Значи ти не ги сакаш и луѓето? :^)
    Значи таа реченица ми бркнува во џигер. А Хитлер кој ги обожувал сопствените кучиња и дури спиел со нив? Многу ги сакал луѓето гледам.
    За тие што се движат во глутници, преносители на секакви болести, напаѓачи успивање веднаш!!! Тоа е правда. Ако сакате да ми докажете спротивно како се душички, срциња, невини, повелете во Ново Лисиче на последна 5ка, некаде после полноќ, поминете сами. Па ако преживеете, пишете на форумов.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Убиството не е решение. И циганчињата на семафор шират зарази, плукаат по луѓе, крадат, дуваат лепак, напаѓаат...ајде да ги убиеме.
    Потполно се сложувам дека не треба да има кучиња по улиците, тоа не е убаво ни за кучињата , ни за луѓето. Меѓутоа убиството не е начин.
    Има секави луѓе кои се изживуваат со животните .
    Еве што им се случува на животните, само да предупредам дека содржинава на сликиве може да ве вознемири !
    Што ако ова тањирче со отров дојде во рацете на некое детенце ?
    Кучињата без причина не напаѓаат, ама ако почувствуваат опасност тие се здружуваат во глутниции тогаш се опасни.
    Сакам да кажам дека треба да се реши тој проблем , ама не со убиство , туку со заловување- стерилизирање и повторно пуштање. Нема да се размножуваат ама нема ни да се убијат. А кој сака да вдоми нека ги погледне линковиве
    http://www.facebook.com/pages/Skopj...-na-zivotnite-i-zivotnata-sredina/83377435960

    http://www.vdomi.me/

    Знаете како ги убиваат животните во Вардариште? Со тоа што им вбризгуваат сјај во вените. замислете, кој век сме, па нели ние сме хумани суштества во висока интелигенција, со моќ за расудување, нели тоа не прави поинакви од животните ? Или не :^)

    Има луѓе кои не ги сакаат животните , тоа е нивно право, ама зошто ги повредуваат ?
    И мене ме има нападнато куче , и тоа не улично туку домашно, во двор а,а газдите го пуштија додека јас бев таму , а кучето беше болно, имам 3 конци на лицето од тоа, ама тоа не е причина да ги мразам животните.
    Јас се ужаснувам кога некој ќе рече УБИЈТЕ ГИ ! Како тоа да решение за се. До какде со ваков свет ?
     

    Прикачени фајлови:

    На MarchelineAmaru, Sunshine555, Shila89 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Нема правда

    Навистина жално :worried: .. во околината каде што живееам јас ги има многу не се некој бесни да напараагт а и не напагаат ако не им на правиш ништо ..
     
  19. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Морам и ова да го постирам , само за да видите какви монструми постојат, затоа сметам дека животните треба на хуман начин да се тргнат од улица, инаку како ќе се разликуваме од овој мострум ако ги убиеме ?


     

    Прикачени фајлови:

    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Јас нит ги тепам нит ги бесам нит им сечам нозе. Сакам само мирно да си поминувам по улиците. И да, циганчињата не касаат крвнички.
     
    На sesilija и Trendafilka им се допаѓа ова.