Да го намалиме бројот на мачиња премрзнати, прегладнети и прегазени од коли по улиците!!! Повелете линк каде што може да ГЛАСАТЕ И ДОНИРАТЕ: http://www.facebook.com/events/376070085820388/?fref=ts ВИ БЛАГОДАРАМ И ВЕ МОЛАМ СПОДЕЛУВАЈТЕ!
Петиција против убивање слончиња за слонова коска, доле десно каде што пишува Nome треба име да пишете, презиме, е маил и град. Firma е за потврда. http://www.change.org/it/petizioni/a-mi ... rce=guides
Сакам да се прашам, го има ли некој КАСНАТО бува? Ме утепале негде,цела сум исфрлена како искасана од комарци! Не знам што да правам..
Жалосно е жалосно, многу сум вознемирена.... како може да бидеме толку не луѓе, такви гнаси .... на фб следам многу групи за миленици, најдени - изгубени за вдомување и сл... и сеа пред десетина минути ми излезе слика од пит кој го терале да се бори искасапен без вилица, крвав.. мило кутре убавец, не можам да се смирам, кој го прави ова, како можат, кај ќе им оди душата? ... ... мора да се превземе нешто, каде се пријавуваат насилнициве, кај се организираат овие борби, зар полицијата не знае, зошто ништо не се превзема? не знам веќе што зборам, не знам не знам....
Дoдекa пoлицијaтa учевствувa тaму, ништo не мoже дa се спречи. Пред некoе време пoчнaa и пехaри дa се дaвaaт. А, и дa се пријaви у фaцa ќе ти се изнaсмеaт.
Ми треба помош,совет или било што . Искрено имам многу жал за животни срцето ми се кине кога се на улица или кога се тепани. Во комши имам комшија што со години чува кучиња што ги носи на лов,али од кучињата немаме око склопено може 10 год. 24/7 лаат без престан ,завиват се тепат едно со друго страшно навистина. Неможеме да си седиме во двор на раат пошто многу лаат и да си збориш со гости или комшика нема да се слушнеш што збориш. Кучињата ни се искочени од кавез ни па ги шета,а за храна да не збориме жалосно,секој втор ден или секој ден ги тепа многу. Навистина ми е преку глава нервите ги искинав не се спие не се седи сите комши бегаме,а никој не сака да го пријави ,причината не ја знам али навистина ова е лудило. Ако тука има некој член од анимал мунди нека ми помогне. Заборавив да кажам може пред 15 год.тие страите кучиња што им беа едното успеа некако да избега па цело мало во вис го крена пошто кучињата не мали и добри туку се лоши.
Што се случува со луѓето и со општеството воопшто? Како е можно да постојат вакви монструми кои без никакви причини се изживуваат врз животни? Зарем вакво мачење им причинува задоволство. За жал има дупки во закони и кога е човек во прашање,а не па животно. И животното е живо суштество,треба да се казнуваат вакви гнаси соодветно и се помалку ќе ги има. Никој никого не тера да САКА животни,ама тоа не значи дека треба да ги малтретира,туку едноставно да ги одмине. Доколку има некој средства и сака,нека помогне https://a1on.mk/macedonia/voznemiru...a-zahevtale-ustata-aktivistite-baraat-pomosh/
Короната направи огромен бум во посвојувањето на животни од домови. Резултатите говорат за огромен интерес за вдомување. Дали короната ги натера луѓето да се погледнат подлабоко во огледало дека се живи и осамени? Дека никој не ги сака бар онака како што мислеле? Дека во 4 ѕида ни сам не се сакаш? Додека трендот на посвојување расте во Македонија разговарав вртоглаво се купуваат кучиња. Дали за две години ќе видиме масовно преполнети домови од животни/улици преполни со расни или ќе сврти бројката во љубители на животни? Јас искрено се надевам дека од толкава бројка на вдомени и купени барем 60% да свртат ќе бидеме побројни во најмала рака.
Не знам што народ сме ние искомплексиран, ее сеа ќе чувам џукела, како ќе се покажам со кучето? За жал и се почесто гледам напуштени пудлички и други раси по улиците. Мене баш ми е жал што не можам барем уште некое да чувам, во стан сум немам простор. До сега сум имала повеќе кучиња и се ми ги труеа едни комшии еднаш имав малтешка пудла, другите сите мешанчиња. Сега чувам Средно азиски овчар, ама не зошто е расен туку зошто тој што ги чуваше ги даваше за борби и јас ете спасив барем едно и сега живее како принц Многу се нервирам кај нас земаат кучиња, детето сака, и после детето не сака веќе и ајде на улица, си го земал чувај го до крај. Не знам нашиов менталитет дали некогаш ќе се смени.За жал! И мислам дека не се заштитени животинкиве ич, плус ако нешто сакаш да заштитиш или да помогнеш народот одма ќе ти рече,има болни деца вие кучкари за кучињата се замарате, мислам ок ама тоа е друга тема,мешаат баби и жаби.
И на мене ми се има случувано да поминам покрај глутница кучиња и никогаш не ме нападнале. Петиција за засновање на полиција за заштита на кучињата мислам дека се уште е многу рано но, речиси и непотребно да се заснова овде во нашата држава. Нема интерес ни одзив колку што јас ја следам ситуацијата. Не знам дали постои и во светот некаде воопшто. Има шинтерски служби кои ги собираат уличните кучиња и ги сместуваат во дом во Куманово чинам но, или ги вакцинираат и ги означуваат дека се вакцинирани против беснило со ставање на пластика на увото. Кучињата се корисни односно луѓето имаат корист од нив затоа што даваат информација за крадци и нивно приближување и бранат територија...