1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животните

Дискусија во 'Дом' започната од Gordana10, 27 април 2010.

  1. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Хахахааа, ти не си застанала на Фонтана во парк или на семафор да видиш како касаат циганчињата, како маваат со камења и соблекуваат суќни за да ги украдат ташните, плукаат...
    Кога сме више кај циганчињата да ги предупредам сите што ќе доаѓаат накај Ск , да пазат на плоштад , има цели банди издроирани циганчиња што напаѓаат, особено ако ве приметет дека не сте одовде.

    Ама друг е муабетот сега, јас само се залагам за хуман однос, значи здравите кучиња да се стерилизираат и вакцинираат, а болните на хуман начин да се еутаназираат. Само така ќе се реши проблемот, се додека се изживуваат луѓето врз животните и животните ќе напаѓаат.
    Сепак сметам дека сме цивилизирани луѓе.
    Апсолутно сметам дека треба да се тргнат животните од улица.
     
    На 2505, Belen и sesilija им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Во Скопје доаѓам по потреба, така да не ме интересира многу ситуацијата таму. Велес е прилично мирно место за живеење, додека има народ што се движи по улиците некаде до кај 22:00. Затоа што после сам да поминеш низ улици е богами немогуче.
    Дечко ми ме пречекува кога одам кај него. И татко ми ме испраќа кога излегувам.
    Не планирам да изигравам овде на темава цмиздрач кој плаче по правата на животните, се извинувам кученцата, кога сега да ми дадат кременадла има да ја свиткам и лиги да ми потечат.
    Ама нели, нека се коле свинчето има корист од него, а кученцето ако се заколе нема некоја корист нема да биде мешето полно. Затоа е греотичка за кученцата. ;(
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Со овој дел се согласувам во целост. Се додека претставуваат опасност за окоолината треба да се отстранат.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Нема правда

    Уште никој не одговори зошто секогаш само кученцата се слатки животинки, искористувани, малтретирани душички, а се' друго е нели дел од синџирот на исхрана - eat or be eaten, ама нема везе, не ни очекувам одговор.
    Да речеме дека имам некоја хумана нишка во мене за кучињата скитници (немам, ама замислувам дека ја имам). Како што вели Ирена, сите да се згрижени, спастрени, кастрирани, вакцинирани... И повторно се на улица. И повторни никој не се грижи за истите, и се лигават и пренесуваат бактерии и болести. И што сме направиле? Освен што ќе го преполниме градот со такви.
    Колку може да собере во еден град? Вечно ќе го полниме со кученца и ќе чекаме сите до едно да умрат од природна смрт?
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Луѓето исто како и повеќето животни по природа се масојади, вегетаријанството е избор кој подоцна се прави.
    Кој што јаде е негов избор, ама Господ ни дал разум, интелигенција и говор за да се разлиуваме од животните. Зарем ако јадам месо треба да излезам на улица со нож и да ги заколам сите животни што ќе ми се најдат на патот.
    Тоа што ти јадеш месо не значи дека треба да ги мразиш животните, зарем секој што ќе го мразиме треба да го изедеме?
    Хуманиот однос и разумниот начин на решавање на проблеми нема врска со исхраната на човекот.

    А точно е дека ако кога се нема контрола врз животните тие се опасни, затоа треба да се тргнат од улиците , подобро за нив , подобро и за нас. Јас полемизирам околу начинот на кој што треба тоа да се направи.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Не се само кученцата, и мачките се , и други животинчиња кои залутале во урбаните средини.
    Инаку уличните кучиња имаат животен век од најмногу 4-5 години. Значи дека за неколку години скоро и ќе нема улични кучиња, доколку сега се стерилизираат, и ете решен проблем без убивање.
     
    На BoaVista и sesilija им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Нема правда

    Да, јас јадам месо и ги мразам животните. Секако, не ги јадам зашто ги мразам, туку затоа што месото ми е омилена храна.
    И да,
    точно. Се прашувам само - кој ли работи во живинарски фарми , кланици и погони за преработка на месо???
    Ма што прашувам, веројатно луѓе со IQ во минус.
    Ќе кажам како и Оффспринг, не ги напаѓам, ниту малтретирам, ниту сакам да гледам како им го прават тоа. Јас се плашам да им се приближам дури. Ама знам што можат да сторат, а ништо добро не излегло од куче-скитник на улица. Затоа сум да се тргнат и да се санкционираат. Засекогаш. А не да се враќаат и да се полнат улиците со истите.
     
    На sesilija и Offspring им се допаѓа ова.
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Добро јас не планирам да се карам овде , МРАЗЕТЕ , ваш проблем.
    Вие сте за убиство и омраза и нормално лесно и мене да ме замразите затоа што тоа што вие го мразите јас го сакам. И сметам дека нема потреба повеќе да коментирам овде, се се сведува на индивидуално препукување. Колку омраза на едно место...ц..ц.ц.. колку омраза во луѓето.
     
    На Shila89, girl1985, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Нема правда

    Ирена, не се работи за омраза! Но нашата можност тука не е голема! ние можеме да си кажуваме дека ги сакаме кучињата кој знае колку, но кога ќе видиме некое улично куче што е болно, бегаме! Немој да ми речеш дека ти можеби застануваш да го погалиш?? Вистина е дека треба да се здомат во такви установи, но за тоа се изјаснив во мојот пост погоре! Јас лично не ги мразам кучињата, но не можам да земам сега и да му ги барам правата! Сепак се живи, а некои животни ги колат!!! заради исхрана! е сега животното е животно било да е куче, било да е крава, тоа што си е мое ќе си го чувам и сакам, а тоа што претставува опасност за моја и туѓа безбедност... не можам јас да го сакам!
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Дали сме луѓе или не-луѓе не се одредува според тоа дали сме за отстранување на кучињата од улиците. Се одредува според рационалното размислување.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Знам како ги третираат животните во стационарот Вардариште,како и дека многу странски здруженија за заштита на животните реагираа за тоа како се третираат животните во стационарот Вардариште.Незнам па и какви ветеринари постојат кај нас кои ништо не преземаат во врска со начинот на третирање во нашите стационари.Водев остра дебата во врска со темава со еден човек кој беше дупло постар од мене,а кој истиот ми тврдеше дека треба да бидат убиени кучињата скитници,а не за друго сметаше дека тоа е правилно.Ниедно животно не напаѓа без причина,повторно ќе кажам,а мислам дека имам споменато на форумов негде,а тоа е дека сум поминувала во глутница кучиња и не се случило некое да ме нападне,но не само со кучиња скитници,туку и домашни миленици кои сосема нормално дека и тие можат да нападнат,без разлика дали е заради тоа што ја чуваат територијата во која тие живеат или поради нешто друго.Кучињата дали скитници или домашни миленици,чуствуваат кој човек ги сака или кој има страв од нив и поради тоа тие или напаѓаат или не.Сепак сметам дека треба поубав да им е третманот на животните во стационарот Вардариште и на истите да им се најде дом,доколку имаат предуслови за тоа.Постојат наши организации за заштита на животните кај нас,само џабе кога немаат помош од граѓаните и кога на секој чекор се случува да биде отруено некое куче,само незнам сите имаат домашни миленици,а се против тоа да уличните кучиња да се згрижат,да им се помогне, ги трујат,затоа што се улични или затоа што им сметаат.Што и да кажам во врска со сето тоа е џабе,кога други кои што се задолжени за заштита на животните,како тие што се вработени во стационарот ги третираат така лошо.Самите тие треба да се свесни што прават.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Нема правда

    Кај мене глутниците кучиња напаѓаат и тоа често, и тоа во сред бел ден и незнаеш ни на кого да се обратиш. Сите си ја префрлаат топката, незнам ни дали има шинтер служба, а не е мал градот.
    Не е точно тоа дека ако не го дираш нема да те нападне.Не сте виделе и не ви се случило, затоа немојте толку со сигурност да твдите дека не напаѓаат.
    Пред некој ден мајка ми ми кажуваше за човек во близина на нејзното раб. место,едвај спасил жива глава од 10-12 кучиња. И кој како ќе ги види ја поминува улицата и гледа со страв.
    Исто и во мојата улица има здружени едно 5 кучиња, не се многу големи, но многу се гласни. Другарка ми да си тргне од кај мене морала во туѓ двор да влегува и да чека уште некој да помине за да може да си продолжи.

    Јас лично сакам кучиња, посебно од малите раси.Но од кучињата скитници се плашам и сметам дека треба адекватно да бидат истретирани.
     
    На Offspring, sesilija, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.566
    Нема правда

    Не знам зошто се расправате,проблемот не е во животните,туку во системот кој би требало да се грижи за нив,но не ме изненадува зошто не си ја исполнува должноста,зошто сепак ова е само Македонија и работите се само декларативни.

    Јас сакам животни,јас растев во животни,не сакам само влечуги и птици,но нека си живеат.Не сум љубител на месо,ако морам јадам пилешко,а пилиња има еден куп,риби исто така,синџирот на исхрана е ок,се додека нечиј вид не е пред истребување,а јас колку што знам ние не сме Кина за да дискутираме за синџир на исхрана кој вклучува кучиња.
    Тие животни кои напаѓаат се исплашени и гладни,ништо повеќе.Јас никогаш нема да ја заборавам сликата на шинтер како убива куче кое од страв се пикна во нашиот двор...да го уби,пред мои очи.
    На крај краева животните само затоа што немаат свест и развиен говор,не значи дека треба да бидат убивани,малтретирани,истребени,изгладнувани,проблемот е во луѓето кои за разлика од нив имаат свест и можат да смислат многу похумани начини за санирање на проблемот.И сега...едно суштество кое реагира инстинктивно испаѓа попаметно од суштество кое е способно сложено да размислува,а се осудува на најпримитивен начин да го реши проблемот.
    А за стационарот Вардариште немам зборови...треба да немаш трошка човечност во себе за да не сочувствуваш со кутрите и не е муабетот и Хитлер имал кучиња,па не ги сакал луѓето.Тука веќе се работи за вонсериски психопат,а веројатно не се рамните со него.Можеби ги имал баш заради тоа што длабоко во себе се чувствувал како лоша личност,па често луѓето кои имаат лошо мислење за себе во однос на својата љубов кон остантите луѓе,опсесивно сакаат да чуваат животни,за да се разубедат во спротивното,а башка што кога се работи за куче,љубовта е загарантирана од негова страна.Затоа не верувам во тоа дека ако некој сака животни,сака и луѓе или е хуман.Трендафилче,да не ме сфатиш погрешно,дека твој е примеров,но не се однесува напишаното за тебе во било која смисла,туку воопшто си зборувам.
     
    На 2505, CoverGirl10, MarchelineAmaru и 6 други им се допаѓа ова.
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    Лилит, сакам да ти кажам едно огромно браво за постов. И да непланирам повеке да се карам. :*
     
    На 2505 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Нема правда

    Па не се каравме, само дискутиравме. Кој како си го сфаќа, негов проблем.
    А и не те видов тебе баш многу во дискусијата... ;)
     
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    Епа не дремам по цел ден на фемина, имам и јас обврски. ;)
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Нема правда

    Уууууу, каков удар под појасот.
    Со 243 мислења за нецели 8 дена = 30, нешто дневно... Богами, да се замисли човек :D Биди ми поздравена
     
    На Bokicka, Lolipop23, OzzyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Нема правда

    за тоа дека не напаѓаат без причина сосема грешите и потполно се согласувам за ова со офспринг и трендафилка ... еве јас ги ранам кучињава скитници низ улициве кај нас и страв ми е да поминам од нив секогаш навечер ја терам мајка ми да ме пречека, еднаш едно ме касна за ногата додека си одев сосема нормално по улица, трауми имам од нив и страв ми е навечер низ улица да си поминам, не се согласувам со тоа да ги убијат сепак ги сакам животните, постојат и други решенија, односно да се дезинфекцираат, вакцинираат и дадат на посвојување(оние не опасните, за останатите не знам ни кој човек би ги посвоил, а вие хуманите ако сакате да ви ги пуштам, мислам нема вие да ги провоцирате, како ние |( ) :!: и уште нешто до хуманитарките нашизошто само за кучињата зборувате, свињите не се животни, кокошките не се тие греота или вкусни се тие заколете ги, не ви е жал за нив, или змиите и тие напаѓаат исто како кучињата, само што кучињата шират инфекции тие имаат отров исто ти е тоа, отровот на змиите се вади (на кучињата мозокот за жал не) зошто тогаш не се буните за да не ги убиваат змиите кој ќе види помини си со колата и згази ја :fubar: , и не сакам поинаку да го сватите постот туку само да кажам дека и тие не се толку невини, тоа ви е исто како да браните убиец, за овие кои не се опасни немам ништо против и доколку би можела би посвоила неколку (не можам зошто не ме оставаат од дома бидејки веќе имам 2 мачки), не велам дека убиство е решението, сигурно дека постои и друг начин, ама размислете малку што е повредно животот на еден човек или да се затвори едно куче
     
    На Offspring и Trendafilka им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Да, само кога стана густо на темава ти пишуваше специјални поздрави и честитки за лајк4е да ти стават :lol: ;)
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.566
    Нема правда

    Се фативме за уличните џукели...

    Хомо хомини лупус ест ...
     
    На De-lovely и Belen им се допаѓа ова.