1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животните

Дискусија во 'Дом' започната од Gordana10, 27 април 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Имам едно прашање да поставам до оние кои се борат за правата на кучињата...
    На кој начин освен цмиздрење по форуми помогнале за нивните права?
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.566
    Нема правда

    A на кој начин цмиздрење на форум ќе престанат дечковците да ги изневеруваат своите женски,ќе се поправи расипаниот ден,ќе се издеплираш безболно,ќе го решиш проблемот со могуча бременост,ќе решиш здравствен проблем,ќе се санира проблемот со кучињата бездомници,нејм ит....?! :D
     
    На Sunchild, MarchelineAmaru, girl1985 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Нема правда

    Го подржувате нечовечкото однесување со животните, само затоа што тие касаат од глад, студ, болест? Тогаш што со луѓето кои убиваат свесно за пари, оние кои силуваат или малтретираат? Што со педофилите? Што? И нив ќе убиеме? Ќе станеме како нив? Тоа е решение за се? НЕ. Што со тие луѓе кои малтретираат животни од чиста забава? ОД ЧИСТА ДОСАДА? Од задоволство? Што??? Немате поим колку приказни за мачење на животни имам слушано, како одредени т.н. луѓе просто ги фасцинира помислата на измачување на животните, сакатење на секој негов дел, гледајќи го како го испушта последниот крик... И подоцна тие т.н. луѓе ја раскажуваат таа приказна со гордост за стореното (не)дело?

    Верувајте, луѓето се многу полоши од животните. Да, рационални суштества сме, но често подлегнуваме на некои ниски страсти, правиме работи од чисто задоволство. За разлика од животните. Со вакви размислувања, навистина повеќе личиме на нерационални суштества, впрочем како и тие, животните. Куче нема да те касне, зашто сака да ти ги уништи новите фармерки, но човек би ти украл пари само за да го има најновиот ајфон...

    Ова не е го сфаќајте како признание дека ги мразам луѓето, само сакам да укажам дека некој нешто што не го прави свесно, не може да биде и одговорен за тоа. Каде води ова? Кој е одговорен за злоделата што ги направиле животните? НИЕ, рационалните. Цела вина му ја префрлувам на општествово, на нас, што сме вакви ко што сме.

    И викате сите оние кои не се вегетаријанци, не се љубители на животни во вистинска смисла. А дали сте вие христијани, а лажете, мразите, правите работи кои верата ги смета за грешни?
     
    На 2505, MarchelineAmaru, LadyN и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Trikson

    Trikson Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    35
    Нема правда

    ...јас би донел закон, да им се забрани на лугето да чуваат животни. :lol:

    мислам стварно, комшиката моја е голем поборник за правата на кучињата, а на нејзиното куче му ги извадила гласните жици за да не праи галама у зграда да не лае, као секое нормално животинче...кај е сеа тука логиката? :geek:
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Мене не ме интересира од што касаат, битно ми е мене да не ме касаат и да си поминувам по улица без да се тресам од страв.
    Оние луѓе што убиваат свесно за пари, педофилите и сите оние кои ги наброја се казнувани и одговараат пред закон за тоа што ќе го направат.
    А досега немам слушнато куче да одговара пред закон ако нападне некој. На баба ми пријателка ја нападнале 13 кучиња пред зграда едно утро кога излегувала за на работа!!!! 13 кучиња, не е мала бројка.
    За оние што убиваат животни од досада од задоволсто и незнам што ич не ме интересира, јас кажав дека нит им сечам нозе, нит ги колам и бесам. Мене ми е страв да им се доближам не па да им направам нешто. Ме интересира само да се реши проблемот со нив, затоа што како прво напаѓаат, (немојте да ми кажете дека не напаѓаат без причина оти ми се блуе од таа реченица) Второ шират зарази, трето тресат крлежи, четврто смрдат!
     
  6. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    543
    Допаѓања:
    208
  7. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Нема правда

    да се надополнам на оффспринг
    не се работи за тоа дека ни ги скинале новите фармерки(несовесно) туку дека те касаат тебе, а тоа си носи последици, ретко кои кучиња-скитници се вакцинирани( тие се оние порано дома чуваните но напуштени од сопствениците поради нивните испади ), фала богу мене такво ме касна, инаку не сакам ни да помислам на последиците, бидејќи имаат болести и шират разни зарази, па ако те касне тебе не би размислувала вака
    и религијата и вегетаријанството се 2 различни поими, ај за луѓето и животните и тие и тие се суштества, ама религија и вегетаријанство се сосема различна работа, инаку кога веќе прашуваш не лажам, секогаш сум искрена (иако не треба) и не мразам никој, има личности кои не ги сакам но не ги мразам, не му посакувам никакво лошо, а ако мислиш дека ги мразиме кучињата далеку од тоа јас и сама кажав дека од оние кои не се агресивни и кои се претходно дезифекцирани со задоволство би посвоила, а за останатите би било праведно да се затворат исто како и криминалците, зошто денес тебе утре друг, не прекинуваат да касаат
     
  8. Trikson

    Trikson Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    35
    Нема правда

    сите по една џукела да си земеме на чување, корпа на уста ке им ставаме...со кесе у џеб ке идеме коа ке ги шетаме да им ги собираме гомцата, и обавезно да им ги извадиме гласните жици да имаме обзир кон комшилукот...е така може да ... :rofl:
     
  9. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Незнам дали има правда или не ...сакам кученца ... ама ова што го донесе мојот син.. абе на нерви ми оди .. ај , јадено пиено ,вакцинирано ... и што му фали ... беља работа ... збеснато ... ааа збеснав и јас ... не можам на раат да си седам на форумов од неговото лаење.... :)
     
  10. Unnaa

    Unnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    40
    Нема правда

    Тие се кутри, тажни и гладни души кои ги создал Господ исто како и нас и тие имаат право да си го живеат животот исто како и секое живо суштество. А не некој монструм да му текне и да го одзема нивниот живот или пак да се изживува врз нив. Кучињата не напаѓаат доколку не почуствуваат дека се во опасност. Тие се толку мили и слатки душички и не се виновни што барем во нашата земја никој не превзема ништо за да ги згрижи. Во ред е да не се сакаат кучињата (мада тоа не можам да го раберам), но од каде таа омраза, да им се посакува лошо, да се посакува да се истребат па некои (ко на пример онаа цел ден на телевизија и на интернет што ја даваат што ги фрла кученцата во река) мене навистина не ми е јасно. За мене тие што не сакаат кучиња, ма немам што да зборувам всушност, немам добри зборови.
    И немам намера да се впуштам во дискусии, ова е мое мислење и кој не се согласува... баш ми е гајле.
     
    На 2505, MarchelineAmaru, girl1985 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Нема правда

    Па никаде не ни спомнав дека треба да лежат в затвор! :) Меѓутоа смртна казна (како што ти и другите предложувате) не е решение! Не можеш да казнуваш некој кој не ја разбира штетноста на сопственото дејствие. За среќа "болеста" наречена "кучиња скитници" може да се спречи! И наместо да плукаме по нив, многу подобро би се зашитиле самите, доколку, едноставно им фрлиме корка леб!
    Што се однесува на овој пост, примерот со скинатите фармерки и најновата верзија на ајфон, беше обид да укажам колку сме ние луѓето позлобни од животните и дека свесно правиме многу полоши работи... Точно е дека кучињата можат да бидам многу поопасни за нас, отколку за нашите фармерки... ;) Но, знаете ли колку ветеринари имаме низ земјава? Потребна е многу помала инвестиција од онаа со фамозните фонтани и споменици низ Скопје, за да можеме мирно да поминуваме улица навечер, па дури и да си го дадеме задоволството да погалиме некое куче - скитник.... Па и него му треба љубов, уште поважно, и нам ни треба љубов... Сите оние кои не се љубители на кучиња, всушност се лишуваат од една верна љубов...
    Компарацијата помеѓу христијаните и љубителите на животни, ја направив само за да посочам дека не треба да се гледа бланко-негро, не треба да иоаѓате до заклучокот: "ако не си вегетаријанец, не си ни љубител на животни!"... Тоа ќе го поддржам со фактот дека јас сум љубител, а не сум вегетаријанец од чиста причина што сеуште не сум доволно осамостоена, да можам да бидам тоа. А сакам и ќе бидам еден ден!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Нема правда

    Ova so mu go pravat na zivotnite e grev a gledam i mnogu komentiraat deka i taka treba jas imam samo edno da kazam....na zivotnite treba da mu pomagame isto kako i na lugeto i tie trebaat i koristat za nesto vo zivotot zatoa i postojat na ovoj svet da mu pomognes na nekoe zivotno e kako da si pomagas na samiot sebe zosto kako velat starite...se se vrti se se vraka...dobroto so dobro losoto so loso..poz do site
     
    На 2505 и BoaVista им се допаѓа ова.
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Нема правда

    Стварно се згадив од клипот, уште се смее.....
    претерано сакам животни и не би убила, имам маче и некој малце да ми го шутне со нога одма урлам...Мразам кога се убива без причина, никој никого не тера да сака животни, но не мора да гиубива. Е тоа е нашата држава.....
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Нема правда

    И на крај, зошто општеството, а не кучињата скитници, е виновно за сите искасани нозе и исплашени срца кои тропаат силно кога минат навечер по непрометни улички? Затоа што е вакво, гнило, има пари – а нема стандард. Има образование, нема знаење. Има здравство, нема здравје. Има љубов, но нема доволно. А ние се однесуваме така лежерно, го шминкаме лицето пред огледало, а тоа не е ни измиено, не е чисто! Фрламе пари за кармин, наместо за сапун! И да, многу е полесно да ги истребиме сите кучиња, отколку да се промениме. Ако, нека не касаат, нека боли!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Нема правда

    Епа ете едноставно, треба лавови, коњи.....Никој не ги гледа другите работи, што се случуваат сред бел ден, не од кучиња туку од луѓе.
    Кај мене пред неполна година знам беше ладно до зградата во картонска кутија беа оставени 3 мали кутриња...кој ги оставил??? Сами ја донеле кутијата? Значи пак е виновен човечки фактор. Доколку постои асална организација, нема да има кучиња скитници. но, верувам и тогаш ке се најде некој паметен да остави некое безпомошно кутре на улица. Ех да има закон, ко во некои земји да се посвојуваат и милениците, па да видам дали така ке се однесуваат и ке ги истресуваат на улица, па после касале, па ке касаат, и ти ке касаш ако осетиш опасност.
     
    На Belen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Нема правда


    http://www.index.hr/vijesti/clanak/bugo ... 10338.aspx
    :)
     
    На Angelche и MiDnIgHtLaDy им се допаѓа ова.
  17. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Нема правда

    кој рече дека ние ќе ги убиеме , или ќе се изживуваме врз нив? Ние само рековме дека треба да се реши проблемот со нив т.е да не пренесуваат бактерии и инсекти по тревите и да можеме слободно да си одиме, да не не напаѓаат, односно да се затворат (агресивните), а за останатите ќе се најде некој што ќе ги вдоми веројатно, има многу луѓе што бараат кученце и не можат да најдат
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Прво ќе нагласам дека не сакам да се карам со никого, само изнесувам свое мислење. Останав зачудена од мислењата на некои форумџики овде настроени за кавги и препукувања, али ајде...

    Како прво ќе напоменам дека јас сум ПРОТИВ БИЛО КАКОВ НЕХУМАН ОДНОС КОН УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА (бидејќи колку разбрав јас темата е за нив). Не осудувам никого, секој си има право на свое размислување, секој си има право дали да сака или не едно животно. Но да се разбереме, едно е да не сакаш, а нешто сосема друго е тоа што ти не го сакаш да го изложуваш на непотребни болови, маки или да го убиваш. Типичен пример за нехуман однос кон кучињата скитници е стационарот Вардариште и градот Скопје на чело со Коце Трајанов. Дали според вас е нормално да 12 годишно дете крвнички се изживува врз маче, да го сече на делови и да го прикажува на нет?Нели е тоа малку загрижувачки? Дали некое нормално суштество кое колку и да мрази кучиња може да му ги отсече нозете на едно кутренце? Дали ова според вас е нормална појава? Јас мислам дека не. Најискрено мислам дека оној кој толкаво зло може да нанесе на животно, без око да му трепне може да повреди и човек. Многу фактори според мене се криви за ваквите случувања и ваквиот однос кон уличните кучиња. Прво виновни се медиумите кои само подгреваат атмосфера, а незнаат да пуштат некоја поучна емисија за тоа дека кучињата се најдобар човеков пријател.Друго криви се и денешниве родители кои децата небаре ги чуваат во стаклени ѕвона. Не смеело да допре куче, маче, кучињата пренесувале бактерии, мачките имале прашина и болви (ова го имам слушнато од внука ми која е 3 годинии која не знае ни што е бактерија но ете знае дека кучињата ја пренесуваат)наместо да ги учат да си ги мијат рацете откако ќе допрат некое животно, тие уште од мали нозе си ги учат децата да мразат животни. И јас сум била дете, сум пораснала и со кучиња и со мачиња, па еве ме здрава права ништо не ми фали. Крива е и дражавата за тоа што не ги казнува луѓето кои се изживуваат врз животните иако во законот се пропишани казни.

    Некој погоре спомена дека сите ние се правиме хуманитарци. Не, јас ниту се сметам себе си за хуманитарец, ниту сум направила нешто за да бидам хуманитарец. Јас само не сакам да се трујам со мржња кон некој си беспомошни суштества што ништо ама баш ништо не ми сметаат. По чија вина кучињата се на улица? Не по своја секако. Ќе му се окучи кучката на некого и оп пет шест мали кучиња ќе остави околу некој маркет или продавница. Затоа градот треба да пресече и да земе пример од сите европски метрополи каде што проблемот со уличните кучиња со години наназат е решаван со методата ЗАЛОВИ СТЕРИЛИЗИРАЈ ВРАТИ, а оние болните и агресивните да се успиваат. Оваа метода досега се покажала најусппешна.

    И за крај луѓе вие што мразите кучиња, едуцирајте се малку повеќе во врска со кучињата, погледнете некој филм за тоа колку кучињата можат искрено да сакаат, доближете се на некое улично куче, погалете го не или пак фрлете му нешто за јадење, верувајте дека ќе ви се промени мислењето што неправедно го имате создадено за уличните кучиња воопшто!
     
    На 2505, MarchelineAmaru, Shila89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда


    Секоја чест за се погоре напишано, за сите постови :clap: !
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Нема правда

    Со сето должно почитување за твојот долг и емотивен пост, некои од девојките меѓу кои сум и јас појаснија дека биле нападнати од кучиња и оттаму потекнува и нивниот страв.
    Мене лично не ме нападна улично куче, туку домашно, избањато, намирисано, воспитано.
    Фобија си е фобија и тука нема помош. Ниту им се доближувам, ниту сакам да ми се доближат. Ниту пак сакам да сум осудувана затоа што не ги сакам, сум во можност да повредам човечко суштество . :^)
    Мене таа логика на нештата ми е тотално неразумна.
    Зборуваме за кучиња скитници со кои улиците се преплавени. И кои напаѓаат и без и со провокација. И доколку сакате да мижите и да се залажуваме дека кученцата се најдобар пријател на човекот, најпаметни, и секое куче е Бетовен од филмот или Марли , ок е. Никој не ви го забранил мислењето.
    Ќе нагласам - никоја од девојките не спомена повредување, изживување, насилство врз кучињата. Само да се тргнат од улица, т.е. да се успијат.
    Нема да е тоа подобро и похумано за едно куче, отколку да гладува, да мрзне и да се лигави по улиците? Што се кучињата скитници, некаков декор по булеварите? Симбол на современо и урбано општество?
    Пак ќе кажам, секој има право на мислење и го почитувам. Единствено ме разочарува што какви и да сме, сите сме луѓе, и никогаш, ама НИКОГАШ нема да ставам куче пред човек. Од било каква причина.
     
    На TheKiketoo и Offspring им се допаѓа ова.