1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животните

Дискусија во 'Дом' започната од Gordana10, 27 април 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Мене не ми е јасно за што овие лигавештини? За што живеење во бајките?
    Алооо Македонија е ова, какви метрополи какви бакрачи.
    Оди ти кога ќе ти се окучи кучката чувај 6 кучиња дома. Ќе чуваш? |(
    Аман веќе со тоа ваше изживување, гледам не помогна што кажав два пати па ќе пробам овака:
    нит ги бесам, нит им сечам нозе, нит ги колам.
    Сега, појасно е?
    Или еве, во случај да не е пак јасно
    нит ги бесам, нит им сечам нозе, нит ги колам
    Ако и ова не помогне да разберете тогаш нешто не е во ред, или со мене или со вас.
    И да, ако толку си ги сакате, приберете си ги, таман помалку кучишта по улиците.
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Какви се глупости нема да се изначитам, значи не ми се верува. Ќе те цитирам пак ,,САМО ДА СЕ ТРГАНТ ОД УЛИЦА Т.Е ДА СЕ УСПИЈАТ,,. Дали ти сакаш да напишеш дека уличните кучиња треба да престанат да постојат, ајде ако не да го истребиме кучешкиот род само зашто тебе ти сметаат? Или пак затоа што не се убава декорација по булеварите и симбол на современо и урбано општество? И најголемата глупост да ги истребиме кучињата затоа што гладувале и смрзнувале, тоа би бил најхуман однос? :fubar:
    Нели е похумано тие кучиња да се згрижат некаде? НЕ! Најхумано е да ги истребиме сите до едно така ќе си ги решите проблемите. И ајде после ќе ви засметаат и мачките, па на крај можда и некој од лугето. Најтрагично е што несакате да го согледате проблемот и да понудите ефективно решение. Си имате зацртано во главата дека уличните кучиња се вакви такви и онакви и толку. Жалосно и јадно навистина.

    И за крај за љубовта и верноста на кучето како човеков пријател не дознав од филмовите, туку лично имам почувствувано, зашто одсекогаш сум чувала куче(улично) и никогаш ама баш никогаш да можам да посакам да се убие или повреди било кое улично куче. Најискрено ве жалам сите што немате куче пријател, ама ова најдобронамерно, за да видите каква љубов и благодарност тоа може да пружи.
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Нема да чувам 6 кучиња, ама затоа ќе си ја стерилизирам кучката или ќе и ставам инекција да не се пари.

    И немаш потреба да се палиш без причини, ниту некој те спомена, ниту те цитирав, нити пак ме интересира дали ти ги бесиш или колеш. Јас си напишав мое мислење, а ти ако имаш проблем да лечиш фрустрации оди и лечи ги на друго место, а не на секоја тема по форумот. Се гледа по твоите постови што човек си, на секого се нафрлаш да се караш и препукуваш, ама барем да имаш аргументи. З
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Ти ќе ми забраниш да те цитирам? :)
    Се палам, затоа што ме засега, а ти неможеш ништо да превземеш во врска со тоа. Оди, жали си ги кучињата, јас и Трендафилка се изјаснивме дека имаме фобија од нив. Чувај си го твоето дома, мази го, и пази го, никој не ти забранил, ама не ни кажувај што и како треба. Јас не планирам да им се доближам, сакам само да се истребат, на овој или оној начин баш ми е сеедно.
    Гледам упорно кажувате како некој ги беси коле и незнам што друго. Не ме интересира да ги обесам, ме интересира да се тргнат од улиците, затоа што ако тебе не те нападнало мене ме нападнало и ми е страв.
    А за мојот углед на овој форум, не си компетентна да говориш ;) Тоа можат да го кажат другите форумџики :*
     
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Нема потреба некој друг да каже. Секој што малку поредовно читка на форумот ќе забележи дека лесно влегуваш во конфликт и се палиш без причини. Секогаш ама баш секогаш си наоѓаш по некој да се закачиш. Ок, тоа е твое право, но форумот не е место за караници, тоа е место за разменување на мислења. Никој не се зачленил овде за да некој друг му попува, овде сме сите за да си кажеме што мислиме и да го почитуваме туѓото мислење, што ти очигледно незнаеш да го правиш. :*
     
  6. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Нема правда

    секогаш му давам јадење, му фрлам преку ограда( пошто ми е страв да му се доближам) и пак кога ќе излезам на улица пак ми лаат и едно ме касна и затоа те молам не ни соли памет
    и да оффсприг е далеку од тоа како што ти ја опиша
     
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Девојче или детенце незнам како да те кажам зашто гледам дека имаш 15 години, никој не е тука за да ти соли памет. Јас си напишав мое мислење, а ако не ви се свиѓа на вас јас немам што да ви правам. Не ми измислувај приказни сега дека ти им фрлаш храна а тие упорно те лаат па дури и те касаат и ти пак им фрлаш и тие пак те лаат и пак те касаат, тоа се приказни за мали деца. А за оффспринг такво е моето мислење по сите постови што ги имам прочитано од неа, а не се само на оваа тема. Ја не реков ништо лошо за оффспринг, факт е дека таа ужива да се контра и да се закача со било кој. Има пишани докази за тоа. Ајде сега оди легни си касно е ;) Добра ноќ :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Треба сите да се лигавиме по форумот со срцка, злато, душо и рандом лигушки зборови?
    Јас не сум од тој калибар. И овде и во реалноста. Мене животот не ме научил да одам секоја недела на мрсен шопинг и да луксузирам за што ќе ми текне без разлика дали потребно или непотребно, па да имам за што да се лигавам. Сум имала удари, мали и големи, а оваа тема не е место да зборувам за истите.
    Почитувам мислења, би испочитувала мислење на темава и што е спротивно од моето, ама доколку истото не е лигавење колку се мили кучињата и не напаѓаат без причина (ти се молам :^) ) .
    Ти ги сакаш, јас не ги сакам. Ти сметаш дека не претставуваат опасност за околината и дека се за греота, а јас мислам обратно.
    Напишав и предходно, и да не напаѓаат шират зарази. И да не шират зарази тресат крлежи. Едно од овие е!
    Што се драпаат в парк се драпаат. Трчаат таму на истото место каде што си играат мали дечиња. На истото место се чешаат, им течат лиги и смрдат. На место каде што има мали деца. Значи не јас или ти, туку мали деца. Не мене или тебе, туку на мало дете ќе му се закачи крлеж. Тоа дете ќе изгори од температура и ќе лежи во заразно. Имаше случаеви, информирана сум.
    Е сега, вас ви е помило кучето слободно да си се драпка, да си тресе крлежчиња или децата да бидат заштитени? Бидете малку пореални, оставете приказните дека се за греота. И децата се за греота, едно комшиче пред две години убаво си го дрпна ни криво ни должно, плус си ги лупнаа парите од џеб за инјекција против тетанус.
    Кој е погреота? Да одделиш пари од платата која макотрпно ја заработуваш (во Велес просечна плата е 6000 денари мање да, више не), да претрпиш трауми, да закачиш зараза...
    Претставуваат опасност за околината и никој неможе да ме разубеди, затоа што на своја кожа си имам почувствувано!
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Еве како веднаш се забележува промена во начинот на комуникација кај тебе оффспринг.Да, за разговор не е потребно лигавење, но не е потребен ниту пак цинизам и препукувања.
    Дали мислиш на последиците кога во истите тие паркови во кои си играат дечињата некој остава отров за да ги испотруе ккучињата? Тоа нели е опасност и за децата?
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Досега немам чуено дете да се отруло во парк од отров за кучиња. Барем во Велес, за настрана не зборувам затоа што незнам што и како е. И да, отров им се става во јадењето, сигурно не попрскуваат отров по тревата.
    Него најдов интересна мисла, додека гуглав сега наидов на тема слична на оваа, само на друго место.

    Kучињата се примитивни зверови и кога куче скитник ќе нанесе тешка телесна повреда на човек никој не одговара,

    за разлика од друго куче што има сопственик, сопственикот одговара дали парично или на друг начин не е важно правдата е задоволена„во тоа се состои целиот проблем,

    луѓето што нанесуваат тешки телесни повреди лежат во затвор,
    кучињата што нанесуваат тешки телесни повреди се на улица слободни и повторно го повторуваат делото

    Вистинито, мноооогу вистинито. :)
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Ако не си слушнала не значи дека не се случило или дека неможе да се случи.
    Речиси секое куче кое досега нападнало човек е убиено, распрашај се подобро и ќе се увериш. Но не е суштината во тоа. Дали ти сфаќаш дека и да ги истребат скоро сите кучиња во Велес, за два три месеци градот пак ќе ви биде полн со кучиња. Ја стварно незнам луѓе вие дали не сфаќате или со сила терате инат? Единствен успешен метод за решавањето на овој проблем е КАСТРАЦИЈАТА и повторно враќање на истото место. Затоа што ако не го вратат тоа куче на старото место, таа територија останува слободна и на неа се населува друго куче. Ја стварно незнам више како да објаснам. Побарајте на Google и ќе најдете поопширно за ова. Па не се будали другите држави што така го решаваат проблемот, пробале со масовно убивање, не им успеало и сега проблемот го решаваат со КАСТРАЦИЈА.
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Нема правда

    Па ако е така побезбедно така и нека биде.
    Само нема кој да спроведе, градоначалникот го гледам на ТВ само кога потпишува некој папири со кој после може комотно задникот да си го избрише.
    Мене ми е сеедно дали ќе ги убијат или ќе ги има на улица. Но ако се на улица да не се агресивни :!: Јас несакам кучиња. Ако ги убијат би ми било баш сеедно. А ако ги кастрираат и остават на улица, па притоа не претставуваат опасност, тогаш супер и волкот сит и овците на број!
    Само пак ќе речам, какви кастрации овде во овој град никој уво не го боли за ништо |(
    Аааа она куче што мене ме нападна не беше убиено, слободно се шеташе пак по улицата, Исто и тие 13 кучиња што ја нападнаа на баба ми пријателката кога одеше на работа. Затоа не правете споредби меѓу куче и човек. Да ме нападнеше човек ќе одговараше за стореното :) Или да ја нападнеле на баба ми пријателката 13 души... Исто ти се фаќа, само што да ја нападнале луѓе ќе одговарале, а кучињата не.
    И да, во Велес нема стационар, тоа е врло битен податок, затоа е подобро да се убијат, секако нема каде да се згрижат. Нема кој да ги посвои, затоа што е беда и мизерија. Оние што имаат пари чуваат расни кучиња.
     
  13. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Нема правда

    еве јас живеам во австралија,веке 1год.и пол и овде од кога сум дојдена не можеш да видиш кучиња или мачиња да се шетаат слободно низ улици,лугето кои имаат кучиња се врзани,некои и се издресирани :) а ако дојде до случај некое куче да нападне,сопственикот плака убава казна или ако каснало повеке луге може да му го одземат кучето :o
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Нема правда

    Се обидувам коментарот - ако не ги сакаш кучињата, не ги сакаш ниту луѓето и си подготвена да убиеш човек, да не ги сфатам како лична навреда. Го потенцирав кучињата, не реков животните, затоа што констатиравме дека само тие се вредни за зборување и обожување, наспрема сите гадни, валкани, одвратни животинки кои ги служиме на трпеза скоро секој ден.

    Ми текна на друг аспект, само Скопје ли има стационар како Вардариште? Другите градови значи немаат... И како тие ќе го решат проблемот со кучињата скитници? Да не треба такси превоз да им организираме случајно до Скопје?
    Значи, ова е држава со милион проблеми и фалинки, почнувајќи од круцијално важни работи како инфраструктура, вработеност на населението, описменување, па се' до бездомниците на улица. Никој досега не предложил проект за згрижување на бездомници, ама никој и не е потресен. Ех сега, голема работа, нека скапува на улица, па он си е крив што е бездомник! Ама важно, сите ќе се убиете од трескање во гради што и како треба да се направи за кучињата бездомници. Зашто - не сме биле хумани. Мхм... Преку таквото од темава, не ги гледаме вистинските проблеми, ама сите имаат некоја жичка и изигруваат заштитници на што? На лигава вреќа со болви и крлежи која е потенцијална закана за околината.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Трендафилка напнуваш веќе со повторување на едни исти работи во секој пост. ОК е сфатив дека не ги сакаш уличните кучиња, и да сметам дека ако можеш да малтретираш куче на таков начин, можеш истото да го направиш и на човек, па ти како сакаш сфати го дали како навреда или не. И да темата беше отворена за уличните кучињаи стационарот Вардариште и затоа за нив се пишува, ако сакаш тема за заштита на сите животни слободно отвори си и не замарај овде со банални споредби.

    Ова дека као демек ти текнало дека стационари нема во другите градови, уствари го прочита од оффспринг. И што ако нема? Дали ти си слушнала дека постојат ветеринарни станицци во сите градови? Дали знаеш дека стерилизација на куче врши ветеринарен доктор?

    Пишуваш дека во дражавата имаме проблеми. И што ако имаме? Кој е виновен за проблемите? Луѓето и државата! Кој е виновен за проблемот со бездомните кучиња? Ние, луѓето? Кој е виновен за постоење на бездомници луѓе? Државата! Кој е виновен за невработеноста? Државата! Епа државата и сите тие што седат во фотељите и не детрат со даноци има да си гхо решат проблемот со кучињата на најхуман начин, а не на примитивен суров начин како што досега е правено.

    И да за крај Трендафилака те молам во наредните постови избегни дискусија со мене, затоа што не сакам да со го трошам времето за некој кој нема грам милост во срцето за што сведочи и следнава реченица цитирам,,лигава вреќа со болви и крлежи која е потенцијална закана за околината,,. Жалосно е што постојат луѓе што можеби не се лигави вреќи со болви и крлежи, но затоа се десет пати поголема опасност и закана за околината!
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Нема правда

    Извини, дури сега го прочитав твојот коментар, малку без зафатена, давев еден човек пред малку во продавница.
    Прво, моите споредби не се банални, многумина се согласија со мене. И не напнувам, си кажувам мое мислење. Имам право да си кажам, нели? Како што ти немаш право да кажувам дали смеам или не смеам да навлегувам во дискусија.
    Поентата е дека сите имаат различно мислење што треба да е приоритет. Тебе ти се кучињата бездомници, мене ме боли таквото за нив. Јас може сакам да се реши проблемот со градскиот превоз, а некој сака жардињери со ириси пред Влада или кај него пред зграда. Така да, ако се подредат по редослед според степенот на важност и потресување - жалам, никој нема да обрне внимание, ниту да се расплаче за , пак ќе повторам - ЛИГАВА ВРЕЌА СО БОЛВИ!
    И кој ти е тој коментар дека јас немам срце, ниту милост? Тоа ли е мерило? Тоа е исто како јас да се дрзнам и да ти речам дека не си осетила очигледно човечка љубов, ниту топлина и емоции, па истата ја надоместуваш со љубов спрема некое си куче. Малку осет. Јас не навредив никого лично. Си кажав мислење, тебе ти смета, ти си имаш проблем. Точка.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  17. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Нема правда

    Не сакам пак да излези дека ја бранам Оффи, но треба да знаеш дека кај неа никогаш не бил сменет начинот на комуникација, секогаш го кажува она што го мисли, а во овој пост јас не видов дека се препукува со некој! Морам да се согласам со нејзиниот пост бидејќи се што кажа е вистина, јас одев 4 години на пракса во инфективно во Прилеп и ги читав извештаите на луѓе каснати од кучиња скитници! И не беше тоа мал број! и тоа што извештаите се прават месечно! :!:
    за другото веќе се изјаснив во оваа тема!
    благодарам.
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Јас незнам кој дел од мојот пост не го разбра. Коментирај ти колку сакаш и каде сакаш,но не навлегувај во дискусија со мене веќе на оваа тема, затоа што ти пишав дека не сакам да си го трошам времето на луѓе кои немаат грам човечност во себе! А дали јас сум осетила човечка љубов или не, тоа неможеш да знаеш, можеби сум осетила, можеби не, али едно сум сигурна не сум ниту кучемрзец, ниту човекомрзец, ниту сум себична и саможивна како тебе. Извини ако и ова го сметаш за навреда, но од она што погоре го имаш напишано такво мислење стекнав за тебе! Позз
    И да извини што не ти пишав одма, али бев да барам да осетам човечка љубов
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Нема правда

    И ја најде ли? Штом се врати на форумот да пишеш на еден саможивник и човекомразец, не верувам дека си пронашла ама баш ништо.
    Задржи си ги коментарите за себе, а и јас моите. Ниту јас не планирам да си трошам време на една ваква бесмислена дискусија, во која НАВРЕДУВАШ (да, само очигледно така ти одговара да не гледаш) и се водиш од глупави стереотипи.
    Што е наредно, сите кои носат црно се мрачни и потенцијални сериски убијци?
    И други девојки инаку има во дискусијата кои истапија со факти и аргументи за бројоt на искасани од кучиња - бездомници, ама очигледно не ти одговара ниту тоа да го слушнеш и го игнорираш; важно мене си ми се намерачила, да го истераш злото од мојата себична душа! Ако си купам кученце со розова панделка - ќе станам ли повторно добра и фина? Оф Боже... Whatever.
    И кој прв почна да изнесува коментари за тоа - кој каква личност е? Ниту се знаеме, ниту познаваме, ама ти врз основа на мерилото за човекољубие - љубовта врз едно куче, ме оцени. Секоја чест.
     
  20. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Нема правда

    Јас сакам само да потенцирам дека сите овде зборуваме за кучиња скитници, зашто таква е темата (всушност, насловот треба да се смени!). Не е дека ги фаворизирам во однос на другите животни, затоа коментарите од таков тип се непотребни.

    Друго, сите се согласуваме дека постои проблем од кучињата скитници. Меѓутоа, не се согласуваме во врска со начинот на кој ќе се реши истиот. Вие се залагате макар и за нехуман однос, само да се спасите од "вреќите со болви"... И баш поради тоа сме во ваква ситуација, зашто секогаш се бара најлесното решение (на ова и се однесуваше мојот претходен пост).

    И да, можеби нема соодветен наслов групава, но да, вистина е - нема правда!