1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заштита на животните

Дискусија во 'Дом' започната од Gordana10, 27 април 2010.

  1. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Нема правда

    Сметам дека треба да се подобрат условите во Вардариште. Но има и многу неодговорни луѓе што ги пуштаат навечер кучињата надвор. Сметам дека за големиот број на кучиња скитници криви се луѓето. И сметам дека треба да се соберат сите скитници, неизлечиво болните хумано да се еутанизираат а другите да се излечат и исчистат и да се ставаат на посвојување. Сепак има неодговорни и сурови луѓе кои ги малтретираат кучињата (не само скитниците) и ставаат отров за да ги убијат. На пример на еден мој пријател му го отруја кучето само затоа што го изнесе надвор да го прошета заради природна потреба. Е од такви треба да се заштитат сите кучиња. Мислите дека тие не поминуваат низ трауми? Секако има некои што се навистина болни и лоши но што со останатите?
     
    На angelce1 и BoaVista им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Се согласувам дека нема правда, немаше и мене кога ме нападна тоа разлигавеното створење.
     
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Многу сакам животни... си чував и куче едно време и кога би имала услови пак би го чувала. Навистина се многу мили и знаат да пружаат многу љубов.
    Вие што сте имале лошо искуство со куче нормално е дека ќе се плашите и дека ќе ги мразите... не гледам ништо лошо во тоа што не ве допира ако неколку кучиња скитници исчезнат од вашиот град. Искрено, нема да ме допре ниту мене... ама воопшто не се замарам со тоа дали ги згрижиле или ги успале. Единствено е што не оправдувам да ги мачат, тепаат и малтретираат. Сепак се живи и трпат болка. Живеам на село, на времето чувавме и свињи, и никогаш не ми е било жал кога ги колеле. Само не сум сакала да гледам.
    И ете во што ќе ме сместите мене??? Лицемер кон животните :^)
    А тоа дека има претерано многу кучиња скитници ги има. Во Стив има околу 20 тина и се гнасни за гледање... сите се со живи рани по телото, со опаѓано крзно. Таквите од далеку ги заобиколувам. За нив мора да се погрижи општината, не е во ред да шетаат наоколу и да шират зарази. На кој начин, нит ме интересира, нит зум загрижена... нека му ја мислат тие.
     
    На WomanInLove и BoaVista им се допаѓа ова.
  4. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Нема правда

    Некој гад човек го оставил кучето надвор и тоа те искасало. Нема правда. Сега, зашто не го знаеме гадот, ќе го убиеме кучето. Нема правда.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Ич не ме интересира дали газдата е крив или Јанко и Петко. Мене кучето ме нападна, не газдата. Газдата сигурно немаше да ми зарие заби в нога.
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Нема правда

    :lol: :lol: :lol: :rock: :rock: морам да се согласам и со ова! Јас ли сум крива ако моето куче нападне некој? Јас можам да одам да се извинам и си го вратам кучето дома, но има тука една битна ствар- моето куче досега во овие 7 години не нападнало НИКОЈ!!! тука кај што живеам шета слободно насекаде и никогаш никој не се пожалил дека трчало по него,а не да го касне!
     
  7. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Нема правда

    Па треба да ти биде. Газдата го оставил кучето свесен дека тоа претставува потенцијална опасност за луѓето! Треба да ја бараме одговорноста, а не да бегаме од неа. Заради нас луѓето се случуваат вакви и полоши работи. И наместо да се промениме, ние ќе им се одмаздиме на послабите!? И еве нека биде така, ќе го убиеме кучето. Ќе убиваме, додека нема ниедно куче скитник во земјава... Ќе се реши проблемот? Не. Утре пак некоја будала ќе остави куче на улица, тоа пак ќе касне некој... До кога ќе пролеваме крв?
     
    На angelce1, RedRose97 и BoaVista им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Тогаш да му отидам на газдата и за врат да го фатам оти го оставил кучето? Мене тоа не ме интересира, ме интерсира да ги НЕМА од улиците. А ако најдам отров, едно нема да се види овде.
     
  9. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Нема правда

    Договорено. И утре кога ќе ти зарие заби некое циганче, фрли му и него отров. Така ќе се справуваме со проблемите, како да живееме во првобитно општество... Каде е хомо сапиенсот?
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Гледам вас циганите во се трн во око. Ако ви сметаат, одбранете се од нив, како што јас се одбранувам од кучињата. Мене ич не ме интересира нивната мочана територија.
    И нема кај нас во Велес агресивни циганчиња, за во Скопје не ме интересира. Овде се мирни во глобала. Каде ти е хомо сапиенсот тебе кога на исто ниво ставаш циганче и куче? Ајде да видам?
     
  11. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Нема правда

    Па проблемот е токму во твоето справување со проблемот, тука ставив јас акцент. И не, не ги ставам на исто рамниште животните и луѓето, тоа само го ставив како пример дека проблемот го решаваш како што го решаваат дивите животни, око за око - заб за заб. Всушност, не би ме изненадило, со оглед на твојот начин на размислување, утре, по некое лошо искуство со циганче (зашто верувам доаѓаш и во Скопје понекогаш), да речеш, смрт за сите цигани. На крај краишта, и тоа е напуштено живо суштество. И тоа може да те оштети без твоја вина. И тоа може да те пренесе болести. А тебе, не те интересира ни зошто, ни како ни што, ти само сакаш - глава мирна.

    Во право бил Ганди кога рекол дека талионот ќе го направи светот слеп, јас само би додала - и гладен!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Нема правда

    Имам страв од кучиња,и тоа голем,дури понекогаш ми е страв да поминам и покрај некое мало кученце навидум невино и мирно што сум и сигурна дека е така но сепак ете...Ме нервираат глутниците од кучиња поради кои често морам да го сменам правецот на движење или да поминам на другата страна,многу пати поради едно куче во маало чекам некој да помине или се јавувам некому да ме пречека,а кучето замислете е малечко ама многу лае и ги напаѓа сите, особено ако помине некој на мотор или велосипед.Би требало надлежните да го решат овој проблем кој е доста загрижувачки и претставува опасност за луѓето.Сепак ми е жал за тие кучиња скитници што немаат кој да ги згрижи и често се оставени на милост и немилост на луѓето,или на пример кога ќе видам куче со повредена нога баш ми е жал па макар колку и да ми е страв од него.
     
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    оффспринг значи без намера да се карам, ќе те запрашам дали знаеш дека расфрлање отров и мачење на животни е кривично дело? Дали ние живееме во современо општество каде што постојат закони и секој ќе одговара за своето дело? Или пак живееме во примитивно општество каде што секој ќе си ја земе правдата во свои раце? Дали тоа асоцира на анархичност и безредие? Доколку тебе те каснало куче кое има сопственик сопственикот на кучето ќе одговара и ќе си плати парична казна. Доколку те касне улично куче, бидејки тоа е агресивно ке се успие. Неможеме заради неколку агресивни кучиња да бараме да се истребат сите. Исто како што неможеме заради некои сериски убијци да го замразиме целиот човечки род. Велиш дека ние треба да најдеме начин да се справиме со еве на пример циганчињата. јас ли треба да најдам начин да се справам и со крадецот во мојот дом? Што треба да направам? Да му ги исечам рацете за да не ме краде? НЕ! Државата е таа која треба да се справи со сето она што на некој начин е проблем за општеството. Таа треба да го реши проблемот со уличните кучиња на најхуман можен начин, затоа што тој начин освен што е најхуман е и најефикасен. Се друго е само залажување и перење на пари!
     
    На Belen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    А зошто тогаш стави споредба со циганче, а не со цивилизиран човек? Значи ги ставаш на исто рамниште кучињата и луѓето.
    Од каде ти си даваш за право да кажеш дека јас би била во состојба да отрујам циган? Јас немам проблем со циган, имам со кучиња. Ако сакаш да дискутираш за циган отвори си тема и дискутирај си таму. Овде се зборува за проблем со кучиња.
    Ако отрујам куче нема да одговарам, ќе нема кој да ме тужи. А ако отрујам циган ќе одговарам. Има мал милион луѓе што ми бодат очи и ми иде да ги задавам, ама не ги задавувам затоа што ќе одговарам.
    Јасна е поентата?
    Ако мене куче ме нападне нема да одговара, исто и јас за него нема да одговарам. Ако ме нападне циган ќе одговара исто и јас за него...
    Значи тука има разлика голема од човечки живот до кучешки.А ти таа разлика не ја правиш затоа што ги ставаш на исто рамниште.
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Да да, ако ме касне улично ќе се успие. Ќе го најдеме со интерпол. Ќе му ставиме лисици на шепите. |(
    http://www.facebook.com/home.php?#!/pag ... 9945891655
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Незнам дали ова се однесуваше на мене или на Белен, но еве јас ќе ти одговорам. Дали си сигурна дека ако отруеш куче нема да одговараш? Јас би ти препорачала малку подобро да се запознаеш со нашите закони, ќе се увериш дека секое непотребно мачење и нанесување на маки на живоно е КАЗНЕНО ДЕЛО!
     
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Нема правда

    Еве само еден пример:
    Петмина 18-годишни момчиња од Кавадарци и Валандово добија кривични пријави за „мачење животни“ откако лани во декември ја демонстрираа својата суровост врз едно маче.
     
  18. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Нема правда

    Јасна е поентата. Само затоа што е забрането, нема да посегнеш по човечки живот. Освен законот, поради ништо друго не правиш дистинкција помеѓу човечки и кучешки живот. Примерот што го дадов, беше токму поради потребата да го докажам твоето размислување.
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Јас досега немам чуено човек што отрул или убил куче да лежи во затвор или пак да плати парична казна. Јас ако го отруам од кај ќе знае некој дали јас сум го направила тоа или комшијата... И да наидов на интересни податоци, занимливо баш...

    http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=30BCA ... EA27&arc=1 Овде ми се посебно слатки, види ги како си живеат, мака немаат...
    http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault. ... leID=40145 Пак кажете дека не претставуваат опасност за околината.
    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=713F ... 7B09B1F8E2 не се овците за греови, кучињата се.
    http://www.lihnid.com/world-news/struga ... 14-17.html не само во Скопје
    http://www.time.mk/story_9864754588.html Уште докази.
    Уште? Сакате? Полно е на гугл :)
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Добредојде во реалноста!