Нема правда Ова размислување многу ми се допадна па затоа го превземав од еден друг форум ,,Кога го отворив форумов, си реков ќе биде еден од оние досадни форум каде што всушност и не постои разлика во размислувањата, сите, со исклучок на неколку стандардни `контраши`, имаат заеднички став и се согласуваат во своите ставови. Очекував дека сите ќе пишуваат како `не е хумано да се убиваат здрави кучиња` и `треба да се најде подобро решение`. Ни на крај памет не ми падна дека постојат такви СТВОРОВИ, најверојатно нереализирани во секој поглед од своето суштествување, кои само поради тоа што се родени во човеколика форма се привилегирани да го носат називот Човек, кои сметаат дека треба само да се донесе КОНЕЧНОТО РЕШЕНИЕ, а тие да си ја свртат главата настрана, бидејќи нив не ги тангира тоа. Со тоа нека се занимаваат оние `кучкарите`. Тоа се истите оние луѓе што кога ќе видат куче на улица, на своите несреќни деца, (несреќни што се родиле од семето на таков `дрк..ија), им се обраќаат со зборовите `шутни го кучето`, перејќи им го детски мозок и одредувајќи им го патот да станат верни нивни копии, мизантропи. Што да ви кажам луѓе, ако неможеме да сакаме такви суштества што по природа не се агресивни кон нас, како би можеле да се почитуваме меѓусебе. Се знае дека има проблем со бројноста на кучињата на улиците, ама луѓе тоа е процес што трае и кој бара финансии и на кој мора да се работи, а за резултати треба да се почекаме неколку години.... Доколку сите нови кучиња констатно се кастрираат, а животен век на улично куче на нашиве улици не поминува над 5-6 години, јасно е дека за не толку долг период целиот проблем ќе биде ставен под контрола. Кастрирајте ги кучињата од стационарот и пуштете ги на улица... А ако нема пари, изградбата на неколку споменици и статуи нека почека барем година две, па ете финансии.,,
Нема правда Со ова кажа и повеќе од што требаше. Не ми е ни чудно што не сакаш кучиња, ти овде јасно и гласно се изјасни каков човек си! Жално!
Нема правда веќе бев замината ако не забележа и сега ќе ти пуштам во лп адреса кај да врвиш и ќе видиш за што ти зборувам, ако не знаеш подобро ти е да не кажуваш, има полно кучиња што не можат да се контролираат и ги напаѓаат сите, ако немаш ти на такво наидено не значи дека не постои едит ова го заборавив, се сеќаваш пред неколку години за едно куче кое го нападна сопственикот, кој го чувал не знам колку години? разгледај малку по архиви, и ти стигна ЛП? помини од таму кај што ти пишав после кажувај
Нема правда За оффспринг Убивање на животни Член4 Убивањето на животни е забрането и претставува најтежок облик на нивно мачење, особено кога тоа се врши со огнострелно и ладно оружје, отрови, дрога или со други средства. Член 19 Хуманото решавање на проблемот на бездомните животни подразбира заловуваље, привремено згрижување , вакцинирање, прочистување и стерилизирање. На животните од предходниот став, може да се изврши еутаиазија само во случај кога ветеринарниот лекар ќе оцени дека излекувањето е невозможно и понатамошниот живот би бил во болки и маки и во случај кога животното е екстремно опасно и ако не може да се припитоми.
Нема правда Многу убаво размислување, тоа од другиот форум. Го копирам - и го лепам над вц шољата! Само затоа што имаме реално размислување или не сакаме кучиња скитници по улиците, ние сме нереализирани створови и нехумани, недостојни за формата која ја заземаме моментално - човек? Од сите можни стереотипи на размислување, ова е ВРВ! Значи, споменав некаде таков банален пример - Хитлер ги обожувал своите кучиња , дури јадел и спиел со нив, бил неспособен за нормална човечка комуникација, ама поседувањето и обожувањето на куче го прави топла и грижлива особа? Наредно, при разгледување на профили на убијци, при изборот да им се скрати казната или не, ќе им пуштиме кучиња и ќе им го следиме однесувањето. Ако се фини со кучето - тоа е, генерално се прекрасни особи! Ако не се, како еве јас и Оффспринг, злобни и саможивни, идеме у затвор! Абе дај не трескајте...
Нема правда Еве ја трендафилка се јави, а мислев дека се договоривме дека нема да се коментираме меѓусебно на оваа тема. Али желбата за кавги и докажувања изгледа и била преголема
Нема правда Ти ако јадеш свиња, можеби јадеш и луѓе. Исто ти се фаќа. Јас не сакам кучиња, значи несакам ни луѓе. Вие јадете свињи, сигурно тогаш јадете и луѓе. И да, би задавила мал милион луѓе на планетава кога би можела.
Нема правда Нема веќе, чесен пионерски збор. Посилно беше од мене, еве ќутам. Одам да посвојам кутре Пријатна вечер на сите
Нема правда Поптолно се согласувам не само со овој туку и со сите постови од трендафилка а и од оффспринг и кикето.Ова што го цитирав од трендафилка и мене ми се има случено како малечка кога одев на училиште.И и ден денес ми е страв да шетам сама сред бел ден,животна фобија ми се појави одтогаш За во другите градови искрено незнам,ама во битола има многу глутници кои шират заразни болести и напаѓаат.Како што мене пред повеќе години ме нападнаа па бев принудена ако не го најдам кучето што ме касна ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се вакцинирам со вакцина против беснило која е МНОГУ ОПАСНА,но да не навлегувам во детали. Само да кажам ова е мое мислење и искуство со ваквите "НЕЖНИ и НЕВИНИ ЖИВОТИНЧИЊА" и не сакам да се карам со никој.Само искрено не сфаќам кога некој ќе ми рече дека сум безчувствителна бидејќи мразам кучиња.Значи јас имам ФОБИЈА од нив + омраза како што кажа трендафилка.И ако некој толку многу е заљубен во кучиња,нека си земи,нека го вакцинира,мие,храни и внимава на него.Тогаш на никој нема да му смета а неговата желба ќе биде исполнета.А онаа љубов и сожалувањето за оние опасни глутници кои скитаат на секаде и ми нанесоја огромен страв и болка,навистина не ги сфаќам.
Нема правда Пријана вечер и на тебе Ова за недискутирање меѓу нас се однесува секако само на оваа тема И баш би било добро да не изненадиш дека стварно си посвоила кутре, можеби после тоа ќе преминеш во нашиот табор
Нема правда Ќе се уфрлам во тешкиов муабет, да кажам само дека Трендафилче има овој пат преубав аватар ...Слободно продолжете само немојте да ја отерате работава на ептен долга и широка.
Нема правда Мразам кучиња и имам фобија од нив. Да,еве јавно признавам дека јас сум нереализирана,нечовечна,сурова. Е значи многу мразам вакви лажни моралисти и хуманисти.Значи споменативе под заштита на животни ги вбројуваат само кучињата и тек-тук мачките.А каде се тука свињчето,коковчето,јагненцето?Или убаво ви е кога им се гостите нив? Зборувате да се сределе и да се дадат на посвојување.Кој ќе ги посвои?Тој што си чува куче дома сигурно ќе си земе некое расно,а не некое што до вчера шетало по улици.Јас сум многу ЗА да се успијат на најфин начин сите кучиња скитници и веќе еднаш да се отарасиме од нив. Три пати сум нападната од овие скитнициве.Да не поминеа трите пати луѓе,најверојатно ќе бев целата искасапена. Знаете што не е хумано? Да ги споредуваш кучињата со циганите.За разлика од првиве циганите се човечки суштества и колку што знам досега никого до смрт не искасапиле.Да,и тие знаат да бидат доста насилни.Но тие одговараат пред законот за тоа.А каде одговара кучето скитник?Никаде!Тоа само се продолжува да напаѓа! Исто не е хумано да тресат крлежи по парковите како што рече Оффспринг.Таму си играат мали дечиња и тоа за нив претставува голема опасност.Не е хумано кога мало дете кое уште не знае да зборува ко што треба се влечка по болници со температури и инфекции затоа што некое кучиште тресе крлежи. Затоа нека ги тргнат веќе еднаш од улица овие лигави вреќи со болви и нека не ги враќаат назад,туку нека ги успијат.Не да ги отрујат или да ги мачат,туку фино лепо инекцијата и чао пријатно.
Нема правда Сакав да се поштедам себеси од понатамошни дискусии на темава, но после последниов пост, не можам. Значи веќе реков, и ќе повторам: темава се однесува на проблемот со кучињата - скитници, затоа зборуваме во нивна одбрана. И да, ги сакам и свинчињата, и овците и сите други животни. Второ, не ги омаловажувам циганчињата, ги ставам на исто ниво со секој друг човек. Прашањето го поставив така, за да докажам некои работи, и сметам дека успеав. Штета што Винтер тоа не го гледа.
Нема правда Не сакам да се расправам со никој,ама многу глупаво од твоја страна што дури и си помислила да споредиш човек со животно.Поточно во случајов куче и циган.Убаво ја сфатив твојата поента,не се секирај
Нема правда Целта ги оправдува средствата, барем во овој случај. Глупаво или не, докажав дека вашите размислувања се примитивни и гледате само вас да ви биде убаво на газот. Се што ви смета ќе го отстраните, без притоа да водите сметка за туѓ живот. Затоа реков, ништо чудно некој ден циганчињата да станат масовна закана за вас, а вие, со ваков начин на размислување, ќе дотуркате и до таму да барате нивно истребување! Ах, да, заборавив! Законот ве спречува. Не совеста, не чувствата. Законот, поточно затворската решетка! Ах, јадни вие.
Нема правда Епа верувала или не мене совеста ме спречува да убијам човечко суштество.И кој си го гледа газот ти се молам?Па зарем не гледаш дека кучињата скитници се опасност за сите,без разлика дали има причина да те нападне или не.И греота е нив да ги оставиш така.Поарно успиј го.Му правиш услуга.Секој сака да живее,да.Ама никој не сака онаков живот.И што ако го средиш и го кастрираш и се останато?Кога ќе го вратиш на улица тоа пак ќе остане гладно,пак ќе навлече некоја инфекција,болест и слично.Никој не ти посвојува куче бивши скитник.Така да освен пуштање на улица се нема друг избор,секако ако го изоставиме успивањето.Пак ќе речам.Успиј го па да видиш колку е полесно и за нас и за него да не се мачи повеќе.
Нема правда Па гледам дека се согласуваш со размислувањата на Оффспринг, а таа сама призна дека законот ја спречува да задави некои луѓе. Ќе ти го пружам задоволството повторно да можеш да речеш дека ги рамнам кучињата и луѓето, ама нели е гревота и за циганчињата да ги оставиш така? И нив ќе ги успиеме? Како што ти размислуваш, треба да ги убиеме и нив. И не само нив, туку и сите болни, сиромашни, гладни и страдни луѓе и животни кои ни пречат! По не знам кој пат ќе речам, проблемот кај вас е во начинот на размислување. Одбирате лесно решение, но ниту оптимално, ниту хумано! На крај краишта, проблемот со кучињата е предизвикан од човечки фактор, зар ќе дозволиме друг да плаќа за нашите грешки?
Нема правда Гледам дека сме на различна бранова должина Значи вака.Циганите се човечки суштества.Тие се свесни за своите постапки.За лошите дела како и ние останатите се казнуваат.Кога еднаш ќе ги згрижиш нив,големи се шансите тие да не се вратат пак на својот стар начин на живот.За ова лично јас сум сведок. Не велам јас луѓето кои што се гладни и страдни да ги успиеме.За нив секогаш постои шанса да се оправат.Сепак тие се луѓе. А кучињата ај те молам кажи ми како ќе ги средиш?Не можеш!Тие пак старата песна ќе си ја пеат,ние пак ќе си страдаме од нив. Не е ова лесно решение,ама според мене е најлогично.
Нема правда Не ги читав сите постови понатаму ама на ова морав да искоментирам. Никогаш не навлегувам во конфликт со никого но последнава твоја изјава од такт ме вади, затоа што поради такви како тебе кои иако не фрлиле но помислуваат на фрлање отров и некогаш може и ќе фрлат некогаш страдаат и невини дали било некое невино куче или некое детенце(сведок сум на таков случај). Треба да се срамиш за ова што си го напишала,а уште повеќе што си го помислила. Ако тебе те непаднало тоа едно куче што не отиде и не му свирна куршум само на тоа куче? Срамно, жално и незнам што да кажам за таквите како тебе .Размислувај за последиците што можеш да ги направиш поради твојот гнев кон некое куче што те каснало и стави се на место на родители на кои децата им страдале поради некој гневен кој фрлил отров, СТРАШНО!!! И да ако отруеш куче нема да одговараш и ќе нема кој да те тужи???Е за ова си во заблуда, прво ако некој недај боже го отруе моето и дознаам кој е има да лежи во затвор макар и поslедната пара сум ја дала за тоа(зависи на каков ќе налеташ за таа работа), има и повисоки органи надвор од нашава земја за тие работи што ќе те пикнат во затвор или ќе платиш дебела оштета, второ ако настрада некој човек од тој отров???Мислиш ќе нема кој да те тужи, оди посети го во Шутка тој што лежи за детенцето кое погоре го спомнав. Затоа стави си малку прст на глава и немој многу да се силиш за такви работи зошто никогаш незнаеш на кој ќе налеташ.