Нема правда Така велам зашто не гледам друга причина да ги вадиш зборовите од ракав, без никакви факти. Овде јас никој не навредив, всушност, јас се чувствувам навредена. Ниту пак јас ја заострив дискусијава и почнав да се карам. На крај краишта, не се ни фалам дека сум хуманист... само ги сакам животните и ќе ги бранам од луѓето. Ти или кој друг, не можете да ми го оспорите тоа!
Нема правда пардон, каде јас сум спомнала дека сакам да убијам куче????? аллооооо.... Јас никогаш такво нешто не сум спомнала, не знам каде прочита така или од што сфати такво нешто! али нема врска, No hard feelings! Јас си кажав тоа што мислам во моите постови на оваа тема, па вие правете што сакате, бидете хумани колку сакате и правете се такви колку што сакате и не сакате! поздрав!
Нема правда не навредив ни јас! Само видов како се вреѓате меѓу себе затоа што не ви се допаѓаат мислењата! И јас ги сакам животните, но јас не си доведувам здравјето во опасност заради негрижата на некои други! јас имав дома еден куп мачки па не ги исфрлив! ги поклонив! Некој обидувајќи се да се ослободи и заштити, го фрлил кучето, викајте по него, не по мене или по некоја друга што не ги сака кучињата! не можеш ти од тие постови да оцениш каков е карактерот на луѓето! се разбираме??
Нема правда Јас не чувствувам никаква омраза кон кучињата. Напротив мили ми се. Ама ете се шетам, здогледувам куче скитник, ако јадам нешто, а тоа мило ме гледа ќе му фрлам... и си одминувам. Механички правам се... ниту размислувам многу за него, каде спие, каде јаде... Толку е мојата врска со нив. Искрено воопшто никогаш на памет не ми паѓаат кучињата скитници. Дали сум себична, сурова или правам грев, незнам. Ама ете мене баш ме боли за нив. А ако вие како што велите, ги згрижувате, се јавувате на надлежни итн. СЕКОЈА ЧЕСТ. Добро е што има такви луѓе, не гледам ништо лошо во тоа. Навистина браво за вас.
Нема правда Па каде, по ѓаволите реков дека си таква или ваква ти, или другарка ти (па и било кој друг)? Каде? Постирај ми. Постирај ми и од каде ти дојде до заклучокот дека само фурам филм на хуманист, а уствари сум далеку од тоа? Постирај бе девојко, само тоа е доказ, твоите празни, непоткрепени зборови, овде не значат ништо. Ова што ти го зборуваш се нарекува клевета. И она што јас цело време го зборувам, а вие или не го гледате или не сакате да го видите е, дека да, постои проблем со кучињата скитници. Меѓутоа, виновен е човечки фактор за тој проблем и поради тоа не може да плаќаат кучињата. Постојат поконвенционални методи и начини за да се реши тој проблем, од смртта на едно животниче, кое не е ни виновно што се нашло на овој свет.
Нема правда Вака сега: најпрво ми е многу важно, да останеш смирена! Јас не реков во мојот прв пост тука погоре “Белен, Беатрис, Лоли,... или не знам кој друг... рече тоа и тоа“ Јас не посочив имиња!!! ок? Потоа јас не спомнав смрт на животни, не постирав слики на мртви животни! Затоа не можеш ти да ми кажеш дека сум те клеветела! Впрочем јас не те спомнав тебе никаде, ти сама се закачи дека сум те нарекла нехумана или нешто така! затоа не се вознемирувај, не ми е тоа целта! во ред?
Нема правда Ако е така, вие сите тука се дрзнавте да го коментирате мојот карактер. Што сум и како сум вас тоа не треба да ве интересира. Темата е за кучињата скитници, а не за мојата омраза собрана во 19 годишно девојче. Бујрум, ќе напишам во Опиши се, коментирајте ме таму, овде сите си дадовте за право да кажувате како јас не сум човечна, сум себична, злобна, полна со омраза на 19 години... Што ли уште не! Затоа, како што вие се дрзнувате да коментирате други членови така и она. Плус, јас никогаш не скршнав од темата. Не те коментирав ниту тебе ниту другата хуманистка. А вие се фативте за мојот карактер и моите уништувачки способности како слеп за стап. Прво погледни ти што правиш па после дрзни се да прашуваш зошто те коментирале. Толку од мене на темава, тоа што го имав го кажав.
Нема правда Мила Оффспринг, драго ми е што се врати на темава. Ајде сега цитирај ме кај сум те коментирала и каде побарав од тебе да ми ги раскажуваш твоите очајни приказни. Благодарам.
Нема правда Пак зборуваш без врска. Билката ги избриша потресните фотографии што ТИ и Боависта ги ставивте. Друго нема ништо избришано, сите мои мислења се тука. Провери и во корпа, ќе се увериш. Твоето име е таму.
Нема правда Ахх бре форумџики, темава сте ја претвориле во убедувања зашто да ги сакаш кучињата и зашто да ги мразиш кучињата... Јас вака ќе кажам, нема да убедувам никого да ги сака или мрази кучињата, јас сакам кучиња, ги обожавам, имам чувано многу... иако ги обожавам свесна сум дека се опасност за околината посебно уличните кучиња, кои се невакцинирани, болни, полни со крлежи итн... тие кучиња треба да се тргнат од улицата, но не да се успијат туку да се чуваат во некој стационар каде што ќе бидат чувани, кастрирани, вакцинирани и исчистени се додека не се истребат... но дали сте размислиле дека кога некој ќе вдоми такво куче да кажам џукела, кога тоа куче ќе роди 10 мали џукелчиња сте размислиле ли кој би сакал да чува такво куче.. има но се многу малку тие луѓе, да бидеме реални денеска сите сакаат да чуваат расно куче со педигре и 300 други пехари од натпревари бла бла зашто- затоа што е тоа дел од бизнисот од тоа се прават пари, затоа на никого не му е стало до тие 10 мали џукелчиња и лесно може да се ослободи од нив ќе ги фрли во најблиското ѓубриште и ете ти нови 10 улични кучиња... тоа сме ние за жал... Друга работа, темата е НЕМА ПРАВДА, а да прашам дали има правда кај гооолемите љубители на расни салонски кученца кои се накитени со 100 машнички, панделки и што уште не, фенирани, исчешлани со облека на нив, има ли правда за тиа кученца? или сметате дека на нив им е убаво тоа, да мирисаат на шанел 5? епа НЕ, тоа за нив е поголемо малтретирање одколку да живеат на улица!
Нема правда [quoteДруга работа, темата е НЕМА ПРАВДА, а да прашам дали има правда кај гооолемите љубители на расни салонски кученца кои се накитени со 100 машнички, панделки и што уште не, фенирани, исчешлани со облека на нив, има ли правда за тиа кученца? или сметате дека на нив им е убаво тоа, да мирисаат на шанел 5? епа НЕ, тоа за нив е поголемо малтретирање одколку да живеат на улица![/quote] Тука се слагам,некои луѓе ги малтретираат своите кутриња,парфем патики фустан и што ти ја не,се претерува а верувам дека на кученцата им пречи тоа но неможат да ти кажат нели
Нема правда се изморив читајќи повеќе кавги и цитирања и критики освен,нормални мислења.аман луѓе што ви е?на форумов не сте да си го опишувате вашиот живот и проблеми,ајде доста.мое мислење е дека се згрозувам од сликата за кучињата скитници и би сакала малку повеќе да се поработи на таа тема,ама кај нас слабо,епа тогаш би можеле нешто ние да направиме,да ја подигнеме нашата свест и да ги смениме малку работите.јас веднаш би чувала такво куче зошто е жално да се гледаат во таква слика.....а за циганите незнам како и се дразнувате така да ги наречете,па вие стварно немате осет и претерувате.и тие се луѓе и се роми-така се викаат а не цигани,ве молам,бидете барем културни и внимавајте на изразите....луѓе читаат и што ќе помислат за нас после вакви постови.......
Нема правда Тука не можам да се согласам со тебе! Ти нема да земеш и да чуваш дома некое болно куче со краста и крлежи! Тоа да го разјасниме одма! друга работа, кој што сака тоа ќе напише овде и некој не може да го оспори! Ако си забележала, тука имаше доста провокации и психолози на карактери, по така нема никој да молчи и да ги остави да зборуваат! А што се однесува до циганите! Не е никаков срам и некултура ако се наречат така! Нема тука ништо што би ги навредило! Книгата “Белото Циганче“ авторот што ја пишувал бил неписмен и некултурен?? Јас сметам дека е ок да се нарекуваат така! Како прво и тие самите се нарекуваат цигани! Си слушнала некогаш македонски песни?? Таму се спомнува терминот “циган“ а не Ром! Не е тоа ништо навредливо!
Нема правда оззи се согласувам со тебе и не би сакала да ти коментирам,те разбрав добро но само да ти кажам за кучињата и да е болно и со красти за да направам добро дело би земала такво куче па постојат втеринарни станици каде би го средила тој проблем,а за “цигани“мене лично не ми се допаѓа зборот циган па затоа секогаш ги нарекувам роми а за писателите кои напишале книги и каде се на дрго место е спомнат зборот циганин не би коментирала.те разбрав мила,само сакав да дадам мое гледање за соодветната тема...поздрав
Нема правда Мило ми е што се разбравме! Јас единствено добро дело што можам да направам би било да не ги расфрлам кучињата по улици и друмови! Затоа секогаш чувам машко куче, а тие другите што ги расфрлаат нека си ги носат на душа! јас досега не сум фрлила куче или маче на улица!
Нема правда Каде ќе најди женка? кучето се чува дома или може и низ двор, а од поручек се шета низ парк, кученца од скитниците само има
Нема правда Горните мислења и кавги, да не се продолжуваат. Само пишувајте мислења што мислите дали е хуман третманот, предлози и слично. Еве колку за освежувње, што мислите за ова? http://www.facebook.com/video/video.php ... 8516886653 Јас сум згрозена, и мислам дека е ова крајно не фер, и плус она во Драчево што се случи. Ајде, да ги убиваат со инекција, ХУМАНО, без болка, ама вака. Да ги мачат, палат? Не е фер, во никој случај. Имаше едно видео со девојка, како фрла мали кученца во река, и тоа натоварени во кофа. Имаше едно видео со дете, 9-10 па и 12 години како пали мачка, а таа вриска ли вриска, а децава се смееат. Каде со таква младина? Каде со насилство ? И уште еднаш, потенцирам, без продолжување на кавгите и без провокативни мислења.