Користите ли вакви прекривки? Јас сега имам нова кожна гарнитура која е светло кремаста, па дефинитивно мораше да ја заштитам за нормално да има подолг век на траење. Го заштитив седечкиот дел со таканаречени флекери (черги што се ставаат на седечкиот дел. Купив комплет за тросед, двосед и фотеља со стандардните димензии затоа што димензиите на стандардниот комплет ми одговараа, но знам дека ги прават и со димензии по нарачка. Земав еднобојни во крем боја, подебелки се, со 10% волна и 90% памук. Ќе видиме како ќе ме служат.
Јас имам тросед и фотеља, ги покривав исто со такви само на делот за седење ама џабе. Кога ќе го видам дечко ми како ја става пепењарата на гарнитура за да лежи и пуши косата ми се крева. Инаку е светло кремаста, нешто како млечно бела, ама мава накај крем. Сега најдов една прекривка од некое круто платно, уствари дупла е , во неа може да се стави јорган, ама јас ја користам како прекривка за троседот , а навлаката од перничето ја ставив на фотеља . Мора некако да импровизирам. Пробав со фротирки, чаршафи...ама се се лизга на кожа, не бива, само некое круто и тешко платно. А за чистење најдобро е Бекутан млекото. Со гарнитурата ми дадоа и средство за чистење ама многу мало, ми се потроши, Бекутанот е супер, не ја оштетува.
Бекутан млекото и влажните марамчиња во комбинација се топ! Одлични се и за кожни чанти Инаку не се препорачува често чистење на кожната гарнитура, на пример на помалку од 5-6 месеци, за да не се презасити кожата. Така прочитав на интернет...
Супер, си најдов тема каква што ми требаше. Ајде домаќинки, каде во Скопје може да се најдат заштитни прекривки за гарнитура, конкретно за седмосед? Старите прекривки се од свекрва ми, т.е како јорганчиња се, и сакам да ги сменам. Слушнав дека во Гонитекс имало, ама не сакам да бидат тенки како чаршавчиња, туку нешто подебелки, и може да бидат и само за делот за седење, не за цела гарнитура. И ве молам, не черги и слични, оти имам лошо искуство со нив. Не сум почнала да барам уште, ама ако имате инфо каде може да има, би ви била многу благодарна. Инаку, немам кожна гарнитура, обична е, ама светла боја и сакам да ја заштитам
Види по овие што се Вицко продавници. Не се черги (како оние што гиима секој чекор) туку волнени се (незнам како да ти објаснам). Само за делот за седење се. Убави се, јас ги местам само во зима (кожна гарнитура имам и во зима кожата ладно држи) Незнам колку и што има во Вицко по Ск. али ако те нанесе пат накај Кочани (на влез на Кочани е местото) сигурно ќе најдеш. Таму е прва рака на Вицко производи кои ги снабдува останатите низ цела Мк а може и каталошка нарачка да се направи.
Нас ни направија по порачка, татко ми им кажа димензии, затоа што обично тие готовите се кратки, па нон стоп се слекуваат Ни ги направија со две лица - едната е кремаста, другата бордо, па и двете бои ни се вклопуваат со ентериерот. Бордото обично ја ставаме зимно време, а кремастата на лето. Не знам точно од што материјал се, ама брзо се сушат. Па летно време често ги переме и цела дневна ни мириса на Ленор Инаку јас не можам да замислам без прекривки, некако ми е нехигиенски. Ако се извалкаат прекривките, лесно се перат, ама ако се извалка мебелот, тешко дека нешто ќе го спаси. Особено кога ќе ни дојдат на гости маливе, им вадам боици, пенкала, чоколади, а тие многу многу не пазат каде фаќаат.
Не си кажав овде дека си најдов тоа што барав, во Охрид. Навлаки за дневна гарнитура (фотеља, тросед, двосед) во крем боја, германско производство. Ги користам оние две што се за тросед и двосед, таман ми се за седмоседот, само за седечкиот дел. Изработени се од лесен памучен материјал, и буквално се пери носи.
И јас не можам без прекривки. Освен што ја заштитуваат кожата на гарнитурата, летно време не се потите од неа, а зимно време па кожата држи ладно. Многу ми е страв и од тие цигари, да не падне жарче, ќе треба во воздух да дигнам некој
Јас ич не сакам прекривки, ама кога имаш деца, неопходни се Не купивме кожен мебел за да не му ставаме прекривки, земавме со платно на патент кое се вади при перење. Пружавме отпор повеќе од една година, ама пак завршивме со прекривки, кога мислевме дека малиот е алергичен на домашна прашина.
Ние имаме кожна гарнитура иако е црна сакам да најдам нешто соодветно со кое би ја заштитила поготово сега со две деца има да биде хаос До сега имав едни од Икеа ама се само на делот кој што седиме и не се баш практични лизгаат и нон стоп ги подместувам,сакам да ги сменам.Ако не е тајна да споделиш од каде ги набави и колку си задоволна?
Ние имаме прекривки во црно-бела боја. Поклон ни се од старосватицата за свадба. На почетокот ги користевме. После тоа почнаа да се кинат и ги баталивме. Поубаво ми е без прекривки.
А ние за кожната гарнитура имаме од тие ЛАСТИЧАРКИ сто ги викаат,прекривките со ластик.Малку ми изгледаат старомодно ама ја заштитуваат гарнитурата која е светло крем боја.значи заштитена е од горе до долу целата гарнитура,па гајле ми е ако се старомодни хахаха.
И нашите прекривки се такви. Правени се по нарачка (од старосватицата), ама мали се за нашиот мебел. Кога и да седневме, од тегнење се кинеа конците.
каде можам да најдам прекривка, но да е само за долен дел(каде што седиме) и да е како фротирка. Боја би сакала кремава, но може и кафена.???