Зајакнување на имунитетот во време на коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од jacqueline.s, 26 март 2020.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.702
    Допаѓања:
    12.137
    Пол:
    Женски
    Имаше многу постови за лекови и антибиотици кои некои би ги пиеле (или веќе пиеле) за секој случај, т.е. за превенција. Факт е дека тоа е опасно, и може да се направи повеќе штета отколку корист.

    Реално, единствена можна превенција како и полесно справување со короната е појак имунитет.
    Да споделиме што ние правиме, како да го појачаме имунитетот, и колку толку да се заштитиме од короната. Седењето дома ни го намалува имунитетот, затоа што свеж воздух, сонце и прошетки се многу важни за човековиот организам. Сега кога тоа го немаме, како да го одржиме имунитетот во домашни услови?

    Јас би рекла, задолжителни витамини кои ни се најпотребни сега се витамин Ц и витамин Д. Сонце немаме, а витаминот Д е многу важен за имунитетот. Јас секој ден земам витамин Ц од 1000мг, сега сакам да си купам и капки Д3. Исто пијам капсули спирулина секој ден, и на сабајле по една ракиена чашка алое вера гел од ESI (од Зегин го земам).

    Децата исто пијат алое вера ама од Forever Living, малиот прима бебивит капки, а големката мултивитамини од Јаmieson. Секој ден им давам многу овошје и зеленчук, а реално треба и јас повеќе овошје да се натерам да јадам (да намалам од чоколадата и грицките, хаха). Исто гледам често да јадат и супи и манџи.

    Мислам дека е добро тие што имаат статични велосипеди и орбитреци да престанат да ги служат како закачалки :D Кардио вежби и општо физичка активност се супер за поздраво срце, и воопшто за подобар имунитет.

    Може не можеме да го запреме вирусот така лесно, ама полесно би се справиле со него доколку сме со добро здравје и во добра форма. Слободно споделете кои се вашите рутини за јакнење имунитет, па макар и еден човек ако одвратиме од пиење сумамед превентивно, би било успех :)
     
    На theowndemon, cresa-jagoda, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.422
    Допаѓања:
    33.532
    Пол:
    Женски
    Која цена е алоето на еси и колкава грамажа? Јас пијам на форевер ливинг но некако скапо ми доаѓа , а има само за 18 дена.
     
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.702
    Допаѓања:
    12.137
    Пол:
    Женски
    Поефтино е од ЕСИ. Од 1 литар околу 1000 денари беше, плус минус, а Форевер Ливинг е 1500. Го земам тоа со боровинка што е, ама мислам истата цена е и за обичното.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.422
    Допаѓања:
    33.532
    Пол:
    Женски
    Фала ти, да си земам од еси и јас кога ќе го допијам ова.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    58.340
    Квалитетна храна од животинско потекло (телешко месо, риба, свинско месо, јајца, полномасни млечни производи, на пример путер, квалитетно сирење). Витаминот Д може да го добиете и од храна, претежно од животинско потекло.

    https://www.healthline.com/nutrition/9-foods-high-in-vitamin-d#8

    Што е можно помалку житарици и шеќер во која било форма, па дури и природниот шеќер. Убиец на имунитетот и предизвикувач на секакви воспалителни процеси. Јас не успевам да се откажам од него, но се трудам барем да намалам деновиве.
    Ако сакате витамин Ц, подобро земете пиперки или зелка, отколку да цедите лимони и портокали, или кое било овошје.

    Спиење до 8 часа на ден. Што е можно помалку стрес, што значи, исклучувате телевизор и вести и го пуштате мозокот на пасење.
     
    На Ariel, jagoda777, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    14.044
    Допаѓања:
    223.875
    Јас ги пијам овие од поодамна, една недела во месецот, секој ден по една ампула.
    41833380_2365266210166861_8018245771700731904_o.jpg
     
    На duffi, cresa-jagoda и magnolija09 им се допаѓа ова.
  7. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    835
    Пол:
    Женски
    kolku pari se
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.119
    Пол:
    Женски
    @magnolija09 еве д-р Бушљетиќ на "Само Вистина" кажа дека некои коктели од витамини можат да му наштетат на организмот, кажа дека за покренување на имунитет важно е да се јаде добро, да се вежба, да се спие и намали стресот. И збори колку е важен сонот од 7-8 часа и менаџирање на стресот. Што на сите ни недостасуваат посебно периодов.
     
    На marchi-cool, EMMA EMILY, ohlalalala и 9 други им се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    25.104
    Пол:
    Женски
    Кои коктели витамини, не кажа?Да не направиме полошо сега со витаминиве.

    Јас пијам д3 1 капка вигантол, олигосел витамини со цинк и селен, и магнезиум со Б6 комбинација и ацерола. И провен пробиотик повремено. Ко се прочитав многу ми се чини. :|
     
    На ohlalalala, candy.cane, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    835
    Пол:
    Женски
    nisto, ke fatam utre da zemam nekoi sumlivi tableti , kolku da se zalazam deka nesto pijam e za drugoto tesko, da mu se snevidi i virus i ovaa kriza sto proizleze od nego
    a tso ubavo si imav isplanirano za od april sto i kako da pravam i se mi propadna
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    14.044
    Допаѓања:
    223.875
    65 денари е една ампула.
     
    На cresa-jagoda и magnolija09 им се допаѓа ова.
  12. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.119
    Пол:
    Женски
    Па до таму каде што гледав не кажа ептен почна да се расплинува за сонот и за стресот. А искрено кога ќе почнам да слушам да зборат за стрес коса ми се крева. Не е тоа нешто на дугме, притисни па ќе го прекинеш. Сите знаеме у какво време живееме каде што сонот е сведен речиси на минимум, а стресот на максимум. Мислам иако дел од работата ми е менаџирање стрес и самоконтрола морам да бидам реална и да кажам дека тоа е најтешкиот дел посебно во брзо општество каде што и децата се изложени на стрес и е континуиран и долгогодишен процес. Во овој период само вежбање по дома може да делува најпозитивно. Ако некој го изгледа до крај нека сподели. Инаку и јас пијам секој втор ден д3, секој ден вит. Ц, селен и алое вера. Понекогаш ашваганда и на секој 4ти ден масло од оригано. Колку ќе биде успешно поим неам.
     
    На ohlalalala, @ster@, Sejfullai и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    7.674
    Допаѓања:
    130.234
    Пол:
    Женски
    Овие ги има и во таблети .
    Не знам во ампулата по колку мг има од све. Али во форма на таблети се околу 15 ден таблетка. Пиев и јас од нив.
    Нон стоп менвам суплементи.
    Дај сликни го составот точен, па да барам да видам таблетите што и колку точно имаат.

    ДаУштедимеАкоСеМоже:)
     
    На cresa-jagoda, eli25 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    14.044
    Допаѓања:
    223.875
    Мене ептен ми бркаат работа.
    Откако почнав лани да ги пијам, не дека не настинувам, ама мн. побрзо и со поблаги симптоми се опоравувам.
    Баш после дома ќе ти сликнам кутијата.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    11.062
    Допаѓања:
    128.942
    @Bubce38 еве ги споредба.
    Мислам ја капсулите мислиш м? Оти се они повеќе пробиотик.
    DB620BB1-6E8A-4629-B155-6187BB9CFDEF.jpeg 1261AF44-22A6-49DB-B080-84E983126937.jpeg
    Првата слика е состав на ампулите. Втората се капсулите.

    Јас не сум фан на Ливсане. Еднаш пиев од пробиотикот и не ми се допадна.
    Инаку пиеме дома Синерџи Ц 1000, Вит Д и Цинк исто на Синерџи.
    Ама имунитет не се јачи во 5до12.
     
    На Coco31, cresa-jagoda, @ster@ и 7 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    14.044
    Допаѓања:
    223.875
    Мене ми одговара што е течност, имам проблем со голтање таблети, а капсули пак воопшто не можам да голтнам...
     
    На manja666, buba4e89 и duffi им се допаѓа ова.
  17. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    3.928
    Допаѓања:
    95.773
    Пол:
    Женски
    Кој Вит Д земаш? Мислам за возрасни, јаз земав чист Цинк и пиеме со обично вит Ц на алкалоид, децава зрнца рибино, вит Ц , горе доле толку
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    11.062
    Допаѓања:
    128.942
    На Синерџи Д3 2000 . Ќе ти сликнам после од дома ако сакаш. :)
    Иначе има многу видови во форма на таблети. На многу фирми.
     
    На cresa-jagoda, M&M и fana им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.706
    Допаѓања:
    59.918
    [QUOTE="duffi]
    Ама имунитет не се јачи во 5до12.[/QUOTE]

    Е ова, не знам дали успешно цитирам од тел @duffi

    Сакав да речам дека џабе пиете сега ако со месеци претходно не сте зимале препарати или не сте јаделе салати. (знам, знам, досадна сум со зеленчукот)

    Афкорс, пијте за добра психа и ментално здравје, да не ви биде шубе, ама имунитет се гради со месеци и месеци. Добар сон, регулирање на стрес и прошетки во природа/чист воздух, покрај здравата храна, се клучни.

    Исто така, гледам дека се потепаа луѓе за лимоните... луѓе, во една чинија зелка салата има повеќе вит Ц неголи во сок од лимон. А да не зборувам дека е поевтино, пак се заебаваат со лимоните
     
    На no name5, Mr. Right, sanjaeva и 21 други им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    19.578
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    Станете вегетаријанци. Јас не јадам месо често,речиси многу ретко. Јадам вегански плескавици,веганско “месо” веќе месеци наназад.
    Потреба за месо не сум осетила,а за јајца да не зборам.
     
    На Nenadskopje му/ѝ се допаѓа ова.