1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зајакот како домашен миленик

Дискусија во 'Дом' започната од saraaaa, 17 април 2010.

  1. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    ЗАЈЧЕ - Домашно милениче

    Најубавиот поклон кој го добив,кој воедно ме остави без зборови и со солзи на очите беше зајче,мало слатко бело со сиво :inlove: го чував дома само 1 недела :doh: бидејќи имам куче кое исто така е дома не го поднесуваше зајчето сакаше да го изеде и морав да го вратам назад,ми беше многу мака кога го вратив,но морав ;( колку беше само слатко,ми спеше под креветот и кога станував сабајле ќе ѕирнаам и ете го доаѓа да му дадам храна...душичка :)
     
    На Marija L., mil4ence и soco им се допаѓа ова.
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    ЗАЈЧЕ - Домашно милениче

    Многу ги сакам зајчињата :inlove: Мили се нежни,ама многу се страшливи.Премногу се плашат неможеш со нив да си играш,кога ќе ги фатиш в раце се тресат дури можат или да ти се помочкаат или покакаат :D Инаку јас немам чувано,но едни пријатели чуваа зајаче.Знам дека го чуваа во една соба,така им беше вишок од куќата,па зајачето само си уживаше во собичката.Го хранеа со природна храна.Морковчиња,зелка,трева(мислам дека таа тревата детелина што се вика,ама не сум сигурна).Го пуштаа надвор во двор да си шета...премногу беше паметно,се додека еден ден не им го украдоа. ;(
     
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    ЗАЈЧЕ - Домашно милениче

    Имав зајче до пред некој ден кога морав да го дадам, да го поклонам затоа што е тешко за одржување. На почетокот кога го земавме беше малечко, 20 дена, скроз бело и го крстив Бела :) Беше срамежливо и исплашено и стоеше во еден ќош само и не реагираше, го чував во кафез за зајчиња, си имаше шишенце за вода, едно чинивче за храната, инаку храна му купувавме од Пет Шопот од кај го зедовме, си имаше специјална храна, слама специјална и оздола му стававме пелевина исто купечка и моравме да му ја мењаме на 3,4 дена, зависи колку е искашкана, намокрена и искакана :lol:
    Значи на почеток како што кажав беше ептен мирно, миличко и гревче, ама секој ден полека почна да се буди од зимскиот сон :geek: и порасна дупло поголемо отколку што беше, многу јадеше, нон стоп да му давав да јаде се ке си јадеше и за 5 мин.ништо не остануваше во чинивчето, а друга работа пак што преташе како лудо и се правеше ломоколу, така да морав по цел ден да чистам ради него, нон стоп беше гадно од него, не го пуштав надвор оти гризаше многу и можеше да изгриса некој кабел па беља да направи иии да, миришеше цел стан од него, :puke: и така јас морав да го поклонам на едни пријатели кои имаат мали дечиња па нека му се радуваат. ;)
     
  4. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    ЗАЈЧЕ - Домашно милениче

    Јас чував две, и многу се нежни :/
    Инаку ако зимаш зајче имаш посебна раса што не растат многу, него баш така минијатурни остануваат..
    Јас имав такво, и не треба да му даваш моркови дека добиваат пролив од тоа :) Иначе незнам како успеа моето се бутна под шкафот ( дека во соба го чував ) и се загушило пробувајќи да излезе, колку ми беше жал, 5 минути пред да умре мајка ми се качила кај мене во соба и го видела како си трчка...
    Иначе се навикнуваат многу на тебе, моето на кревет ми рипаше да спие со мене, и секаде ме следеше ама сирото многу му се лизгаа ноџињата на паркетот и цело такво се расчепуваше и шлајфуваше во место :lol: .. и се одзвиваше на името...
    Ама.... имам чуено дека носат несреќа зајците, и откако ми умре некако језиво ми стана да земам ново.... глупости ама ај.
    А инаку моето ( второто ) од таа минијатурната раса што го чував беше многу чудно, мочаше и какаше само на едно место на паркетот, и многу лесно за одржување беше... Ич не сакаше да седи затворено затоа секогаш го пуштав да ми шета кај сака низ соба и воопшто не мирисаше. :wasntme:
     
  5. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    ЗАЈЧЕ - Домашно милениче

    Викаат дека наводно минијатурните зајачиња не смрдат како обичните...Колку е вистина незнам. :?: Еве една другарка имаше малецко зајче па ако не му го чистеше кафезот на секои 3 дена си мирисаше
     
  6. Pixyy

    Pixyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    28
    Јас чувам зајче.Му давам се јаде и леб ,јачмен, пченка,нане,зелка,морков,трвка и се останати други зелени работи.
     
  7. Pixyy

    Pixyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    28
    а луѓе да прашам нешто. што мислите според ваше искуство дали зајците смеат да се бањаат?
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    ^ Hе бре, какво бањање, ќе умрат, поготово сега зима, тие колку се чувствителни :) Hе сум слушнала до сега да се бања зајак, ама не мирисаат, многу нежен мирис имаат, секако, кога им го чистиш редовно кафезот. инаку вака самото крзно многу убавко им мириса, нежно
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    :o

    Чував и јас зајак еднаш, среќа заврши тоа искуство.

    Прво и прво, најлошата работа што на некого можеш да му го поклониш како подарок, е зајак. Ми го донесоа за роденден без претходна најава, а јас мала бев, и радости, радости цела. Кога запнав, ќе го чуваме и крај, ни А ни Б.

    Е, зајачето, убаво, белко, ама какаше брбувчиња како фабриката за чоколада на Чарли. Поснопица беше дома, оп-трт, како си одеше, по едно чоколатце зад него. По цел ден, така си какаше и си подмочнуваше. Мислам, целта во животот да ти биде да направиш 10 потомци на месечно ниво и да ја исереш цела куќа на дневно ниво, тоа е тоа кај зајаците.

    Море сакаш секој ден бањај го, триј го, не бре брате, базди тоа зајакот.

    Секако, на крај го вративме од кај што го добивме, колку и да е тоа некултурно. Ама да му подариш на некого машина за гомна и бебиња, макар и спакувана во фино, мало, топчалесто крзненце, ноу тенкју. Раскрстив со зајаците за цел живот. :!:
     
    На Slavicak, LilBaby, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Јас си чувам зајаче од мало го чувам сега е големо,зајакот бара многу хигиена ако не го чистиш многу брзо се ствара непријатна миризба,јас не го чувам дома,туку надвор во посебна куќарка,му давам се што е зелено обожава исто и јачмен ,пченица јаде ама сепак зелено си е зелено никој да не те лажи да не му даваш тие од тоа живеат,и гледај да биде слободно што е можно повеќе време,јас во летото по цели денови ми беше пуштено во дворот си пасеше само навечер го прибервава,а сега го пуштам понекогаш кога има сонце....Еве го на сликите женско е и се вика Убавка :inlove:
    Еве ја кога беше малечка

    А овде голема

    Eве ја во зеленило....


    P.S.Зборувам з аовие зајачина како моето а има и некои други видови на зајачина што ги чуваат дома во стакло,ама тие се 3 пати помали од мојата :)
     

    Прикачени фајлови:

    На WhiteAngell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Чував и јас зајак, го купив на пазар во Охрид додека бев на одмор, ко криев од газдите во смештај зошто сигурно ќе ме исфрлеа заедно со него. Тие денови го ранев со морков, листови од зелка и сл.
    Го довлечкав до Скопје, во автобусот Перо (така се викаше) беше главна фаца, малечко беше колку една тупаница и цело бело со розеви уши и нос.
    Кога го донесов во Скопје го чував во една голема гајба во ходникот, го ранев со се зелено што имаше низ бавча, зелка, листови и сл. Му чистев скоро секој ден али пак многу смрдеше, мочаше и какаше ко луд.
    Меѓутоа ми умре, требало храната да се суши минимум 1 ден а јас одма свежа му ја давав, доби пролив и ни умре.
     
  12. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Јас не знам дали си имала до сега зајак и каков си имала ако мирисал нежно и не смеел да се бања тој, јас имав до пред некој ден и го бањав најнормално и ништо не му беше, го прашав прво дечкото од Пет Шопот од кајшто го земав дали смеам и тој ми рече да, а за смрдење не знаеш ти колку мириса , цел стан ми смрдеше на него и плевата што му ја ставав одоздола :puke: затоа и го дадов на пријатели, поклон :worried:
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    зајците на мојот дечко ама воопшто не смрдат, баш убавко мирисаат :^) ...
    Не знам зашто твојот толку мирисал,,,

    и не ги чува дома, на тераса во кафези, ама цел ден си трчкаат низ дома...
    Не знам навистина, никогаш и ги нема бањато
     
  14. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Прв пат слушам дека може да се бањаат...Еден период кога и јас сакав да си земам зајче си прочитав на нет убаво како се чуваат, хранат и секаде каде што прочитав пишуваше во никој случај не смеат да се бањаат :|
     
  15. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Не кажам уште за бањањето,јас никогаш не го капам моето зајаче,кога беше мало го искапав 2 пати и ми се разболе од тогаш ниту еднаш не ми е искапано,ако сакаш да не ти мириса ќе мораш секој ден да му ја чистиш куќарката кај што спие и тоа два пати еднаш на сабајле и еднаш на вечер-не заостанвај за друг ден...
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Какво капење, што ви е, бе?
    Зајаците не се капат.
    И јас имав зајче порано. Дедо ми го купи од на пазар. Го хранев со се и сешто, убав беше, интересен.
    Ама пустиот многу какаше. Кај седни, искакај се. Ај што какаше, какаше. Туку тоа смрдеше до даска.
    Ајде го преселивме во двор бидејки не се живееше од таа миризбата. Ама моиве не го сакаа, им какал, им мирисало, не знам што им правело. Се договоривме дедо да го однесе на загон и таму да го чуваме.
    Беше лето, топло време, тој го стави во едно пакетче и во кола. И зајчето не дочека ни до на загон да појде. Умрело по пат...
     
  17. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    Си имав и јас зајче на времето срцкасто беше го чувавме долго време и ни порасна големо па излегуваше од тоа чудото каде што го чувавме и го дадовме онаму каде што го купивме.Си јадеше моркови ,зелка, краставици , дури јадеше листови од едно цвеќе (како не умре од тоа не знаеме :D ).Фаца беше и брат ми кога мајка ми ќе го караше тој правец кај зајко наш земање и право кај мама да ја плаши затоа што неа фуфки од секакви животни и кога ќе го видеше и зајчето да ја нема и ништо од карањето хаххахха :D
     
  18. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Нема врска дека зајчинјата се досадни, плашливи, не мрдаат и сл. Јас имам две зајчинја, домашни, малечки, и некогаш знаат да си играат и галат со мене и по неколку часа. Интересни се. Едното дури го научив и здраво да ми праве. И да, интелегенти се, само треба да му обрнете малку повеќе внимание. Да се научат дека се безбедни со вас, дека можат да дојдат до вас. Моите се премногу мили. знаат буквално да се гушкаат.се качуваат и ги ставаат рацете околу мојот врат. Добро тоа само коа се задоволни и кога бесконечно ме сакаат. И не, не мирисаат воопшто, ни малку, ако редовно им го чистите живеалиштето. За бањање незнам, не се бањаат, меѓутоа јас едното еднаш го избањав пошо секаде се пикна во секој можен кош и морав некако. А сега, ако сметам дека не се чисти ги минам само со влажна крпа.
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    па вие ако не им ги чистите кафезите нормално дека ќе смрдат. Hивниот кафез се чисти секој ден, зашто тие многу какаат и мочаат, плус и таа подлогата им се менува често, има едни специјални, да им се ставаат.
    вие со што ги раните?
    Hие со специјална храна, и со сушена трева, од пет шоп, ама душички повеќе сакаат да јадат марули патлиџани а тој во пет шоп ни рече да не им даваме тоа,ретко :^)
    Cега дали ради промет, не знам, ама така ни кажа, демек подобро е со специјална храна да се хранат :)
     
  20. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Лудото мене така ми кажаа дека таа специјалната храна ради влакната, ради крзното. Кај мене сакаат многу краставички и смоки да грицкаат :D
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.