Јас имам зајаче патуљасто и го чувам на тераса,не кака толку многу како што вие велите,само мало е а јаде како свиња и не се здебелува,чудно зајаче
Ве молам да ми кажете колку се практични кафезите за чување зајаче... Планирам да го чувам во кафез, ама во мало станче сме со дечко ми. Ме интересира дали е тешко и практично често (секој ден) да го чистам и дали мириса... мислам онака дали ќе мириса без разлика колку редовно го чистам кафезот?
Па ја зајакот го чував дома во стан, во мојата соба и да ти кажам се сеќаваше миризба ама зајачето не мириса туку од кафезот. Од мочката многу му мириса, ќе треба цело време да му чистиш, ја така правев на почетокот ама некоку дена после ми се смачи. Ти уствати ќе му ставас струготини и јас му ги вадев на тоа место кај што ќе се измоча а цел кафез го чистев 2 пати неделно, така да некоја обавеза е, и ме нервираше дека мириса. Сега го чувам во куќа, па послесно ми е зе одржавање. Ама зимоска ќе морам да го дадам, ќе немам услови за чување
Знае некој каде се продаваат кафези за зајчиња во Kуманово,таму одам следна недела па и таму ке земам зајче
зајче зајче зајче...јас многу сакам зајчиња имам едно дома имам напраено како посебно место за него таму си седи, јаде, пие, спие, мочка, кака, го чистам редовно овој јаде се..иако и мене ми кажаа дека несмее да јаде зелена храна ама ајде молимте од што ќе живее од сено?? и му дадов моркови зелка трева и тоа што му одговара јаде останатото не го помирисува..коа му е доста си престанува и многу сака да се чешка особено позади главче, кај ушињата почнувам таму да го чешкам и легнува цел заспива дури, мене првпат така коа ми се случи мислев готово умре испаничив до ветеринар стигнав и после тој таму ми се смееше и ми објасни дека домашната атмосвера му годела на зајчето и се чувствувало безбедно... иначе зајчињата многу смируваат нервоза..многу го сакааам најмногу на цел свет
Значи мене не ми е јасно. Зајаков мој има шука скоро цела година. 3 апули против шуга потрошив и не му мине. Башка и пред некое време му се појави инфекција на очите, што се чеша изгледа од шугата и си прави рани. За греови е, од ветеринарна неможат да ми помогнат, се изнервирав, друг лек немало. Има ли некој добар ветеренар во државава да го прашам да ми помогне. Мислам дека зајаков ќе ми умре од мака, одвај живее. Ако знаете лек или некош што може да ми помогне ве молам кажете ми. Фала.
Јас сакам да си купам вакво патуљасто зајаче, планирам да го чувам пола-пола на тераса (така поголема е и преградена, може да си седи таму во поголем кафез кога не сум дома) и да си го земам дома кога ќе сакам да го пуштам и да го галам. Е сега, прашањето ми е, дали може да живее надвор овој тип на зајак? И колку најмногу растат? Плус тоа, не знам како да го транспортирам од Скопје до Прилеп, ми е страв да не ми се истрауматизира по пат и да здиви (искуство со папагал..). Мислења од тие што веќе сте чувале вакви зајачиња?
Не сум чувала ваков зајак, но знам дека несмеат да бидат надвор оставени. Може да бидат изедени од мачка, старчка, чавка и други диви животни. Не растат големи. Слика: Во врска со смрдеата, има голема разлика меѓу смрдеа на калифорниски зајак и вакво зајаче. Овие зајаци се создадени за да бидат во вашиот скут и да се галат. Еве ти слики како да го држиш зајакот, зошто ако не го држиш соодветно може да му се скрши/пукне/шине р`бетот или некоја коска: Во врска со транспортот: 1. Извади му ги хранилките и сите други работи што не се прилепени за кафезот. 2. Зацврсти ја вратата од кафезот со некоја жичка или врвка што ќе биде надвор од кафезот. 3. На дното од кафезот стави некое ќебе или крпа за да не му се заглавуваат ноџињата. (можеш и од околу да ставиш крпи прицврстени за кафезот) 4. Кога ќе го пренесувате зајчето, возете поспоро и посмирено. Несмее да има нагли закочувања. 5. Секогаш врти се назад да видиш дали зајчето е смирено. (со смитени уши, што значи да не бидат нагоре) 6. Кога ќе стигнеш дома, веднаш дај му храна и вода. Се надевам ова ќе помогне.
^фала ти многу! дефинитивно сум решена да си земам вакво зајаче, ама сакам уште некои работи да ги доистражам, за да не испадни после дека не сум ги знаела па да се чудам ти благодарам на опсежниот одговор. Се најдобро
И, да знаеш дека треба да го чешлаш еднаш во две недели со фурмиратор за да не се заплеткуваат долгите влакна и да не се митари по дома многу често. Никогаш не го оставај на промаја, дури и во летните денови. П.С. Храни го со моркови, но не толку често. Давај му јаболчиња, марули, зелки, краставци.... и немој многу да го храниш со едно исто јадење. (мислам да не се храни секојдневно со мраули, зелки, моркови, краставици, јаболки и тн) Едит: Можат да бидат тренирани да вршат нужда во кутија со искината хартија. (како мачките, само не во песок, зошто може да се повредат) Исто така се многу лојални и приврзани за сопствениците. И последно, зајчето несмее да биде плашено, зошто може лесно да добие инфаркт.
^ како мала имам во двор чувано мноооогу од тие калифорниските зајаци имавме куп, ептен беа мили! кога ќе имавме малечки од некоја зајачица таман ќе пораснат малку ги земав дома в дневна и се враќав по нови да прикачам уште некое ) некни поминував покрај пазар и ги гледам во кутија такви мали исти, ќе припаднев од шо беа прекрасни! и сакав одма да си ги земам сите... ама сета среќа што веќе имам чувано порано и знам колкави можат да пораснат зајачињата од оваа раса.. баталив и си реков морам да најдам некое решение и од нигде-никаде наредниот ден ми текна дека имам слушано за џуџести зајачиња <3 најдов легло во скопје, сега треба да се организирам за да можам да го пренесам од таму до прилеп без да го извадам од памет. значи оваа раса на зајачиња сака да јади повеќе сува храна како што читав, но нормално потребни му се и витамини па како шо напомена, потребно е повремено да му се дава и зеленчук. ова со нуждава ми е во мисла скрос.. да не направам беља, си викам ќе можам да го научам лесно. инаку на тераса планирав да го чувам во кафезот и плус преградено со уште некоја кутија ради промаја.. инаку на терасава никако не можи да се качи никаква живинка, освен некоја птица, оти ептен е обиколена и онаква ѕидана е и нема по што да се качи ни мачка ни ласица (лозница има ама многу пониско од терасата, знам дека не можи мачка да се качи оти оставаме јадење отворено надвор и не е чепнато никогаш ќе известам ко ќе го земам зајачето фала за советиве досегашни!
Феминки, да ве прашам... Планирам да купам едно од овие домашниве, џуџести зајачиња, видов едно во пет-шоп, го погалив и не можам да престанам да мислам на него.. Е сега, на многу места прочитав дека ако не било стерилизирано зајачето ќе било агресивно, ќе гризело кабли, ќе обележувало територија на секој ќош, ќе правело бељи.. Какво е вашето искуство во однос на ова?? А и друго нешто, планирам кафезот да има дрвени држачи.. Би било тоа проблем? Мислам, да не му текне да ги изгризе случајно Тоа ќе си има внатре нешто за гризење за да си ги троши забите, туку дали ќе можам да му објаснам дека тоа треба да го гризе а не кафезот?? Иначе, слушнав и прочитав дека биле паметни и чисти животинчиња. Луѓево многи ги сакаат, многу биле мили.. Како е кај вас?
Jас имам заjче, не е стерилизирано и навистина, гризе кабли и дрвени работи. Сѐ гризе! Дури и хартија, облека, гума... Исто, битна работа, ако барем еднаш почне да кака некаде (без разлика дали на под или кауч, било каде), тешко ќе го одучиш. Ама бидејќи планираш во кафез да го чуваш, не би требало да имаш никакви проблеми. Точно е дека заjчињата се многу чисти, ама затоа ќе имаш секој ден куп влакна за собирање. Ама не се мисли, пресладки се.
Ау не! Сачувај Боже, нема да чувам никад. Од жал, и тоа! Не мислам дека едно такво суштество треба да седи затворено по дома. Исто мислам и за рибите и за папагалите. Нешто што има крилја да биде во 30 сантиметри простор? Или зајакот наместо да скока, да дреми во кутија ??? Особено после една случка кога едни пријатели земаа зајаче бело и излегоа една вечер го оставија само и тоа умрело... Па сосед-ветеринар кажа дека умрело од паника и страв - срцев удар - НОУ УЕЈ! Тажно е бе па !
Зашто од жал?Жал тоа што ќе му се пружи љубов,внимание и редовен оброк? Подобро да живее и да се мачи во некој пет шоп во кафез со уште 5 други зајци,отколку дома на убаво? А за папагалите,голем дел од нив не ни можат да живеат надвор пуштени сами.Пример тигрицата,одма ќе ја изедат мачки или ќе умре од прелада.