1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зајакот како домашен миленик

Дискусија во 'Дом' започната од saraaaa, 17 април 2010.

  1. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722
    Ама мене ми е жал, зошто така да биде? Зошто да ги носат од нивните природни домови до тука за да ги продаваат на нас и ние да ги чуваме дома???

    Добро сега, ваљда е подобро дома него ли во пет-шоп, ама ја не мислев на тоа... И нема врска, тоа ти е исто како да кажеш човек да живее некаде кај што не е предодредено да живее. Пример, со нозете во вода цело време. Исто и со зајакот - родени се таму кај што треба по природен пат и таму имаат услови за живот. Не се предодредени да се чуваат по дома. Затоа ми е жал.
     
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Има диви зајци и зајци кои се наменети за во куќа, како Калифорнииските зајци, Теди (лавја глава) зајците и многу други. Нив ако ги пуштиме надвор, прво ќе се разволат од тревата што ја јадат, одколку да бидат изедени од дивите ѕверки, а тоа е зошто тие зајци се навикнати на наша храна и на домашна атмосфера. Значи ако е животно, не значи дека неможе да се навикне во домашни услови. (тоа не значи за дивите животни)
     
  3. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    2.722
    Епа добро, јас цело време сум бил со погрешна слика, тогаш :)
     
  4. girl.in.pink.dress

    girl.in.pink.dress Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    40
    Јас чував едно време но некако не ми се погоди како практично милениче. Имаше непријата миризба ии затоа мајка ми на крајот го даде како подарок на едни комшии кој што чуваа зајци. Да живее кај нив иако е од оние што нераснат. :D
     
  5. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.733
    Допаѓања:
    23.818
    Пол:
    Женски
    Епа ќе има непријатна миризба ако не му чистите. Нормално е. :D
    Јас скоро 2 години го чувам, си врши нужда на пилевина, потоа се фрла редовно. ;)

    И си го сакам бе, ко синче ми е, не можам да се замислам без него. :D :inlove:
     
    На zalosna, sweet-star и molikaMk им се допаѓа ова.
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Сите земаат зајак како миленик со изговор „лесни се за чување и одржување“, но тоа е голема лага. Да, можеби немора многу да се обрнува внимание на крзното и немора да се бања, но зајакот бара многу повеќе од чистење на кафезот еднаш неделно. Треба чешлање со фурминатор, чистење на ушите, чистење на кафезот и најважно, многу внимание и љубов кон него. :!: :wasntme:
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    Сакам да чувам мало зајаче дома. До сега немам чувано па ме интересира какви услови бара, на која температура се чува, дома колку го пуштате да шета. Јас би сакала најмалку што може да биде во кафез. И она што не ми е јасно на кој начин го одржувате. Мачето на пример многу често го бањавме, со зајаче немам ич искуство а многу сакам. Моите не ми дозволуваат, мирисало, ама пуста желба многу ми се слатки :inlove: .
     
  8. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Јас чував зајаче пред некое време.. За жал поживеа кратко, оти беше премногу бесно па си направи беља.. А толку многу го сакав.. ;(
    Иначе, нешто што треба да знаеш е дека зајачето бара време и грижа. Не е како обично милениче и бара малку поинаков третман.. Домашните зајачиња НЕ МИРИСААТ ако се чисти редовно кафезот, а тоа значи еднаш на ден секако. Помали се, помили, попитоми. Ги има по продавниците за животни.
    - Да почнеме од кафезот.. Моето го чував во стаклен кафез, може да биде и поинаков (ги има по пет шоповите), битно е дното да биде рамно, да не биде од жица за да не му се заглавуваат нозете. Внатре стои пилевина и сено кои треба често да се менуваат, како што ти напоменав. Има посебен сад за пиење вода (слично како за папагал само со цуцле), а храната може да му се става во обично тањирче по можност потешко за да не го превртува. Кафезот не смее да биде мал, мора да е долг колку 3 пати од должината на зајакот. Некои луѓе одделуваат цела соба за зајакот бидејќи (наводно) можат да се тренираат да одат на едно место во вц како и мачките (со мојот тоа не успеа.. исто ми кажаа дека во кафезот на едно место ќе оди во вц, ама немаше врска..). Може да се чува и на тераса во кафез, само треба да биде убаво заштитено од предатори (зајаците можат да умрат од срцев удар при преголема возбуда).
    - Храна: најбитно е сеното. Треба да му даваш неограничени количини на сено (и тоа се купува), потоа зеленчуци (ама да не претераш, оти може да си добие дијареа, а тоа е фатално за нив) и една храна што ја викаат pellets (и таа се купува), и мнооогу малку овошје затоа што содржи мнгоу шеќери.
    [​IMG]
    - Бањањето е возможно, само не треба да се практикува често, а можеш да го правиш со бебешко шампонче. Препорачливо е да го избришеш само со влажна крпа и да не го намокруваш целосно оти лесно настинуваат.
    - Зајакот мора да биде надвор од кафезот барем 3-4 саати дневно. Препорачливо е да бидеш со него, затоа што гризат СЕ. Од цвеќиња до теписони и кабли (што е животна опасност за нив, нели). Можеш да го истренираш да оди на едно место во вц во голема пластична кутија полна со пилевина и сено.
    - Зајаците имаат два вида на фекалии и едните ги јадат. Нормално е да јаде од сеното каде што кака. Инаку се многу чисти животни. На почетокот се многу плашливи (нели, зајаци..) и му треба време за да се навикнат. Го распознаваат газдата (тој што му дава јадење) и со него најмногу сакаат да се дружат. Сакаат да се галат (само мојот ретардиран зајак не сакаше :@ ), дури и самите иницираат дружба. Интелегенти се ама малку се своеглави. Не се споредуваат ни со куче ни со мачка. Ептен се различни.
    На интернет има еден куп совети за чување на зајаци, има и еден куп видеа. Мене се ми е гледано и читано, ако нешто те интересира пиши ми. Сакам само да знаеш дека се зависи од тоа како ќе ти се погиди зајачето. Моето ништо живо не сакаше да се научи на ред.. и ете! Славно си заврши.. |(
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу на исцрпниот одговор :*
     
    На Tatjana95 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    3.789
    Пол:
    Женски
    ЈАс чував зајаче на терасата се сеќавам дека го молев татко ми една недела да му направи куќичка хахах инаку моето лижеше и сладолед, сестра ми му даваше :lol:
     
  11. Samer

    Samer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Добив поклон зајаче и сега ме интересира дали ако го ставам на тераса да седи сега зимава како што иде дали ке му смета или не ? :)
     
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Зајаците се домашни миленици, ако сте го прибрале од шума само би издржал надвор. Ако е теди (или лавја глава) зајаче или било каква друга раса на зајаче МОРА внатре да биде. Имаат еден слој крзно и тој слој многу малце грее. И не го чувај цело време во кафез, како и секое нормално животно има енергија која треба да ја истроши.
     
    На zalosna, Samer и SV1911 им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.030
    И jас имам заjче дома, па можам да потврдам дека тоа што Papillon го пишува е точно. Плус, заjчињата се паметни, па лесно може да го научиш да користи еден тоалет. Треба да пазиш на кабли, обожаваат да си ги острат забите од нив. :D
     
    На Papillon.Papi и Samer им се допаѓа ова.
  14. Samer

    Samer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на советите . :)
    Ме интересира само дали некоја знае кога можам да почнам да го хранам со јачмен дека моето зајченце е бебе и има само 2 недели :$ . Го хранам со млекце ама приметувам му изелгле запчиња и почнува да грицка. И дали треба да го однесам на ветеринар и дали има потреба од некакви вакцини :)
     
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Има потреба од редовен преглед (еднаш во 2 месеци). За вакцини, не знам, но мислам дека треба... на преглед ќе ти кажат. Храни го со домашна храна повеќе, како моркови, зелки, јаболчиња и сл. Еднаш дневно давај му купечка храна.
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.030
    Нашето го добивме веќе возрасно, па точно не знам како би требало да се хранат малите, но затоа еве ти линк со детално објаснување околу тоа http://www.mybunny.org/info/caring-for-newborn-baby-rabbits/.

    Нашиот најмногу сака да јаде морков, па бабури, грашок со се лушпата, а зелка не јаде. Исто сака да јаде и сува храна за мачки, ама го фативме на дело, па сега мачките јадат на друго место. :)
     
  17. Macyyyyy

    Macyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Си имам зајче на 18-ти февруари му славам втори роденден!!!!!Најмногу си го сакам,едноставно неможам без него....Ова на сликата е мојот манекен Грицко-лион хеад!!!
     

    Прикачени фајлови:

    На carangigia, WhiteAngell, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    17.615
    Девојки ако може да ми кажете колкави раснат зајчињата лавја глава ?
     
  19. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Na ovoj vasiov sekirata vo med mu padnala.
     
  20. Maca Macovska

    Maca Macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Мојата најдобра другарка чува зајаче.Односно сега е зајак.Овие расиве не растат големи.
    Го чуве веќе 3-4 години како што имам заприметено го храни со купеча храна,но и со зеленчук и овошје.
    Исто му дава чипс.Да! Чипс а тоа пресреќно јади и јади. Ми беше смешно на почетокот но најмногу е смешно кога јаде чоколадо.На неколку дена по 2 коцки чоколадо.Прво си мислев дека не смее.Но она веќе скоро 4 год го има и обожаваат благо :)
    А и го пушта по дома да трча.Јесте да валка но она си чисти редовно,мора да се пушта да трча има многу енергија.