Здраво девојки. Планирам на Тобче да му донесам друштво, мало џуџесто зајче, од оние кои не растат. Не сум многу запознаена но мислам на тие кои ги има по пет шоповите. Дали сте имале ваков миленик, живеат ли долго? Какви се, дали се мили? Што им давате да јадат, ги пуштате ли надвор од кафезот/терариумот? Планирам да земам девојче, аман веќе се' машко околу мене
Можеби е глупо прашањето, ама не сум баш запознаен. Не ви мирисаат зајаците? Мислам не се чуствува некој непријатен мирис низ вашиот дом?
ме интересира дали може да се бањаат зајчињата? веќе почнува некој чуден мирис да има... и исто така дали имате проблем со ситни мали црни бубачки? Излегуваат од пилевината и храната што му ја давам. Веќе неможам да ги соберам од по дома! Ве молам за помош
Јас имам чувано 3, не наеднаш,на размак на неколку год. Првите две беа обични бели со црвени очи, ги бањав со Бекутан. Главата не им ја топев,онака соо влажна рака и што е најјако со фен фризура им правев. Ништо не им бидна од бањање, првото долго живееше, второто од глад умре. Деца бевме со сестра ми, не знам како се деси за храна да умре. Второто го чував пред 3 или 4 година. лавја глава, не се осмелува да го бањам. Некој погоре праша дали мирисале? Мене не ми мирисаше, му менував пилевини секој ден, како бебе го чував. Мислам дека не е добро да се бања.Мала сум била многу, сум играла, пренежно е за вода и хемии.
Тоа е баш бројка-19. Просто, неверојатно е. Имав две зајчиња, брзо ми умреа и двете. Во однос на храната, внимавав, се по пропис. Првото, умре без да знам зошто, едноставно се беше во ред и наредниот ден - починато. Се јавив на ветеринар, добив претпоставка дека е од нервоза, немало слобода , зајаците копале во земја и као осаменост, стрес им било... Другото, таман порасна, толку убаво беше како снежна топка, не дочека годинка,дури. Некој прашуваше дали мирисаат- Даааа, многу.
Моето зајче го добив на поклон Зајчето беше многу тврдоглаво и ич не сакаше да го галат. Иако имам многу голем двор знаеше понекогаш да ми избега во дворот на комшиите. Зајчето беше мажјак и еден човек кој одгледуваше зајци ми го побара за парење, а бидејќи беше и многу ладно зимо морав да го дадам, со ветување дека ќе ми го врати само да помине зимото. Оттогаш не го видов зајчето
Они сами не мирисаат воопшто, мириса она што го оставаат зад себе, ако не се чисти редовно. Изметот не, ама урината ако е застоена, уфф. И никако, ама никако не смеат да се бањаат. Пијат вода, кој вика дека не пијат?! Јадат специјална храна која се продава кај нас, исто и овошје и зеленчук, ама во умерени количини. Прогуглајте, има пирамида за исхрана на зајчињата. Они генерално сакаат друштво, тажни се кога се сами, а кога е некој среќен и подолго живее, нели? Еве го син ми, нормално, дома си седи, иначе има 6 години.
Мојата маза. Од пред 4год. се сликите . Не знам кога би имала шанса да земам пак, маж ми не сака никакво животно.
Здраво девојки, имам зајче лавја глава џуџест раст, има околу 6 години, до сеа сме немале проблеми никакви, но од август месец престана да ја јаде неговата храна, и почна да јаде ориз, пченка, сончоглед, и сеа приметувам дека нагло почна да му паѓа крзното, по цело тело има дупки и кожата ко да му се перути таму кај што нема крзно, дали некоја имала сличен проблем? Ве молам споделите искуства
Здраво на сите, дечко ми ми купи зајаче па ме интересира дали имате некои совети, за храна за чување?
Зајчињата во никој случај не смеат да се бањаат! Исто се битни и бараат одговорност како маче или куче така да ве молам пред да се одлучите за зајак како миленик информирајте се добро. Барем сега ни е се достапно и се ви пишува на интернет.