1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зајакот како домашен миленик

Дискусија во 'Дом' започната од saraaaa, 17 април 2010.

  1. Imangela

    Imangela Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    A ima li nekoj iskustvo koga trebe da se parat kas ima zensko i veke skorot e 7 meseci i dali ako ne se spari ke nastane nekoj problem
     
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    Колку е голем кафезот на вашето зајче? Моето е старо околу 3 месеци, според тоа ако точно ми кажаа во продавница, имам од најмалите кафези, ама некако како да му е мал, колкава големина е најдобро? Се мислам да му земам поголем :?:, вака кога не е пуштен жал ме фака, ама и кога е пуштен не е многу по скокање, шетање, само си лешка :)
     
  3. LoLa96

    LoLa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Си купив денес зајче, а конечно пред 10тина дена се спасив од лебарки, мислите дека ќе ми се вртат по храната од зајчето, некој искуство?
     
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    Мојот зајак е 6 месеци, сега затоа што е топло дали е во ред на тераса да го чувам?
    По колку е правилно да му давам за јадење? Јас му полнам мала чинија наутро и навечер од неговата храна, и измегу му давам банана, јаболко или морков.Секако мали парчиња. Правилно ли е така или е многу?
    Го пуштам на тераса да трча по пола ден, а зимата не знам што ќе правам дома, како ќе се справувам, дали и вашите толку многу какаат, терасата по сто пати на ден ја чистам, незнам дома како одржувате. Никако да се научи во кафез да кака :@
    Како ги чувате дома да ви трчаат, така ли и кај вас, или јас многу му давам храна :worried:
     
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.372
    Допаѓања:
    16.880
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае да ми каже некои информации.Која врста зајче е најмала,да не расте многу,и каде може да најдам?
     
  6. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.106
    Допаѓања:
    101.287
    Пол:
    Женски
    Лавја глава џуџест раст.
    Па по продавнициве за миленичиња јас пред 3 години таму го зедов.
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  7. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.372
    Допаѓања:
    16.880
    Пол:
    Женски
    Извини стварно немам поима,од лавјата глава има повеќе видови или сите се џуџест раст?
     
  8. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.106
    Допаѓања:
    101.287
    Пол:
    Женски
    Тоа искрено не знам дали има повеќе видови.
    Ние не планиравме да земеме го видов се заљубив го зедовме па ништо не се распрашавме само ни кажаа не расте многу (како другите зајачиња)и дека е лавја глава џуџест раст.
     
    На cresa-jagoda и simona_baby им се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    @Ugly Duckling Дали може да се вози во кола повеќе километри? Сакам да го носам на одмор, дома нема кој да ми го чува, или нема да издржи. Немој да ми умре по пат :(
     
  10. blackstyle

    blackstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека не е проблем ако јас одговорам. Јас го имам носено 100 километри и издржа сепак беше болно и немав избор. Повремено го проверував како е и беше заштитено од сончевата светлина.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    @Ugly Duckling Ќе те замолам за совет.
    Што да преземам за пагање на влакната, дали нешто посебно да му давам? Ги пробав сите храни, од најскапа до најефтина и џабе е, скоро 2 месеци му пагаат влакна.Купив и чешелче, да го чешлам ама не гледам некоја разлика. Ај до скоро беше надвор на тераса додека беше топло, ама сега е надвор само попладне кога е топло, страв ми е да не го настинам па си го внесувам внатре.
    Вие што ги чувате внатре како одржувате, додека беше мало го пуштав и не правеше беља, сега е голем моча и кака кај стигне, и ова со влакната врв.
    А и друго што приметив миризбата, до сега не мирисаше толку, а го чистам редовно еднаш до два пати на ден кафез со нова пелевина, го чистам него со влажни марамици и мириса. За миризбата има ли нешто лек или маж ми ќе прави со мене мењам жену :tmi:
    Е за мили ептен се мили, маж ми многу го нервира дека кака и моча и сака да го подари, ама јас не давам ни за жива глава :inlove:
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    Околу очињата на зајачето влакненцата му се залепени. Нормално ли е тоа или да трчам на ветеринар, да не му е нешто се плашам.
     
  13. Lady V

    Lady V Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Јас имам зајаче лавовска глава. Треба да има некаде околу 3 месеци.
    Во стаклен кафез (пораанешен аквариум) си живее и баш му е комотно. Веќе 1 месец е кај нас, го пуштам да си потрчка преку денот со ќерка ми. Но, кога сме нс рсбота нема нккој дома, а тој изгледа си се опушти и почна да ни рипа од аквсркумот и кака каде ќе стигне..... Совет што да правиме
     
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    Зајакот тешко се учи на хигиенски навики скоро па ич. Јас чувам скоро година, пуштен е во наше присуство. На почеток кога го земавме беше ептен мало па пак дома се лом ни изгриза нова гарнитура партал со забите, маса, столови кај стигне гриза. Беше во мал кафез научи сам да излегува, купивме голем кафез и кога не сме дома добро е затворен инаку се лом ќе направи и со какање мочање. Кога пораснат па и дијареа ако ги фати, катастрофа е, многу е тежок зајакот за чување, ама се нафатив и сега тоа е. А ептен се мили и убави ама ѓубре се прави еден тон.
    Земи му кафез и затворен добро кога не сте дома. Без вас се ќе направи лом, и со каки и со гризење ќе ви уништи домот :|
    Јас и дрво и едни бонбони за зајак му земав, џабе е пак оди на гарнитурата. А периодот на паѓање на влакна па да не зборам, џабе и чешлање, хаос беше.
    Едвај чекам да се преселиме во куќа, да има посебен простор, во станот уште ѕидовите ќе ми останат читави :|
     
  15. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Зајак не се чува во затворена средина.
    Зајак не е домашно животно, туку животинче кое припаѓа на дивината, шумата.
    Волк би чувале ли?
    Исто е, со таа разлика што волкот е плус предатор па може да ве гризне кога ќе се налути.
    Иако, и зајакот не е многу дружељубив кога нешто не му е по ќејф, згора на тоа има големи нокти, како канџи.

    Така што имајте предвид дека ако чувате ќе треба секоја година да инвестирате во реновирање и нов мебел, како што впрочем и ви објасни членката погоре.
     
  16. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.345
    Сосем случајно зедовме две зајчиња. Поминавме покрај пет шоп и беа надвор во кафез оставени и така бидна. Ги чуваме дома и маливе ептен се приврзаа. Точно една недела се кај нас. Мили се премногу ама не ми е сеедно. Се плашам од болести, исто и од шуга. Дали е точно дека многу лесно фаќаат шуга? Сепак дома ги чувам, децава цело време се галат со нив. Ве молам, секој совет е добредојден.
     
  17. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.352
    И во нова кожа треба да инвестирате:D

    Доста смешки, ама озбилно многу гребат со ноктињата па мора редовно да им се сечат.
    Друго знаат да грицнат ако со нога им го блокирате патот, а можеби не сте ни свесни дека блокирате, пример си седите на софа, а зајаков се движи наоколу.
    Јадат килими, картонски амбалажи, топлинки, растенија по саксии...и знаат без прекин некое време да тропаат со задни нозе ако се исплашени или нервозни.
    Убави се како миленици вака на изглед ама си бараат нерви, трпение и многу грижа.