1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зајдување кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Цвет88, 15 ноември 2018.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Ова е... Детето плаче, не може воздух да земе и ти игнор да му правиш? Замисли ти плачеш поради нешто и стои некој до тебе и само те гледа и ништо не прави. Што ќе си помислиш за него? Дали тој некој ќе биде човек од доверба?
    https://www.teachwire.net/news/caring-for-sensitive-children-in-early-years-settings
    Еве еден убав текст од sarah ockwell smith, жената е одлична, можеш да побараш и други информации.
    Никако игнорирање, иако е малечка само зборување и разбирање.
     
    На Цвет88 и sofi2107 им се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Прогуглајте па ќе научите...
    Не морате одма да се правите дека некој измислува поими.
    А и да немате таква мака.
    @RainBow какво оставање. Гледам да и одвлечам внимание со нешто интересно. Зборам постојано, и давам задачи.... Раскажувам. Се трудам колку можам. Ама веќе од ова неспиење имам вртоглавици, нон стоп како да ме дрма земјотрес.
    Еве ја пак во раце спие. Упорна сум, па ја враќам во креветче. Целосно сум посветена само на неа и пак не ја бива работата.
     
    Последна измена: 19 ноември 2018
    На Sexybaby86, RainBow и NarCis@ им се допаѓа ова.
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Никако да не го помислуваш ова. Никогаш. Ќе биде многу полошо ако го игнорираш проблемот. Ти си загрижена и се трудиш, веќе му помагаш на детето, само што не можеш да видиш :hug:
     
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Искрено триста работи ми се мотаат низ глава. Еве денес ни кажаа дека може да е поврзано и со забите, зошто 7 извади одеднаш, може да е фаза, која знае да трае и до 3 години. Ама сепак да правиме еег. Да видат што го предизвикува. И тоа ме збуни. Ако е фаза, зошто еег? Не се разбирам, може ли тоа да покаже пример, дека е од страв??
    Сега ми спие во раце, па се плашам дека така ќе де навикне. Веќе од се се плашам.
    Не ја форсирам ништо со сила, ни јадење, ни спиење. Ноќе исто ако сама де разбуди ја гушкам, и зборам, дека не мора да спиеме, ќе се гушкаме, дека сме тука и тато и мама..
    Се трудам што помалки да плаче, да не сонува после ноќе.
    Ама вероватно мојот замор го прави своето.
    Еве сега се нервирам што нема ручек за неа. А не можам да ја оставам, сакам да се наспие.
    Имам помош и од маж ми, ама ми треба одмор.
    Срцкава сабајле, ни ги спојуваше главите да де бакнеме со тато. Е во такви ситуации се топам.
    Можеби сум похрабра од што мислам... Ама некогаш губам самодоверба.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Моето дете се уште спие со мене и само со мене. Не можам да мрднам и јас исто. Ручек гледам да направам пред или после, зашто знам дека нема мрдање.
    Има фаза кога ноќе станува, негде тој период беше, се буди и станува да си игра и заспива по два саати.
    И уште ја нема преспиено цела ноќ. Се тртка, се вртка, пие вода. Се сум пробала, ама пак е исто. Спие убаво до полноќ пример, некогаш и до тогаш не, па до сабајле повеќе се размрдува. Може да и е од забите, еве мојата петките сите одеднаш и искачаат, па пак е тешка на спиење.
    Има посензитивни деца, има деца кои повеќе сакаат внимание, кои имаат преголеми емоции и не знаат како да се справат со нив.
    И јас се мислев што е работата, ама ете, такво си е детето, дење премногу активно, ноќе се преживува. Кога почна да збори почна и во сон да збори, се гледа дека истото го сонува.
    Нема да згрешиш се додека ја следиш неа и нејзините потреби, верувај. Испитај се што мислиш дека треба за да си мирна. Правиш се што можеш и се што треба, тргни настрана вина и недоверба, само ти пречат и не ти се пријатели. Станува полесно како растат и учат. Мојата еве научи дека нешто кога и смета може да си го скрене и сама вниманието, тоа зашто јас и одвлекував постојано внимание и сега сама го прави. Ќе научат, ќе пораснат, да издржиме само треба.:hug:
     
    На Sexybaby86 и Цвет88 им се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Знам, свесна сум, затоа и се решив на испитувања, за ете да не речам сум испуштила нешто.
    Фала ти тебе, а и на сите останати. Многу е корисно кога некој ќе те сослуша, даде совет, сподели искуство, за разлика од тоа само да ти каже, дете е тоа, нормално е.
    Фала најмногуууу :hug::hug:
     
    На Sexybaby86 и RainBow им се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.604
    Допаѓања:
    151.813
    Јас си кажав мое искуство за зајдувањето и тоа да ја игнорирам беше совет од педијатарот даден
    Кај нас се случуваше понекогаш не многу често кога ке се удре па да зајде од плачење или едноставно ако не и е по кеиф нешто па ке почне да плаче и додека не добие шо сака ке рика и у еден момент ке почне да зајдува модрее и со тоа ни привлекуваше внимание
    Ова кај конкретниот проблем на членката е различно до зајдувањето ова може да е некој нокен терор или на сред сон ја болат забите па станува со плачење ама не е зајдување у никој случај
    Еег-то ке со прикаже мозокот и работата на алфа и бета брановите може ке ви речат и у спиење да се направе а страв нема да покаже на еег
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.152
    Еег не покажува страв. Будно е потешко да се додржи мирно детето одколку во сон, но секако добро е и двете да се направат доколку е препорачано.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Дете од 14 месеци сигурно не го прави тоа за да привлече внимание. Ниту пак верувам дека е оставено само, па да треба да прави нешто посебно за да привлече внимание. Игнорирањето никогаш не е решение. Дури и да бара внимание дали треба да го игнорираш или треба да му го дадеш вниманието за да не го бара на такви начини? Дете е, нормално дека му треба внимание. Ова со барање внимание и манипулирање секогаш ми се најглупави, најпрости и најигнорантни работи кога ги слушам за децата. Зашто ние возрасните се користиме со вакви механизми мислиме и децата дека го прават тоа. Има секакви педијатри што зборуваат се и сешто, зависи на каков ќе му се даде довербата, зависи каков родител е некој и како сака да го воспитува детето, такви совети слуша.
     
    На NarCis@, sofi2107, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.982
    Ова е 100% вистина.
    Ако е некој доктор/сестра не значи дека сѐ знае и за сѐ е информиран и дека треба сѐ да прифатиме.
    Некогаш требаат и 2-3 мислења. Никој не е сезнаен.
    Посебно се нервирам кога некое медицинско лице од ракав вади совети.

    Никако не е добро да се игнорира детето, и не знам што педијатар е тој што тоа го препорачува.
    Малите деца не знаат да се изразат како возрасен човек и да кажат каков проблем имаат, не знаат да го осознаат проблемот па да го кажат, плачењето им е единствен начин да дадат до знаење дека нешто не е во ред.
    Занемарување на детските чувства е погрешно, кој како сака нека каже.
     
    На NarCis@, sofi2107, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Буквално е зајдување, не вриснувањеод болка, не прачење, не вриштење како при ноќен терор. Буквално зајдува заплака, остана без воздух, поцрвене па помодре. Се бореше за воздух, преташе. Од болка само плаче константно, знае да се разбуди. Да вика аааа при плачењето. И воопшто не е исто со зајдувањево. Дење се смирува одма, ама ова беше хорор, двајца едвај ја додржавме...
    Се олашам зошто ги поврзуваат со епилептични напади, па само затоа не сакам да го оставам вака, па сакам еег. Не би правела иначе. Не знам што друго би можело да биде.
     
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.604
    Допаѓања:
    151.813
    Направите еег со предходно преглед од невролог
    тек коа ке испадне чисто еег ке знаеш дека нема ништо што би го поврзале со епи напади
    Мој совет др Наталија Ангелковска на детска клиника-неврологија доктор педијатар-невролог земи приоритетен и оди директ кај неа ке ве прегледа последни само види кој денови е у амбуланта дали е сеуште среда и петок Она е незаменлива мислам ептен пристипачна и народен доктор

    Инаку да се разјаснам коа веке почнав сето тоа зајдување кај нас помина за некој месец тогаш така не советуваа така правевме рачунајте дека тоа беше пред некои десетина години
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.152
    10-15 минути работа а ќе ви се тргне од дневен ред мислата. Ете Алиса ти дала предлог Доктор, сигурно одма ќе ги прочита и резултатите.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.604
    Допаѓања:
    151.813
    да одма ке го виде докторката еег и ке ти каже се
    да се земе само приоритетен оти за кај неа со месеци е се закажано
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Од искуство на една мајка која мака мачеше со некоја си слична појава која е претходно опишана, и по долги ноќи читање по странски форуми и сл. лекот го најде во тоа што да детето спие во поладна соба и да не е целосно покриено до врат горе туку до рамениците. Го набљудуваше како спие и ќе приметеше дека почнува да сонува и нешто ќе се случи т.е почне да плаче, вришти и сл. само ќе го откриеше целосно и немаше никаква реакција. За две -три недели го надмина проблемот.
     
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    И тоа е пробано, да изладам, да ја покријам оа нема шанси, одма се буди. Па пробував со чорапи, без. Со светло, без светло, послабо, појако .. Значи се што е во спална и што може да се проба е пробано.
    И јас мислев да не и е топло, и прво што направив беше да изладам пред спиење. За ладно сигурно не и е зошто е 25 степени и ако ја покријам се праи жива вода.
    Е сеа ако има нешто што не ми текнува. Го вртам и душекот а и нејзе.
    Ако нешто ви текне кажувајте, може навистина да е до такво нешто.
     
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.152
    Мајче. многу е 25.
    17-19 е идеално за спиење навечер. ПРеку ден околу 22.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Премногу е ама до 10 има парно, немам како да изладам. Затоа пред спиење отварам ко божем да се излади, ама џабе, пак се загрева. И тоа у 10 уште пука парното. Дур се олади и 12 фаќа. Она е на боди на прерамки и тенки пижамки. Башка цел ден е отворена собата, уште ако ја затворам 28 ќе стане вака од ходник се лади по малце

    Ние нон стоп сме со отворени прозори, ама без дете, со дете не може цело време, ама штом отиде у кујна дневна, отварам...
     
    На NarCis@ и danichap им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Поради тоа реков човек учи додека е жив. Никој не рече дека измислувате поими.
     
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    34.223
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на мене јас така пробував со чорапи, без чорапи, без ќебе, потенко ќебе, подебело, ладно, топло, отворај прозор, пуштај греење и дошло време за станување, а око немам склопено. :rofl:
    Ги мачкаш ли непцата со нешто? Можеби премн ја болат па убаво си спие и болката толку мн ја штрекнува што во исто време и ја плаши и доаѓа до тоа.