1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зајдување кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Цвет88, 15 ноември 2018.

  1. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки и ние имаме проблем со зајдување 2годинки сме ,мислев дека и помина но средата беше страшно дури и изгуби свес прстите и ги ставив во уста да не го голтне јазичето и се освести почна да плаче,готово реков толку беше но денес пак братчето и зеде од рацете нешто почна да плаче и пак падна пак истата постапка ја направив овој пат од двај и ја отворив устата се освести брзо се преплашив, се јавив кај вујко ми кој е доктор ми рече да не се плашам не е страшно дека нема да има последици а јас сум преплашена од страв не можам да се смирам ми се чини срцето ќе ми излези.Дали некоја мајка имала ваков случај сакам да ја носам на снимање нема да имам мир а и страв ме фаќа да не и стани навика вака да прави почесто одиме и во градинка денес и кажав и на воспитувачката за да знае за не дај боже таму да се случи
     
  2. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.751
    Допаѓања:
    9.488
    Пол:
    Женски
    Немам искуство со онесвестување до сега фала богу не се онесвестило моево а редовно зајдува од раѓање така плаче директ зајдува некогаш не го ни приметуваме
    Уствари викаат дека мозокот праќа сигнали за несвестица за да го освести детенцето, мислам нема зошто да го носиш на снимање само ќе го траумиш.. со дување нагло во лице не успева? Или водичка да прснеш за да го освестиш ?
    Ние нашево штом зајде одма силно дувнуваме и пушта глас
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.441
    Допаѓања:
    183.483
    Пол:
    Женски
    Моето второ дете така правеше. И ден денеска е плачко. За се плаче. И скоро секое плачење му е со зајдување. После една година почна да губи свест на неколку секунди кои мене ми се чинеа цела вечност кога ќе се случеше. Се дешаваше и ден за ден така да ми прави некогаш, душа немав во мене. Мене ме советуваа само да го вртам на страна и никако насилно да му отварам уста и да му тегнам јазик. Педијатарката ми рече да не се секирам не е страшно и обично се губи по втората година и навистина почна да прави така се поретко и по вториот роденден само еднаш така изгуби свест и тоа во супермаркет бевме. И толку беше. Сега за 2 недели ќе прави 3 години, сеуште зајдува ама веќе не му се десило да изгуби свест.
     
    На Fenix05 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.