Здраво девојки. Се заљубив во мојот другар, но немам храброст тоа да му го признаам. Мислам дека и тој чувствува нешто кон мене ама бидејќи е премногу срамежлив никогаш не почнува тема за љубов. Што можам да направам за да дознаам дали му се допаѓам?
Се знаеме повеќе од пола година. Се запознавме преку интернет, но сме од ист град и често се гледаме. Дечкото е стварно супер во секоја смисла-тука е за мене во добро и лошо, ми дава и бара совети за разни работи, разговараме за се пр.од најнови филмови до проблеми дома и сл. Јесте се имаме скарано неколкупати ама после секоја кавга нашиот однос е посилен. Тој е добар, мил, фин, комуникативен, лабав, доверлив, а покрај се е и многу убав и прав џентлмен. Од март навака се гледаме многу поинтензивно и многу се зближивме....и почнав да го гледам како повеќе од пријател оттогаш навака. Тој се поставува кон мене онака како што би сакала еден ден мој дечко да ме третира, но и да не заборавам привлечен ми е. Покрај него осеќам мир и среќа како што не сум осетила со други луѓе. Каде и да сум со него се осеќам како дома. Периодов и двајцата имавме обврски и не се гледавме многу и сфатив колку ми фали и колку ми е потешко без него и дека секојдневието е полесно кога е тој тука. Е сега, знам дека не можам да го контролирам она што не зависи од мене, но дали барем би можела да направам нешто што ќе предизвика тој да ме гледа со поинакви очи и што би било тоа? И да, спремна сум и во случај да не ми ги возврати емоциите, макар и да не сум јас неговата избраничка, се што сакам е тој да е среќен и да останиме во добри односи.
Можеби веќе мисли но и мисли дека е во френдзона па не сака да те изгуби / повреди, некоја вечер пивни си малку повеќе (демек) и прашај го или мувај/флертувај.
Кажи му го истово, баш како што го напиша. Само тогаш ќе знаеш што сака. Но, штом се гледате, комуницирате не верувам дека ќе остане само на тоа, можеби не сака да брза, можеби не е сигурен..повеќе причини има ама мислам дека пола година е сосема доволен период за да започнете нешто повеќе.
Na tema vrski se oglasi deka ne mu se brza periodov (isto kako mene). Da dodadam pred nepoznati lugje ponekogash me pretstavuva kako negova devojka, iako mi veli deka na majtap go pravi toa.
Зошто? Не е баш во ред ова. Ако двајцата решите да сте пријатели овој период, така треба да те претстави. Глупаво е сите да мислат дека сте заедно а само вие знаете дека не сте, нели? Не знам дали грешам но ми испаѓа како да сака да се направи дека не е сам и има девојка а од друга страна не сака да се врзува со тебе и да почне врска. Тој период и тебе ти одговарало да не сте во врска но штом почнеш да чувствуваш нешто кон него, заслужуваш да знаеш што планира тој. Затоа прашај го, после пола година добро знаеш што сакаш и дали почнуваш да имаш чувства кон другиот, како што ти самата за тебе веќе што знаеш.
Ne ne. Greshka si. Toa samo dva tri pati go stori cisto od zaebancija nishto drugo. Da pomine ushte nekoj period I kje razgovaram so nego za toa sho go osekjam.
Џабе ќе го толкувате него зашто го направил тоа. Тука се работи за неа дали да му каже или не. Според мене нема што да изгубиш ако му кажеш. Може да бидете заедно, а во најлош случај ќе останеш на истото место каде што се наоѓаш сега.Нема што да изгубиш.
Девојки ве молам за совет. Сакам на другарот кој ми се допаѓа да му признаам дека го сакам, но не знам како да го направам тоа, што да му речам? Како да ја започнам таа тема? Има ли некоја вакво искуство да ме подучи?
Кажи му го акаунтот на фемина, ќе си направи ќе види сам ќе си сконта коа ќе те пребара, лесна и завршена работа