се беше супер ! испаѓавме заедно секој ден...цело време заедноо...и по некое време така...ја го засакав а и тој мене ме засакал и почна да ме одбегнува.кога му викав ајде да испаднеме он се не можеше...така може веќе тераме 1 и пол месец.Ја го сакам.он ми призна дека ме сакал ама демек веќе не затоа шо не сум размислувала зрело сеа демек наполни 18 и он најубао размислува...ама ништо не му реков.незнам како ме гледа ! незнам дали ме гледа како пријателка,како надобра другарка,како женска...незнам ! а несакам да го расипам пријателството и тоа е единствената причина шо не му кажав дека го сакам. незнам шо да правам.понекоаш мислам дека сум досадна шо му викам да излеземе,шо му пишувам секоаш прва,шо му лајкнуам секоаш нешто на фб... веќе незнам шо да правам...планирам да не го замарам некое време....да видам дали му значам нешто па за да ми рече он да излеземе...шо да правааааам ???
Сепак мислам дека треба да оставиш времето да си го покаже своето,ако те сака и ако мисли на тебе ќе те побара,а додека да те побара терај си го животот не се оптеретувај поздравче и среќно
имам еден проблем.залјубена сум во другар,кој и не ми е бас близок.имавме заеднички пријатели,се друзевме некое време,до пред 1 год.,можеби .Имам неко чувство дека му се свигам,и мене многу ми се допаѓа,ама проблем е што речиси и не сме во контакт,само онака едно *здраво*.многу е срамежлив и со сигурност нема да ми се јави.последно кога се сретнавме ми рече дека крајно време е да пиеме по едно кафе и толку.помош!!!!да се јавам јас или...како да постапам молам за совет.не знам каде излегува,и нема фб профил. секој совет е добредојден! однапред фала.
Значи еве мој совет: Можеш да му се јавиш и да го викнеш на кафе,мислам дека нема да ти падне круната ако го повикаш ти прва, прво другарски на кафе муабет,и можеш да почнеш да му вртиш муабет одоколу на таа тема,малку да го испровоцираш, ако има симпатии према тебе,доволна е само мала провокација од твоја страна и ќе видиш како ќе реагира. Поздрав,од мене толку па пиши што си направила
zdravo jas vaka nemam decko skoro 3 godini duri ne semac ( muvac) nikoj ne mi prijuduva se custvuvam mn. osamena nz poveke sto da pravam ama vaka e mn. dosadno, tie sto gi sakam ne me ni zabelezuvaat sakam da imam seriozna vrska, ljubomrna sum ima na drugite sto imaat dolga vrska, nikoj ne me saka nemam samodoverba poveke, a ziveaam vo prilep kade sto na denesnicava e mn. tesko da si najdis vistinski decki site se ili zafateni a tie so ne se ne mi obrnuvaat vnimanie ili si ja krevat cenata, nema vistinski maski kaj nas duri od sto sum osamena ne znam poveke ni so sakam ni kogo sakam se zaljubuvaam vo moite drugari, vo sekoj vtor so ce go vidam. ve molam za pomos mn. sum zbuneta sakam da imam decko ama ne bilo koj sakam da bidi sipmapiticen a nekoj odvraten posto vo prilep e navistina tesko da se najdi masko na mesto. fala odnapred
Никогаш не ја губи самодовербата во тебе.Имај надеж дека ќе дојде вистинскиот и колку и време да тече,продолжи да веруваш...Јас и мајка ми сме многу блиски и таа знам дека ми има кажано дека 3 години немала ни дечко ми мувач (исто како тебе) и баш по 3 години се запознала со тато.Затоа не ја губи надежта,продолжи го животот,има пред тебе уште ехееее...Сите имаме тешки моменти во животот.Плус тоа не ги познаваш сите во Прилеп па да велиш дека нема.Јас Прилеп го знам како град со најубави машки Има има...само не си погледнала убаво.
Хм,темава баш ме насмеа и ме врати неколку години наназад.Јас си имав другар кој го познавав од пелени што се вика,во градинка заедно во основно заедно,во средно заедно.Он кај мене сабајле јас кај него попладне и обратно по цело време заедно,секаде одевме заедно искачавме заедно,учевме за тестови заедно и се си кажувавме и никој немаше да помисли дека јас и он ке бидеме заедно ми беше како брат.Ама бидна јаготките не излажаа тие се криви и замислете ние бевме заедно и на никого немавме кажано цели 4 месеци и јас незнам што ме натера и кажав на другарками и и нагласив да не кажува на никој се разбира малку беше збунета како јас и он заедно и башка толку време сме криеле а кога цело време сме со друштво и сме го правеле толку неприметливо и другарками нема јас да кажам на никого онаа поговорката „САМО ЈАС И ЦЕЛО СКОПЈЕ“ и замина од кај мене ,а кај отиде и кога успеа да каже на цело друштво немам поима.И кога излеговме вечерта во маало сите почнаа да не прашуваат па како па кога па зашто сме криеле и еден куп други прашања а ние криевме дека сме заедно од причина што другарми имаше девојка со која одеше долго време ама нешто во тој период им беа заладени односите и не се гледаа и несакавме она да дознае ама признавам дека ми беше убаво со него,ама бидна незнам дали она дозна не е битно јас тогаш си фатив дечко со кој и денеска па морав да ја прекинам таа РОМАНСА ама ми е мило што и ден денеска сме си другари и што си знаеме дека некогач сме си се сакале повеќе од другари
мислиш дека е исто после пријателство-љубов а после љубов пријателство? Исти ли се односите пред врската и после врската?
искрено да ти кажам во мојов случај немаше промени во односот со мојот другар иако ми е и бивши.Ние и ден денес се гледаме се дружиме разговараме за најразлични теми па дури и за љубовта за девојки за дечковци секогаш е тука кога ми треба ние сепак и по насата врска останавме најдобри другари ама тоа све значи како и на кој начин сте ја градела таа врска и другарство.Мене искрено ми беше симпатична таа врска а и на него затоа што се случи спонтано а и самите не бевме свесни дека имало искри мегу нас.Јас сепак мислам дека е можно да продолжи другарството само се разбира ако таа врска на дечко и девојка сте ја прекинале со добро однесување и бес караници,а ако таквата врска ја прекинете со расправии и караници многу е јасно дека повеке и нема другарство после таква разделба.позз
haha i jas sum imala vakva situacija ama nema veze toa..i mene najdobar drugar mi kaza deka mu se svigjam pa nisto bidejki jas iskreno mu kazav deka ne mi se svigja.a posle se si beshe ok super.. a koj znae mozebi ako si ostanete drugari i bidete pobliski mozno e da se sluchi nekoja hemija.samo nemoj da se oddalecite. zacuvaj go kako drugar kolko mozes povekje.toa e mojot sovet
Јас имав обратна ситуација, се запознав со сега веке бивши другар преку мои познаници. На почетокот ми беше многу интересен и мил како и јас на него, меѓутоа тоа беше се, многу го сакав ама само како другар и ништо повеќе бидејки не постоеше некоја хемија од моја страна. Со тек на време забележував дека као да му се свиѓам јас на него ама не сакав да верувам во тоа бидејки стварно верував во тоа другарство. По некое време тоа ми го потврди и девојката преку која се запознавме и ме убедуваше да бидеме заедно ама џабе, јас и понатаму си го сметав за другар се додека и он самиот не ми го призна тоа, дека ме сака, дека не можел ни ден а да не ме види, дека нит јадел нит спиел поради мене. И покрај тоа јас му кажав дека мојот другарски однос према него никогаш нема да се смени дека го сакам ама само како другар и брат и тука беше крајот. Ми рече дека неможе да останеме другари и дека тоа би било многу болно за него, си отиде и никогаш повеќе не ми се јави нит па сме се виделе од тогаш. Мене ми е многу криво што изгубив другар како него ама се надевам дека на него му е подобро вака.
ама е грдо така...јас требаше да се одлучам дали да бидам со него или ништо да не му кажам туку да останеме најдобри другари.и се одлучив на пријателство...го сакам сеуште но се надевам не за долго.
Не можам а да не искоментирам на темава затоа што моментално се наоѓам во една ваква ситуација..Значи другарот учеше со мене цело средно од кое три години се дружевме интензивно.После година дена мене ми се засвиѓа и без многу размислување си се истакнав така пред него- Ми се свиѓаш! и тоа баш онака ко гром од ведро небо.И нормално ништо не се деси тогаш,ни се заладија ептен односите,ни требаше многу време да си се вратиме на тоа што бевме. И баш кога мислев дека готово ми поминал тој стадиум -повеќе од другар- еве пак упорно ми се враќаат чувствата...Само сега од кога си научив од сопствените гршки, многу внимателно постапувам.Сега моментално сме поблиски од кога било и сите околу нас мислат дека нешто првиме, а најискрено не знам зошто ама верувам дека нешто ќе се случи само ако продолжам вака полека малце по малце да си работам на случајот..Значи само внимателно и полека затоа што многу е лошо ако на некој како гром од ведро небо му се избациш со такви изјави и слично, вака со дискретни пуштања може да испадне многу поголемо.
Секогаш сум се плашела од чувства према најдобар другар.И еве се случи...Најтешко е го да слушаш како му е со друга,со трета, со четврта...Мојот најдобар другар е...пи*кар ама он нема цел со тоа.Не се фали дека бил со ваа или онаа,дури не ги ни спомнува женските пред другарите.Ама незнае ни да сака.Го тера секој ден истото...А ја го сакам...
И јас си имам едно вакво проблемче, Типов ми е другар 2 години, цело време се гушкавме, ме бацува во образ ме крева во раце..уфф сите не зезааа демек сме во врска. Не дека е лош, или дека не ми се допаѓа, но ете не сакам врска со другар. Сум пробала и не ми успеало, па сум си зезнала другарство. Е сега со типов вчера се деси шо се деси, ама пред друштвото си бевме другарчиња. Не сакам врска, мил ми е, симпатичен се е тоа ок. Не знам што ќе праам јадна јас . Несакам никого да повредам, а и општо сега за сега психички не сум припремена за врска.
ете пред малце дојде пред зграда само да ме види на кратко само едно бакнежче во уста и толку, да ме видел бе ааааааааааааааааааа и сеа како да му кажам дека не скаам врска пааа, глупо ми е ептен. Ќе полудам. Незнам што да напраам. За овие работи не можам да давам совети ептен е лошо, комплицирано...уф
истото се случуваше и со мене јас со еден другар на училиште нон стп бев заедно но сепак се имавме и смувано и сите упорно ми викаат за него можеби тој има некои одредени чувства кон меен бидејќи не се откажува но јас имам друг кој го сакам и така
of i to kako sum vo temava malski komsii drugari poznanici mozam da kazam deka sme...iako toj mi e simpatija od ko go poznavam ....ama poslednive dve nedeli mn se zduzivme jas i drugarkami i toj so uste eden drugar i cel vikend zaedno go pominavme fantasticna cetvorka so bi rekla i non stop na fb pisime i se no do vcera toj sedese do mene a so edna druga drugarka praevme nesto muabet i jas mu kazvav za eden simpatija od porano koga mlaskiot drugar izripa i si zamina a i mn dr raboti mi se vrtat vo glava deka toj ja bendisva drugarkami i od vcera od ko si zamina ne mi pisi ni nisto :/ i cela sum zbineta koga posle bagi dolg period pocustvuvav nesto interesno vo mene
Сум била веќе еднаш заљубена во најдобриот другар. Имавме кратка врска, која на крајот се распадна бидејќи не можевме да издржиме на тој начин, сакавме да бидеме другари. И после врската останавме најдобри пријатели и се уште сме. Инаку при раскинувањето немавме проблеми, бидејќи и тој и јас го сакавме тоа.
Кај мене сега е обратно.Друг најдобар другар се заљуби во мене и ми пиша сабајлево порака дека ме сака и ако сум го сакала да сме биле заедно,а ако не тогаш ќе сме си останеле пријатели.Јас не го гледам така,го сакам стварно многу како другар.А не сакам да го повредам...Како да му кажам дека сакам да останеме другари? Како ќе ме заборави кога секој ден се гледаме? ве молам пишете совет. позз.