На денешно време, некако не ми е логично некој толку да се срамува за да ти пријде,ако веќе има чувства. И веќе бил во врска со твојата другарка,па те доживува само како некој близок,со кого може да се дружи,но не и да има врска.Не сакам да те разочарувам,но јас тука не гледам напредок во некој поинаков статус.Може да се случи да се смувате,но со тоа може да ви се расипе и другарството што сега го имате.А и ти сама кажа дека тој си бара девојка,така да,ако те имал во план,досега ќе преземал нешто
Фала ти на советот навистина го поштувам и јас го мислам истотот но на моменти изгледа дека навистина чувствува нешто кон мене и затоа ми ги помешува мислите и чувствата ...
дали сепак би ми помогнала како да реагирам кон негоо ??? и како да се однесувам во такви моменти ???
Кога имав некои 16 години имав многу слична ситуација.Бевме неразделни другари,се си кажувавме(обично во такви друагрстав,секогаш постои симпатија барем од едната страна),на телефон од утро до мрак,заедно по журки и се.Јас не бев свесна дека сум се вљубила,се додека тој не фати девојка,леле,колку само плачев кога ќе ми текне,бев бесконечно љубоморна,ама брзо ми помина.И потоа сфатив, дека ако му кажев, само ќеси го расипев другарството и ништо повеќе. Како да реагираш?Секогаш биди мила,смеј се на неговите шеги,праќај мали сигнали,никако да бидеш нападна,изненади го(можеби звучи премногу западњачки),ама направи некој мал гест што ќе го натера да ти сврти внимание,на пример,дознај ги неговите интереси,сака некој филм,купи карти за в кино и не го прашувај дали ќе оди,само му кажи,имам изненадување за тебе или,ако е љубител на спорт,купи му некоја ситница,со ознака на тимот за кој навива и избери погоден момент кога сте сами и кажи му,на поминување го видов ова и ме потсети на тебе.Мажите сакаат кога им се свртува внимание,само немој никогаш да бидеш премногу нападна.Играј си топло-ладно,дај му сигнал и брзио повлечи се. Самата ќе приметиш,ако почесто сака да сте заедно и те гледа на поинаков начин,можда нешто и ќе биде,ако не,барај си друг дечко
истата ситуација е и кај мене едноставно ќе се обидам да го послушам твојот совет бидејќи сепак ми кажуваш од искуство а за рок од 1 месец најмногу ако видам дека се стои во место ќе се откажам...ти благодарам многу
луѓе ве молам помагајте ... имам дечко одиме еден месец.. е сега има еден проблем , ми се допаѓа еден другар дури и подолго отколку што сум фатена со дечково , ме привлекува нешто ненормално .. Нескам да му се скарам на дечкото бидејќи сите си мислат дека конечно се заозбилив (задомаќинив) и сега само така да го оставам , а жал ми е ,... се прави за мене ..рми се јавува на секој пола саат , кога бев болна 4 пати ми прати цвеќина дома , ме запозна со мајка му (татко нема ) ..значи буквално се може да направи за мене .. од друга страна мене ме привлекува другаров .. .. и се чуствувам ужасно поради тоа ..на почетокот мислев дека е само опсесија но сега сваќам дека навистина сум затрескана во него ..:/ дај кажете ми што да правам ! ве молам
Вечна дилема-да бидам со тој што јас го сакам ,или со тој што ме сака? Мое лично мислење е да си го следиш срцето, да не се залажуваш, без раслика на цвекиња,јавувања,и на тоа што сите мислат! Follow your heart
јас пак мислам дека MaDHatter е во право дека треба да го следиш срцето но пред тоа не го испуштај сегашниов дечко....дали си сигурна дека истата љубов ќе ти ја возврати тој во кој си затрескана...ина4е прво дознај што чувствува тој кон тебе па после прави што ќе правиш со дечкото...зашто ваков дечко каков што имаш многу дечко многу девојки го посакуваат верувај ...
Море firequeen што пишуваш во мое име? Си викам со девојчево мојов да не го делиме? ...иста ситуација. Јас сум таква што ги ловам машките со поглед, и дечко ми и уште еден, уште пред неколку месеци ми беа на листа за оние кои сакам да ги имам. Е дечко ми го имам, ама овој не. Не ме ни интересира тој, згасна од тогаш желбата, имам повеќе и од што ми треба сега. И како тоа си се задомаќинила? Бре, 17ка имаш само. Остај ти тоа, терај си по срцето, како тоа сака.
Абе така ми е зборот задомаќинила метафорично го употребувам и тоа што викаш , доволен е еден поглед Инаку се потсмирија страстиве , поретко се гледаме со другаров има бога
МИи се има случено мој другар кој го сметав како брат да ми признае декa ме сака.. Иако претходно насетував.. јас многу дебилски му се испонашав па сега останавме само на едно здраво за жал..
Секој дечко бил некогаш - другар, нема дилема Патем до кај стигна прикаскава? Гледам во јануари е поставена темата, па би ме интересирало како се одвиваат работите. Многу е ризично да му се признаат чуствата на близок пријател. Впрочем ставете се вие во таа позиција, гледам некои од вас и го искусиле тоа. Ви доаѓа најдобриот другар кон кој не чуствувате ништо повеќе, ниту страст ниту физичка привлечност, и ви кажува дека ве сака. Како би изрегирале? Поласкани, зачудени, изненадени, не знаете што да речете, како да изреагирате? Истото е пренесено обратно. Ако веќе некој се реши на таков чекор, треба да си смета и со негативна реакција - односно никаква реакција, невозвратени чуства, плус што може веќе и да се изгуби другарот. Зависи од карактерот и зрелоста на човекот. Не реагираат сите како Рејчел и Џои Или нема ништо да признавате се додека не почуствувате нешто од другата страна, додека не ви помине, додека не си фати некој од вас дечко или девојка. И животот тече и понатаму
Абе оби4но тие подолгите врски се слу4уват помеѓу двајца што биле најдобри пријатели, и според мене тоа си е ок оти таман и повеќе ќе се познаваат
Не очекував вакви работи, не очекував да се најдам во ваква ситуација, претешко ми е... Не знам, едноставно немам идеја како да се справам со чувствата, немам желба да одам на училиште и да го гледам, не Уфф,зар мораше да биде вака!? Сакав да ми биде само другар, ништо повеќе но работите се изменија.Ми стана премногу драг, цело полугодие седевме на иста клупа, се зафркававме ,се гушкавме...го сметав за брат, зашто вистина ми беше потребно братче....не сакав да заврши вака, но за жал така бидна. Сега сум опседната со него, не можам да го погледнам в очи додека сме на училиште, го избегнувам за да не ги чувствувам пеперутките во стомакот.Порано бевме многу блиски и правевме разни муабети, мајтапи, постојано само се смеевме, бевме другари едноставно. Сега се оддалечивме зашто не можам со него да правам другарски муабети, немам желба веќе, не сум искрена кога е во моја близина
wrong Не е добро од причина што веќе знаеш се' за него, знаеш во секоја ситуација како ќе изреагира и ништо не може да те изненади. Во поголем дел од случаите тоа е главната причина за разделба-монотонија во врската. Малку се тие што се гледаат со исти очи како порано плус мување и секс што имаат.
а мене кој ќе ми помогне? јас сум заљубена во најдобриот другар. Се дружиме веќе долго време. Знам се за него, го знам како диши и он мене. Или сме кај него или сме кај мене. Цело време сме заедно. Се случувало во друштвото се да ни е катастрофа никој со никого да не збори а јас и он секогаш да контактираме да се гледаме и се. На почетокот ми покажуваше многу знаци дека чувсвува нешто повеќе за мене но јас реагирав многу ладнокрвно на се. Многу луѓе ме убедуваа дека чувствува нешто за мене. А во последно време се однесува многу клошарски. Ко да не му е гајле за ништо и тоа ме нервира. Ко да ме игнорира. Сакам да го вратам стариот тој. А многу го сакааааааааааааам! Ние сме повторно заедно цело време и се се по старо. Но некако сме подалечни. како да го сватам тоа?! што да правам? ме спобудалува
Оваа ситуација е игра на се или ништо. Значи, можеш да се правиш дека не чувствуваш ништо и да си бидете другари, а можеш и да му ги признаеш твоите вистински чувства. Што може да произлезе од признавањето? Или и тој ќе се отвори дека го чувствува истото и вашата врска од другарска ќе прерасне во љубовна- или ќе ти каже дека те гледа како другарка, ти ќе останеш разочарана, нему ќе му биде непријатно и на крај ќе завршите избегнувајќи се и тотално дистанцирани еден од друг. Затоа овде треба да одиш на ризик, бидејќи никогаш не можеш да бидеш сигурна дали тие негови чувства на нежност се само пријателски или кријат нешто друго Одлуката е твоја, размисли дали си спремна да се сносиш со последиците Ти посакувам среќа
И јас се заљубив во другар Ама откако тој ми призна дека ме сака и така сега сме си во врска и многу сме среќни... Вреди да се обидете, можеби ќе биде тоа најубавата врска која некогаш сте ја имале... Ви посакувам среќа на сите
помегу маШко и Женско не постои другарство секогаШ едниот се залјубува и другарсвото или прераснува во врска или се растура но во повекето слуЧаеви е ова првото така да Женска само напред направиго првиот Чекор доблиЖи му се поблиску,фати го за рака,испрати му некој Шармантен поглед ,разговарај за неШто по интимно и тој самиот со своето однесуванје ке ти покаЖе дали му се допагаШ или не......нема утка одма ке препознаеш само треба да го направиш првиот Чекор