Уффффф, најкомплицираната ситуцаија што може да се деси- СЕ ИЛИ НИШТО! Зато више само ДРУГАРКИ ќе си имам, а мажите ќе ги чувам за дечковци и слично! )))
Ова е дефинитивно една од најтешките ситуации. Треба да се прашаш што повеќе ти значи, другарството или љубовта? И никако не треба да се избрзува, треба да се следат сигналите што тој ги испраќа, погледите и говорот на телото, и пак не можеме да бидеме сигурни дали и другата страна го чувствува истото. Затоа е многу ризично. И не е лесно да се признаат чувствата. Ако некогаш и јас се најдам во таква ситуација, мислам дека не би собрала храброст да му признаам. Би ги потиснувала чувствата во име на другарството, кое за мене е најважно.
1. Он ти е најдобар другар, а тоа е совршен почеток 2. Знае како се чувстуваш, дај му време 3. Еден ден, помеѓу вас двајца ќе има нешто, остај нека помине време Со среќа!
Ако порано мислев дека никогаш нема да бидам во врска со некој другар, пред еден месец ја побив таа моја теорија. Само ќе кажам, едно е хемија, друго е само физички да се прривлекувате....А нешто сосема друго љубов, онаа вистинската. Јас не бев ни свесна за ништо, само знаев дека каде и да бевме јас и тој како другарчиња, секогаш бевме прегрнати и си споделувамве по некој бакнеж, секаде само не во устата..Кога конечно се деси она што беше очигледно....бев многу збунета...ауу ептен.. И ете деновите поминуваат врската си тече....Веќе и официјално знаат и неговите и мајка ми.... Мене воопшто не ми пречи тоа што си знаеме се еден за друг, барем во нашава ситуација.. Ги знаам мааните ми ги знае мааните. И јас сум го прифатила така. И сега имам чувство ко милион години да сме заедно. Уште попрекрасно е чуството кога сите околу вас се радуваат за вашата среќа. Не дека не стравував дека ќе го изгубам пријателството, но искрено се надевам дека оваа врска ке опстане.
леле крш ситуација ........сум се нашла во нешто слично ама јас бев од другата страна на паричката и мн лошо
Сум била во иста ваква ситуација, може ке ти помогне нешто. Имав другар најдобар, порано он ме сакал, али кругот се сврте. На телефон бевме 24/7 постојано, си зборевме за се и сешто, кога мене чувствата ми се појавија, и се воздржав некако, но на крај му признав. Ми кажа дека и он ме сака.. али потоа се одалечивме незнам зашто. Го загубив него заради глупости, а и беше најдобар Така да, кога ке осетиш нешто за најдобар другар, абе бегај подалеку со чувствата, најгрдо нешто е тоа! Ем нема да се земеш со него на овие години, ем ке се скарате. И да биде нешто нема да трае којзнае колку долго, добро на некои им успева, некои исклучоци ретки. Така да, подалеку од такви чувства!
Леле... знам како се чувствуваш и јас бев во слична ситуација едно време..... сега сум во обратна инаку не дека ми е најдобар другар туку само се дружиме јас само сакав да СЕ ДРУЖИМЕ НИШТО ДРУГО инаку е помал од мене 2 години и е многу сладок па јас и една моја пријателка го зафркававме нешто као демек ако беше поголем ке ми беше дечко (на зафрканција беше ама ето ја оплескав ) и сега тој по неговото однесување и зборовите како да е заљубен во мене погрешно ме разбрал не мислев така помош! како да постапам ако тој ми спомне нешто или во најлош случај ми помуди врска несакам да му акнам едно отсечно НЕ и да го повредам...секако дека не ни ПОМИСЛУВАМ на врска.. еоооо имам 12 годинки.... а нивнава генерација како што почнале сите имаат дечко од 10-11 гидини
Сум била 2 пати во ваква ситуација. Не знам што е проблемот, почнам да се спријателувам со некого, веднаш се заљубува во мене. Во 8 одд имав еден другар, што знаеше се за мене, ми даваше совети и многу ми одговараше дружењето со него и ми беше партнер на полу матурската. Потоа ми призна дека цело време ме сакал и дека не можел веќе да издржи и од тогаш не сме ни другари, сега се одминуваме на улица кога ќе се видиме. А исти случај беше и со другиот, тој не ми беше толку добар другар и кога се фатив со дечко ми, тој ми пиша порака дека ме сакал и сега сме во исти клас се дружиме па некако, но не е тоа што беше. Инаку мислам дека може да излезе убава врска од пријателство.
Еднаш бев во таква ситуација и никогаш повеке сега не сме ни другари ... затоа ако веке се заљубете во другар ако мислете дека ке биде нешто одете до крај ако не оставете се таму каде што е ...
Ако се заљубите во другар немојте да го оставте тоа така неразрешено. Кажете му покрај се,бидејќи вие повеќе никогаш нема да го гледате како другар. Така да оставете се на среќата,кажете му и ќе видите што ќе добиете за возврат!
А стравот од можното губење на дотичната личност ? Можам да кажам дека сум во слична состојба, ама сепак се плашам да признаам од горе наведената причина - не сакам да го изгубам, па макар го имала и само како другар, а свесна сум дека одамна веќе посакувам и нешто повеќе од тоа другарското кое го имаме. Имам мал милион слични примери кои ме опкружуваат и ми се еден вид утеха - познавам солиден број парови кои беа во слична ситуација и одлично им оди, а сепак за мојата ситуација сум скептична, прескептична. А и малце е шупаво кога не си сигурен дали и од другата страна има слични чувства. Кога само би знаела дека е, без двоумење би му признала се' , а вака, малце тешко.
Мишел ти повеќе никогаш нема да го гледаш како другар,бидејќи си заљубена во него... Ризикувај душо.Че му кажиш се заљубив во тебе што да правам на срцето не му се наредува.. Спојлер И јас со дечко ми бевме најдобри другари,тој се знаеше за мене,а и јас за него,секогаш кога му беше тешко јас бев рамо за плачење.Му ги знаев бифшите а и тој мене.Кога се скарав со бифшиот само тој беше оној кој што може да ме смири,и почнав да имам некои поинакви чувства за него,ми беше се помил и се заљубив.Како што ти се двоумиш и јас се двоумев. Но решив.Што и да е јас нема да го сакам како другар,макар и да го изгубам че знај дека го сакам. И еден ден си собрав храбрости и му кажав.И тој поттајно ме сакал,ама не сакал да ми каже со страв дека ќе ме изгуби како другарка,и решивме да си бидиме заедно.И еве сега сме си во врска 8 месеци.Неговите знаат за нас,моите знаат и си сме среќни.. Ти посакувам да ја имаш истата среќа како мене!! И се надевам ќе имаш храброст да му кажеш..** Се најубаво
Со братучедот на школска ми не сме толку блиски но тој мноооооогу ми се допаѓа! Нејзините родители се разведени, па кога таа оди кај мајка и понекогаш доаѓам и јас. Кога сум во иста просторија со него како да ми доаѓа некоја позитивна енергија. Чувствувам дека му се допаѓам, стопати и реков на другарка ми да го праша дали му се допаѓам, таа го ‘‘прашала‘‘ и ми вели дека рекол не, но мислам дека лаже! Кога бевме помали тој самиот ми кажа дека ме сака. Но јас детенце и незнаев како да изреагирам го нарекував лигуш, тапчо, глупчо и тн. И кога не го гледам често мислам дека не ми се допаѓа веќе, а кога ќе го видам ми доаѓа да вриснам колку сум вљубена во него! Овие денови пак треба да одам со другарка ми кај мајка и, а незнам овојпат како ќе изреагирам, страв ми е да не добијам ‘‘корпа‘‘ пред време... Little help, PLEASE
Па штом велиш дека ти кажал порано дека те сака и што мислиш дека сеуште му се допаѓаш превземи ја работата во твои раце. Смешкај му се, намигнувај му, давај му знаци дека ти се допаѓа, додај го на фејсбук(ако имаш) или пак ако го имаш пиши му нешто, дознај му го бројот титкај му, прави нешто за да почувствува тој дека ти се допаѓа.
Луѓе помагајте заљубена сум во мојот другар Пред неколку месеци мојата другарка му кажа на другар ми дека јас сум заљубена во него а тој ништо не одговори што да правам? а толку многу го сакам..<3
Луѓе помагајте заљубена сум во мојот другар Намигни му или ако учите во истото училиште побарај учебник или домашна. Можеби е срамежлив.
Луѓе помагајте заљубена сум во мојот другар би сакала но тој е 2 год поголем од мене па не учиме зедно тој е 1ва а јас 7мо
Девојче, заљубена си или затрескана си во него? (одговор:затрескана) 7 одд си , отиди му или пак некоја другарка нека го праша дали сака да се смува со тебе и готово или ти запознај се ако не се знаеш со него, викни го на страна и кажи му,сакаш ли да искочиме, да се запознаеме подобро?. Такви некои шеми сепак мала си. И да те одбие да ти е гајле уште 100 ко него ќе имаш (немој да се разочаруваш, ако дојде до тоа)