Го познавам многу добро...по кажувајњето на другарка ми тој не покани мене и моите другарки тој правеше забава вечерта за бадник ние отидовме но тој многу малку разговараше со нас
А да фатиш книга и да учиш Девојче јасно ми е дека сега си во пубертет но кога ќе го поминеш овој период ќе велеш кај ми била главата што уште во 7мо сум си ја чукала за дечко.Види надвор што убав снег има, оди прави снешко.Знам дека сега сакаш да ми мавнеш една тава снег по глава но дај боже после 3,4 години повторно да си позборуваме Инаку знаеш зошто е најубаво кога си прва година?Затоа што сите се нови за тебе и не знаеш на која страна прво да погледеш и кој по прво да го измеркаш од глава до пети.Убавини!Е толку му е тешко сега на твојата симпатија.Почекај барем до средно па потоа мисли му ја и ти Поздрав. Спојлер Тоа што останатите форумџики не ти пишат е токму поради твојата возраст.Но јас неодамна го поминав тоа и знам како ми беше.Кога размислувам сега за тоа си велам браво Хај за тебе што во тие моменти си постапила многу паметно.И да сега ја свакам мама и сите постари кои ми трубија дека на тие години треба да учам а не дечковци да барам.
од другарство,до љубов .. Имам 15ипол години. Многу ми се засвиѓа едно дете од мојот клас,добар другар ми е .. но ете почнав да чуствувам нешто за него,би сакала да му кажам дека ми се свиѓа но незнам како,и се плашам од неговата реакција..многу пати го прашувале дали сакаш да ти ја местиме ( за мене ) ништо не одговарал ... вчера дури како да ми се пушташе,као да сакаше нешто да збориме,но ништо не кажа,незнам стварно дали мисли нешто сериозно или сепак е тоа само на другарска база .. ве молам кажете ми што да правам,како да му кажам дека ми се свиша и дали би постапила добро ако му кажам .. ?
да може да се каже дека тој бил затекнат и незнаел што да одговори но машко е по некој ден треба да ти каже што мисли тој
Ми се има случено... ништо страшно. Кога ми помина „заљубеноста„ продолживме да се дружиме како ништо да не се случило.Сега ми е еден од најдобрите другари, а се дружиме околу 4-5 години. Барем јас така поминав, не знам за другите....
Многу грда ситуација е тоа дефинитивно. И мене ми се има десено истото, а искрено не верував дека ќе ми се деси. Детево го сфиѓав во во 2ра средно, тогаш не се дружевме воопшто, али ништо големо не беше, не губев глава по него или слично..али ништо не бидна..и го отсфиѓав..во 4та почнавме така повеќе да се дружиме, пак ми се засвидуваше али пак, ништо посебно, само онака, убаво е детето..Денес баш доста блиски сме, на факс се дружиме доста, исто и вон-школски активности што се вели, значи и надвор сме заедно, заедно одиме да јадеме, кога треба нешто до град да се иде, гтц, рамстор, кај мене иде дома, ја кај него, баш сме онака другарчиња. Многу знам за него, толку многу за ниедно машко не сум знаела. Не сме г'з и гаќи, само ние двајца и никој друг, секако со другарки си се дружам јас претежно, и нормално и дека и често сме заедно и со други деца, само доловувам колку сме блиски. И мене пак ми се јавува тоа...сфиѓачкото чувство . Но и покрај се никогаш не би му признала или направила нешто бидејќи нормално, се плашам од реакцијата, а и не сакам да го загубам како другар. Подобро е вака, а чувството...верувам дека наскоро ќе ми помине.
и послем пак тупете као верувате у пријателство меѓу машко и женско, се уморив укажуваајќи им на некои дека непостоело, непостои и нема да постои едната страна секад си негува нешто више од другарска љубов само нешто исто за потврда http://www.youtube.com/watch?v=T_lh5fR4DMA
И кај мене иста ситуација, со него учам 4 години, а пред неколку месеци почнав да чувствувам нешто спрма него. Незнам што тој чувствува спрема мене, но кога бевме друштвото собрани заедно игравме врти-шише а мене ми поставија прашање дали би се смувала со него, а јас одговорив можеби, а потоа истото прашање го прашаа а тој го даде истиот одговор. :/ Исто така на неколку роденденси забави ме има поканато да играме танго, но незнам што да правам, незнам дали тој чувствува нешто спрема менеа би сакала нешто да му кажам што чувствувам се срамам. Бе молам посоветувајте ме
Користи ја секоја прилика да бидеш во негова близина ,биди си своја ,но потруди се да му се допаднеш.
И јас сум заљубена во најдобриот другар.. Една вечер бевме излезени цело друштво и другите отидоа на некаде а јас останав сама со него во паркот на клупата. Ми рече дека има симпатија и јас го прашав која му е симпатија и тој ми рече дека една личност што го сака .... (мојата бивша симпатија), јас веднаш сфатив дека се работи за мене и само се насмевнав.. Следниот ден му реков дека и тој и бил симпатија на тоа девојче, само се насмевна и ништо не ми одговори..а истотака и во училиште сите не зафркаваат и велат дека сме во врска. Тој на сето тоа се само насмевнува и ништо друго не кажува.. ве молам кажете ми што да правам многу го сакам.. а страв ми е и ако му кажам што чувствувам за него дека ќе го изгубам од пријател...
Се заљубив во близок другар За прв пат пишувам на некој форум .. имам проблем , што не е многу голем но сепак ми се мота по главава..веќе две години сакав еден дечко но тој си најде друга и веќе не се замарам на таа тема, но многу чудно почнав да се однесувам.. од големата празнина што ја чувствувам во душата,правам глупости..Мојот многу близок другар што излегува со нас во друштво многу чудно почна да се однесува во последно време, пред две недели се напи и цело време ме гушкаше,ме викаше душичка, рацете не ми ги пушташе.. им зборил на нашите другари колко сум ДУШИЧКА.. и секој ден почна прв да ми пишува, во живо неколку погледи ни се пресретнаа.веќе не го чувстувам на ист другарски начин и почна да ми се допаѓа,таман и така имав празнина и некој ја исполни..и сега се зезнав, тој веќе престана чудно да се понаша,а јас уште стојам во таа заблуда.. секој ден си излегуваме заедно во друштво а срам ме да го погледнам,и моите другарки ми рекоа дека чудно се однесувам со него.што да правам,да се борам да го освојам,или да оставам таа работа,и да терам сингл лајф? ипак го знам каков е,само уплаќа на спортска, игра игри и не е озбилен,а многу е добар со мене во живо ,неможам а нешто да не преземам,бидејќи стварно почна да ми буди чувства со висок итензитет...
Одговор чекам охооо којзнае уште од кога.. Многу ли ми е комплицирана ситуацијата? Ке може ли некој да ми каже што да правам.. чувствата од ден на ден се повеке ми се зголемуваат неможам да издржам
по тоа шо го пиша,мислам дека и од негова страна има симптоми на симпатии Но не избрзувај со искажување на чувства..и јас бев во истата ситуација,исто однесување итн,но на крајот се испостави дека сепак не било така..и еве,веќе не се ни дружеме..на жалост затоа почекај,нека тој го направи првиот чекор,а ти осигурај се дали навистина го сакаш,бедејќи би било штета да изгубиш пријател позз и се најдобро
Заљубена сум во добар другар Драги мои, сакам да ви го раскажам мојот беден живот.. и се надевам дека ќе можете да ми помогнете некако.. Вака.Заљубена сум во добар другар кој што е брат на сестра ми дечкото. Јас се знам со него многу порано пред сестра ми да биде со брат му.. Одсекогаш сме си имале симпатии еден за друг но заради тоа што несакаме и двајцата да упропастиме другарство не превземаме ништо... Мене ми е глупо да му покажам дека имам чувства за него.. поише од свиѓање и очекувам тој да биде првиот што ќе го направи првиот чекор ако нешто биднува.Многу ми е заебано тоа што многу пати сум пробала да го заборавам ама никогаш баш никогаш не успеало ништо , се дружам многу со негови двајца другари и скоро сме најверни другари ,едино фактот што не знаат дека сум заљубена во нивни најверен другар , и не сакам во никој случај да ги изгубам нив ради него а не сакам и да биде многу чудно помеѓу мене и брат му (на сестра ми дечкото) Што да правам луѓе .. ќе умрам кај и да е мислам дека Мене ми е ова толку смешно али толку болно што како да наплаќам за некој гревови од минатиот живот ( карма ) . help :'(
Што да се прави? А зошто би било чудно ? и зошто би ги загубила нив (другарите твои- и негови ) ако дознаат дека си заљубена во него ? нема причина нели ако мислиш да превземеш чекор превземи скрши го мразот или пак чекај тој да ти даде знак.... др проблем не гледам ама ми е чудно двајца браќа со две сестри! не знам зошто да ти е тешко а тој пред тебе е слободен велиш и тој има симпатии кон тебе , а да седиш и ништо да не превземеш