можеби мојата приказна нема да биде баш мотивирачка со еден колега од група од факс се здруживме ептен, ама вие не знаете како, дружење секој ден, искачања, преспивање, постојано на ФБ, скајп, мобилен пораки повици, буквално како со другарка Дури не викаа муж и жена Никогаш не се имаше десено ништо меѓу нас, се дружевме така неколку години, во меѓувреме он имаше девојка па раскина па пак имаше девојка па пак раскина, и јас имав таква љубовна ситуација Ама никогаш го немавме прекинато нашето пријателство. Го чувствував како поголем брат, и он мене како сестричка. Кога дојде едно лето, он си отиде дома, јас отидов на море без него у друштвото, бевме таму некое време кога требаше он со остатокот на друштвото да ни се придружат. Тие рекоа дека нема да можат, он многу сакаше да дојде, а тие со кој што бев јас требаше да си одат. Му викам ај ако не ние ќе си останеме, супер ќе ни биде, ќе се зезаме. Он беше пресреќен! Одма тргна после некој ден. Јас бев уште повеќе од пресреќна! Некако тие неколку недели додека не беше у близина многу ми фалеше, ама почна некако појше од другарски да ми фали Мислев дали да му кажам кога ќе го видам следниот пат, знаев дека нема женска. И јас тогаш не бев во врска. Првите неколку дена кога дојде си поминавме ептен јако! Искачавме, у стилот "Haaave you met Ted?!" ептен беше јако! Ама мене пустото, секој што сакаше да ми го мести, не ме занимаше некако. Го немаше она чувство на оптимизам што те обзема кога ќе запознаеш некој нов дечко После некоја вечер си викам, ќе му кажам па што сака нека биде! Се шетаме така по корзото и он ми вика абе не си ми кажала што има ново некој фраер да не ти го свртел умот. ја одма Почна натака муабетот и му кажав, не ни знам точно што и како му кажав. На него не му се веруваше. Ама и никогаш не сум ни го видела така чудно да реагира. Напраивме некој глуп муабет и се вративме во апартманот. Најтрагично беше што имавме платено за уште неколку дена, катастрофа! Едвај чекав да си одам зашто ептен почна некако да ме игнорира и на моб да се допишува со некој. Ептен глупо се осеќав. Ептен ме избегаваше цело време. Кога дојде денот да си одиме бев ептен среќна! Фала Богу си викам! Ама ми беше жал што го изгубив како пријател. За жал тоа беше тоа, заврши нашата приказна. Сега ќе се видиме од време на време, по некој збор ќе си размениме и тоа. Поминаа веќе 3 години, јас си продужив понатака со животот. Ама остана така една мала дамка да не речам Другари и другарки стално ми зборат како им викал дека му фалам ама он ништо не ми рекол, не ми се ни јавил.
^ Ако не чувствува тој ништо, ризикува и да го изгуби и како пријател. Јас те советувам одоколу да се распрашаш... најди некој начин и види што тој мисли за тебе.. ако видиш дека има шанси за повеќе од пријателство напаѓај
Го сакам... А не сакам да му признаам и да го изгубам другарството со него, затоа што незнам дали и тој го чувствува истото спрема мене...
Праќај му некои сигнали, види дали ќе ти возврати на тоа. Кажи некоја шега на таа тема. Види како ќе изреагира. Ако ја прифати „шегата“ озбилно тогаш одлично за тебе, а ако не ја прифати тогаш нека си остане само како шега. Зборувај со него, што мисли за таква љубов(само немој многу директно да го прашаш)
Ист случај сум и јас. Само нема шанси да признаам, ако не друго барем другари да останеме. Вака ми е на се или ништо. Сепак мислам дека не вреди да се ризикува.
Имам зборено и порано, сега наидов пак на темава случајно. Ми се има десено да, само со една личност. Мноооогу добра другарка сум со детево, голем дел поминуваме од времето заедно и на факултет и надвор од него, ептен се дружиме...дааалеку од тоа дека сум вљубена или затрескана..само онака ми се свиѓа.. и мислам дека и физички и карактерно ептен си одговараме али јбг... не би направила никаков потег во врска со ова... Премногу работи можат да одат во надолна линија.. не само што него би го загубила како другар во случај да нејќе нели..туку и чудно ќе стане после се..така да...нема шанси..добри сме си вака како другарчиња
Се уште сум вљубена во мојот другар. Пред две години бевме заедно 2 месеци. Потоа раскинавме,но јас не ја знаев причината за нашата разделба. Многу пати пробав да се откажам од него но не најдев начин. Ве молам помогнете ми како да се откажам од него,бидејќи тој мене веќе не ме сака. Тој се врти по многу девојки,мене тешко ми паѓа тоа иако не е мој.. Не сакам повеќе да мислам на него,сакам да почнам нов живот.. Помош
Пишав и на друга тема ама не гледам одговори... Значи и јас сум во една слична ситуација и едно машко од мојот клас сум СИГУРНА дека е затрескан во мене и повејќето деца така ми велат. Работава е дека тој ми е како најдобар другар ама во последно време и мене ми се допајѓа ама не сум сигурна дали да преземам таков чекор сепак ми е другар и тој некако чудно се однесува сингл е детево ама еден ден така се си прајме муабет си се дружиме се а другио ден ни едно здраво не прајме нешто ко топло-ладно ама не така опнато туку како срамежлив е ептен....незнам што да правам :/ .. ПОМОШ?? Ве молам важно ми е
разговарај со него на фб и у живо поздрави го он се срами и затоа понекогаш не те поздравува и има чуство дека те замара затоа и не ти пишува често или пак не те поздравува но бидејќи ти сеа го свиѓаш напаѓај хихи погледнувај го на часовите и флертувај со него дај му знак дека го свиѓаш и тогаш тој ке може да се изрази убаво и се да ти признае и ќе си го добиеш тоа што го сакаш уживај животот е премногу краток да се замараш со секој детаљ
Oфф конечно и јас да ја раскажам мојата приказна значи вака имам симпатија веќе 5 години и секој ден се повеќе и повеќе се заљубувам во него. Се знаеме многу одамна и сигурна сум дека тој ме гледа само како другарка.Учиме во исто школо и заедно одиме на играорна.Се зближивме преку една другарка и тој и уште еден негов другар и јас и мојата другарка станавме како едно друштво,нон стоп бевме заедно си одевме на гости и се шетавме,одевме на журки и се така убаво. Бидејки одиме на играорна заедно ние заедно одиме на турнеи и морам да раскажам за сите три турнеи оделно: 1.Бугарија првата вечер игравме некоја игра сите заедно и ние требаше да се муваме,оф колку бев срекна но многу бев мала и се исплашив и реков дека несакам и не се смувавме . Веќе следниот ден му наместија друга другарка и по цел ден беа заедно,бев љубоморна но,што да правам 2.Босна мислев дека ке биде многу поинаква од Бугарија,но испадна сосема иста тој цела турнеа беше гушнат со мојата најдобра другарк(истата од Бугарија),многу бев нервозна и лута дури и плачев пошо не ме приметуваше.... 3. Е Турција беше многу многу убава таму се гушкаше со мене(се разбира другарски само),дури седевме заедно у автобус ама се што е убаво кратко трае,многу брзо заврши турнеата и веќе ме заборави. У школо кога одам да се поздравам со него одам со другарка ми,а тој е заљубен во неа и веќе неможам да ја поднесам...само поради тоа се радувам што ке се отпише за да не го гледам како заљубено ја гледа.... Спојлер МНОГУ МНОГУ ГО САКАМ,САКАМ И ТОЈ ТОА ДА ГО ЗНАЕ иако ми е многу добар другар јас се плашам да му кажам бидејки тоа ке го смени нашето пријателство и ке се обиде да го искористи тоа само за да ме смува...
Никогаш, не дозволувајте да се заљубите во другар, освен ако знаете дека и тој нешто чувствува спрема вас, зашто може да го изгубите засекогаш. И јас се затрескав во еден мој другар, тој ми даваше само лажна надеж а јас се повеќе се заљубував во него и на крај тој се фати со една од класот. Немавме ништо, баш ништо ама јас ептен се затрескав во него, имаше преубави усни,очи, се му беше убаво, секогаш знаеше да ме насмее,си бевме блиски но после некое време се одалечивме ама уште не знам зошто. Јас него никогаш не го гледав ко другарка, само што сватив малку касно а и тој никогаш не дозна дека го сакам повеќе од другар.
Затоа и јас планирам засекогаш да ја чувам таа тајна и да не и кажувам дури и на најдобрата другарка,пошо знам дека ке доживеам многу големо разочарување и ќе го изгубам засекогаш како другар....
Да бе. И јас си ќутев едно време Во Понеделникот беа 30 години како и кажав. Од тие години скоро пола сме заедно, со кој знае колку прекини иииииииииииииииии ништо не би менувал. Можда би смени две, три..... Као да ја оженев еднаш, ииииииииии бар едно дете заедно иииииииии....