Многу ми недостига најдобриот другар. Имавме испаднато еднаш и требаше да биде за сериозно ама јас ја утнав цела работа. Тогаш ми кажа и дека ме сака, а јас бев сеуште заљубена во поранешниот и неможев. И после тоа тој сепак остана другар со мене и уште повеќе се зближивме. Но кога почнав да се гледам со еден тој прекина да ми зборува и ме избегнуваше цело време. Мене тоа многу ме повредуваше бидејки пред тоа бевме неразделни. Но пробав да го сфатам и нему како му е. Од коа прекинавме да се дружиме почнав да сфаќам дека го сакам. Многу размислував и решив да прекинам со овој сега што се гледам бидејки со него немам што да изгубам не се ни познаваме убаво, а со другарми имам многу спомени и не сакам да го изгубам.
octoberrr - ти не бараш мислење, самата си сватила што е најдобро за тебе!!! Затоа почни чекор по чекор - раскини со сегашниот дечко, слушни се со твојот другар, договори се да се видите... Разговарајте на сите оние ВАШИ теми кои и претходно Ви го исполнувале времето!!! Потруди се да откриеш дали другар ти сеуште ги има истите чувства за тебе!!! А, ако се е ОК и во твоја полза - покажи му ги своите чувства!!! Верувај ќе биде пресреќен!!! Спојлер Од прастари времиња до денес останало - другарство меѓу маж и жена неможе да постои - секогаш некој во некого гледа со очи што се повеќе од другарсќи!!!
Се започна пред 5месеци.Тој беше заљубен во мојата другарка.Тие имаа неколку средби но ништо не бидна.Го сакаше но и беше страв дане дознаат родителите бидејки требаше да и биде прв.Таа потоа си фати дечко а другаров Многу ја сакаше,цело време се интересираше за неа каде е со кој е,почна и мене да ми пишува на фб за неа.После некое време кога виде дека нема ,,да биде ништо" тој неможеше да засака друга,бидејќи беше мн.разочаран од нејзиното однесување.Ние Станавме најдобри другари.По цел ден си пишувавме на фб за општи работи и за се др,како го повредила таа,се ми кажува за него,значи се знам за него.Ми призна дека ме сака,и јас исто така.Но сега проблемот е во тоа што тој се плаши дане се скарам со мојата другарка-која тој ја сакаше претходно.Искрено и мене ми беше страв и затоа така остана.Сега понекогаш си пишуваме на фб ама онака за оппшти работи.Сеуште мислам дека чувствувам нешто спрема него а и тој спрема мене но незнам страв ми е.Нешто помош?Некој совет?
Па мислам да збориш со другарка ти ти прво отворено, дали и смета иако мислам дека нема право да се љути зашто си ја имала шансата со него и ја испуштила, а и има дечко сега , ако вие двајцата се сакате тогаш со среќа Во контекст со темава, еден другар проба нешто со мене, иако не сме посебно блиски и беше тоа пијана работа, од тогаш не го гледам исто, се оддалечив уште толку со него, една недела не можев во очи да го погледнам.Башка што сите дознаа и уште толку глупо ми падна, а па на него којзнае како му било, кај го одбив па и го утепаа од зафркавање.Затоа внимателно многу со овие работи, и да сте 100% сигурни чекајте го него.
Ако више таа го одбила нема зошто да ти се лути. У секој случај прашај а што мисли за вас, сепак другарка ти е за цел живот (не мора да значи но би требало), додека дечкото може да биде пролазен.
Pa ne. Neznam zosto vie dvajca da stradate koga ste zaljubeni kako romeo i julija, a vasata drugarka vo megjuvreme se baknuva so jazik so nekoe treto momce. Vo najmala raka moze da bidete prijateli od korist, duri nemora ni da i kazete na taa sto vi e drugarka. Jas koga bev pomlada posle skolo odev kaj momceto sto mi se dopaga kaj nego doma i nikoj ne znaese, samo nie znaevme i imavme zaednicka korist i ljubov.
Ми се свиѓа најдобриот другарррррр, шо се знае за мене и ја за него..... Пред 1 месец си дојде од странство, таму се пресели со неговите засекогаш, а доага у лето(не секое).Излегуваме барем 3-4 пати во неделата сами на кафе, у кино, на водно. Значи си пишуваме цело време пораки како да сме дечко и девојка а ништо немаме направено, ни блиц бакнеж ништо ништо. И пред некоја вечер ми пиша дека му се свиѓам ама дека ке се збореле у живо глупо било преку смс, и не сме збореле, он не отворил тема а мене ми е глупо. Зашо не проба да ме баци??? Не е дека нема кога и каде или дека немало ситуации. Многу сум збунета...
Не знaм дaли е зa тукa, нo пoсooдветнa темa не нaјдoв. Се плaшaм декa му се свиѓaм нa нaјдoбриoт другaр... Не пoкaжувa ништo пoсебнo, aмa зa секoе мaшкo штo му кaжувaм реaгирa сo киселa нaсмевкa, пoрaнo не беше тaкa или пaк немaв приметенo. Пред некoе време, oд дискoтекaтa oтидoвме дa јaдеме буреци тaкa пoгoлемo друштвo бевме, a тoј беше нa рaбoтa и пoсле рaбoтa му се јaвив и дoјде. Тaму беше и еден дечкo штo си имa невoзврaтенa љубoв oд мoјa стрaнa, пa кoгa му рекoв дoјди тукa не седи сaм другaрчевo мoе пoлуде. Не сaкaше дa пoкaже aмa гo знaм кaкo диши веќе 3гoдини. Дoдушa беше изнервирaн и пред тoa oд другaрите негoви и нaпнaт oд рaбoтa, aмa бaш тoгaш ли? Бaшкa вчерa пијaн ми пишa пoрaкa декa ме сaкa (си кaжувaме ние декa се сaкaме и oнaкa, aмa истo кaкo нa брaт дa му кaжувaм). Истo еднa вечер мaлку бев пoд дејствo нa aлкoхoл и му цимoлев кaкo уште си гo сaкaм бившиoт и ми рече: "пa и јaс те сaкaм пa штo" мoжеби пoмислил декa немa дa се сеќaвaм, a и ништo не му спoмнaв oдпoсле или сепaк другaрски билo, oд утехa. А срaмежлив бил oд секoгaш сo девoјчињa и реткo признaвa чувствa нa женскa. Е сегa мoже (дaј бoже) јaс си режирaм некoј филм у глaвa мoјa, aмa кaжaв се штo приметив. Не знaм кaкo дa пoстaпaм, не сaкaм дa гo изгубaм кaкo другaр, oти вреди пoвеќе oд билo кoј друг, aмa немa шaнси дa гo гледaм негo нa тaкoв нaчин ниту би мoжелa дa бидaм сo негo. Дa гo прaшaм ли? Или пaк дa пoчекaм дa видaм кaкo ќе реaгирa пoнaтaкa? Дa не излезaм психo сo филмскa лентa? И дa, сите вие штo ви се свиѓa/сте зaљубени вo нaјдoбриoт другaр, a приметувaте нештo oд негoвa стрaнa, признaјте му. Секaкo другaрствoтo немa дa биде истo и штoм веќе едниoт е зaљубен тешкo дa биде некoгaш истo. @blueeyes7 зa тебе вaжи. Пoчни ти темa, ти спoмнaл и чекa дa види дaли и тебе ти е дoјденo дo тoa.
Никогаш не сум била во ситуација да се заљубам во другар. Си поставувам граница, штом го гледам само како другар нема шанса да прерасне во нешто повеќе. И верувам во машко - женско пријателство.
Не знам баш дали може да има пријателство меѓу девојче и машко. Секогаш си мислам дека има тука нешто подлабоко, нешто во позадина, секогаш нешто испаѓа.
Јас моментално сум во ваква ситуација.И порано сум била но,не волку колку сега и мислам дека стварно ќе се мрднам некој ден.Ве молам доколку можете совет да ми дадете би ви била премногу благодарна.Ќе ви ја раскажам ситуацијата колку што можам пократко. Кога кажав дека и порано сум била се работи за истиот другар.Но, тогаш само ми се свиѓаше и ништо повеќе.Сега осеќам дека го сакам.Пред 2год. му имав кажано дека ми се свиѓа директно во очи, бидејќи јас немам срам ни гордост кога се работи на оваа тема ако стварно некој премногу ми значи и вреди тоа да го знае.Но, работата е што се тој сфаќа на зезанција.Добри другари сме не велам не учевме 4години заедно во средно сега сме заедно на факс, седиме заедно, пиеме кафиња заедно.Многу пати сме се зезале како јас и он би биле заедно ми зборел сфашта, ама во овој дел не сфаќате како он да имал намери за мене зашто он со сите е таков.Едноставно на него животот му е зезнација.Нешто да му кажеш,1000 шеги ќе извади од тоа.Онака скоро за се имавме зборено.Кога веќе еднаш сум му кажала дека ми се свиѓа, а он тоа го сфати на зезанција, јас секогаш индиректно му кажувам дека ми се свиѓа.Незнам дали има сфатено или не. -Незнам дали е подобро да оставам на ова да тече,или да превземам нешто, но што би ми препорачале ако имате некоја идеа? -Што вие мислите за директен бакнеж? Би го направиле ли тоа вие? Што би ме советувале околу ова ?Имам во план за тоа да го направам, но премногу се плашам од неговата реакција.Несакам да го изгубам ни како другар зашто стварно секогаш бил тука кога ми требал совет. -Он во хороскоп е вага па моментално од што сум опседната со него почнав да ги проучувам неговите карактеристики и деловите што не ги знам во нешто што го пронаоѓам, во нешто не.Што мислење имате за овој хорохопски знак?Имате ли искуство некое со вагите и како другари и како дечко?Како би реагирале тие на моите намери?Иако знам дека многу од вас не веруваат во хороскоп, но секое искуство со овој знак ако го пронајдам би ми помогнало. -Другарка моја не ја сметам за премногу блиска, онака ми е, некогаш се дружиме кога ни е досадно и на двете.Она исто го свиѓаше премногу типов.Но, она не се дружеше со него туку имаше другари што се дружат со него. И на нив им имаше кажано да и го местат, но незнам што направиле и како изреагирал он, незнам детално.Но, едно нешто знам.Она беше таа што го бакна и тој продолжил не се тргнал.Се гледала неколку пати со него и прекинаа.Она воопшто не е проблем зашто има дечко нејзе веќе не и е битен. -Дали имате идеа како би дознала дали му се допаѓам или да направам како неа? -Немојте да сфатите што кажав дека он со сите дека е таков ми се свиѓаш ова-она, он се зафркава.Воопшто не е женкар.Одсекогаш ми било тешко да освојам нечије срце кое што неможе секој да го има(и сум се откажувала кога ќе видам дека е таков никогаш не сум се трудела) и незнам во оваа ситуација кога некој таков ми значи толку многу и толку многу посакувам да го имам како да се снајдам.
Пријателство меѓу машко и женско може да има, НО само доколку не те привлекува физички. И на крај се започнува како "другари сме само"...
Си имав еден најдобар другар така малце повеќе го сфиѓав. Првин бифша му примети и му солеше памет, овој не очекуваше бидејќи стварно бевме преблиски и се си кажувавме. И ај после демек ќе се лапаме ама ќе бидеме и другари, аха да.Мене завеса пред очи ми падна од тој момент и ништо не гледав освен него. На крај драми, караници..од септември наваму никој ми нема влезено во срце.Ова два пати не го повторувам.